You are on page 1of 11

Залихи - резерви

Изработил:Филип Станоевиќ
II3
• Залиха (или резерва) е стоката и материјалите што ги
Поим за залихи - поседува бизнисот за крајна цел препродажба (или
резерви поправка).
• Управување со залихи е дисциплина првенствено за
одредување на обликот и поставување на порибено
стока. Потребно е на различни локации во рамките на
еден објект или во рамките на многу локации на
мрежата за снабдување да му претходат на редовниот
и планираниот тек на производство и залихи на
материјали.
Карактеристики на залихите

Шесте најбарани карактеристики за управување со залихи кои треба да ги поседува секое


решение се:
1. Основна контрола на залихите
Колку едноставно и да звучи, основната контрола на залихите е на врвот на листата на најбарани
карактеристики. Ова значи дека поседувате систематски начин за вистинско управување и
контрола на вашите залихи во сите ваши продажни канали. Многу често новите бизниси
работат со табеларни пресметки, каде што формулите знаат да потфрлат па затоа вработените
треба да вложуваат поголем мануелен напор за да направат корекција. За нив, користењето
табеларна пресметка е првото ниво на бизнис автоматизацијата. Овие „први автоматизери“,
може да пораснат многу брзо и да се појави потреба за поефикасен начин за управување кој
треба да донесе раст на бизнисот. Компаниите не се секогаш свесни за системите кои постојат и
се наменети да ги решат нивните растечки потреби.
2.Баркодирање и скенирање
Зголемувањето на бројот на нарачки што ги добивате е возбудливо, но исто така може да ви
задава главоболки ако не сте во позиција да ги обработувате и испорачате ефикасно. Кај
малопродажните компании кои обработуваат поголем обем на нарачки се јавува голема потреба
од воведување баркодирање и скенирање во процесот на прием, пакување и испорака.
3. Прогноза на побарувачката
Добрата прогноза на побарувачката е клучна во планирањето на нарачките. Ова ќе ви помогне да
ги трошите ресурсите мудро. Со соодветни алатки, можете да научите повеќе отколку тоа само
кои производи се продаваат и по кои канали. Способноста да навлезете во атрибутите
на продажбата, како што се големина, боја, мирис или материјал, ви дава суштински
информации кои ќе ви помогнат околу потребната залиха и како да донесете подобра одлука за
тоа што и колку да купите.
4. Сметководствена интеграција
Иако сметководствениот систем не може да ја врши работата на
специјализиран систем за управување со нарачки и залихи, сепак е
неопходен во водењето успешен бизнис. Директната интеграција на
вашиот сметководствен пакет во системот за управување со залихи
прави огромна разлика. Тоа ви овозможува брз увид во главната книга
и полесно да ги следите сите други деловни трошоци.
5. Следење на лотови
Малопродажните компании кои продаваат производи регулирани со
различни законски решенија ја разбираат важноста од следливоста на
лотовите. Ако некој производ сакате да го повлече од продажба
поради некоја причина, следењето на лотовите ви овозможува
ефикасен увид кои од овие производи се пуштени во продажба. Исто
така овозможува да следите на кои клиенти сте им ги испорачале или
треба да им испорачате од тој производ за да можете благовремено да
ги известите, како би ја осигурале безбедноста на вашите клиенти.
Можете да следите репро материјал, готов производ или и двете, во
зависност од потребите на вашиот бизнис.
6. Акции
Многу трговски компании во својата понудата имаат
акциски комплети за одредени производи, што значи
дека производот за продажба не е еден производ, туку
комбинација на производи што се продаваат како
комплет или пакет, како што е кошница за подарок или
сет производи. Управувањето со залихите на овие типови
на производи е посложено. Со квалитетно решение за
управување со залихи кое
поддржува акциски производи, можете многу лесно да
пресметате колку комплети може да се направат, кои
производи треба да се нарачаат, итн.
Поделба на залихите

Можат да бидат:
-минимални
-оптимални
-максимални.
Минимални залихи

• Тие обезбедуваат сигурно


снабдување на стока заодреден
период.
• Овие се штетни поради повеќе причини. Се ангажираат
Максимални голем дел од паричните средста. Може да се случи да
залихи се расипе набавената стока од предолго стоење и
рокот на употреба да помине.

Zmax = МАКСИМАЛНИ ЗАЛИХИ.


• Се претставуваат според нивниот обем и ниво на
Оптимални залихи работењето на складиштето. Според ова се прават
нормативи за примање на количеството на стока во
складиштето.

• Во даден плански период се добива претстава кои се


потребните резерви и заедно со останатите од
изминатиот период што останале се добива точна
количина.

You might also like