You are on page 1of 4

Нови социјални движења

(феминистички, еколошки и мировни)

1. Општествените движења се движечка сила на секоеопштество кои водат кон


општествени промени.
2. Општествените движења условно можеме да ги поделиме на интернационални,
движења што се манифестираат на ниво на држави и движења од локален карактер.
3. Во општествените движења со широки димензии можеме да ги вброиме:
феминистичките, еколошките, мировните и хуманитарните.
4. Меѓу поновите и помасовните можеме да ги вброиме: движењата против расната,
јазичната културната и дискриминација, движењата за културна и политичка
автономија националните движења за независнот и сл.
5. На општествената сцена доминираат и движења против: абортусот, малтретирањето на
жените и децата и сл.
6. Феминизмот е назив за група на многу контроверзни идеологии и политички
движења чија цел била подобрување на положбата на жената во општеството, одн.
изедначување на правата на жените со правата на мажите. Феминизмот е движење кое
настанало во западните земји, во 19 век како последица од индустриската револуција.
Развојот на машините почнал да ги отстранува потребите за човечка работна сила
постепено елиминирајќи ја една од предностите кои мажите ја имале над жените Тоа
овозможило жените да станат позначаен дел од работната сила, особено за време на
Првата светска војна кога заменувале мажите на фронт.
7. Феминистичкото движење на почетокот се манифестирало во два облика - како
движење за рамноправност во платите, одн како движење за давање право на глас на
жените. Второто, со тек на време, е постигнато во повеќето западни земји после Првата
светска војна, а подоцна и и во останатиот дел од светот.
8. Откако политичката и економската рамноправност на жената е постигната во
институционална смисла феминизмот постепено еволуирал во нова форма т.н. радикален
феминизам чија цел било да се промени традиционалната улога на жената во
општеството со напад на бракот и мајчинството како традиционални институции, одн. на
мажите кои по природа се репресивни кон жените. Иако мал број на жени го прифатиле
тој екстремен став, денес феминизмот најчесто се поврзува со него
9. Феминизмот во последно време се јавува и како своевидна одбрамбена реакција на
порастот на нео-конзервативизмот и верскиот фундаментализам, чија цел е да се вратат
традиционалните институции како и традиционалната положба на жената во
општеството.
10. Феминизмот е идеолошки прилично разнородно должна со бројни, често
спротивставени струи кои се понекогаш под влијание на други идеологии, а понекогаш
под влијание на специфични општествено економски прилики во кои живеат жените некој
дел од светот.

Еколошки движења
1. Со развојот на технологијата и масовната експлоатација на природните богатства,
човекот ја нарушува еколошката рамнотежа, а со самото тоа ја загрозува и сопствената
егзистенција. Еколошките проблеми станале предмет на социолошките интересирања
во средината на 19 век кога се дошло до сознание дека човештвото е во сериозна
еколошка криза, која ако не се запре може да доведе до катастрофа и уништување на
животот на Земјата
2. Еколошките движења го критикуваат постојниот поредок се залагаат за
децентрализација на општеството, се противат на секое вооружување, а особено на
нуклеарното бараат коренити промени во стамбената политика, образованието,
здравството итн. Учесниците на овие движења постојано апелираат за состојбата во
природата и за опасностите од индустријата и човечката негрижа за природата и
нејзиниот опстанок.

Мировни движења (движења за разоружување и антинуклеарни движења)


1. Антинуклеарните движења произлегуваат од еколошките движења, а кулминација
доживуваат во 80-тите години од 20 век, кога бранови антивоени демонстрации
преплавуваат улиците и ги плоштадите на најголемите градови во Западна Европа и во
САД. Основна цел им е барање за забрана на нуклеатното вооружување. Владите на
големите нуклеарни сили, под притисок на јавноста, поведоа процес за нуклеарно
разоружување.
СЕМЕЈСТВО И ПЛАНИРЊЕ НА СЕМЕЈСТВОТО
Семејството е општествена единица која се заснива на биолошките односи, односно на
половите и репродуктивните односни. Тоа значи дека задоволувањето на половиот нагон
и раѓањето деца се меѓу нејзините основни функции.
Функциите на семејството се историски променлива категорија и се менувале во
согласност со некои други општествени промени. Меѓу многуте негови функции, како
најважни најопшти ce: биолошката, економската, социјализаторската функција.
-биолошка функција - задоволување на половиот нагон и продолжување на човечкиот род
односно создавање потомство;
-економска функција - обезбедување материални средства за егзистенција членовите на
семејството
-социјализаторска функција - воспитание и образование на младите членови на
семејството. И кај оваа функција во современи услови настанати се промени. бидејќи се
дели со други специјализирани воспитно-образовни општествени институции

Карактеристики на современово семејство


Еволуцијата на семејството довела до состојба денес во најголем број земји, особено во
поразвиените, да доминира современото демократско семејство. Него го сочинуваат
само родителите и нивните малолетни деца, а авторитетот е рамноправно распределен
меѓу родителите. Семејството не е како порано производна, туку, пред се, потрошувачка
заедница, а репродуктивната функција е одделена од задоволувањето на половиот нагон.
Карактеристично за современото семејство е дека значително е намален бројот на децата
во него. За разлика од минатото, кога имало континуирано непланирано раѓање, денес
бројот на децата, благодарение на примената на контрацептивни средства, е намален и
просечно изнесува од едно до две деца. Покрај можноста од заштита од бременост, на
таквата состојба особено влијае учеството на жената во општествениот и економскиот
живот
Планирањето на семејството претставува свесно регулирање на односите од страна на
брачните двојки (планирање на бројот на децата во семејството и интервалот помеѓу
нивните рагања). Во потесна смисла на зборот се подразбира контрола на раѓањето со
помош на еден од сопружинците. Абортусот обично не се смета за метод на планиране
семејството.
Денешниот концепт за планирање на семејството се базира на слободно индивидуално
одлучување на секој поединец за бројот на децата и времето на нивното раѓање, преку
користење на знаењата и средствата за злаштита од несакана бременост. Планирањето
на семејството треба да се сфати пред се како човеково право.
Врз основа на податоците и извршените аналими од страна на Државниот завод за
статистика од 31.12.2008год. може да се заклучи дека стапката на репродукција на
вкупното население во Р.Македонија покажува две различни тенденции: недоволна
репродукција на македонското и другото христијанско население и зголемена
репродукција на албанското, турското и ромското население. Тоа значи дека актуелен
проблем во западниот дел на Македонија е како да се намали репродукцијата на
населението, а во источниот дел како да се подигне.
Р. Македонија во 1987год. донесе Резолуција за популациона политика, чија основна
цел беше општествената заедница да придонесе за свесно и сакано родителство, за
подобрување на животните и работни услови и за усогласување на демографскиот,
социјалниот и економскиот развој на земјата.

You might also like