You are on page 1of 1

Нирнбершки процес

Нирнбершки процес (или Нирнбершки судења) е називот за последователните судења на


истакнати членови на политичкото, военото и економското водство на Третиот рајх.
Судењата биле одржани во градот Нирнберг, Германија, од 1945 до 1949,
во Нирнбершката палата на правдата. Првото и најпознатото од овие судења е Судењето
на главните воени злосторници на меѓународниот воен трибунал, коешто судело 24 лица од
најважните заробени водачи во Нацистичка Германија.

Почетоци
Меѓународниот воен трибунал имал интересни почетоци. Прашањето за решавањето на
проблемот со нацистичките воени злостори се појавиле уште во 1942 година, кога Винстон
Черчил предложил погубување на злосторниците според посебен закон и преку кратка
постапка, од што се откажал под притисок на САД.
На Техеранската конференција, Сталин дал уште поригорозен предлог за неселективно
стрелање на педесет до сто илјади германски офицери. Овој пат, и самиот Черчил се
спротиставил на стреалњето на офицерите кои немале учество во злосторствата. Секретарот
на трезорот на САД, Хенри Моргентау предложил план за целосна денацификација
на Германија, познат како „Планот Моргентау“. Планот предлагал деиндустријализација на
Германија, принудна работа и слични драстични мерки, По преговорите на конференциите во
Техеран, Јалта и Потсдам, идното судење било регулирано со Лондонскиот договор од 8
август 1945. Списокот на идните обвиненици бил ограничен на поголеми воени злосторства
на европските Сили на оската. Судењата започнале на 20 ноември 1945, во Нирнберг.
Пресуди
Пред меѓународниот воен трибунал биле обвинети 24 лица и 6 организации. Обвиненијата
биле различни, но сите биле обвинети за некои или за сите од следниве четири кривични
дела:

1. Учество во заеднички план или завера за спроведување на злосторства против мирот.


2. Планирање, започнување и водење на агресорски војни и други злосторства против
мирот.
3. Воени злосторства.
4. Злосторства против човештвото.

Изработиле:Алдин Нумановиќ и Ахмед Мандал IX-5

You might also like