You are on page 1of 13

С.О.У.

‘’ ‘’ -

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ЗА ДРЖАВНА МАТУРА ПО


ПРЕДМЕТОТ

ТЕМА : ВАЖНОСТА НА ВИТАМИНИТЕ И НИВНАТА УЛОГА


ВРЗ КОЖАТА

ИЗРАБОТИЛ : МЕНТОР :

, 2022
Содржина

Вовед …...................................................................................................................... 3
ВАЖНОСТА НА ВИТАМИНИТЕ И НИВНАТА УЛОГА ВРЗ КОЖАТА ......... 4
КОЖА - Најголемиот орган и бариера која нè штити ........................................... 5
Колагенот – градбена единка на нашата кожа ........................................................ 6
Исхраната и здравјето на кожата ............................................................................. 6
Витамините и кожата ................................................................................................ 7
Заклучок .................................................................................................................... 11
Користена литература .............................................................................................. 12
Прилог – фотографии ............................................................................................... 13

2
Вовед

Витамините (латински: vita-живот; amin-амин, органско соединение со


азот) се комплексни соединенија од различна хемиска природа кои се важни за
нормалното биолошко функционирање на многу живи суштества. Поточно, тие
во многу мали количини се потребни за растењето, нормалното функционирање
на клетките и ткивата и општо, за одржување на здравјето.
Растенијата и некои микроорганизми се способни сами да
ги синтетизираат сите потребни витамини, додека животните одредени
витамини ги создаваат сами, а други мора да ги внесат преку исхраната.
Витамините се делат на витамини растворливи во вода и витамини растворливи
во масти.
Витамините се среќаваат во две основни форми: активна (дејствуваат
веднаш во организмот) и неактивна (за да дејствуваат, треба да се активираат).
Повеќето витамини, животните ги внесуваат во активна форма, но има и такви,
како витамините A и D кои се внесуваат во организмот во неактивна форма.
Витамините во неактивна форма се означуваат како провитамини.
Сите витамини растворливи во вода, освен витаминот C, влегуваат во
структурата на одредени ензими како коензими. Д
Делумниот недостиг на определен витамин во организмот се
нарекува хиповитаминоза, додека целосниот недостиг-авитаминоза. Меѓутоа, и
преголемата застапеност на одреден витамин во организмот е штетна, состојба
означена како хипервитаминоза.

3
ВАЖНОСТА НА ВИТАМИНИТЕ И НИВНАТА УЛОГА ВРЗ
КОЖАТА

Витамините се вклучени во многу телесни процеси и извршуваат


различни задачи во нашето тело без разлика дали станува збор за коските,
кожата, нервите, внатрешните органи или крвта – на сите нив им требаат
витамини за да можат да функционираат правилно и да останат здрави.
Доброто снабдување со одредени хранливи материи го зајакнува
имунолошкиот систем и му помага на телото да се одбрани од секакви микроби.
Урамнотежената исхрана, особено таа со многу овошје и зеленчук, е неопходна
за ова.
Витамините се витални хемиски соединенија кои вашето тело не може да
ги произведе само и мора да ги зема во мали дози од храната. ТИе се присутни
низ целото тело и вршат различни функции.
Повеќет од нив се вклучени во метаболичките процеси кои ја создаваат
енергијата во секоја од вашите клетки. Иако сите витамини се во интеракција со
целото тело, постојат неколку примери каде витамините имаат уникатна
функција во специфична област на телото.
Навиките за исхрана се одразуваат врз нашето целокупно здравје, па така
исхраната има силно влијание и врз здравјето и изгледот на нашата кожа.
Според некои експерти, дефицитот на одредени хранливи материи во
исхраната, лесно се воочуваат преку промените на нашата кожа.
Истражувањата покажале дека постојат одредени намирници што можат
да ја заштитат кожата од оштетувања и прерано стареење, а постојат и други
кои можат да ги забрзаат ваквите процеси. Денес ќе разгледаме кои се тие
намирници и како поконкретно нашата исхрана влијае врз здравјето и изгледот
на кожата.

4
КОЖА - Најголемиот орган и бариера која нè штити

Кожата се смета за најголемиот орган во човековото тело. Таа постојано


се обновува и се заменува со нови слоеви. За нивно создавање се потребни
витамини и нутриенти кои ги внесуваме со исхраната.
Изгледот на кожата многу често е одраз на нашата исхрана, начин на
живот, умор, стрес што ни влијае итн.
Нејзината улога е да нè заштитува од надворешните влијанија, но и од
бактерии, вируси, хемиски соединенија, загадување и сл.
Таа исто така ја регулира телесната температура, помага во одржување
на балансот на течности во телото, служи како сетило, индикатор за болка и сл.
Здравјето на кожата зависи многу фактори, но за главни се сметаат:
генетиката, возраста, хормоните, заболувања.. Ова се фактори врз кои не
можеме да имаме влијание.
Но, постојат и низа фактори кои се под наша контрола:
Исхрана
Пиење доволно вода
Заштита од сонце (од УВ зрачења)
Квалитетен сон
Стрес
Физичка активност
Не пушење на цигари и не консумирање на алкохол
Ова се дел од работите кои можеме да ги направиме за да имаме
поздрава кожа.

5
Колагенот – градбена единка на нашата кожа

Нашата кожа е рефлексија за нашата исхрана и здравје. Козметиката


може да помогне во одржување на убава и сјајна кожа, но сепак здравјето доаѓа
од внатре. Она што е добро за целокупното здравје, може да се каже дека е
добро и за кожата.
Кожата има сложена градба, но главен градбен блок претставува
протеинот колаген. Тој е исто така дел од повеќе ткива во телото, како на
пример сврзното ткиво кое ги спојува коските, мускулите и сл. Иако колагенот
најмногу асоцира со градбата на кожата, тој има значајна улога за здравјето на
повеќе делови од наше тело.
Во кожата може да се каже дека колагенот има потпорна, врзувачка
функција. Младите имаат повеќе колаген, па нивната кожа изгледа помазна и
полна. Со текот на годините, нашите нивоа на колаген природно се намалуваат,
а тоа е една од причините за стареењето на кожата.
Врз неговото создавање може да имаат улога повеќе фактори. Постојат
одредени третмани и козметички средства што помагаат во создвањето колаген.
Но, се смета дека и исхраната има централна улога во продукцијата на колаген
во телото.

Исхраната и здравјето на кожата

Практикувајќи здрава, разновидна и избалансирана исхрана, ние секако


си допринесуваме кон подобро здравје, но и кон здрава кожа. Но, добро е да се
знае дека одредени соединенија во храната имаат ефект врз создавањето на
колагенот.
Се смета дека витамините А, Ц, Д, Е и К и дел од минералите, помагаат
при обновувањето нивоата на колаген, а со тоа го пролонгираат процесот на
стареење на кожата.

6
Витамините и кожата

Витаминот А има важна улога во обновувањето на клетките и здравјето


на кожата. Овој витамин најчесто го добиваме од растително потекло.
Како храна особено богата со овој витамин, можеме да ги издвоиме:
слаткиот компир, морковот, темно зелените зеленчуци, тиквата, марулата,
кајсиите, рибата и тропските овошја. Овој витамин исто како и витаминот Ц, е
антиоксидативно средство, а тоа значи дека помага при неутрализирањето на
слободните радикали – заслужни материи за оштетувањето и стареењето на
кожата.
На нашето тело му е потребен витаминот А за да се произведе родопсин,
односно пигмент кој ни помага да гледаме кога е темно. Овој витамин игра
важна улога во имунолошкиот систем и нѐ чува од бактериски, паразитски и
вирусни инфекции. Поради ова, витаминот А е особено значаен при
прележувањето на сипаници кај децата.
Тој помага устата, дигестивниот и респираторниот систем да бидат
влажни и на тој начин го спречува навлегувањето на надворешни организми и
отрови, како и да лечи воспаленија или пост инфекции.
Овој витамин е еден од најактивните антиоксиданси, а помага и во
заштитата на кожата од штетните сончеви зраци. Особено е важен во
лекувањето на акни и мали брчки.
Докажано е дека витаминот А дејствува профилактично кај некои видови
рак, помага за намалување на нивото на лош холестерол и го намалува ризикот
од срцеви заболувања.
Првиот симптом од недостаток на витамин А е влошениот вид, кој се
манифестира со ноќно слепило. Потоа, недоволниот телесен развиток на децата,
проблеми со репродуктивниот систем кај возрасните, гингивитис, многу сува
кожа и инфекции. Ако недостатокот е голем може да дојде и до спонтан абортус
и анемија.

7
Витаминот Ц е клучен во продукцијата на колаген во телото. Тој како и
витаминот А, има антиоксидативни својства, односно ги нетурализира
слободните радикали кои можат да го оштетат колагенот. Витаминот Ц е
водорастворлив, што значи дека ги заштитува останатие масло-растворливи
витамини и масни киселини од оксидација. Храна богата со витаминот Ц:
цитрусни овошја, пиперки, брокула, јагоди, кељ, шумски овошја и др.
Витаминот Ц се наоѓа на високо ниво во епидермисот (надворешниот
слој на кожата), како и на дермисот (внатрешниот слој на кожата). Нејзините
својства за борба против рак (антиоксиданси) и нејзината улога во
производството на колаген помагаат вашата кожа да биде здрава.
Ова е причината зошто витаминот Ц е една од клучните состојки
пронајдени во многу производи за нега на кожата. Витаминот Ц, исто така,
може да помогне во отстранувањето на знаците на стареење поради неговата
витална улога во природната колагенска синтеза на телото.
Помага за лекување на оштетена кожа, а ја намалува појавата на
брчки.Доколку забележите дека имате недостаток на витамин Ц можете да
јадете повеќе портокали, јагоди, брокули и спанаќ. Препораката за внес на
витамин Ц е 1.000 mg дневно.
Витаминот Е (токоферол) е откриен во 1922 г. и е комплексно име за
осум антиоксиданси: четири токофероли (α-, β-, γ-, δ-) и четири токотриеноли
(α-, β-, γ-, δ-). Единствената форма која што активно се задржува во човечкото
тело е α-токоферол. Тој е растворилив во масти и почесто може да се најде во
растителните продукти, отколку во продуктите од животинско потекло.
Витаминот Е има важна улога во метаболизмот: се нарекува и „витамин на
убавината“, бидејќи ги поттикнува бројните хемиски реакции во организмот,
кои ја подобруваат состојбата на кожата.
Тој е јак антиоксиданс и има позитивен ефект на сите типови на кожа.
Витаминот Е првпат беше откриен во 1922 година од страна на научниците
Еванс и Бишоп како непозната Б компонента потребна за размножување на
женски стаорци. Студијата беше веднаш објавена, а првично супстанцијата
беше насловена како „Причина Х“ и „Причина против неплодност“, а подоцна
Еванс доброволно се пријави доброволно да го усвои буквата Е за тоа - по
неодамнешното откритие.

8
Витаминот Е делува на следниов начин:

 ја влажи кожата, го забрзува репарирањето на оштетувањата


предизвикани од дејството на слободните радикали,
 ја штити кожата од негативните надворешни влијанија,
 го намалува црвенилото, настанато поради прекумерна изложеност
на сонце,
 го спречува настанувањето на темни флеки на кожата,
 го намалува настанувањето на брчки и ја одржува кожата мазна и
витална за подолг период.

Дози на витамин Е од 400 IU дневно, го намалуваат ризикот од


оштетување на кожата поради изложеност на сонце, па истовремено се
намалува и продукцијата на канцерогени клетки. Сепак, треба да се нагласи
дека внесувањето на големи дози на витамин Е може да биде штетно, па затоа
не треба да се земаат поголеми дози од препишаните.

Покрај оралната примена на витаминот Е, тој може да се применува и со


директно нанесување на кожата, било како чист витамин Е или преку лосиони
за сончање. Во случај кога се користи директно нанесување на витаминот Е на
кожата, треба да се земе предвид и времето кое е потребно да витаминот навлезе
во подлабокиот слој на кожата. Со други зборови, витаминот Е е потребно да се
нанесе на кожата 10-20 минути пред изожување на сонце.

Витаминот Е се верува дека помага при заштита и репарација на кожата


од предвремено стареење предизвикано од УВ зрачења. Заедно со витаминот Ц,
се смета дека допринесуваат во обновувањето на колагенот во телото. Овој
витамин помага нашата кожа да ја задржи еластичноста и помага при
задржувањето на влагата, цврстината и сјајот на кожата.
Намирници што го содржат витаминот Е во посолидни количества, се:
јаткасти плодови, спанаќ, полнозрнести житарки, морска храна и риба и сл.

9
Витаминот Д е витаминот кој се создава кога нашата кожа е изложена на
сонце. Во зимските периоди често поради малата изложеност на сонце, кај
поголемиот дел од луѓето доаѓа до недостаток од витамин Д.
Овој витамин исто така допринесува за спречување на прерано стареење
на кожата. Но, треба да сме внимателни со изложеноста на сонце кога сакаме да
ги добиеме потребните нивоа на витаминот Д.
Витаминот Д се апсорбира кога телото е изложено на сончева светлина.
Холестеролот се претвора во витамин Д кога тоа се случува. Црниот дроб и
бубрезите го транспортираат витаминот Д низ телото со што се создаваат здрави
клетки. Ова ја вклучува кожата, каде што витаминот Д игра важна улога во
тонот на кожата.Можете да го зголемите внесот на витамин Д со:10 минути
изложување на сонце, дневно, житарки за појадок, сок од портокал и јогурт,
лосос, туна.
Витаминот К е од суштинско значење во процесот на коагулација на
крвта во телото, кој му помага на телото да залечи рани, модринки и сл.
Исто така, се смета дека основните функции на витаминот К помагаат со
одредени проблеми на кожата, како што се:
-стрии
-проширени вени
-лузни
-темни дамки
-подочници

10
Заклучок

Грижата за вашата кожа треба да биде суштински дел од вашиот режим


за здравје. Впрочем, таа е најголемиот орган на вашето тело. Првото нешто што
сугерираат повеќето експерти за одржување на здравјето на кожата е да се
ограничи изложувањето на сонце, поради штетните УВ зраци.
Но, сонцето не е толку лошо. 10-15 минути дневно на сонце помага да се
произведува витамин Д. Витаминот Д е еден од најдобрите витамини за вашата
кожа, заедно со витамини Ц, Е и К. Осигурајте се дека имате доволно витамини
кои го задржуваат вашиот изглед млад, а вашата кожа здрава. Ова придонесува
за намалување на:црвенило,брчки,груба кожа,сува кожа
Есенцијалните витамини на кожата се достапни во дополнителна форма,
но тие исто така се наоѓаат во производите за нега на кожата. Дознајте повеќе за
овие четири есенцијални витамини и како тие можат да ви помогнат да
постигнете оптимално здравје на кожата.
Витамините се од суштинско значење за вашето здравје и телесните
функции, недостатоците на витамините може да предизвикаат негативни ефекти
врз кожата. Есенцијалните витамини на кожата се достапни во дополнителна
форма, но тие исто така се наоѓаат во производите за нега на кожата.
Внесувајќи доволни количества витамини ние си помагаме во одржување
на здравјето на кожата, нејзината структура, еластичност и изглед. Тие исто така
се дел од повеќе процеси во телото што директно или индиректно се поврзани
со здравата кожа.

11
Користена литература

1. https://drmitov.mk/ishrana_koza/
2. https://www.ubavinaizdravje.mk/zdravje/preventsija-i-lekuvane/vitamini-shto-go-
chuvaat-zdravjeto-na-zhenata-po-40-tite-godini-nivnata-primena-e-zadolzhitelna/
3. https://zdravjeizivot.mk/esencijalni-vitamini-za-kozhata-na-liceto/
4. https://www.rauch.cc/mk/zdrav-zhivoten-stil/posts/pregled-na-vitamini/

12
Прилог – фотографии

13

You might also like