You are on page 1of 1

Целата историна на подрачјето на Рен ле Шато е натопена со крвта на катарите, а трагите на

таа крв, со сета горчина се задржале до ден денес. Многу селани од тој крај сега кога нема
инквизитори отворено ја искажуваат својата склоност кон катаризмот. Исто така постои и
катарска црква и т.н.р. катарски папа кој се до смртта во 1878 година живеел во селото Аркес.
Сониер ја истражувал историјата и народните обичаи на тоа подрачје па така да не постои
можност да ги изоставил катарската мисија и традиција. Не можел да предвиди дека во XII и
XIII век Рен ле Шато бил значаен град но и некаква врста на катарска утврда.

Сониер би морал да се запознае со многубројните легенди кои се поврзани со катарите.


Морал да знае за гласините кои си поврзувале со овие “чисти” верници со Светиот Грал. Иако
во потрагата за некои податоци за Гралот, Ричард Вагнер го посетил Рен ле Шато, на Сониер
ниту тој детал од изучувањето на неговата историја не би можело да му избега или да го
изостави. Освен тоа во 1890 година некој човек по име Џулс Доинел станал библиотекар во
Каркасон и основал нео – катарска црква. Доинел напишал доста за катарската мисла и до
1896 станал истакнат член на месното културно здружение наречено Друштво за уметност и
наука на Каркасон за да во 1898 година биде избран за секретар на здружението. На ова
друштво припаѓале многу познаници на Сониер, меѓу кои бил и неговиот најдобар пријател
Хенри Будет. Во личниот круг на пријатели на Доинел била и Ема Калве. Од тоа произлегува
претпоставката дека Сониер и Доинел се познавале меѓусебно.

Постои уште една предизвикувачка причина за поврзувањето на катарите со мистеријата за


Рен ле Шато. Во еден од стироците од пергамент кои ги пронашол Сониер, текстот меѓу
останатото е напишан со неколку ситнибукви поточно со осум – кои се различни од сите
останати. Три букви на врвот на страницата а пет на дното од текстот. Овие осум букви треба
да се прочитаат со ред за да се состават два збора – REX MUNDI. Тоа без сомневање е катарски
израз веднаш препознатлив на оние кои се запознати со катарската мисла.

Албигенската крстоносна војна

Во 1209 година војска составена од околу 30.000 витези и пешадија од Северна Европа како
виор провалила во Лангдок, ридесто подножје во североисточниот дел на Пиринеите во
денешна Франција. Во војната што следувала, целиот креј бил опустошен, посевите биле
уништени, местата и градовите разурнати а целокупното население било погубено. Тоа
истребување било во така големи и широки размери што може да се смета за првиот случај на
геноцид во модернара европска историја. Само во градот Безиер биле заклани 15.000 мажи
жени и деца а многу од нив во самото црквена утврда. Кога еден калуѓер го прашал
посланикот на папата, како ќе ги разликуваат еретиците од правоверните одговорот гласел:
“Убијте ги сите. Бог ќе ги препозне своите”. Овој цитат колку и често да се наведува може да
биде и измислен но тој го отсликува фанатичниот жар и крвожедноста на спроведените
убиства. Истиот папски претставник во писмото до Иноцент III во Рим со гордост објавил дека
“ниту едно годиште, пол или сталеж не биле поштедени”.

Позле Безиерс, војската освојувачи го сомлела цел Лангдок. Паднале и Перпигнан, Нарбон,
Каркасон и Тулуз.

You might also like