You are on page 1of 3

Сценарио

Ева: Приказната за децата кои претрпеле насилство, деца чија свеќа е згасната, чија
надеж исчезнала. Деца кои приказната што ја раскажуваат е неразбирлива за
другите. Приказната во која се чувствуваат осамено и нивните чувства ги кријат
длабоко во себе, и се борат со самите тие.

Billie Eilish - when the party's over (https://youtu.be/pbMwTqkKSps)

Андреа: Насилството ги прави децата слаби, ја губат надежта, престанувааат да


веруваат дека се вредни, и едноставно се откажуваат.

Мерием: Се откажуваат да продолжат, се чувствувват толклу многу погазени што


смеетат дека не се вредни, зборовите ги држат само за себе и не ги изустуваат.

Деа: Се плашат од реакциите, реакциите кои дополнително можат да ги скршат.

Ана: Седат во ќоше каде никој нема да ги допре но сепак се пронајдени и повторно
погазени.

Мерита: Тешко е, но некогаш треба да се преправаш дека си добро, како ништо да


не е и да продолжиш од каде си застанал.

Михаела: Без разлика што се случило или како некој се однесувал со тебе, секогаш
треба главата да ти биде исправена, и да продолжиш, да веруваш.

David Kushner – Daylight (https://youtu.be/MoN9ql6Yymw)


David Kushner - Daylight - Piano Karaoke Instrumental Cover

Ристе: Се чувствувам како боксерска вреќа во која секој може да удира, жртва сум
на врсничко насилство, сите ми довикуваат ,,Одвратен си” ; ,,Те мразам’’ ;
,,Не треба да постоиш”. Никој не заслужува да се чувствува толку безврено и
осамено. Немојте да бидете малтретирани во тишина, невреди, обратете се некому,
бидејќи само оние со неуспеси и комплекси врз себе можат да ти направат такво
нешто.

Елеонора: Детскиот страв, она поради кое неможам да живеам нормално, она
поради кое се борам со своето тело и ум. Болката и стравот ме научија дека
неможам да верувам секому, ни на оние најблиските, ме научија да бидам по
храбра, а пак срцето ми вели само да се насмеам, го чувствувам како да сака да
излезе од мене кога не се смеам, сакам да му се препуштам, но не сум сигурна дали
е вистинското време, ке останам смирена и ке запаметам дека на крајот добрината
е онаа која секогаш победува.

Софија: Се чувствував толку многу уништено после се што доживеав, после сите тие
коментари, но потоа сватив дека животот не е твој ако постојано размислуваш што
останатите мислат за тебе, остави ги, тоа се само празни зборови, да бидеш
малтретиран не е рефлекција на твојот карактер тоа е недостаток во карактерот на
насилникот.

Матеј: ,, Се плашам, се плашам што ќе мислат другите, секогаш се запрашувам дали


јас сум проблемот, сите ме исмејуваат, се плашам да прозборам, толку ли сум
поразличен од нив, толку ли сум безвреден, зарем навистина сум глупав, не
заслужувам шанса? Ова ми го загрози животот, ме направи безпомошен, се срамам
да бидам тој што сум, се срамам што постојам“

Lucius - Million Dollar Secret (https://youtu.be/UsUTr-kNeiY)

Мила: Животот е краток за да дозволиш некој да ти го уништи, да дозволиш да те


подцени и погази. Секој секогаш треба да застане и да се справи со ситоациите,
бидејки ако еднаш не му се спротивставиш секогаш ке бидеш центарот.

Леона: Децата прават некој да се чувствува безвредно мислејќи дека тие ке станат
помојќни или пак поинтересни, и тие никогаш нема да престанат бидејќи никој не
им го укажал спротивното, никој не ги соочил со проблемот.

Драган: ,,Тие не се ништо повеќе од тоа што си ти!”

Јована: ,,Зборувај, исправисе, стави стоп на насилството!”

Дамјан: ,,Кул е да си добар и да не ги навредуваш останатите!”

John Legend – All of Me (https://youtu.be/450p7goxZqg)

Birdy - People Help The People (https://youtu.be/OmLNs6zQIHo)

Христина: Луѓето секогаш ке ја забележат разликата во твоето однесување, но


никогаш нема да се запрашаат дали тие се причината зошто тоа се променило.
Секогаш имаш избор, не го избирај насилствотот, изберија добрината, бидејки
насилството е слабост.

You might also like