You are on page 1of 3

Кога Словените започнале да ја населуваат Македонија?

По смртта на Јустинијан I во 565 година.

Колку напади извршиле Словените и Аварите врз градот Солун и


кога?
Извршиле два неуспешни напади во седумдесетите и осумдесетите
години од VI век или поточно во 584 година и подоцна во 586 година.
Предводени од кнезот Хацон Словените го држеле градот Солун под
опсада во 615 и 616 година. Најголемата опсада започнала во 618
година. Во втората половина на VII век на чело на кнезот на Рихините,
Пребонд, словенските племиња се обединиле со намера да го освојат
Солун и се ослободат од византиската власт. Во 674 година кнезот
Пребонд е фатен и убиен.

Што се склавини?
Тоа се полудржавни творби кои ги основале Словените чии племенски
старешини биле кнезови.

Која била најпозната склавинија?


Најпозната била склавинијата Берзитија, во Централна Македонија на
територија меѓу денешните градови Охрид, Битола и Велес, а
престолнината била во Прилеп. Најпознат владетел бил Акамир, во
799 година.

Што се случило после смртта на Методиј?


Методиј починал во 885 година и после неговата смрт нивните
ученици биле протерани од Моравија и се преселиле во Бугарија.
Иако буграскиот кнез Борис ги дочекал со големи почести учениците
на Св. Кирил и Методиј повторно се судриле со грчките свештеници.

Која била дејноста на Св. Климент?


Во 886 година Св. Климент се населил во областа Кутмичевица
југозападна Македонија. Ја основал Охридска книжевна школа, во која
се подготвувале свештеници кои одржувале богослужба на словенски
јазик, учители , уметници. Тој имал 3500 ученици. Школото се наоѓало
во манастирот Св. Пантелемон на Плаошник.

Која била дејноста на Св. Наум?


Тој ја продолжил работата на Св. Климент. На јужниот брег од
Охридското езеро го изградил манастирот Св. Архангели. Тој бил
лекар и чудотворец. По неговата смрт во 910 година., во бил
прогласен за светец.

Кога се појавило Богомилското движење?


Во средината на векот X, во делот на Македонија кој се наоѓал под
бугарска власт се јавило т.н. Богомилско движење. Негов основач бил
попот Богомил. Најразвиено било во околината на Велес, во
околината на селото Богомила и реката Бабуна.

Во што верувале Богомилите?


Богомилите не се покорувале на власта. Тие не ја признавале
црквата, иконите, крстот и верските празници. Јаделе само растителна
храна и сметале дека месото е дело на ѓаволот.

Како биле организирани богомилите?


Богомилите биле организирани во религиозни општини и со нив
раководел најстариот член кого го нарекувале ,,дедо”. Во Македонија
познати биле Мегленската и Драговитската богомилска општина.

Каде се проширило богомолството?


Подоцна богомилството се раширило во Бугарија, Византија, Србија и
Босна. Попот Василиј бил запален на клада. Од Балканот, потоа
богомилството се шири кон Италија и Франција и во Европа било
присутно цели пет век

Изјава
Јас, Љубица Маркудова, со бр. на л.к. А2762146, сум автор на
ракописот за учебник Компјутерски системи за III година, струка/сектор
електротехничка/електротехника, образовен профил/квалификации:
Електротехничар за електроника и телекомуникации/средно стручно
четиригодишно образование. Изјавувам дека, согласно стручното
вреднување на ракописот и доставеното мислење на рецензентската
комисија и Центарот за стручно образование и обука, отстранети се
сите наведени забелешки во ракописот.
Коригираниот ракопис за учебникот, во електронска форма, е
доставен до Педагошката служба при Министерството за образование
и наука.

Датум Изјавил
03.01.2024 Љубица Маркудова

You might also like