You are on page 1of 7

Приватна непрофитна високообразовна установа

самостојна висока стручна школа


Бизнис академија Смилевски – БАС
Скопје
- прв циклус на студии-

Проектен извештај по предметот


Основи на оперативен менаџмент
на тема
Оперативните функции на организацијата
ДУТП “ТОНИМОНТ” дооел - Скопје

Ментор: Изработил:
Пред. м-р Иван Ѓорѓиевски Кристијан Ѓошевски

Скопје, 2022
[
“”
]

Содржина
Краток опис на дејноста на организацијата.......................................................................................................3
Оперативни процеси на организацијата............................................................................................................4
Најзастапен производ или услуга.......................................................................................................................5
Верига на снабдување.........................................................................................................................................6

2
[
“”
]

Краток опис на дејноста на организацијата

Компанијата Тонимонт е основана во 1994 година и има долгогодишно искуство


во својата област на работа. Станува збор за услужна компанија чија примарна дејност
е подготовка на стручни решенија и изведби од областа на водоводот и
канализацијата. Тонимонт започнува со мали сервисирања и само еден вработен. Со
тек на време е формиран тим од експерти, кој е обучен да одговори на барањата на
своите клиенти во согласност со најновите светски стандарди во изведувањето на
конструктивните работи. Компанијата конструира внатрешни и надворешни
инсталации и поставува најсовремена санитарна опрема.

3
[
“”
]

Оперативни процеси на организацијата

Монтажа на туш кабина

Нарачка на туш кабина по


мерка

Превземање на нарачката и
почеток со монтажа

Дали е во
НЕ
ред?

ДА

Изработка на оквирна рамка


од профили и
заштрафување на истата на
ѕид

Вметнување на стакла и
врати

Силиконирање на сите
потенцијално
водопропустливи делови

Дали е
НЕ
во ред?

ДА

Готова услуга

4
[
“”
]

Горенаведениот процес претставува пример за влез -> трансформација -> излез. Во


влез спаѓаат: стакла,врати,подвижни тркалца за врати,рачки за врати,профили за
конструкција,штрафови,гумени лајсни, силикон итн. Потоа следува процесот на
трансформација во кој спаѓаат:заштрафување,подесување,сечење,
прилепување,прицврстување итн. И како излез доаѓа намонтираната кабина
спремна за користење и употреба од страна на клиентот.

Најзастапен производ или услуга

Компанијата ги нуди следниве услуги:

 Монтажа и демонтажа на санитарија

 Инсталација на водоводни и одводни цевки

 Сервисирање на сите санитарни елементи во едно купатило.

 Лоцирање и решавање на водоводни дефекти

 Монтажа на естетски галантерии во купатила

и уште многу други потреби на клиентите што се во склоп со стручната


област на компанијата.

Најзастапената услуга и најбараната услуга е монтажа и демонтажа на санитарија.


Главната причина поради која оваа услуга е доминанта е постојаната потреба на
клиентите од реновирање,иновирање,пратењето на разни трендови и секако
најбитниот фактор, потребата од квалитетна опрема за одржување на личната хигиена
кај секој поединец.

5
[
“”
]

Доколку станува збор за веќе постоечко купатило, тогаш најпрвин се врши демонтажа
на старата санитарија, па потоа монтажа на нова. Најважните фактори кај изведувачите
на работата се функционалноста и естетиката, додека за клиентите во почетната фаза
најважен е естетскиот изглед. Затоа од големо значење е изведувачите да најдат
баланс помеѓу функционалноста и естетиката, за клиентите да бидат задоволни не
само во почетната фаза туку и во понатамошното долгорочно користење на
санитарните елементи.

Верига на снабдување / Менаџмент со залихи

Организацијата Тонимонт при изградба на објекти од поголем размер, се


снабдува со повеќе залихи. Тоа го прави за да во секој момент од работниот процес
материјалите потребни за различен тип на монтажи бидат достапни и со тоа да се
овозможи тековно извршување на процесите, без правење на непотребни застои и
паузи. Исто така кај поголемите објекти бројот и типот на залихите лесно може да се
предвиди бидејќи водоводните инсталации кај таквите објекти се вршат според
одредени стандарди и шеми. Доколку станува збор за помали интервенции како на
пример сервисирање или монтажа на санитарија, тогаш е потребно на лице место да
се види проблемот, па потоа да се обезбедат залихите за решавање на истиот.
Помалиот број на залихи се транспортира со помош на трите товарни возила во
сопственост на самата компанија. Поголемиот број на залихи се транспортира со
камиони обезбедени од самите увозници на залихите кои воедно се и соработници на
компанијата Тонимонт. Залихите се чуваат во добро организирани магацини.

6
[
“”
]

You might also like