You are on page 1of 9

ТРАНЗИСТОРИ И ДИОДИ

Изработи:Александар Славевски 2-6


 Транзистор — полуспроводнички уред кој најчесто се користи да
засилува или да вклучува и исклучува сигнали. Транзисторот е
основната единица од која се прават сметачите и сите
понови електронски уреди. Најчесто се спојуваат повеќе
транзистори во едно интегрално коло.
 Електричниот сигнал може да се засили користејќи уред кој
овозможува сигналот да го контролира протокот на многу поголема
струја. Транзисторите се основните уреди кои овозможуваат ваква
контрола. Современите транзистори главно спаѓаат во две
категории: биполарни спојни транзистори и транзистори со ефект
на поле. Со овозможување на проток на струја кај биполарните
спојни транзистори и напон кај транзисторите со ефект на поле
помеѓу влезната и заедничката електрода се зголемува
проводливоста помеѓу заедничката и излезната електрода, со што се
контролира протокот на струја меѓу овие електроди.
Видови транзистори
 Материјалот: германиум,силициум
 Структура: Биполарен споен
транзистор, транзистор со ефект на поле,
транзистор со изолирана порта и др.
 Поларност: NPN транзистор, PNP транзистор и
др.
 Фреквенцијата на работа: ниско, средно, високо
фреквентни, радиобранови, микробранови
 Употребата: прекинувачи, засилувачи, општа
употреба, аудио, високонапонски и др.
 Физичкиот изглед: метални, пластични и сл.
Слика од првиот
транзистор
 Диода е електронски уред што дозволува
протекување на струјата во една насока
без отпор (или со многу мал отпор) додека во
спротивната насока претставува бесконечен (или
барем многу голем) отпор. Затоа за диодата се вели
дека има проводна и непроводна насока.
Отпорноста на диодата во проводна насока е многу
мала, додека во непроводната насока отпорноста на
диодата е огромна. Поради тоа диодата може да се
замисли како електронски еквивалент на
еднонасочен вентил.
 Современите диоди најчесто се прават од
кристални полуспроводнички материјали како што
се силициум или германиум. Меѓутоа, постојат и
диоди со термионска емисија - електронски цевки
Видови полуспроводнички диоди
 Обична диода
 Диоди збогатени со злато
 Зенер диоди
 Диоди со лавински ефект
 Диода за потиснување на излезниот напон
 Светлечка диода (ЛЕД)
 Фото диода
 Ласерски диоди
 Варикап диоди
 Органска светлечка диода (ОЛЕД)
Фото диода
 Диода со широк провиден
спој.Фотоните избиваат електрони од орбитата во областите на
спојот, што е резултат на појавата на електрична струја. Фото
диодите многу се користат кај сончевите или фотонапонските
ќелии и кај фотометрите. Ако фотонот нема доволно енергија
нема да ги побуди електроните и само ќе помине низ спојот.
Дури и светлечката диода може да се употреби како фото диода
со ниска ефикасност кај некои примени. Некогаш светлечката
диода и фото диодата се пакуваат во исто куќиште. Овој уред
затоа се нарекува „опто изолатор“ или „опто раздвојувач“. За
разлика од трансформаторот, тој дозволува галванско
раздвојување на едносмерниот напон. Ова е доста корисно, на
пример кај заштитата на пациентите кои се приклучени на
медицински уреди или кога се осетливи на ниско струјни кола
раздвоени од проблематичниот напонски склоп или јакиот
електромотор. Сончевите ќелии се една вид на фото диоди.
Светлечка диода(LED)
 ЛЕД е електролуминисцентен уред којшто емитува фотони кога електроните
преминуваат низ спојот. Оваа диода емитува зрачење, но не го
напушта полуспроводникот и се наоѓа во фреквентниот опсег
на инфрацрвеното зрачење. Меѓутоа, изборот одговара на материјалот и
геометриската светлост станува видлива. Напонот на потенцијалната бариера
на диодата ја одредува бојата на светлината. Различните материјали или
невообичаените полуспроводници се користат кај овие типови. Црвената боја
одговара на напон од 1.2 В, а напонот од 2.4 В одговара на виолетовата боја.
Денес постојат диоди и за ултравиолетова светлост. Првите светлечки диоди
биле црвени и жолти, а другите настанале подоцна што се гледа од следнава
слика дадена подолу.Сите светлечки диоди се еднобојни; белите диоди се
комбинација од три диоди со различни бои или сина обложена со жолта.
Колку е помала фреквенцијата на диодата, толку поголема е ефикасноста, па
за различни диоди потребно е да се зголемува силината на струјата кај
диодата со поголема фреквенција. Ова сѐ повеќе се компликува од причина
што човечкото око е најосетливо на светлост којашто е некаде помеѓу сината и
зелената боја.
Зенер диоди
 Овие диоди понекогаш се нарекуваат и пробијни диоди. Посебна
особина кај овој тип на диода е што можат да протекуваат во
спротивниот правец. Овој ефект, наречен како Зенеров пробој, на
прецизно одредените вредности на спротивниот напон е значајна
особина за конструкција на референтниот напонски извор или во
колата за стабилизација и ограничување на напонот. Принципот на
работа е заснован на појавата на поминување на електронот низ
тенката потенцијална бариера на спојот. После ова е пробиен
напонот кај овие релативно мали диоди, 2 до 6 В. Пробијните диоди
можат да бидат силициумски или германиумски, но силициумските
се подобри заради карактеристиките при влегувањето во
пробијната област. Овие диоди имаат негативен температурен
коефициент на напонот.

You might also like