You are on page 1of 5

Различни,

а сепак исти
Јудаизам

Јудаизмот е една од првите


запишани монотеистички вери и една од
најстарите религиозни традиции кои се
применуваат денес. Вредностите и
историјата на Евреите се голем дел од
основата на другите Авраамски
религии како исламот и христијанството.
Јудаизмите веруваат во еден бог - Јахве
( Јахве значи "јас сум тоа што сум" ).
Јудаизмот претставува основа од која
што се развиле христијанството и
исламот. Јудаизмот е главно религија на
еврејскиот народ, но е присутна во сите
континенти и е мултинационална
вероисповед.
Ислам

Исламот е монотеистичка религија која


се вбројува во аврамските религии и е
втора религија по распространетост во
светот. Следбениците на оваа религија
се нарекуваат муслимани или
мухамеданци. Муслиманите веруваат
дека Бог ја предал својата божествена
реч во облик на откровенија преку
разни пророци и дека Мухамед бил
последниот Божји Пратеник. Исламот
најдобро се дефинира
според Куранот кој за муслиманите е
безгрешна реч предадена
од Алах на Мухамед.
Христијанство

Христијанството монотеистичка религија


заснована врз животот, учењата и делата
на Исус Христос, според раскажувањата
во Новиот Завет. Со 2,5 милијарди
верници, христијанството е
најраспространетата религија. По
потеклото, таа е сродна со јудаизмот, со
кој дели религиозни текстови и својата
рана историја; поточно, заеднички за
двете религии се Хебрејската Библија,
која во христијански контекст е позната
како Стар Завет. Христијанството се
смета за аврамска религија, заедно
со јудаизмот и исламот.
Христијанство

Ова е верувањето дека Бог е единствено


и вечно битие кое се состои од три
засебни, вечни и неделиви
личности: Отецот, Синот (Исус) и Светиот
Дух. Најпознатиот христијански симбол
е крстот, кој може да се најде во многу
варијации кои црквите ги создале за да
се разликуваат една од
друга: распетието кај
католиците, православниот крст кај
православните и едноставниот крст кај
протестантите. Меѓутоа ова не се
стриктни правила. Други христијански
симболи се ихтисот („риба“), и во античко
време, сидрото.

You might also like