MAKEDONSKA KAUZA

И Свети Климент Охридски
најверојатно потекнувал од
околината на Солун!
Култот на Свети Наум
Охридски како народен
лекар сè уште живее во
Македонија!

Пишува:
Александар ДОНСКИ

SÂ V ETI KLIMENT I
SVETI NAUM OHRIDSKI
Ш

том веќе пишуваме за познати
личности со македонско етничко потекло, несомнено дека
треба да ги спомнеме и Свети Климент
и Свети Наум Охридски, но и уште некои Македонци, кои оставиле траен белег во христијанството.
Ќе почнеме со Свети Климент Охридски. Неговиот празник се слави и на неговиот именден на 25 ноември (стар
стил) т.е. 8 декември (нов стил). Свети
Климент Охридски е еден од најпознатите македонски светители, чиј култ
трајно се вгнездил во народното помнење и во фолклорот. За Свети Климент
Охридски досега многу е пишувано во
нашата и во странската наука, па овде
ќе ги спомнеме само најважните моменти од неговиот живот и дејност.

ДЕЈНОСТА НА СВЕТИ
КЛИМЕНТ
Свети Климент се родил околу 840 година некаде во Македонија. Некои историчари сметаат дека се родил во Солун или во неговата околина, а тоа го
поврзуваат со фактот што уште како млад
бил повикан од Светите браќа Кирил и
Методиј во нивната мисија (што значи
дека најверојатно живеел во нивна близина). Свети Климент ги придружувал

Светите браќа за време на нивната мисија во Венеција и во Рим, каде што бил
ракоположен за свештеник. По смртта
на Свети Методиј, неговите ученици Климент, Горазд, Наум и Ангелариј биле
прогонувани и малтретирани од страна
на латинското свештенство во Моравија. Прво биле затворени и мачени, а потоа биле прогонети од државата. Така,
преку Белград, тие дошле кај бугарскиот кнез Борис, кој многу добро ги примил и ги искористил за ширење на писменоста. Во 886 година Свети Климент
бил испратен во областа Кутмичевица
во која главни места биле Девол, Главиница и Охрид. Тука Свети Климент
останал 23 години и за тоа време го ширел Божјото Слово и описменил околу
3.500 луѓе преку Охридскиот универзитет, кој го основал и го водел. Овој универзитет е еден од првите во Европа и
во светот. Во 893 година Свети Климент
бил поставен за епископ на новосоздадената епархија Велика, каде што останал сè до смртта. Пред смртта Свети
Климент й завештал дел од својот имот
на епархијата, а дел на црквата, која ја
изградил во Охрид.
Свети Климент се смета за првиот македонски средновековен поет. Тој составил низа беседи, молитви, химни, пофални слова и други псалмоподобни
50 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 581 / 19.8.2005

творби во чест на Господ Исус Христос,
Света Богородица, Свети Јован Крстител и други светители. Сепак, негово
најзначајно дело е создавањето на кирилицата. Денес со ова писмо пишуваат
неколку десетици народи, меѓу кои: Македонците, Бугарите, Србите, Црногорците, Русите, Украинците, Белорусите,
Татарите, Чечените, Чувашите, Абхазите,
Молдавците, Туркменците, Узбеците, Јакутите, Осетите, Казахстанците, Гагаузите, Карелците, Киргистанците и други.
Постојат голем број преданија и легенди за чудата кои ги правел Свети Климент, за кои досега многу е пишувано
во нашата наука. Овој светител денес е
прифатен како патрон на Македонската
православна црква. Огромна е неговата
улога во ширењето на христијанството
и на писменоста меѓу Македонците, но
и пошироко, а неговиот култ извршил
големо влијание и во градењето цркви
и манастири.
Големината на Свети Климент Охридски се гледа и преку неговите активности како духовник, мисионер, беседник,
проповедник, богослов, учител, просветител и писател. За подетаљни информации за неговото дело ја препорачуваме книгата "Библијата во делата на
Свети Климент Охридски" од протоѓакон д-р Ратомир Грозданоски (Скопје,

MACEDONIAN AIM

St. Clement and St. Naum
of Ohrid
The cult of St. Naum of
Ohrid as a folk doctor is
still alive in Macedonia!

Writer:
Aleksandar DONSKI

ST. CLEMENT AND
ST. NAUM OF OHRID
S

ince we are writing about famous
people with Macedonian ethnic origin, we should, with out of doubt
mention St. Clement and St. Naum of
Ohrid, but also several other Macedonians, that have left a lasting mark on
Christianity.
We will start with St. Clement of Ohrid.
His holiday is celebrated on his name day
which is on 25 of November (old calendar) that is on 8 of December (new calendar). St. Clement is one of the most famous Macedonian saints, whose cult is
permanently imbedded in popular memory and in folklore. A lot has been written
about St. Clement of Ohrid both in our
and in foreign literature, so here we will
mention only the most important moments of his life and work.

THE WORK OF ST. CLEMENT
St. Clement was born around 840 AD
somewhere in Macedonia. Some historians think that he was born in Solun or
somewhere in its surroundings, and that
is linked to the fact that he was called by
the Holly Brothers Cyril and Metodious in
their mission as a young man (which
means that he was living close to them).
St. Clement accompanied the Holly Brothers during their mission to Venice and

Rome, where he was anointed as a priest.
After the death of St. Metodious, his students Clement, Gorazd, Naum and Angalerij were persecuted and bullied by
the Latin clerics in Moravia. First they
were imprisoned and tortured, and then
they were exiled from the state. So, trough
Belgrade, they went to the Bulgarian
prince Boris, who received them well and
used them for the spreading of literacy. In
886 St. Clement was sent to the area of
Kutmicevica in which the main towns
were Devol, Glavnica and Ohrid. St. Clement remained here for 23 years and during
that time he spread the Word of God and
taught around 3.500 people to read and
write trough the University of Ohrid,
which he established and managed. This
University is one of the first ones in Europe and in the World. In 893 St. Clement
was named as the bishop of the newly
created eparchy named Velika, where he
remained till his death. Before his death
St. Clement left part of his estate to the
eparchy, and part to the church that he
build in Ohrid. St. Clement is regarded as
the first medieval Macedonian poet. He
wrote a number of prayers, hymns and
other psalms in honor of the Lord Jesus
Christ, the Holy Mother of God, St. John
the Baptist and other saints. Still, his most
important work is the creation of the Cy51 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 581 / 19.8.2005

rillic alphabet. This alphabet is used today
by several different peoples among which
are: Macedonians, Bulgarians, Serbs, Montenegrins, Russians, Ukrainians, Byelorussians, Tatars, Chechens, Chufas, Abkhazians, Moldavians, Turkmenistanians, Uzbek and many other. There are a lot of stories and legends for the miracles that St.
Clement has performed, for which a lot
has been written in our historical science.
This saint today is accepted as the patron
of the Macedonian Orthodox Church. His
role in the spreading of Christianity and
literacy among Macedonians, and wider,
is enormous, and his cult made a large influence in the building of churches and
monasteries.
The greatness of St. Clement of Ohrid
can be seen by his activities as a teacher,
cleric and a writer. For more detailed information on his work we recommend
the book “The Bible in the Works of St.
Clement of Ohrid” by archdeacon D-r.
Ratomir Grozdanski (Skopje, 2001). In this
book on more than 400 pages a serious
view of the most famous works of this famous Macedonian saint are presented.

ST. NAUM OF OHRID
St. Naum is one of the most famous
Macedonian saints. At the same time he

MAKEDONSKA KAUZA

2001). Во оваа книга на повеќе од 400 страници студиозно е направен преглед на најзначајните дејанија на овој познат македонски
светител.

СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ
Свети Наум е еден од најпознатите македонски светители. Воедно
тој бил просветител и лекар. Свети Наум бил современик на Свети
Климент Охридски и ученик на Светите браќа Кирил и Методиј, кои
ги следел за време на Моравската мисија. Во Рим Свети Наум се прочул со неговата чудотворна моќ и голема ученост. По враќањето од
Рим, заедно со Свети Климент Охридски, заминале за Бугарија, каде
што со радост биле примени од кнезот Борис Михаил. Свети Наум
одредено време престојувал во бугарските престолнини Преслав и
Плиска, а подоцна се населил крај брегот на Охридското Езеро. На
јужниот брег на езерото основал манастир, кој до денес се наоѓа
таму. Тоа е познатиот манастир "Свети Наум" (кој порано бил посветен
на Свети Архангели). Мнозина монаси од цел Балкан доаѓале кај
Свети Наум за да ги слушаат неговите мудри поуки и проповеди. За
време на десетгодишниот престој во манастирот, Свети Наум се
занимавал и со преведувачка дејност на црковни книги од грчки на
средновековен македонски јазик. Пред крајот на животот се замонашил и како монах му ја предал својата душа на Исус во 910 година.
Неговиот култ како лекар останал и по неговата смрт. Споменот за
него се чува во голем број македонски народни преданија и легенди.
И денес многумина одат во посета на неговиот гроб, кој се наоѓа во
манастирот "Свети Наум", каде што се лекуваат од разни здравствени проблеми.
Свети Наум Охридски дејствувал во време кога голем дел од Македонија се наоѓал под бугарска власт. Но, тогашниот бугарски хан (а
подоцна кнез) Борис (инаку и самиот припадник на турко-монголските Бугари т.е. припадник на жолтата раса), го примил христијанството и затоа благонаклонето ги пречекал Свети Климент и Свети
Наум со нивните придружници. Во 893 година средновековниот македонски јазик, познат во науката и како старословенски јазик, бил
прогласен за официјален јазик во Бугарија. Тоа бил трет официјален
јазик во оваа држава, по турко-бугарскиот и грчкиот. Мнозинството
од турко-монголските Бугари сè уште не знаеле словенски, па биле
принудени да го учат овој јазик. Да зборува словенски учел дури и
бугарскиот хан т.е. кнез Борис, а словенскиот говорен јазик го учеле
и членовите на семејстото на цар Симеон (кој бил син на ханот т.е.
кнез Борис).

was a teacher and a doctor. St. Naum was a contemporary
of St. Clement of Ohrid and a student of the Holly Brothers
Cyril and Metodious, who followed them during the mission in Moravia. In Rome St. Naum was renowned for his
miraculous healing powers and knowledge. After his return from Rome, together with St. Clement of Ohrid, they
left for Bulgaria, where they were received with joy by the
prince Boris Michael. St. Naum spent some of his time in
the Bulgarian capital Preslav and Plisk, and later he settled
on the coast of Lake of Ohrid. On the southern shore of the
Lake he founded a monastery, which can be found there
till this day. That is the famous monastery of “St. Naum”
(which originally was dedicated to the Archangels Saints).
A lot of monks from all over the Balkans came to St. Naum
to hear his wise teachings and sermons. During his 10 year
stay at the monastery, St. Naum was also occupied with
translation work of church books form Greek to medieval
Macedonian. Near the end of his life he became a monk
and gave his soul to Jesus in 910. His cult as a doctor remained after his death. The memory of him is kept till this
day in a number of Macedonian folk stories and legends.
Even today a many people visit his grave, which can be
found at the monastery “St. Naum”, where a lot of them
come to heal them selves from different kinds of health
problems.
St. Naum of Ohrid acted in a time when a large part of
Macedonia was under Bulgarian authority. But, the Bulgarian khan of that time (later a prince) Boris (a member of the
Turko-Mongolian Bulgarians, i.e. a member of the yellow
race), accepted Christianity and because of that welcomed
with open arms St. Clement and St. Naum with their companions. In 893 the medieval Macedonian language,
known also in the historical science as ancient Slavic, was
declared as an official language in Bulgaria. It was the third
official language in this state, after the Turko-Mongolian
and Greek languages. The majority of the Turko-Mongolian
Bulgarians still didn’t know Slavic, so they were compelled
to learn the language. Even the Bulgarian khan i.e. prince
Boris had to learn the Slavic language, and the spoken
Slavic language had to be learn also by the members of
the royal family of the Emperor Simeon (who was the son
of the khan i.e. prince Boris).

(продолжува)

(to be continued)

52 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 581 / 19.8.2005

Sign up to vote on this title
UsefulNot useful