You are on page 1of 2

Кинематика на ротационо движење

Запомни

1.Механичко движење представува промена на положбата на едно тело во однос на друго


тело.

2.Механичкото движење го изучува делот од физиката што се вика механика.

3.Основна задача на механиката е да ја определи положбата на телото во секој момент од


времето.
4.Апсолутно тврдо тело е тело кај кое растојанието меѓу било кои две негови точки не се
менува во текот на времето.

5.Се разликуваат два вида механичко движење: транслаторно и ротационо(вртливо)

6.При транслаторното движење сите точки од телото се движат подеднакво.

7.При ротационото движење сите точки од телото опишуваат кружници кои лежат во
паралелни рамнини,а центрите на тие кружници лежат на една заедничка права која се вика
оска на ротација.

8.Кинематички величини со кои се опишува транслаторно движење се: поместување s


,линиска брзина v и линиско забрзување a .

9.Кинематички величини со кои се опишува ротационото движење на тврдо тело околу


неподвижна оска се: агол на завртување φ ,аголна брзина ω и аголно забрзување β.

10.Аголот што се зафаќа мегу радиус векторот што ја опишува положбата на материјалната
точка и x-оската се вика агол на завртување φ и се мери во единица радијан (rad)

11.Под аголна брзина ω се подразбира аголот на завртување во единица време и се мери во


единица rad/s . ω = φ / t

12.Насоката на аголната брзина се определува со правилото на десната рака кое гласи: Ако
со десната рака се опфати оската на ротација така да свиените прсти се во насока на движење
на телото ,тогаш палецот кој лежи на оската ни ја покажува насоката на аголната брзина.

13.Ако телото ротира со постојана аголна брзина ω=constanta изведува рамномерно


ротационо движење.

14.Ако телото ротира со променлива аголна брзина ω≠constanta изведува нерамномерно


ротационо движење.

15.Аголното забрзување β е трета кинематичка величина што го опишува ротационото


движење на тврдо тело околу неподвижна оска и ни представува промена на аголната брзина
во единица врема а се мери во единица rad/ s2 . β=ω-ω0 /t

16.Ако телото ротира со постојано аголно забрзување β=constanta изведува рамномерно


променливо ротационо движење.
17.Ако модулот на аголната брзина постојано се зголемува ротационото движење е
забрзано,а ако модулот на аголната брзина постојано се намалува во текот на времето
ротационото движење е забавено.
18.Аголот на завртување кај рамномерната ротација се пресметува со равенката φ=ω t ,а
кај раномерно забрзаното ротационо движење со равенката φ=ω0 t + β t2 /2

19.Врската меѓу соодветните кинематички величини што го опишуваат транслаторното и


ротационото движење на телото е:
s=rφ , v=rω ,a=rβ

You might also like