You are on page 1of 2

VII.

ОПШТЕСТВЕНИ ИНСТИТУЦИИ
1. Институција (lat. institutio) – установа, здрушение, уредба, закон, темелување, основање,
воведување
2. Општествена институција – вид општествени творби што прават збир од правила, со кои на
траен и сигурен начин се регулираат односите со кои се остваруваат општествените дејности за
кои постојат
3. Видови опшествени институции:
- економски институции – ги задоволуваат примарните материјални потреби (храна, облека,
домување)
- семејни институции – потреба за љубов, репродукција, емоции, припадност на заедницата
- политички институции – ги уредуваат односите меѓу луѓето (номирање на односите, поседување
моќ)
- воени институции – потреба за одбрана или опстојување
- религиозни институции
- образовни институции
- здравствени институции

СЕМЕЈСТВО
1. Семејството е институција која е примарна, парцијална, фундаментална (основна), релативно
најтрајна, постои во целата човекова историја, најзначајна.
2. Институции на семејството:
- брак
- сродство – роднинство
3. Бракот – бивалентна заедница, најчесто на лица од различен пол, заснована врз општествено
регулирани полови и други односи и врски меѓу нив.
Форми на бракот:
1. Моногамија – заедница на еден маж и жена
2. Полигамија – заедница на повеќе брачни партнери
а) полигинија – еден маж со повеќе жени
б) полиандрија – една жена стапува во брак со повеќе мажи (Тибет, делови од Индија)
3. Хомосексуални двојки
4. Бракови без деца
5. Кохабитација – заедница на двајца, која не е правно регулирана
4. Сродство – роднинство
Сродство – био-социјална врска помеѓу лица во семејството, создадена како резултат на основниот
брачен однос
- посвојување
- вештачко оплодување
Примарна општествена група што ја сочинуваат лица поврзани со бракот и сродство кои
заеднички задоволуваат одредени потреби.
Функции на семејството:
1. Биолошка функција – задоволување на биолошки потреби, полово општење, репродукција,
продолжување на родот, потомството
2. Економска функција – обезбедување на средства за егзистенција
3. Cоцијализаторска функција
- воспитување на децата во морален, интелектуален смисол
- единката се стекнува со: вредности, норми, пресудна улога во формирањето на личноста

You might also like