You are on page 1of 12

Универзитет “Св.

Кирил и Методиј”- Скопје


Стоматолошки факултет

Семинарски труд по предметот:

Дентални материјали

ТЕМА:

Видови и особини на восоците. Дентални восоци

Ментор: Изработила:

Проф. д-р Гордана Ковачевска Ангела Анѓелова


Содржина

Восоци.....................................................................................3
Хемиски состав.......................................................................3
Физички и хемиски својства на восокот...............................3
Агрегатни состојби.................................................................4
Видови на восоци...................................................................5
Восоци од растително потекло.............................................6
Восоци од животинско потекло............................................7
Состав на денталните восоци................................................8
Примена на восоците.............................................................9
Восоци
Восоците се разновидна класа на органски соединенија, кои се
липофилни, цврсти материи на собни температури. Тие вклучуваат
алкани и липиди, обично со точки на топење над околу 40 °C.Всушност
тие се естри на вишите масни киселии и алкохоли. Восоците се
нерастворливи во вода, но растворливи во органски, неполарни
растворувачи. Природните восоци од различни видови се произведуваат
од растенија и животни.

Хемиски состав
Восоците се органски соединенија кои карактеристично се состојат од
долги алкилни синџири. Природните восоци може да содржат незаситени
врски и вклучуваат различни функционални групи како што се масни
киселини, примарни и секундарни алкохоли, кетони, алдехиди и естри на
масни киселини, како и ароматични соединенија. Синтетичките восоци
често се состојат од хомологни серии на алифатични јаглеводороди со
долг ланец (алкани или парафини) кои немаат функционални групи. Од
киселините најзастапени се палмитинската, стеаринската и олеинската.

Физички и хемиски својства на восокот


Восок од било која класа на супстанции дали од животинско, растително,
минерално или синтетичко потекло, се разликуваат од маснотиите со тоа
што се помалку мрсни, потешки и повеќе кршливи и во кои главно
содржат соединенија со висока молекуларна тежина (на пример, масни
киселини, алкохоли, и заситени јаглеводороди).

Восоците имаат одредени карактеристични физички својства. Многу од


нив се топат на умерени температури (т.е. помеѓу 35 ° и 100 ° C или 95 °)
и велиме дека имаат интервал на топење наместо точка на топење и
формираат тврди филмови кои можат да се полираат до висок сјај, што
ги прави идеални за употреба во широк спектар на полирање. Тие имаат
и некои од истите особини како мастите. Восоците и мастите, на пример,
се растворливи во истите растворувачи и двата оставаат масни дамки на
хартија.
Агрегатни состојби

Восокот може да се сретне во три состојби а тоа се: течна, тврда и


пластична.

Кога восокот е тврд, тој е цврст и многу крут а во таа состојба треба и да
се чува. Оваа состојба е најпогодна за стружење и обработување.

Во течна состојба, восокот преминува само кога е во фаза на топење при


некоја ниска температура која се користи при накапување. При ладењето
на течниот восок и негово стврднување, се јавува внатрешен напон и
одредена димензионална промена. Над температурата на топење
восокот испарува и согорува без остаток и ова претставува негова важна
карактеристика. Иако восокот за моделирање согорува без остаток,
остатокот кој сепак постои изнесува околу 0.02%.

Пластичноста на восокот е многу важна карактеристика. Таа состојба ја


нарекуваме уште како работна состојба на восокот. Се манифесира со
тоа што при делување на незначајни сили при одредена температура се
јавува трајна деформација. Моделирањето на восокот треба да е на
температура поблиску до тврдата сотојба а не на онаа што е поблиску до
температурата на топење на елемнтите во восокот.
Видови на восоци

Восоци од минерално потекло

Парафинот и микрокристалните восоци се добиени од нафта. Тие се


лесни за обновување и нудат широк спектар на физички својства кои
често може да се прилагодат со процесите на рафинирање. Повеќето
продуценти нудат два различни вида нафтени восоци: парафини, кои се
одликуваат со големи, добро формирани кристали; и микрокристалини,
кои се со повисоки точки на топење со мали, неправилни кристали.
Микрокристалниот восок содржи значителни пропорции на разгранети и
циклични заситени јаглеводороди покрај нормалните алкани.

Некои производители, исто така, продаваат "среден" восок, во кој се


намалува опсегот на вриење каде што се јавува транзиција во
големината и структура на кристали. Парафински восок произведен од
нафта во суштина е чиста мешавина од нормални и изоалкани без
естери, киселини и сл. кои се наоѓаат во восоците од животинско и
растително потекло.

Монтана восокот исто така познат како


лигнит восок или е тврд восок добиен со екстракција на растворувачи на
одредени видови лигнит или кафеав јаглен. Комерцијално одржливите
депозити постојат само на неколку локации, вклучувајќи ги Амсдорф,
Германиј. Висок степен на лигнит восок, исто така, се наоѓаат во Јунан и
Џилин, Кина. Тој е тврдм сјаен и лесно се меша со останатите восоци, а
како придодаден на парафинот го прави потврд, зголемувајќи ја
истовремено и температурата на топење.
Синтетичките восоци влегоа во пазарот на
восок во изминатите 50 години.
Полиетиленски восоци се полиетилените со
ниска молекуларна тежина (помалку од
10.000 Mn) кои имаат својства на восок
направени од полимеризација со висок
притисок или низок притисок (Zeigler-тип на
катализатор). Сите такви восоци ја имаат
истата основна структура, но различните
производствени процеси даваат производи
со значително различни својства, и тие
имаат големо влијание врз употребата на
производи. Тука спаѓаат и
полиоксиетиленски восоци, халогенизирани
восоци и хидрогенизирани восоци.

Восоци од растително потекло

Карнауба восокот се добива од лист на бразилска палма. Карнауба се


состои главно од алифатични естри ,хидроксикарбоксилни киселини и
масни алкохоли. Негова главна причина за негова примена во
денталните восоци е неговта особина да го зголемува интервалот на
топење на другите восоци.

Канделила восок е восок добиен од лисјата на мали канделлиски


грмушки роден во северниот дел на Мексико и југозападниот дел на САД,
Со точка на топење од 68,5-72,5 ° C, канделила восок се состои главно
од јаглеводороди, естри со повисока молекуларна тежина, слободни
киселини , и смоли .] Нерастворлив е во вода, но растворлив во многу
органски растворувачи како што се ацетон, хлороформ, бензен и
терпентин.
Восокот се добива со варење на листовите и стеблата со разредена
сулфурна киселина. На овој начин се произведуваат околу 900 тони
годишно.

Восоци од животинско потекло

Пчелин восок- се користи од праисторијата како прва пластика, како


средство за подмачкување и водонепропустливост, како лак за дрво и
кожа и за правење свеќи, се користи и како материјал за отпечатување.
Се добива на тој начин што саќето после вадење на медот се растопува
во топла вода, потоа се цеди, а восокот се истура во сад и се лади. По
боја е жолт, има пријатен мирис, тврд е на собна температура. Во состав
на денталните восоци им ја зголемува пластичноста.

Бел пчелин восок- уште се вика cera alba и се


добива со белење на пчелиниот восок. Има висока
температура на топење, потврд е, нема мирис а во
тенки ливчиња е проѕирен. При кршење има мазна
површина.
Состав на денталните восоци

Восоците што се користат во стоматологијата може да бидат составени


од неколку состојки, вклучувајќи природни восоци, синтетички восоци,
природни и синтетички смоли и додатоци како што се маслото, мастите,
масни киселини и разни бои.

Смолите ја зголемуваат температурата на топење на восоците а со тоа и


тврдоста. Допринесуваат и за лепливоста на вооците, ја подобруваат
компактноста со правилно стврднување и ја одредуваат пластичноста на
восоците.

Шалак е смола од животинско потекло. Тој е основен материјал за


изработка нна базни плочи.

Маслата и мастите ја намалуваат температурата на топење а исто така и


тврдоста а влијаат и на продолжување на времето на пластичност

Гумите, во главно од природно потекло, на восокот му ја зголемуваат


лепливоста. Трагант гумата е составен дел на прашоците или пастите за
подобра атхезија на протезатасо слузницата. Арапската гума пак, се
добива од дрво кое расте во Судан. На восоците им ја зголемува
лепливоста, а влегува во состав на средствата за привремено затворање
на кавитети.
Примена на восоците

Восоците што се употребуваат во клинички фази за изработка на


протетички надоместоци, се со различен состав, облик, боја, количина и
начин на пакување. По начинот на користење во протетиката, восоците
се делат на:

1. Помошни восоци- кои се користат во ординација или во


лабораторија, а не служат за моделирање
2. Восоци за моделирање- се користат исклучиво во заботехнички
лаборатории
3. Готови восочни структури за моделирање

1. Од помошните восоци познати се розевиот восок, восокот за лепење и


восоци за регистрација на загризот.

Розев восок- најупотребуван восок кој има розева боја а на пазарот го


има во вид на плочки со многу мали димензии и мала тежина. Се состои
во најголем процент од парафин, па потоа следува пчелиниот восок или
синтетски церезин и аналинска боја растопена во масти.

Постои во два вида, летен- со повисока точка на топење и зимски- со


пониска точка на топење. Денес добар розев восок содржи најмногу
церезин, пчелин восок, карнауба восок, природни или синтетски киселини
и аналинска боја.

Според американсата дентална асоцијација се разликуваат три типа на


розев восок- мек, среден и тврд

Служи за изработка на загризни шаблони, за фиксирање на загризот. Во


мобилната протетика како загризен бедем се користи за поставување на
вештачките заби. При работа мора рамномерно да се загрева до висока
пластичност, па тогаш да се добие посакуваната пластичност.
Восок за лепење- тврд восок со кафеава или жолта боја која потекнува
од калофониумот. Во растопена форма е проѕирен. Го има во облик на
стапчиња или во пластични кутии. Се состои во најголем процент од
пчелин восок или бел пчелин восок, па калофониум, дамар смола или
монтана восок. Името му кажува дека станува збор за лепење на
скршени модели, скршени делови од протеза кај репаратури, за лепење
восочни делови кај протези и мостови.

Восоци за регистрација на загризот- како материјали можат да


послужат тврдиот розев восок или некои други посебни восоци. Тие се
смеси од пчелин или хидрокарбонски восок и парафин или церезин

2. Во восоци за моделирање, спаѓаат инлеј восок, восоците за


моделирање на коронки и мостови, восоци за моделирање на
скелетирани парцијални протези и восок за фрезување

Инлеј восок- е најпознат восок за моделирање, има сина или зелена


боја тврд е и многу крут, со висока точка на топење. Го има во три
основни типа: А, Б и Ц тип одејќи од тврд, средно тврд па најмек восок за
моделирање.
3.Конфекциски восочни фигури- тоа се различни облици на восочни
елементи за изработка на метални скелетирани протези. Посебни,
различно направени по боја и готови профилни восоци се користат за
креирање на идните метални делови на протезата на дублираниот
модел. Тие конфекциски примери на восоци со различен облик при собна
температура се погодни за нанесување и лесно притискање на одредени
места на модели. Деловите се составуваат со загревање ли со леплив
восок а вишоците се острануваатсо отсечување.

You might also like