You are on page 1of 2

Димитар Миладинов

Димитар Миладинов (Струга, 1810 - Цариград, Димитар Миладинов


денешен Истанбул, 1862) бил македонски
народен преродбеник, поет, учител, публицист, с
обирач на народни умотворби, основач на
македонската етнографија. Неговата поезија е
со изразит лирски темперамент, а неговото
творештво се состои од неколку лирски целини.
Заедно со својот помлад брат Константин водел
организирана борба против
денационализаторството, пенхелизмот и
политиката на грчката влада на македонските
подрачја.
Роден е во семејството на грнчарот Ристе
Миладинов и неговата сопруга Султана
Миладинова. Основно училиште завршил
во Струга, а подоцна и гимназија
во Јанина, Грција (1833 - 1836).
Во периодот помеѓу 1836 - 1839 година, работи
како учител во Охрид, но поради грчкиот
владика е принуден да го напушти училиштето.
Потоа учителствува и во Струга (1839 -
1840), Кукуш (1840 - 1842) и повторно Роден/а 1810
во Охрид (1842 - 1845) и Струга во 1846 година. Струга, Македонија)
Подоцна доаѓа и како учител во
селото Магарево, Битолско (1849 - 1852) и во
грчко училиште во Битола (1852 - 1854). Починат/а 23 јануари 1862
Во училиштето во Охрид, Димитар Миладинов Цариград, Отоманска Империја
се сретнал со познатиот руски научник,
славистот Виктор Иванович Григорович. Оваа
средба била пресудна Миладиновци да почнат
Занимање славист, публицист и учител
да се занимаваат и со собирачката дејност-
собирање и запишување на македонски народни Образование
песни и други умотворби, кои подоцна ги основно училиште во Струга, а
отпечатиле во еден голем Зборник (наречен подоцна гимназија
"„Бугарски народни песни“" зашто имало песни и во Јанина, Грција.
од Бугарија). Во таа дејност се вклучил и
средниот брат Наум Миладинов. Тој ја завршил
Духовната академија на патријаршискиот Период 19 век
универзитет "Халки" во Цариград и дипломирал
на отсекот музика и граматика. Во 1843 година
напишал учебник по музика, прв од таков вид во Жанр Преродба
Македонија, додека при собирањето на
народните песни истите ги запишувал со нотни
Предмет преродбеник и собирач на
записи, ги мелографирал, па така тој е нашиот
прв музичар и мелограф. народни умотворби
Димитар Миладинов, кој бил целосно
прословенски ориентиран, често доаѓал во Книжевно Романтизам
судир со гркоманите во Битола, а по еден таков движење
судир со битолскиот митрополит Венедикт, тој ја
напуштил Битола и Македонија. Во Сремски
Карловци и Нови Сад имал прилика да се Значајни дела Зборникот на Миладиновци
запознае со животот на Србите под австро-
унгарска власт, каде уживале потполна културна
автономија. Подоцна заминал во Белград. При престојот во овие краишта, тој се запознал со идеите
на панславизмот и Илирското движење, кои во потполност ги прифатил како свои.
При крајот на 1856 година, Димитар Миладинов се вратил во Струга и го испратил братот Константин во
Русија да студира словенска филологија на Филозофскиот факултет при Императорскиот универзитет во
Москва.
На 24 јуни 1861 година, од печатницата на Анте Јакиќ, во Загреб, излегол од печат Зборникот од народни
умотворби на браќата Миладиновци, насловен како "Бѫлгарски народни песни", дело со речиси 600
македонски народни песни и точно 77 бугарски (отстапени од бугарскиот фолклорист Васили Д. Чолаков).
Обвинети како шпиони против кои, според изјавата на официјалните турски власти, се подготвува судски
процес, браќата Миладиновци умреле во цариградските затвори, во 1862 година, под досега
неразјаснети околности.

You might also like