You are on page 1of 1

Бенџамин Френклин /ˈbɛnd͡ʒəmɪn ˈfɹæŋklɪn/1 (17 јануари 1706 година, Бостон - 17 април 1790

година, Филаделфија) бил американски печатар, издавач, писател, натуралист, пронаоѓач,


аболиционист.

Учествувал во изготвувањето на Декларацијата за независност на Соединетите Американски


Држави, чиј потписник бил и тој, со што станал еден од основачите на Соединетите држави. За
време на војната за независност, тој преговараше во Франција како дипломат не само за
договорот за сојуз со Французите, туку и за договорот од Париз. Делегат на Конвенцијата во
Филаделфија, тој учествуваше во изготвувањето на Уставот на Соединетите Американски Држави.

Голем дел од животот на Бенџамин Френклин се карактеризира со желба да и помогне на


заедницата. Основањето на првите доброволни пожарникари во Филаделфија, првата позајмлива
библиотека во Соединетите Држави и пронајдокот на шпорет на дрва со контролирано
согорување (или шпорет со обратно согорување) ја илустрираат неговата амбиција да го подобри
квалитетот на животот и пристапот до образование за своите сограѓани. Со пронаоѓањето на
громобран успеал да ја избегне опасноста што дотогаш ја претставувал оваа природна појава.

Неговиот портрет се појавува на банкноти од 100 американски долари.

You might also like