You are on page 1of 4

Основи на маркетинг

Прашања и одговори

I тема:
1. Што подразбираш под маркетинг?
Зборот маркетинг потекнува од зборот market што значи пазар и ing што значи некоја
активност, што с еподразбира како општествен и менацерски процес со кој одредени
поединици или групи го стекнуваат она што им треба или сакаат преку процес на создавање и
размена на производи и вредности со други.

2. Суштинските маркетинг концепти се: потребите, желбите и барањата; производите


и услугите; вредноста, задоволството и квалитетот; размената, трансакциите и
односите; и пазарите. Објаснете ги поединечно?
- А) Човечките потребите се состојба на почувствувана лишеност и ги вклучуваат основните
физички потреби за храна, облека,топлина и сигурност; општествените потреби за припадност
и љубов; и потребите на поединецот за знаење и самоизразување. Овие потреби се основен
дел на човековата природа. Кога една потреба не е задоволена, човекот ќе направи една од
следниве две работи: ќе побара предмет што ќе ја задоволи потребата или ќе се обиде да ја
намали потребата.

Б) Желбите се видот на формата која човечките потреби ја земаат, бидејќи тие се обликуваат
од културата и индивидуалната личност. Истакнатите маркетинг компании на долго и на
широко ги проучуваат и разбираат потребите, желбите и барањата на нивните клиенти, тие
спроведуваат: истражување кај купувачите/ корисниците за она што им се допаѓа, а што не им
се допаѓа, ги анализираат податоците за жалбите, поплаките, прашањата, гаранциите и
сервисирањето на производите/ услугите, ги набљудуваат клиентите користејќи ги своите
сопствени и конкурентни производи / услуги и ги обучуваат продавачите да внимаваат на
неисполнетите желби и потреби на купувачите/ корисниците. Деталното разбирање на
потребите, желбите и барањата на клиентите обезбедува важни инпути за дизајнирање на
маркетинг стратегиите.

3. Што се подразбира под човечки потреби?


- Човечките потребите се состојба на почувствувана лишеност и ги вклучуваат основните
физички потреби за храна, облека,топлина и сигурност; општествените потреби за припадност
и љубов; и потребите на поединецот за знаење и самоизразување. Овие потреби се основен
дел на човековата природа. Кога една потреба не е задоволена, човекот ќе направи една од
следниве две работи: ќе побара предмет што ќе ја задоволи потребата или ќе се обиде да ја
намали потребата.

4. Што се подразбира под човечки желби, а што под барања на купувачите?


- Желбите се видот на формата која човечките потреби ја земаат, бидејќи тие се обликуваат од
културата и индивидуалната личност.
Истакнатите маркетинг компании, многу години детално ги проучуваат и разбираат потребите,
желбите и барањата на нивните клиенти. Тие постојано спроведуваат:
А) Истражување кај купувачите/корисниците за она што им се допаѓа, а што не им се допаѓа,
Б) Ги анализираат податоците за жалбите, поплаките, прашањата, гаранциите и сервисирањето
на производите/ услугите,
В) Ги набљудуваат клиентите користејќи ги своите сопствени и конкурентни производи/услуги
и Г) Ги обучуваат продавачите да внимаваат на неисполнетите желби и потреби на
купувачите/корисниците. Деталното разбирање на потребите, желбите и барањата на
клиентите обезбедува важни инпути за дизајнирање на маркетинг стратегиите
- Кога желбите кои се формата на човечките потреби, обликувани од културниот и
индивидуалниот идентитет, се поддржани со куповната моќ, истите стануваат барања.

5. Што е производ?
- Производ е сè што може да се понуди на пазарот за да се задоволи одредена потреба или
желба. Поимот производ не е ограничен само на физички предмети (како што се автомобил,
ТВ апарат или сапун), туку на сè што може да задоволи одредена потребаПокрај материјалните
добра, производите вклучуваат и услуги кои се активности, или користи понудени за
продажба, а кои во суштина се нематеријални и не резултираат во сопственост на нешто.
производите вклучуваат и други ентитети, како што се искуството, луѓето, местата,
организациите, информациите и идеите. Производ е се што може да се понуди на пазарот за
да привлече внимание, да се набави, користи или консумира и кое може да задоволи желба
или потреба, тој вклучува материјални предмети, но и услуги, лица, места, организации и
идеи.

6. Што е услуга?
- Под услуга се подразбира активности, користи или задоволства кои се понудени за
продажба.

7. Под задоволство на купувачите/ корисниците од производот/ услугата мислиме


на?
- Задоволството кај клиентите е степенот до кој перципираната успешност на производот се
совпаѓа со очекувањата на купувачот. Ако успешноста на производот не ги исполни
очекувањата, купувачот е незадоволен. Ако успешноста се совпадне со очекувањата или ги
надмине, купувачот е задоволен, односно, задоволството кај клиентот е тесно поврзано со
квалитетот.

8. Што значи градење долготрајни односи на компаниите и маркетарите со


клиентите?
- Покрај дизајнирањето стратегии за привлекување нови клиенти и вршење трансакции со нив,
денешните компании мора да се фокусираат на задржување на постојните клиенти и градење
долготрајни односи преку нудење супериорна вредност и нивно задоволство. Клучот во
задржување на клиентите е во понуда од производ кој има супериорна вредност и кај нив
предизвикува задоволство.

9. Што се случува во процесот на размена, трансакции и односи на компаниите со


купувачите?
- а) Размена- Маркетингот се појавува кога луѓето одлучуваат да ги задоволат потребите и
желбите преку размена. Размена е чинот на стекнување посакуван предмет од некого, нудејќи
нешто за возврат. Размената е само еден од многуте начини на кој луѓето можат да го добијат
посакуван предмет. Размена е чинот на стекнување посакуван предмет од некого, нудејќи
нешто за возврат, за да дојде до размена, мора да се исполнат неколку услови, мора да
учествуваат барем две страни, и секоја мора да има нешто што вреди за да го понуди на
другата. Секоја страна мора секогаш да сака да работи со другата страна, и секоја од нив мора
да биде независна за да ја прифати или одбие понудата на другата. На крај, секоја страна мора
да биде способна да комуницира и испорачува. Овие услови едноставно ја овозможуваат
размената. Всушност, дали ќе се случи размената зависи од тоа дали страните ќе се договорат.
Ако тие се договорат, мораме да заклучиме дека чинот на размена им носи и на двете страни
подобра, или барем не полоша финансиска позиција. Најпосле, секој е слободен да ја прифати
или одбие понудата. Во оваа смисла, размената создава вредност, исто како што
производството создава вредност. Таа им дава на луѓето потрошувачки избори или можности.

- Б) Трансакците се состојат од тргување на вредности помеѓу две страни: едната страна дава
производ на другата и добива пари за возврат. Размената помеѓу две страни вклучува најмалку
две работи од вредност, договорени услови, време и место на договорот. Трансакциите во
маркетингот се дел од поголемата идеја на маркетинг односи

10. Ако го разгледуваме маркетингот како менаџерска функција мислиме на?


- Маркетингот се дефинира како менаџерска функција на компанијата. Во тој случај е на исто
ниво како и функциите што се извршуваат во работните единици и служби како: производство,
инженеринг, набавка на суровини, финансии, одржување, и сл. Во тој случај, улогата на
маркетингот е во управувањето и раководењето на компанијата

11. Кои се маркетинг активностите во една компанија?


- Маркетингот е дефиниран како активност на компанијата која е насочена кон превземање на
такви деловни акции во кои приоритетна улога добива односот производител -
купувач/корисник, а не само класичната продажба производител – трговија. Активности:
утврдување на желбите и потребите на купувачите/корисниците, проценка на конкуренцијата
(benchmarking), избор и проектирање на производот и донесување одлука за квалитетот и
обликувањето на производот, определување на големината на серијата, оптималниот циклус
на усвојување на нови производи, политика и на цените и услугите, канали на продажба.

12. Зошто маркетинг активностите и маркетинг стратегиите ја креираат деловната


политика на компанијата?
- Маркетингот се дефинира и како “специфична филозофија” врз која се гради деловната
политика на компанијата. Од нејзините активности зависи колку ќе се произведе за да се
задоволат потребите на купувачите/ корисниците. Деловната политика на фирмата, како
процес на донесување одлуки во пазарното стопанство, мора да поаѓа од можностите на
компанијата, можностите на пазарот и потребите на купувачите/ корисниците

13. Кои се функциите на маркетингот ако го разгледуваме од макроекономски


аспект?
- Остварување на профит на компанијата на долгорочна основа, задоволување на желбите и
потребите на купувачите/ корисниците, задоволување на општествените интереси.
14. Која е користа (бенефитот) од маркетинг активностите за една компанија?
- Бенефитот е вредност која доаѓа како резултат на задолството на човечките потреби. Во
производството ги стимулура иновациите, го мери задоволството, овозможува економски
раст.

15. Зошто е важен маркетингот и за компаниите и за купувачите/ корисниците?


- Маркетинг влијае врз сите нас во нашите животи како купувачи/ корисници: ни дава избор, ги
стимулира иновациите и економскиот раст, е предизвик да си дел од тимот во маркетинг
службите. Значењето на маркетингот и за компанијата и за купувачите е големо бидејќи оваа
служба ги насочува активностите во правец на:
А) Задоволување на потребите на потрошувачите,
Б) во согласност со индивидуалните потреби на поединците, групите,
В) Извршување на индивидуалните и организираните дејности;
Г)) Олеснување на измените кои настануваат во околината, односно го олеснува
производството и потрошувачката.

You might also like