You are on page 1of 10

Македонска драма и театар 2

Факултет за драмски уметности - Скопје Петар Антевски, Продукција, бр. 789

Анализа на „Македонска крвава свадба“


од Војдан Чернодрински

За Војдан Чернодрински

Македонската драмска и театарска уметност каква што ја познаваме денес


своите почетоци ги бележи во средината на 19тиот век. Како еден од
најзаслужните за постулатите на македонската драмска и театарска дејност е
Војдан Поп Георгиев - Чернодрински низ чие творештво се проткајува желбата за
слобода на сопствениот народ и афирмацијата на македонскиот јазик. Следствено
на општествениот контекст во кој живеел, неговите драми се илустративен приказ
на народниот македонски живот во стремежот за осамостајување.

Роден во 1875 година на 2ри јануари во селото Селци, Дебарско, место по


кое и ќе го вреже во својот идентитет земајќи го псевдонимот Чернодрински по
реката Црн Дрим која тече низ неговиот роден крај. Потекнува од свештеничко
семејство кое уживало особен углед од соселаните благодарение на дедо му Славко
и татко му Георги на кој во детството Војдан му помагал во свештеничката
должност. По принудната семејна преселба во Охрид, Чернодрински завршува I
клас на охридското класно училиште „Св. Климент“ по што заминува во Солун да
го продолжи своето обраование и каде нема да остане долго. Повторно следува
семејна преселба, во Бугарија, во потрага по подобра егзистенција.

Фрагментирани спомени од неговиот живот ќе се најдат и во дел од


неговите драмски дела како што е убиството на пијаниот Турчин во „Македонска
крвава свадба“, инспирано од ситуацијата во родното село кога неговата мајка со
триножник ја расцепила главата на еден од двајца Арнаути коишто наминувале во
нивната куќа, а што истовремено било причина и за преселбата во Охрид.
Македонска драма и театар 2
Факултет за драмски уметности - Скопје Петар Антевски, Продукција, бр. 789

Всушност, мноштвото драмски текстови на Чернодрински во себе содржат


инспирација и мотиви од вистински случаи на насилство на кои самиот автор бил
сведок или пак ги наслушувал од своите сонародници со што успешно ја
овековечува положбата на македонскиот народ во тој временски период и го
задржува веризмот во неговото творештво.

Пишувањето на Чернодрински му доаѓало сосем природно на неговиот


љубопитен карактер инспириран од идеалите на „Младата македонска
литературна дружина“ по што и ќе започне да ги пишува своите први стихотворби
околу 1894/95 година, а подоцна и ќе го формира кружокот „Македонски заговор“
заедно со своите соученици Македонци во Првата машка гимназија во Софија под
чија капа ќе се одиграат пиесите „Македонско востание“ и „Дрварите“, која
подоцна ќе се развие во драмата „Зло за зло“, како први (аматерски) претстави на
македонскиот театар кои ја разгоруваат жарта за револуционерната македонска
борба. Успешноста на изведувањето на ваквите пиеси и развојот на културно-
просветната дејност ќе го постават кружокот „Македонски заговор“ како урнек за
формирање на театрите „Основа“ и „Солза и смеа“. (Алексиев, 1976)

Иако Чернодрински заминува во странство, прво во Австрија, а подоцна во


Швајцарија на студии по право во Берн, неговиот примарен фокус е сепак
неговата револуционерна дејност организирајќи ги македонските студенти таму.
Секако неизоставајќи ја љубовта кон театарот тој редовно го посетувал театарот во
Берн гледајќи што се поставува на европските сцени и истовремено пишувајќи
драми, односно сцени, кои ги испраќал до колегите од „Македонски заговор“.

Чувствувајќи дека дотогашното негово творештво не е во сооднос со


неговите поголеми можности и под делумен притисок од неговите колеги да
напише пиеса која ќе има „барем две дејствија“ Чернодрински по враќањето од
странство веќе во глава го има дејството во „Македонска крвава свадба“. Оваа
драма е првата покомплетна и најзначајна драма на Чернодрински инспирирана
Македонска драма и театар 2
Факултет за драмски уметности - Скопје Петар Антевски, Продукција, бр. 789

од објава во весникот „Реформи“, за која авторот изјавил дека му го дала сижето


на драмата. (Алексиев, 1976)

Иако ненапишана, Чернодрински успева да ги убеди своите колеги да ја


постават „Македонска крвава свадба“ по што почнува скоро двомесечната
подготовка на премиерната изведба на драмата. За време на подготовките,
Чернодрински неуморно работи на завршување на самата пиеса и на 7ми ноември
1900 веќе била одржана премиерата на претставата. Премиерата на „Македонска
крвава свадба“ не поминала глатко и била проследена со притисоци од бугарските
власти, но вооружениот ансамбл и националистичките побуди кај публиката
довеле до навремен почеток на изведбата која траела скоро четири часа исполнети
со многу солзи, аплаузи и скандирања. Набрзо по претставата ќе биде испечатено
и првото издание на „Македонска крвава свадба“ по барање на сите кои иако ја
гледале претставата сакале да ја имаат при рака.

Восхитот од претставата се шири со брзина на светлината по што се случила


и репризата на 21ви ноември 1900, а подоцна и третата изведба во Софија за веќе
кон крајот на декември целиот ансамбл заминува на гостување во Пловдив.

Популарноста на „Македонска крвава свадба“ успева да ја докаже


есенцијалната потреба на театарот, и воопшто уметноста, да го обликува времето
во кое се создава. Општествениот контекст кој служел како подлога за развојот на
драмското дејствие, како и револуционерните побуди на авторот да го сменат тој
контекст го дообликуваат веќе развиеното драмско творештво на Чернодрински
кој со своето ремек дело „Македонска крвава свадба“ ги поставува темелите на
македонскиот театар.

Непосредно по враќањето од Пловдив, Чернодрински ја формира


патувачката трупа „Скрб и утеха“ во променет состав од оргиналниот ансамбл и со
која уште повеќе ја потврдува успешноста на „Македонска крвава свадба“ која
останува да биде непобиен феномен на македонската драмска дејност.
Македонска драма и театар 2
Факултет за драмски уметности - Скопје Петар Антевски, Продукција, бр. 789

За „Македонска крвава свадба“

Задржувајќи се на инспирацијата од реалноста околу себе, Војдан


Чернодрински во драмата „Македонска крвава свадба“ непосредно ја илустрира
реалноста на македонскиот народ за време на османлиското владеење и успешно
задоволувајќи ги критериумите за цело и завршено драмско дело чија
театаралност овозможува емотивно, интимно и разјадувачко доживување при
сценското поставување.

Според авторот, драмата жанровски се карактеризира како трагедија во пет


дејствија што укажува и на структурата од 5 чина кои го следат стандардот во
пишување на едно драмско дело, а во кој се содржат експозицијата, заплетот,
кулминацијата, пресвртот и расплетот. Во рамки на аристотелијанската фабула,
Чернодрински го развива дејствието небаре „школски“ ставајќи акцент на
веристичкиот приказ на ситуациите во кои неговите ликови од оваа драма се
наоѓаат.

Како пишан театар, дејствието во „Македонска крвава свадба“ мора да се


потпира на максимално користењето на времето и просторот во драмата од страна
на авторот. Драмскиот простор му овозможува на авторот да го постави секое
наредно дејствие од драмата прилично детално бидејќи секој сегмент од сцената
претставува некаков знак, некаква информација за околностите во кои дејството
се случува. Од широкото поле со неожнеани ниви до фамилијарната куќа на Цвета
и куќата на Осман-бег, па се до салата за седници во уќуматот, просторот
истовремено ги илустрира и контрастите во социјалниот статус на ликовите
исполнувајќи го условот на битовата драма да се базира на бинарни опозиции. Во
овој пример македонскиот народ кој работните часови ги поминува жнеејќи на
беговски полиња на жешкото сонце наспроти салата за седници на уќуматот која е
опремена за сите нужни потреби.
Македонска драма и театар 2
Факултет за драмски уметности - Скопје Петар Антевски, Продукција, бр. 789

Со оглед на тоа што времето во „Македонска крвава свадба“ е сценско, тоа


на авторот не му служи само како приказ на одреден ден, час или година. Времето,
искажано преку репликите на ликовите, истовремено функционира во
дополнително знаковно илустрирање на маките со кои се соочува македонскиот
народ.

ТРАЈАН:

(Бришејжи ја потта од челото). Страшна горештина, бреј! Изгоревме!…

БОГДАН:

Времето му е, бре брате, та асли требит да е горештина.

БЛАГУНА:

Камо да подржит вака времево, дур да се соберит бериќетов, та нека е лошо


после.

ТРАЈАН:

И много горештина не чинит. Ево… (Се раскопчува) На, жива вода сум.

БОГДАН:

А бре, ама нема што да прајме, сиромаси сме, селани; да сме граѓани, ќе
работевме под сенка, ќе седевме и на готово ќе јадевме.

Согласно горенаведениот пример, извадок од почетокот на првото дејствие


на драмата, можеме да согледаме дека станува збор за жежок ден во летниот
период кога се жнее житото, но дополнително од сценскиот приказ на времето
дијалогот го користи времето како аргументација кон тешката позицијата на
македонскиот народ.

„Македонска крвава свадба“ изобилува со мношто од ликови во кои се


вбројува и една од најважните женски ликови во македонската драмска
Македонска драма и театар 2
Факултет за драмски уметности - Скопје Петар Антевски, Продукција, бр. 789

литература, Цвета која „умре, ама туркина не стана“. Покрај неа во драмата се
Спасе, момчето во кое таа се заљубува, нејзиниот брат Дуко, нивните родители
Благуна и Трајан, Осман-бег како главниот антагонист во драмата и уште многу
други членови на семејството на Цвета, овчарите - пријатели на Спасе,
потурчените рисјанки, валијата, другарите на Осман-бег, запатиите итн.
Интересен податок кој оди во прилог на бинарните опозици е што скоро е
изедначен бројот на ликови кои се Македонци и бројот на ликови кои се Турци.

Фабулата во „Македонска крвава свадба“ веднаш започнува со лош


предзнак и закана, појавувањето на змијата чија жртва за малку ќе биде Цвета.
Појавата на змијата е директен знак кој ја илустрира сликата за османлиите од
призмата на македонскиот народ што и дополнително ќе биде спореден во
дијалогот помеѓу Дуко и Благуна.

ДУКО:
Арно е кажав! Здроби и глаата, напрај и на парчиња ако мојт нека каста после.
Така требит и на Турците да им сториме за да не касаат.
БЛАГУНА:
Колку луѓе умреле од змија, колку жетварки, току…
ДУКО:

Много умреле од змија, ама ја велам многу појќе умреле од другиве змии со две
нозе што со уста не касаат тие, а со куршум и нож. И колко илјади има
умрени, број немат…

Со оглед на христијанската вера која ја практикуваат македонските ликови


во драмата и која е интегрален дел од нивниот идентитет, појавата на змијата би
можело да декодира како библиска референца кон злото кое им се заканува на
семејството и ултимативен предзнак за крвопролевањето. Имајќи ја предвид
етнотеатарската традиција и односот на човекот кон сопствениот фолклор ваквите
знаци помагаат во развојот на драмското дејствие. Читањето знаци во
Македонска драма и театар 2
Факултет за драмски уметности - Скопје Петар Антевски, Продукција, бр. 789

македонската битова драмска традиција, значи нивно препознавање и директно


поврзување со драмското дејство. (Стојаноска, 2018) Што не доведува до
заклучокот дека змијата е животинска репрезентација на антагонистот Осман-бег
кој како и змијата ја напаѓа благосостојбата на Цвета.

Интересно е што уште во првиот чин авторот го изнесува заплетот на


драмата, a тоа е грабнувањето на Цвета од страна на Осман-бег со што го
поместува секојдневието на ликовите и веќе развојот на дејствието не носи кон
сносување на последиците од заплетот и решението на проблемот, односно
спасувањето на Цвета и што треба ликовите да направат за да ја одбранат
сопствената фамилијарна чест. Имено, заплетот многу вешто ги поставува во
контратежа немилосрдноста на турските бегови и страсната борба за слобода на
македонскиот народ. Истовремено за време на грабнувањето на Цвета авторот ги
обелоденува карактеристиките на секој лик поединечно, особено видливо во
разликата помеѓу асертивноста на Трајан, таткото на Цвета, и агресивноста на
Дуко, нејзиниот брат. Па така дозволувајќи ни да ја согледаме спротиставеноста
на генерациите и различноста на нивните сензбилитети кои следствено годините
доаѓаат природно и за двата лика.

Во сржта на мотивите за дејствување во драмата, на сите ликови основна


појдовна точка на моралната скала им е одбраната на сопствената и
фамилијарната чест. Особено важно е да се напомене дека во суштина сопствената
и фамилијарната чест се изедначени што ни посочува на културолошкиот однос
кон колективот и значењето на фамилијарната заедница во ова време од
историски аспект. Затоа и трагичноста во „Македонска крвава свадба“ е толку
голема, затоа што го вклучува целото семејство на Цвета и нивната трагична
судбина.

Дејствието во драмата евидентно е дека кулминира во домот на Осман-бег


каде Цвета се соочува со сопствената внатрешна емотивна состојба и во своето
сололокви ја изнесува сопствената болка за ситуацијата во која се наоѓа. Но, она
Македонска драма и театар 2
Факултет за драмски уметности - Скопје Петар Антевски, Продукција, бр. 789

што е најважно е дека во третото дејствие во дијалозите со Петкана и Крста, како и


со Осман-бег ја гледаме нејзината детерминираност и карактерна сила да се
спротистави на ситуацијата во која се наоѓа.

ОСМАН БЕГ:

Ќе ти колам мори ѓаурко!


ЦВЕТА:

(Налутено). Коли ме, беси ме, што сакаш прај, ама јас Туркина не бидувам!

Нејзината намера е прилично јасна, а тоа е стариот македонски етос на


„смрт или слобода“ кој со себе го носи херојскиот дух да човек не се предаде на
непријателот по секоја цена и всушност ја карактеризира главната хероина на оваа
драма. Во оваа нејзина реплика е слеана општествената револуционерност на
самиот автор кој го поставува ликот на Цвета како урнек за македонската публика
од тоа време. Истовремено во оваа реплика се слеани токму желбата да се одбрани
честа и слободата, како сопствената така и на заедницата/народот.

Веќе четвртото дејствие на драмата со себе го носи и пресвртот во драмата.


Наговестеното потурчување на Цвета кон крајот на третиот чин го поставува
читателот на драмата да се посомнева во силната намера на Цвета, а и развојот на
самото дејствие не дава надеж дека таа ќе биде спасена. Веројатно само театарот
дозволува нечија трезвеност да се појавува одеднаш кога ќе симне парче облека од
себе и тоа да ја задоволи публиката и да ја натера да верува, во овој случај
фереџето кое Цвета го кине. Сепак, пресвртот во оваа драма е можеби и најслабиот
елемент од структурата и тоа можеби треба да се препише на брзањето на авторот
да го заврши пишувањето на драмата. Драмскиот чвор во четвртиот чин авторот
го заплетува толку вешто што дури и самиот тешко го отплетува, па мора да
создаде неверојатна ситуација каде свесноста на Цвета се враќа ненадејно. Од
денешен аспект делува неубедливо, но за контекстот во кој е пишувана драмата,
тоа веројатно функционирало онака како што било замислено.
Македонска драма и театар 2
Факултет за драмски уметности - Скопје Петар Антевски, Продукција, бр. 789

По четвртиот чин и не останува ништо друго освен да ја видиме


долгочекуваната „крвава свадба“ најавена во самиот наслов на драмата, па така
расплетувањето на дејствието кон крајот на драмата ја прикажува трагичноста на
делото во целост, а тоа е секако смртта на најдоминатните (главни) ликови во
драмата. Самата смрт на Цвета ја потврдува нејзината мотивација и доминантна
реплика: „Умрев, ама туркина не станав!“. Како мотив кој често го слушаме во
текот на драмата, на некој начин самата реплика функционира како пророштво
кое се исполнува од драматуршки аспект и уште во претходните делови авторот
како да ја најавува нејзината смрт која е потребна за да се истакне важноста на
сопствениот идентитет.

Иако ликовите во „Македонска крвава свадба“ стигнуваат до нивото на


типизирани ликови, сепак никој не може да им ја одземе нивната големина.
Особено онаа на Цвета која во времето кога оваа драма е напишана на неа од
емотивен и општестен аспект можеме да гледаме како егзистенција на
револуционерноста која поттикнувала на борбата за слобода и самостојност.

„Македонска крвава свадба“ останува да биде феноменот на македонската


драмска литература која и со сите свои „фалинки“ успева и ден денес да ја
прикаже важноста кај човекот самостојно да го определи својот идентитет и
слободно да живее со него.
Македонска драма и театар 2
Факултет за драмски уметности - Скопје Петар Антевски, Продукција, бр. 789

Користена литература:

АЛЕКСИЕВ, Александар (1976) „Основоположници на македонската драмска


литература“, Скопје: Култура

АЛЕКСИЕВ, Александар (2001) „Македонска крвава свадба“ - траен симбол на


македонското национално опстојување

СТОЈАНОСКА, Ана (2018) „Театар: Предизвик: студии и есеи“ Скопје: Универзитет


„Св. Кирил и Методиј“

You might also like