You are on page 1of 18

САМО ЗА ОА И ОБ подрачје

БАЛКАНСКИТЕ ДРЖАВИ ПО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА и

РАЗВОЈ И КРИЗА НА СОЦИЈАЛИЗМОТ ВО БАЛКАНСКИТЕ ДРЖАВИ

1945-1990 Социјализмот во Југославија, Бугарија, Албанија и Романија и Капитализмот Во Грција

1980 смртта на Тито

1992-1995 војната во Југославија

Личности

Георги Димитров претседател на Бугарија

Јосип Броз Тито претседател на Југославија

Енвер Хоџа претседател на Албанија

Николае Чаушеску последен социјалистички претседател на Романија

Кемал Ататурк – претседател на Турција

Објаснување:

За балканските држави од 1945 до 1990 е специфично тоа дека, како и во минатата историја, на Балканот, иако мала
територија, но истовремено носејќи го епитетот на ,,буре барут” бил еден од најзначајните геостратешки региони во
Светот спојувајќи ги Азија и Европа и од југ Африка, силно се пресликал конфликтот помеѓу САД и СССР во текот на
Студената војна. Генерално земено доказ за тоа е дека единствените две војни по Втората светска војна во Европа се
воделе на Балканот

1. Граѓанската војна во Грција во која десницата со помош на САД ја победила левицата комунистите кои не добиле
доволна подршка од САД, а во оваа војна повеќе од гриците настрадале македонците во обидот на добијат
права и да создадат обединета македонија.
2. Војната при распадот на Југославија, која била од страна на целиот Свет квалификувана како братоубиствена
религиска војна бидејќи се водела помеѓу Срби, Хрвати и Босанци народи со безмалку исти јазици но различни
религии. Тоа бил еден од доказите дека религиското чусвтво било многу посилно од зедничката култура и
сличноста на јазикот.

Значи дел биле социјалистички, а дел капиталистички, но какви биле зависело од која држава биле ослободени – од САД
односно Британија или од СССР. За Балканот како регион – феномен во однос на меѓусебните конфликти може да се
види и https://www.youtube.com/watch?v=lz5U3NkNXxQ.

Компарација на уредувањата правевме и во текот на наставата слична споредба имате во табела

Карактеристики Социјализам - комунизам Капитализам

значење Општество - заедништво Вредност што може да создаде нова вредност


Вредности на Човечност, луѓето праведно е да бидат Пари, материјални вредности, моќ... луѓето природно
општеството еднакви и сите треба да опстанат
не се еднакви и треба да се борат луѓето да бидат
поспособни и така да опстанат

Симболи Срп и чекан, петокрака, црвена боја Ѕвезда, црвеноплава боја, кока кола, монети Чичко
Сем

Создавање Според Марксистичка теорија спроведено Природно се создава од феудализмот со техничките


во пракса откритија и машинското производство

Принципи Се припаѓа на сите (државна сопственост) Секоја си има своја сопственост (приватна
сите работат за сите (државно сопственост)
производство – фабрики)
Секој работи за себе (приватно производство)
Секој работи според можности, а добива
Секој добива онолку колку заработува.
според потреби

Однос човек – Општеството е поважно од индивидуата Индивидуата е поважна од општеството


општество

Однос човек- Еднаквост - сите ако работиме подеднакво Нееднаквост – ако има конкуренција и натпревар
човек повеќе ќе произведеме меѓу луѓето тие повеќе ќе произведуваат.

Вредности на Скромност хуманост биди ист со останатите Индивидуалност и оригиналност биди различен од
човекот останатите

Животна Животот е предвидлив во хумано Животот не е предвилив – мора да се бориш во


извесност или општество општеството
неизвесност
Ќе ви објаснам во табела за сите балкански народи наши соседи и за Романија и Турција, а потоа најмногу за
Југославија имајќи во предвид дека ние од Вардарскиот дел на Македонија сме биле цели 45 години во
Југославенската федерација.

Карактерист Југославија Бугарија Албанија Романија Грција Турција


ики

Страна во Антихитлеров Фашистичка Дел Фашистичка Дел фашистичка неутрална


Втора св. ска коалиција Фашистичка дел
Поразен,
Војна (балисти) и Поразен, антихилеровска
победник потоа со дел потоа со СССР
СССР антихителров
ска

Пораз и
победа

Последици – Најмногу Малку малку многу многу Нема жртви


жртви повеќе од
милион

Ослободена СССР со Победена од СССР и Победена од Британија неутрална


од британски СССР Британија СССР
мисии

Општествено Социјализам Социјализам Социјализам Социјализам Капитализам Капитализа


уредување м

Државно Еднопартиско Еднопартиск Еднопартиско Еднопартиско Повеќе партиско Повеќе


уредување о партиско
Комунистичка Комунистичк Комунистичка
партија Комунистичк а партија партија
а партија

Во сојуз После 1948 Варшавски Варшавски Варшавски НАТО НАТО


неутрална - пакт под пакт под СССР пакт под СССР
неврзани СССР

Водач Тито Јосип Георги Енвер Хоџа Николае Политика водена Кемал
најдолг Броз Димитров Чаушеску од фамилии со Ататурк
период потоа Тодор генерации
Живков Папандреу и
Мицотакис

Војни Распадот нема нема нема Граѓанска војна Нема


1992-95 1946-49

Специфично Била држава Бугарија Албанија Романија Грција како Многу и се


сти со најголем имала мирен била имала приморска земја зголемило
отпор против социјалистич уникатен скриена била и после населението
фашизмот на ки период во пример во непослушност Граѓанската војна (немало
Балканот, со кај однос на кон СССР, останала, под жртви во
прво бугарскиот изолацијата бидејќи влијание на САД Втора св.) и
отгргнување народ се (нешто Романците не и влегла во НАТО економски
од СССР но и направил слично на биле Словени пактот. Во текот развој
крвав распад. култ кон Северна и немале на граѓанската Единствен
Во текстот рускиот Кореа денес) културолошк војна настрадал воен
повеќе под народ и Прво била во и врски со македонскиот проблем
табелата Сталин. добри односи Русите. Она народ за што било
Околу со Југославија што е сведочи романот прашањето
правата на до 1948, карактеристи и филмот Црно на Курдите
Македонцит потоа чно е семе. и
е во Бугарија добивала диктатурата https://www.yout окупирањет
- тие биле помош од на Чаушеску ube.com/ о на
признаени СССР се до кој се верува Северен
како посебен смртта на дека имал watch? Кипар 1974
v=jUiwfT5qv4c
народ со Сталин 1953 камера во година и
свои права, кога Енвер секој и филмот за неговото
училишта но Хоџа истапил телевизор и децата бегалци отцепување
тоа било се против можел да ги со
до 1948 до Хрушчов, следи сите https:// одобрување
Информбиро потоа со Кина Романци по www.youtube.co од САД.Од
то- потоа до средина дома. Син му m сите
Бугарија на шеесетите бил посебно личности во
/watch?
останува со од кога насилен ..на овој период
v=j30oc2DCdd8.
СССР а Албанија пример со единствено
Македонцит сметала дека најпознатата После опстанал
е повторно Кина Романка и економската култот кон
ги негира. застранува од најдобра криза и воениот Кемал
Бугарите во марксизмот и гимнастичарк удар и доаѓањето Ататурк
однос на самата а Надја на власт на иако
Македонцит целосно се Коменечи војската во Грција Турција не
е во изолира од Правел многу Турција била
Југославија целиот Свет злосторства искористила и социјалисти
живееле се до 1990 но бил окупирала дел од чка држава.
многу година. Ова единствен Кипар, иако и Турција има
поскромно било редок што бил двете држави аспирации
во овој случај на егзекутиран биле во НАТО. Но за
период, но мала при за САД била економска и
од друга сиромашна превратот многу поважна културолош
страна во земја која 1990 година. Турција така што ко влијание
Југославија самата се Постои таа останала во на Балканот
се живеело изолирала, снимка од Северен Кипар, а – за што
полагодно но после 1990 судењето и на Грција како доказ се
поради Албанија егзекуцијата компензација и сериите кои
кредитите од вопоставила било се
Западот односи со овозможено да емитуваат
Западот влезе во повеќе од
Европската Унија десет
и да добива години
финансиска
помош

Во Југославија како и во останатите држави со социјалистичко уредување имало процес на концентрација на власта во
една партија на чело со водач. После војната следел период на обнова и модернизација пред се преку

- градење на железничка и патна мрежа,


- електрификација и водовод,
- аграрна реформа со одземање на имотот на богатите и делење на народот,
- колективизација или колективен труд на селаните кои сите заедно од едно село работеле во задруга,
- индустријализација - основање на државни фабрики на тешка металургија (согласно рудата), хемиска, текстилна
индустрија
- описменување на населението и образование за сите
- продуцирање на кадри за повеќе професии

Во Југославија негативни каратеристики на општествениот живот биле тоа што имало култ на личноста на Тито кој се
сметал за бог на земјата, сите морале генерално да размислуваат исто како и водачите на комунистичката партија,
требало да имаат интуиција и да претпоставуваат што би требало да се каже во одреден момент, имало многу
полтронство и поткажувања.

Сите оние што различно размисувале биле ликвидирани или затворани на Голи оток. Култот се градел преку негови
портрети од големи на приредби, преку сите државни простории се до слики во учебниците. Тој бил супер човек идеал
за сите луѓе. Искрената верност и љубов кон лидерот била секоја година искажувана преку манифестацијата штафета на
младоста што може да се види https://www.youtube.com/watch?v=p9KvA9v7Tlk

Од друга страна немало слобода на говор на размислување имало многу поткажувања – кодошења за вистинити или
измислени кривични дела кај властите кои по брза судска постапка ги затворале луѓето.
Во Македонија биле затворани со обвинение за национализам – оние што сакале поголема самостојност и обединета
Македонија, како што биле претседателот Методија Андонов Ченто, министрите Павел Шатев, Петре Пирузе Мајски,
деецот Панко Брашнаров и многу други. За тажната судбина на Павел Шатев кој како гемиџија бил ослободен од турски
затовор, потоа од ослободен од бугарски, но иако целиот свој живот се борел за македонска држава од македонскиот
затовор не можел да се спаси- може да се види документарниот филм https://www.youtube.com/watch?v=RJM2xRUf5ss
Всушност татковците на македонскиот народ биле ликвидирани со тоа македонскиот народ бил симболично кажано
обезглавен, без водство и генерациски контакт со авторитетите од илинденскиот период.

Други биле затворани за сталинизам – оние што имале симпатии кон СССР – ќе објаснам понатаму. Позитивни
карактеристики биле тоа што за народ како македонскиот или босанскиот што долг период немал своја држава,
социјализмот давал огромни погодности како работни места (пред кризата од 1980 години) безплатно образование и
здравство и генерално земено безбеден живот.За разлика од поделенио Споредбено со останатите социјалистички
држави во Југославија забавата и одморот како важен сегмент во животот биле на многу високо ниво – се одело на
одмор, имало многу социјален живот кој го имитирал западниот модел, бунт на младите против возрасните и
наметнатите животни обврски, сексуална револуција (не како на Запад но многу повеќе изразена во однос на Источна
Европа), начин на однесување, сленгови, стрип култура, графити, стилови на облекување (бит , панк ) поголема можност
за следење на уметноста преку концерти изложби , поголема слобода во уметноста пред се во филмот, послободен
живот на младите во однос на социјализацијата итн
Она што било различно во Југославија во однос на останатите социјалистички држави е тоа што Југославија била
социјалистичка, но не била под контрола на СССР и на Сталин. Имено иако без СССР немало ниедна држава да биде
ослободена, но од друга страна СССР наметнувал контрола. Но во Југославија Тито во 1948 година не ја потпишал
декларацијата на Информбирото која била огранизиација на сите комунистички партии во Светот и била под контрола
на Сталин. Значи Тито му откажал послушност на Сталин (во историјата се вели му кажал Не! на Сталин) и Југославија
станала социјалистичка, но надвор од Информбирото и контролата од Сталин. Некои научници сметаат дека Југославија
била премногу мала за да се отргне од СССР, затоа сигурно САД му дале подршка на Тито.Потоа Тито започнал сите луѓе
кои имале симпатии кон Сталин и СССР да ги затвора пред се на островите на јадранско море како Голи оток – имало
затворени од сите народи во Југославија, но најмногу Црногорци. Понатаму она што ја правело Југославија единствена
во Европа била нејзината неутралност, значи не била ниту сојузник на САД ниту на СССР, туку била дел од Движењето на
неврзаните во кое членувале држави од Африка и Азија. Друго што било специфично е што Југославија била повеќе
отворена кон Западната култура за разлика од Источна Европа. Значи се купувале производи од Италија пред се од Трст,
како фармерки, лименки со кока кола, се слушала рок и панк музика генерално младите ја прифаќале и имитирале
западната односно поточно британската модерна култура која сеуште владее во Светот.

Југословенската федерација (ФНРЈ потоа СФРЈ) била во долгогодишна криза, по што следувал процесот на распаѓање кој
бил проследен со како што наведов крвата братоубиствена религиска војна. Причините за тоа биле следните=

1. Од сите социјалистички држави што се распаднале и преминале кон капитализам само Југославија, СССР и
Чехословачка биле составени од повеќе народи. Чесите и Словаците мирно се поделиле, во СССР немало војна бидејќи
ниедна од републиките не би војувала со Русија која била многу помоќна, а воедно и Русија не го спречувала нивното
осамостојување бидејќи не и требале туѓи територии - имала огромна територија. Единствено Југославија се распаднала
во крвава братоубиствена војна која била единствената војна во Европа по 1945 година. Тоа што било најкомплицирано
во Југославија е што во неа живееле 7 народи и три религии со различни историски искуства.

2. Националистичките и шовинистичи спротиставености пред се помеѓу србите, хрватите и босанците - муслимани


не биле исчезнати и после смртта на Тито излегле на површина. Уште повеќе се усложнувал проблемот што овие три
народи меѓусебно си го негирале иднетитетот Хрватите сметале дека Србите се хрвати неверници, Србите сметале дека
се босанците срби кои ја продале верата за исламот...итн... Воедно свои барања истакнувал албанскиот народ, кој
сметал дека е обесправен во една пред се словенска федерација

3. Смртта на Тито 1980 г. ја оставила Југославија без претседател со авторитет – се договориле за ротирачко
претседателство од секоја од 6 републики.

4. Југославија била во огромна економска криза повеќе увезувала производи од капиталистичкиот Запад отколку
што извезувала пред се во неврзаните земји во Африка и дел од Азија. Во текот на осумдесетите години Југославија била
многу задолжена со кредити кон Западна Европа. Наоѓајќи се во криза младите повеќе сакале да се вработат во
државните органи и во администрацијата отколку да работат во државните фабрики. Дополнителен проблем било тоа
што во социјализмот работниците имале големи права, така што некои работници почнале тие права да ги
злоупотребуваат и помалку да работат, а знаеле дека и да работат повеќе би земале иста плата со што се намалила
општата продукција на општеството

5. Самиот социјализам бил помалку продуктивен од капитализмот, му станал негов должник и ја примал многу по
доминантната западна модерна култура и вредности.

Војната во Југославија трала околу 4 години од 1992 – 1995 година. Кратка видео презентација
https://www.youtube.com/watch?v=N1WfY0RTstY
На почетокот се осамостоила Словенија со кратка војна помеѓу југословенската народна армија ЈНА и словенечката
народна одбрана, потоа имало војна во Хрватска и најголемата војна во Босна и Херцеговина. Во рамките на распадот на
Југославија се смета и воената интервенција на НАТО пактот со бомбардирање на Југославија (тогаш Србија и Црна Гора)
и војната во Косово 1999 година. Генерално земено Србија со ЈНА сакале да ја зачуваат Југославија и да ги заштитат
Србите во Хрватска и Босна, кои биле загрозени при осамостојувањето на овие републики и од друга страна биле
Словенија, Хрватска, Босна и потоа Косово кои сметале дека не можеле со сила да бидат држени во заедничка држава и
сакале да си се осамостојат – и тоа го оствариле.

Македонија единствена од сите републики се осамостоила без војна бидејќи ЈНА не можела да војува на два фронта и
во Босна и во Македонија, немала аргумент бидејќи имало Срби во Босна а имало малку во Македонија и дополнително
доколку започнала воена интервенција на ЈНА во Македонија ќе се вмешала и Бугарија и Албанија и Грција и ќе дошло
до балканска војна.

После осамостојувањето во сите републики на Југославија, слично како и во Источна Европа настапил периодот на
транзиција – промена која ја имате во табела во повеќе сегменти

Општествено уредување Социјализам еднаквост Капитализам - нееднаквост

Државно уредување Федерација на републики Самостојна република

Политички систем Еднопартиски-комунистичка партија Повеќе партиски демократски


систем народот гласа и одредува
За се одлучува народот формално ТРАНЗИЦИЈА кој ќе формира влада и власт
гласа.

Поделба на власт Нема поделба на власт се Има де јуре поделба на власта на


контролира државата, односно ЦК законодавна (собрание со
централниот комитет на пратеници) извршна (влада со
комунистичката партија, односно министри) и судска (судии
водачот Тито обвинители)

Доминантна Дражавна – најмногу поседува Приватна сопственост – приватни


државата и државни фабрики фабрики приватни лица
Сопственост продаваат производи и услуги
и производство

Економија Договорена – државата одредува Пазарот одредува според


колку, како и кој ќе произведува, со понудата и побарувачката која ќе
кој квалитет, каде ќе се продава, по биде цената, кој најмногу ќе има
која цена, и како ќе се распредели профит,
приходот

КОНСТИТУИРАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА

11 октомври 1941 првата пушка пукнала во Прилеп и Куманово – отпочнување на востанието против окупацијата

2 АВГУСТ 1944 Создавање на македонска држава со Првото заседание на АСНОМ потоа во рамките на Југославија

13 неомври 1944 ослободување на Скопје

Панко Брашнаров - македонски револуционер прогласува независна македонска држава

Павел Шатев – македонски револуционер гемиџија кој ги обединува комитскиот и партизанскиот период

Методија Андонов Ченто – прв претседател на Македонија во рамките на Југославија

Објаснување

Македонскиот народ, десет века после Самоиловата држава, издржувајќи го пет вековното османлиско владеење
и поделбата од Букурешт конечно како народ сојузник во победничката Антихитлеровска коалиција, конечно успеал да
создаде сопствена држава. Низ историјата многу пати се потврдувало непишаното правило дека малите народи
успевале да создадат сопствени држави во услови на големи војни – кога големите сили меѓусебно војувале и се
истоштувале. Стремежот на ајдутите, комитите и револуционерите од Илиденскиот период, конечно успеале нивните
деца – партизаните да ги остварат, иако желбата била Македонија да биде обединета и со Пиринскиот и Егејскиот дел,
сепак и само на територија на Вардарска Македонија создавањето на сопствена држава било успех. Како што веќе ги
споменав револуционерите – самото создавање се случило на АСНОМ одржан намерно на 2 август 1944 година и од
народот бил наречен Втор Илинден. Самиот термин АСНОМ, иако веќе би требало поголем дел од вас да знаат
означувал – Антифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија

АСНОМ било фактички собрание – на кое се собрале претставници на македонскиот народ, при крајот на народно-
ослободителната борба – НОБ се одржал на слободна територија во манастирот Свети Прохор Пчински (на граница, а
денес во Србија). Борбата сеуште траела, но веќе во тој период се знаело дека нацистичка Германија ќе капитулира и
македонскиот народ како и сите останати народи се борел и сакал да се ослободи и создаде држава. Ова создавање или
конституирање било можно да се реализира само на собрание на кое ќе присустувале најзначајните претставници на
македонскиот народ, кои всушност биле повозрасните веќе докажани револуционери и партизаните. Тука повторно ќе
го нагласиме континуитетот со Илинден – имено партизаните сакале да го достигнат идеалот на саможртвата на
илинденските револуционери и затоа сите партизански одреди биле именувани според најважните Илинденци – Гоце
Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров, Јане Сандански. Дел од младите партизани имале изворедна можност да се борат
заедно и да учат од старите револуцинери кои ги преживеале балкаснките и Првата светска војна како што биле –
најзначајниот од сите гемиџијата Павел Шатев, Димитар Влахов, Панко Брашнарот. АСНОМ како собрание се свикал
односно заседавал три пати но ние го учиме најважното Прво заседание. За да се разбере процесот на создавање на
македонска држава, неопходно е да се знае за НОБ, бидејќи АСНОМ преставува кулминација на македонската борба –
АСНОМ е круната на НОБ.
За НОБ накратко ќе ви објаснам – Хитлер за да може да го нападне СССР без да има опасност од втор фронт во
Европа, заокружувајќи го целиот континент освојувајќи го Балканот. Македонија уште од 1913 била поделена –
Пиринскиот дел бил под Бугарија која била сојузник на Германија, Егејски дел под Грција која била освоена од
Германија и Вардарскиот (денешен) дел на Македонија бил окупиран од војски на три држави Германија ги
контролирала поголемите градови и патишта до Егејска Македонија и Грција (каде што се бранеле од евенутален
британски напад од море), Италија го контролирала Западниот дел и Бугарија најголемиот дел – Источен и Централен
дел на Македонија. Борбата започнала на 11 октомври 1941 во Прилеп, Куманово и во Скопје. Во партизанските одреди
влегувале млади луѓе интелектуалци или селани, дел предоводени од агиратори на комунистичката партија Со
капитулација во Италија 1943 година во западниот дел се појавиле првите поголеми ослободени територии со
востаничка власт – НОО. Териториите што биле под италијанска контрола, после капитулацијата биле под контрола на
албанските балисти. Потоа партизанските одреди од Западна Македонија одат во Егејска Македонија. Главните
партизански походи се 1944 година кога од Егејска Македонија се враќаат во Вардарска движејќи се во три насоки –
Западна, Источна и по течение на Вардар со најзначајниот поход Февруарскиот поход. После капитулацијата на Бугарија
септември 1944 Источниот дел на Македонија бил ослободен, а на крајот на 1944 и почетокот на 1945 година
германската војска се повлекува од Грција преку Егејска Македонија назад кон Германија за да ја бранат својата држава,
бидејќи војската на СССР била на границите со Германија. Целосното ослободување на Скопје се остварило 13 ноември
1944 а до крајотна ноември цела Македонија била ослободена. Главни предвоници на НОБ биле Кузман Јосифовски
Питу (сличен на Гоце Делчев за илинденскиот период но загинал непосредно пред ослободувањето), Методија Шаторов
Шарло (прв комунистички водач во Македонија исто така загинал), Методија Андонов Ченто (прв претседател на
Македонија) и др. Во борбата загинале околу 25 000 борци, но треба јасно да се нагласи како за македонскиот народ
така и за сите останати народи во Европа дека главниот удел во победата над Германија го дал СССР со околу 30
милиони жртви (за разлика од САД и Велика Британија кои дале заедно 1 милион жртви) бидејќи само со партизански
отпор германците немало теорија да бидат протерани дури ни од Франција, Полска или од било која окупирана земја.
Втората светска војна во Европа била војна помеѓу Германија и СССР, бидејќи 87% од сите жртви и загуби на Германија
биле во борба против СССР, а само 13% во борба со САД, Британија, Франција и другите народи, Значи доколку СССР и
Сталин потпишеле примирје со Хитлер со некоја граница што денес би поминувала низ Украина, сите големи европски
народи ќе останеле и ќе биле загрозени од германскиот нацистички терор.

Од НОБ до АСНОМ ви објаснувам во табелата кои биле институциите и организациите.

НОО – народно Бирање (гласање)


ослободителни одбори биле од сите региони
всушност македонската кои имале НОО
народна власт на одредена на делегати
територија која не била (пратеници) за
контролирана од окупаторот, заседанието на
на која самите селани се АСНОМ. Вкупно
собирале предводени од биле 116
највлијателниот и се делегати, но
договарале како да си бидејќи борбите
помогнат како да воспостават сеуште траеле
ред во селото и она што е дел од делегтите
најважно како да ги помогнат не биле во
партизанските одреди и можност да
соседните села. Биле во присустуваат.
координација со КПМ и ГШ
А С Н О М
КПМ – комунистичка партија Иницијативен
на Македонија создадена одбор за
1943 година во Тетово, била свикување на
Н О А С А
предводник на НОБ, главен НОБ бил еден вид
агитатор за мобилизација на на привремена Т Б Р Л К
населението и за власт која
организирање на отпор за
слобода но и за подршка на
требало заедно
со КПМ и ГШ да ја
И Р Д О Е
борбата на идеолошкиот продолжи
идеал СССР како прва и борбата, но Ф Н Н Б Д
најголема комунистичка воедно била
држава задолжена да го
подготви
А И О О Н
ГШ на НОБ – Главен штаб на собранието на
народно-ослободителната АСНОМ преку Ш Е Т Д И
борба била врховно воено собирање на
тело кое ги донесувала сите
одлуки за ослободителните
делегатите,
одредување на
И О У Ј
акции. Началник на ГШ бил место и време на Н
генералот Михаило заседанието, кои С В А
Апостолски одлуки да се
А
донесат итн Т А
И Њ
Ч Е
К
О
Н
А

За човек достоен да го објави создавањето на македонската држава, бил веќе докажаниот легеднарен револуционер
Панко Брашнаров од Велес кој со својот сега веќе антологиски говор го отворил првото заседание на АСНОМ, а потоа
говорел претседателот Методија Андонов Ченто објавувајќи ги одлуките и идните планови. На АСНОМ македонскиот
народ се декларира како сојузник во Антихитлеровската коалиција и затоа на заседанието има слики од Сталин, Черчил
и Рузвелт. За АСНОМ се објаснето можете да видите на
https://www.youtube.com/watch?v=FD-Ixzc5hEw.

Во однос на одлуките во учебникот ви се опишани сите 9 одлуки – само најважните ќе ви ги објаснам - инаку самиот
документ со одлуките е на една страна – краток и јасен.

. 1. Најважна одлука било прогласувањето на новата македонска држава. Како прва инситуција која ќе одредува што
понатаму бил одреден АСНОМ кој не бил само собрание односно законодавно тело (каде се гласаат закони и одлуки)
туку бил и влада (извршна власт – ги извршува одлуките донесени од собранието и судска власт, односно АСНОМ бил
највисокиот орган на власта во Македонија.

2. Втората одлука е всушност самото донесување на Декларацијата за основните права на граѓаните во Македонија е
слична на декларациите во повеќето современи држави и ги има принципите на Декларацијата донесена 1789 година со
Француската буржоаска револуција. Се гарантира слободата, правата на човекот, еднаквост пред законот итн

3. Следните решенија биле неопходни за нормалното функционирање на новата држава. Се прогласил македонскиот
јазик за службен , потоа се создала азбуката, се прогласил Илинден за државен празник итн...

Но со самото создавање на македонската држава не ставило кај на голготите на македонскиот народ. Во самото
ослободително движење се појавиле две групи.

1. Помалата група била пројугословенска и сметала дека Македонија треба да биде само во Вардарскиот дел во рамките
на Југославија, дека треба да не биде обединета, да имаа народот идентитет освен македонски и југословенски.
Предводник на оваа група бил Лазар Колишевски и Блаже Конески. Иако оваа група била многу помала и составена само
од млади партизани сепак со подршка на Тито и југословенското раководство како и поради меѓународните околности
надвладеала над втората група.

2. Од друга страна била втората многу поголема група која била за создавање на обединета Македонија, значи
Вардарска заедно со Пиринска и Егејска Македонија во која би имало уште во тој период околу 4 милиони население , во
кое би доминирал македонскиот народ – и треба да се додаде дека во било кој аспект македонскиот народ ќе имал
различна историја во втората половина на XX век до денес. Предводници на оваа промакедонска струја биле сите стари
револуционери како Павел Шатев, Панко Брашнаров, Методија Адонов Ченто, Кочо Рацин, Кузман Јосифовски Питу.
Првиот судир помеѓу пројугословенската и промакедонската група било за прашањето каде, откако се ослободила
Вардарска Македонија, да се продолжи со воените дејствија. Пројугословенската била за продолжување кон Срем за
протерување на германскиот окупатор од цела Југославија, додека пак за промакедонската група требало да се војува во
Солун за да се просоедини Егејска Македонија, а не да се оди во Срем бидејќи тоа не била Македонија и додавале дека
требало да се борат и да гинат за Македонија а не за туѓи држави како дотогаш. Но со подршка на комунистичката
партија на Југославија провладеала пројугословенската струја и дел од македонските партизани биле испратени во Срем
каде што голем дел загинале. Оние што сакале да одат на Солун биле разоружани и стрелани на скопското кале – што
претставува првиот внатрешен судир помеѓу раководството на македонските партизани и пројугословенската и
промакедонската група.

Понатаму согласно желбата за обединета Македонија се водела борбата за припојување на Егејска кон Вардарска
Македонија која се одвивала во рамките на Граѓанската војна во Грција, каде што македонскиот народ бил сојузник на
грчките комунисти, но тие биле поразени од грчката десница подржана од САД. Треба да се нагласи дека во текот на
Граѓанската војна имало исто толку жртви како во НОБ, дека македонските деца станале бегалци и најголем дел од
македонскиот народ преку етничко чистење бил отстранет од Егејска Македонија.За страдањето на македонскиот народ
сведочи и романот и филмот Црно семе. https://www.youtube.com/watch?v=jUiwfT5qv4 и филмот за децата
бегалци

https://www.youtube.com/watch?v=j30oc2DCdd8.

Оваа промакедонска група, иако била побројна немала никаква подршка и затоа од носител на власта преку државен
удар, особено после раскинот на Тито со Сталин 1948 година, голем дел од овие стари револуционери и министри во
македонската влада биле затворани во Идризово и на Голи Оток каде што најголем дел од нив биле убиени. Значи биле
затворени според обвинение за македонски национализам и за приврзаност кон Сталин, наместо кон Тито. Биле
затворени претседателот Методија Андонов Ченто, министрите Павел Шатев, Петре Пирузе Мајски, дејците Панко
Брашнаров и други. За тажната судбина на Павел Шатев кој како гемиџија бил ослободен од турски затовор, потоа од
ослободен од бугарски, но иако целиот свој живот се борел за македонска држава од македонскиот затовор не можел
да се спаси- може да се види документарниот филм https://www.youtube.com/watch?v=RJM2xRUf5ss

Всушност татковците на македонскиот народ биле ликвидирани со тоа македонскиот народ бил симболично кажано
обезглавен без водство и генерациски контакт со авторитетите од илинденскиот период.

Не се успеало со создавање на обединета Македонија, сепак огромен успех било и создавањето на македонска држава
во Вардарскиот дел во рамки на Југославија. Оваа држава опстојувала и се развивала во рамките на југословенскиот
социјализам се до распадот на Југославија. Во Југославија негативни каратеристики биле тоа што имало култ на личноста
на Тито кој се сметал за бог на земјата, сите морале герално да размислуваат исто – сите оние што различно размисувале
биле ликвидирани или затворани на Голи оток, позитивни карактеристики биле тоа што за народ како македонскиот
што немал држава претходно социјализмот давал многу погодности како работни места (пред кризата од 1980 години)
безплатно образование и здравство и генерално земено безбеден живот.

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

СОЗДАВАЊЕ НА САМОСТОЈНА И НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА

8 септември 1991 референдумот за независност на Република Македонија

1993 прием на Република Македонија во Обединети нации под референцата БЈРМ

Никола Кљусев – прв премиер на независна Македонија

Киро Глигоров – прв претседател на независна Република Македонија

Објаснување:

Македонија од Југословенската федерација (ФНРЈ потоа СФРЈ) се оделила како и останатите републики во процесот на
распаѓање на Југославија кој бил проследен со војна, а причините за тоа биле следните=

1. Од сите социјалистички држави што се распаднале и преминале кон капитализам само Југославија, СССР и
Чехословачка биле составени од повеќе народи. Чесите и Словаците мирно се поделиле, во СССР немало војна бидејќи
ниедна од републиките не би војувала со Русија која била многу помоќна, а воедно и Русија не го спречувала нивното
осамостојување бидејќи не и требале туѓи територии - имала огромна територија. Единствено Југославија се распаднала
во крвава братоубиствена војна која била единствената војна во Европа по 1945 година. Тоа што било најкомплицирано
во Југославија е што во неа живееле 7 народи и три религии со различни историски искуства.

2. Нациналистичките и шовинистичи спротиставености пред се помеѓу србите, хрватите и босанците муслимани не


биле исчезнати и после смртта на Тито излегле на површина. Уште повеќе се усложнувал проблемот што овие три
народи меѓусебно си го негирале иднетитетот Хрватите сметале дека Србите се хрвати неверници, Србите сметале дека
се босанците срби кои ја продале верата за исламот...итн... Воедно свои барања истакнувал албанскиот народ, кој
сметал дека е обесправен во една пред се словенска федерација

3. Смртта на Тито 1980 г. ја оставила Југославија без претседател со авторитет – се договориле за ротирачко
претседателство од секоја од 6 републики.

4. Југославија била во огромна економска криза повеќе увезувала производи од капиталистичкиот Запад отколку
што извезувала пред се во неврзаните земји во Африка и дел од Азија. Во текот на осумдесетите години Југославија била
многу задолжена со кредити кон Западна Европа. Наоѓајќи се во криза младите повеќе сакале да се вработат во
државните органи и во администрацијата отколку да работат во државните фабрики. Дополнителен проблем било тоа
што во социјализмот работниците имале големи права, така што некои работници почнале тие права да ги
злоупотребуваат и помалку да работат, а знаеле дека и да работат повеќе би земале иста плата со што се намалила
општата продукција на општеството

5. Самиот социјализам бил помалку продуктивен од капитализмот, му станал негов должник и ја примал многу по
доминантната западна модерна култура и вредности.

Војната во Југославија трала околу 4 години од 1992 – 1995 година. Кратка видео презентација
https://www.youtube.com/watch?v=N1WfY0RTstY

На почетокот се осамостоила Словенија со кратка војна помеѓу југословенската народна армија ЈНА и словенечката
народна одбрана, потоа имало војна во Хрватска и најголемата војна во Босна и Херцеговина. Во рамките на распадот на
Југославија се смета и воената интервенција на НАТО пактот со бомбардирање на Југославија (тогаш Србија и Црна Гора)
и војната во Косово 1999 година. Генерално земено Србија со ЈНА сакале да ја зачуваат Југославија и да ги заштитат
Србите во Хрватска и Босна, кои биле загрозени при осамостојувањето на овие републики и од друга страна биле
Словенија, Хрватска, Босна и потоа Косово кои сметале дека не можеле со сила да бидат држени во заедничка држава и
сакале да си се осамостојат – и тоа го оствариле.

Македонија единствена од сите републики се осамостоила без војна бидејќи ЈНА не можела да војува на два фронта и
во Босна и во Македонија, немала аргумент бидејќи имало Срби во Босна а имало малку во Македонија и дополнително
доколку започнала воена интервенција на ЈНА во Македонија ќе се вмешала и Бугарија и Албанија и Грција и ќе дошло
до балканска војна

Она што следувало било периодот на осамостојување и транзиција кој ви е објаснет во учебникот – тука само каратко ќе
наведам што е најважно. Македонија се осамостоила со овие чекори

1990 - Први демократски повеќе партиски избори победува ВМРО-ДПМНЕ но не сака коалиција со албанските
партии, затоа составува мнозинство СКМ – ПДП (СДСМ). Била формирана првата влада која не била
политичка туку експертска на чело со Никола Кљусев, првиот претседател е Киро Глигоров
1991 - Декларација за независност – се објавува дека македонскиот народ како и останатите народи сака да се
отцепи од Југославија
- 8 септември 1991 - на референдум мнозинството од македонскиот народ гласа за осамостојување од 63%
излезност 95% гласале за осамостојување, албанскиот народ бојкотира

1993 - Македонија е примена и признаена како нова држава во Светот со што е примена во ООН, но поради
оспорувањето на името од страна на Грција примена е како Бивша Југословенска Република Македонија, со
обврска двете земји да преговараат

Во меѓувреме се завршува процесот на воено осамостојување (ЈНА мирно се повлекува, се создава АРМ) монетарно
осамостојување (наместо динар се воведуваат приврмени пари потоа и денешните денари) е економско осамостојување
со транзицијата со бројни промени од поранешниот социјалистички систем во денешниот капиталистички систем.

Општествено уредување Социјализам еднаквост Капитализам - нееднаквост

Државно уредување Федерација на републики Самостојна република

Политички систем Еднопартиски-комунистичка партија Повеќе партиски демократски


систем народот гласа и одредува
За се одлучува народот формално ТРАНЗИЦИЈА кој ќе формира влада и власт
гласа.

Поделба на власт Нема поделба на власт се Има де јуре поделба на власта на


контролира државата, односно ЦК законодавна (собрание со
централниот комитет на пратеници) извршна (влада со
комунистичката партија, односно министри) и судска (судии
водачот Тито обвинители)

Доминантна Сопственост и Дражавна – најмногу поседува Приватна сопственост – приватни


производство државата и државни фабрики фабрики приватни лица
продаваат производи и услуги

Економија Договорена – државата одредува Пазарот одредува според


колку, како и кој ќе произведува, со понудата и побарувачката која ќе
кој квалитет, каде ќе се продава, по биде цената, кој најмногу ќе има
која цена, и како ќе се распредели профит,
приходот

You might also like