You are on page 1of 14

ГОДИШНО ГЛОБАЛНО ПЛАНИРАЊЕ НА НАСТАВАТА ПО

ФИЗИЧКО И ЗДРАВСТВЕНО ОБРАЗОВАНИЕ


ЗА III ОДДЕЛЕНИЕ
( неделно: 3 часа годишно: 108 часа )

Р Нов Усовршува Вкупн Време на


б ТЕМИ о ње и о реализација
р увежбување
ВЕЖБИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО
6 4 10 IX
1. ПОСТАВУВАЊЕ И ДВИЖЕЊЕ
ВЕЖБИ ЗА ОФОРМУВАЊЕ НА СЕ ИЗВЕДУВААТ НА СЕКОЈ ЧАС ВО
2. ТЕЛОТО И ДВИЖЕЊАТА ТЕКОТ НА ЦЕЛАТА УЧЕБНА ГОДИНА
X, XI, XII,
18 24 42
3. ОСНОВИ НА АТЛЕТИКАТА III, IV, V
XII, I, II,
12 14 26
4. ОСНОВИ НА ГИМНАСТИКАТА III,VI
XI, XII, I, II,
9 8 17
5. ИГРИ III, IV, V, VI
Часовите се реализираат според утврдени стандарди во зависност од интересите и
можностите на родителите
6. ППЛИВАЊЕ / / / /
7. АКТИВНОСТИ НА СНЕГ I
4 / 4
8. ВОЗЕЊЕ ТРОТИНЕТ,
/ 3 3 V
ВЕЛОСИПЕД, РПЛЕРИ
9. АКТИВНОСТИ ВО ПРИРОДА:
3 / 3 V
ИЗЛЕТИ И ПЕШАЧЕЊА
10 УЧИЛИШТЕН СПОРТ
/ / / /
.
36 72 108 IX - VI
ВКУПНО

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА:
Ученикот/ученичката:
 да се оспособува за правилно држење и симетричен развој на телото преку
соодветни вежби;
 да увежбува правилни и координирани природни движења со рацете, нозете и
другите делови на телото за оптимална функција на локомоторниот апарат;
 да учествува во игри и да се поттикнува на соработка и натпревар во колективни
игри;
 да ја развива локомоторната моторичката координација и ориентација во просторот;
 да увежбува и совладува нови моторички елементи од основите на атлетиката,
гимнастиката и од други спортови;
 да учествува рамноправно и да соработува во тимско изведување на вежбите и
игрите;
 да развива способности за позитивно емоционално изразување низ игра и адекватни
физички активности;
 да се поттикнува да учествува во активности по свој избор.

ТЕМАТСКО ПЛАНИРАЊЕ НА НАСТАВАТА ПО


ФИЗИЧКО И ЗДРАВСТВЕНО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА III ОДДЕЛЕНИЕ

Тема 1. ВЕЖБИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ПОСТАВУВАЊЕ И ДВИЖЕЊЕ – 15 часа

Р Часови за Вкупн Време на


. СОДРЖИНИ о реализациј
б Обработка Усовршувањ часов а
р е и
о Увежбување на поставувањето на
1. - 2 2 IX
учениците во две врсти
Увежбување на поставувањето на
2. учениците во колона по еден во - 2 2 IX
место и во движење
Вртење во место, налево и
3. надесно, налево круг ( вртење за 1 2 3 IX
180 степени)
Движење право, цик цак, ( лево –
десно), полукружно и кружно
4. 1 2 3 IX
( по обележани геометриски
форми)
Формирање групи во одбележан
5. 2 3 5 IX, X
простр
Вкупно 4 11 15 IX, X

ЦЕЛИ НА ТЕМАТА:
Ученикот/ ученичката
 да го усовршува поставувањето и движењето;
 да ја развива локомоторната способност за девижење во сите правци;
 да го развива општото чувство и вештините за координирано и симетрично
поставувње во колона, редица и во движење;
 да ги развива перцептивните и просторните способности потребни за движењето
во колона и редица;
 да развива способност за позитивни емоционални доживувања при моторни
активности.

Активности и методи на работа:


 Учениците се поставуваат: во една редица; во две редици; во колона по еден и
двајца, учениците се движат во колона по еден и двајца; трчање право и кружно;
 учениците се движат по линии одбележани во сала, игралиште – отворен терен, по
кои го одржуваат правецот на движењето;
 се групираат во помали групи за изведување на моторички движења и вежби.

Форми на работа:
 индивидуална
 тандем
 групна
 заедничка форма на работа

Извори на знаење:
 Наставен план и програма
 непосредна околина
 искуство на наставникот
 предзнаења на учениците

Корелација:
 Запознавање на околината
 Музичко образование
 Математика
 Ликовно образование
 Македонски јазик

Следење и вреднување:
Со овие вежби наставникот може да ги согледа знаењата на децата во смисла на
формациите за групно поставување пред него, поставување во една редица, во две
редици, во една и во две колони. Критериум е како ученикот се поставува во наведените
формации, дали знае во која како да се постави, какво држење на телото има – знае ли да
го затегне телото во исправена положба, каква ориентација и координација манифестира
во изведување во движењата во наведените формации, дали има чувство за просторот,
дали одржува растојание помеѓу другарчињата, дали се движи ритмично и каква
моторика искажува во движењата.
Формулации за описна оценка:
 Ученикот има правилно држење на телото;
 Ученикот се истакнува со координација на движењата на локомоторниот апарат;
 Поседува чувство за правилно и симетрично поставување во една и две редици и
колони;
 Поседува способност за одржување растојание и ритмично движење во една и две
редици и колони;
 Покажува особен интерес за другарство и соработка со учениците од одделението.

ТЕМАТСКО ПЛАНИРАЊЕ НА НАСТАВАТА ПО


ФИЗИЧКО И ЗДРАВСТВЕНО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА III ОДДЕЛЕНИЕ

Тема 2. ВЕЖБИ ЗА ОФОРМУВАЊЕ НА ТЕЛОТО И ДВИЖЕЊАТА


(СЕ ИЗВЕДУВААТ НА СЕКОЈ ЧАС)
Р Часови за Вкупн Време на
. СОДРЖИНИ о реализациј
б Обработка Усовршувањ часов а
р е и
о Вежби за вратот, главата и рацете
1. 1 2 3 X
( рамениот појас)
2. Вежби за трупот 1 2 3 X
3. Вежби за карлицата и нозете 1 2 3 X
Посебни комплекс вежби со
превентивно и корективно
4. 1 3 4 X, XI
влијание на телесните
деформитети
Вкупно 4 9 13 X, XI

ЦЕЛИ НА ТЕМАТА:
Ученикот/ ученичката
 да се поттикнува да изведува вежби со вратот, главата, рацете, трупот и нозете
( правилно и координирано);
 да се поттикнува да изведува вежби за јакнење, лабавење и истегнување;
 да го развива чувството за естетско изведување на движењата;
 да изведува вежби сообразено со определен ритам и темпо;
 да се стимулира правилно да ги изведува вежбите во седење, лежење и
полулежење на стомак и грб;
Содржини за вреднување: Правилно изведување на посебни комплекс на
превентивно и корективно влијание на телесните деформитети.
Поими: клекнување и потклекнување; склекови – клекнување на една и на две
нозе; и чекори; напред, на лево; на десно; косо; напред на лево; или назад на
десно.

Активности и методи на работа:


 Вежби за оформување на телото и движењата;
 превентивни вежби за предиспонираност на учениците кон определени телесни
деформитети ( кифоза, сколиоза);
 вежби за симетричен развој и правилно држење на телото;
 комплексни вежби за симетричен развој и правилно држење на телото;
 информирање на учениците за позитивното влијание на вежбите.

Форми на работа:
 индивидуална форма на работа
 групна форма на работа
 тандем
 заедничка форма на работа

Извори на знаење:
 Наставен план и програм
 непосредна околина
 искуство на наставникот
 предзнаења на учениците

Корелација:
 Запознавање на околината
 Музичко образование
 Математика
 Ликовно образование
 Македонски јазик

Следење и вреднување:
Наставникот може да ги проценува способностите на децата. Дали вежбите ги
изведуваат координирано – дали правилно се движат рацете при изведба на вежбата,
дали се испружени или само опуштено ги движат? Дали при вежбањето често ја
губат рамнотежната положба, па често пати го прекинуваат ритамот на вежбата?
Дали ученикот често доцни со изведувањето на вежбата, колку труд вложува во
учењето на вежбите, дали ги запаметува и дали прави разлика на вежбите, која
вежба за што служи, односно дали ја разбира топографијата на телото?

Формулации за описна оценка:


 Ученикот поседува координација на движењата;
 Посебно се залага и манифестира квалитетна моторичка способност во
изведба на вежбите за оформување на телото;
 Ученикот ја владее топографијата на телото и понредослед ги изведува
вежбите по сегменти во разни положби.

ТЕМАТСКО ПЛАНИРАЊЕ НА НАСТАВАТА ПО


ФИЗИЧКО И ЗДРАВСТВЕНО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА III ОДДЕЛЕНИЕ

Тема 3. ОСНОВИ НА АТЛЕТИКАТА – 20 часа

Р
. Часови за
б Вкупно Време на
Содржини
р часови реализација
о Увежбува
Обработка
ј ње

1. Скок од место 1 1 2 XII


Скок со залет – затрчување ( во
2. 1 2 3 I
височина и далечина)
3. Фрлање и фаќање на топче 1 2 3 II
4. Фрлање топче во цел 1 2 3 II
5. Играње дама 1 2 3 II
6. Игри во место и во движење 1 2 3 II
7. Додавање и примање на топки 1 2 3 III
Вкупно 7 13 20 XII, I, II, III

Цели:
Ученикот/ ученичката
 да ги усовршува техниките на одење, трчање и скокање;
 да ги развива големите мускулни групи на рацете, нозете, трупот и карлицата;
 да развива чувство за ритам: бавен, среден и брз ( во одење и трчање);
 да ја развива општата подвижност на локомоторниот апарат и координирано
движење;
 да ја користи техниката на отскокнување и доскокнување ( од место и со
затрчување);
 да ги совладува техниките на фрлање и фаќање да ја развива прецизноста;
 да изведува движења по надолжната оска на своето тело и да ја увежбува
рамнотежата на телото.
Содржина за вреднување: вежби на справи
Поими: цел за фрлање, дофрлување и префрлување. Скокалност; доскокнување.

Активности и методи на работа:


 Вежби: одење, трчање, скокање, фрлање, фаќање, движење на рацете и нозете,
држење на трупот и главата;
 штафетни игри со совладани елементи од основите на атлетиката;
 играње дама ( натпревар);
 скокање со јаже; групно на едно јаже и индивидуални скокања;
 скок во височина, со внимание во доскокнувањето ( амортизација на мека
подлога);
 фрлање топче во цел;
 префрлување топка преку ниска мрежа со погодување на определена цел.

Форми на работа:
 индивидуална форма на работа
 групна форма на работа
 тандем
 заедничка форма на работа

Извори на знаење:
 Наставен план и програмa
 непосредна околина
 искуство на наставникот
 предзнаења на учениците
Корелација:
1. Запознавање на околината
2. Музичко образование
3. Математика
4. Ликовно образование
5. Македонски јазик

Следење и вреднување:
Наставникот ги вреднува моторичките активности на учениците во сите четири
сегменти: одење, трчање, скокање и фрлање.
Во одењето гледа како децата ги поставуваат нозете на подлогата (петица – прсти),
како ги движат рацете – во предна и задна положба, дали го држат исправен трупот и
главата, дали движењата се синхронизирани.
Во трчањето ја следи поставеноста на телото- треба да се наоѓа секогаш пред
потпорната површина, односно пред прстите на стапалата. Едноставно кажано,
проекцијата од градите да паѓа пред прстите на стапалото. Исто така, треба да забележи
дали движењата ги изведува синхронизирано (на пример), лева нога,десна ракаи
обратно).
Во скокањето треба да забележи каква експлозивност манифестираат децата при
изведба на скоковите. Дали ритмично работат со рацете и нозете, правилно ли ги
користат движењата со рацете при отскоците. Дали доскокнува со амортизација на
тежината. Дали правилно отскокнува и доскокнува на прстите на стапалото.
Кај делот фрлање , следи каква експлозивност манифестира со раката што фрла,
колку ги користи нозете во фрлањето, каква е корелацијата помеѓу нозете и рацете –
една фрла, другата прави замав. Со каква моторика владее ученикот во изведба на
фрлањата од различни позиции. Колку далеку фрла со разни предмети кои се користат во
овој сегмент.

ТЕМАТСКО ПЛАНИРАЊЕ НА НАСТАВАТА ПО


ФИЗИЧКО И ЗДРАВСТВЕНО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА III ОДДЕЛЕНИЕ

Тема 4. ОСНОВИ НА ГИМНАСТИКАТА – 20 часа

Р.
б Часови за Време на
Вкупно
р СОДРЖИНИ реализациј
часови
о а
ј Обработка Увежбување

Акробатика : колут
1. 1 1 2 XII
напред
Тркалање ( по
2. 1 1 2 I
надолжна оска)
Клацкалка: клацкање
3. 1 1 2 II
на грб и на стомак
4. Разни видови лазење 1 1 2 II
(со провлекување)
Справи – ниски
гимнастички справи:
разбој, ниска греда,
5. 3 1 6 II
рипстоли и др.:
качување, висење и
слегување
Ниска шведска клупа
6. 1 1 2 II
(одење и лазење)
7. Дигање и носење 1 1 2 III
8. Надвлекување 1 1 2 III
Вкупно 10 10 20 XII, I, II, III

ЦЕЛИ НА ТЕМАТА:
Ученикот/ ученичката
 да увежбува ползење и тркалање околу надолжната осовина на лева и десна
страна;
 да ја развива координацијата во просторот и чувство за движење на партер во
различни положби на телото;
 да увежбува движење со завртување;
 да ја совладува и увежбува техниката на правилно дигање и носење;
 да користи и увежбува техника за заедничко носење на предмети;
 да ја развива силата и подвижноста на големите мускулни групи;
 да се воведува во естетско и елегантно држање на телото и неговите делови;

Активности и методи на работа:


 Изведување на основните гимнастички елементи
 носење предмети на глава и увежбување држање на телото во целина;
 качување на гимнастички справи;
 носење и изведување на основните гимнастички елементи;
 штафетни игри со совладани елементи од основите на атлетиката и гимнастиката
со внимание кон оптовареноста;
 дигање, носење и надвлекување во границите на можностите на децата од оваа
возраст.

Форми на работа:
 индивидуална форма наработа
 групна форма на работа
 тандем
 заедничка форма на работа

Извори на знаење:
 Наставен план и програма
 непосредна околина
 искуство на наставникот
 предзнаења на учениците

Корелација со:
 Запознавање на околината
 Музичко образование
 Математика
 Ликовно образование
 Македонски јазик

Следење и вреднување:
Наставникот го следи секој ученик како ги работи елементите кои се вежбаат од
темата Гимнастика. Кај децата се гледа колку внимание и труд вложуваат во изведбата на
секој елемент, какви моторни способности се манифестираат при изведувањето на
зададените вежби, каква е координацијата, со каква подвижност и умешност
располагаат.
Формулации за описна оценка:
 Ученикот поседува способност за координирани движења на целото тело во
совладување на поставените елементи.
 Ученикот успешно ги поминува поставените справи и реквизити покажувајќи
умешност, сила, брзина, снаодливост.

ТЕМАТСКО ПЛАНИРАЊЕ НА НАСТАВАТА ПО


ФИЗИЧКО И ЗДРАВСТВЕНО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА III ОДДЕЛЕНИЕ

Тема 5. ИГРИ – 14 часа

Р Часови за Вкупн Време на


. СОДРЖИНИ о реализациј
б Обработка Увежбување часови а
р
1. Игри со топка 1 1 2 XII
2. Штафетни игри 1 2 3 IV
3. Игри без граници 1 2 3 IV
4. Народни и други танци 2 4 6 V, VI
XII, IV, V,
Вкупно 5 9 14
VI

Цели:
Ученикот/ ученичката
 да ја осознае функцијата на правилата на игрите;
 да ги развива психомоторните димензии: брзина, снаодливост, издржливост,
правилна и навремена реакција, еластичност и др.
 да помага, соработува, комуницира и дисциплинирано да реагира на поставените
задачи;
 да ги развива способностите за контролирано однесување и искажување на
емоциите во натпреварите и како учесник – натпреварувач и како навивач;
 да се поттикнува да игра во сообразност на ритамот на музиката.

Активности и методи на работа:


 Игри во кои се развива желбата за победа, натпреварувачки дух, способности за
придонес во екипата, помагање и навивање
 Играње на елементарни игри, штафетни игри, игри без граници и сл.
 Танцови игри проследни со музика

ОЦЕНУВАЊЕ НА ПОСТИГАЊАТА НА УЧЕНИЦИТЕ


Според поставените цели на наставната програма по физичко и здравствено
образование, наставникот реализира описно оценување ( дијагностичко,
формативно, микросумативно и сумативно) при што предвид ги има следните
компоненти:
 усовршување на природните форми на движење, како и учење и
совладување на други моторички елементи;
 подигнување на психомоторните способности и способноста на
локомоторниот апарат;
 совладување на елементите од основите на атлетиката, гимнастиката,
игрите и подрачјата по избор;
 редовност, залагање, соработка и помагање на ученикот на часовите;
 фер-плеј однесување на часовите и натпреварите, почитување победа и
пораз како нормални појави на натпреварите;
 придонес во остварувањето на позитивните емоциионални ефекти;
 почитување и исполнување на здравствено – хигиенските задачи во однос на
облеката, пред физичките активности и по нив;
 дисциплина, почитување на куќниот ред на спортската сала и училиштето и
исполнување на поставените задачи од страна на наставникот и други
елементи кои наставникот ќе ги постави како специфика на условите за
работа и остварување на локалните интереси, како и договорот со
родителите.
За постигањата на учениците се води дневник за сите наведени компоненти од кој
се извлекува оценката на ученикот. Оценката е описна, во неа се опфатени
постигањата поврзани со елементите поставени со целта на Наставната програма
по физичко и здравствено образование за трето одделение.

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ:
Ученикот/ученичката:
 изведува вежби со рацете, нозете и трупот;
 разликува брзо од споро одење и трчање;
 зазема разни положби со телото во стоење, клечење, коленичење, полулежење и
лежење на грб и стомак;
 правилно го држи телото во сседење и движење;
 правилно се поставува и движи во една и две редици, во колона по еден и
двајца;
 правилно и координирано се движи во просторот;
 праволиниски се движи и одржува рамнотежа;
 правилно скока и доскокнува, правилно фаќа и фрла во далечина, погодува цел;
 правилно и координирано изведува основни гимнастички елементи на партер;
 соработува, помага, тимски работи и учествува во игри;
 изведува складни и ритмички движења, игра според ритамот на музиката,
изведува танци и игри во различен ритам и движења;
 има здравствено - хигиенски навики по извршени активности на часот по
физичко и здравствено образование;
 развива моторичка координација и ориентација во различен простор;
 изведува адекватни вежби за симетричен морфолошки развој;
 учествува во игри (штафетни, карактерни, танци и др.);
 увежбува и совладува нови моторички елементи од основите на атлетиката и
гимнастиката и од други спортови.

МЕСЕЧНО ПЛАНИРАЊЕ НА НАСТАВАТА ПО ФИЗИЧКО И ЗДРАВСТВЕНО


ОБРАЗОВАНИЕ
ЗА III ОДДЕЛЕНИЕ

СЕПТЕМВРИ
1. Поставување на учениците во една и две врсти – увежбување
2. Застанување во една редица по височина
3. Застанување во две редици по височина
4. Застанување на учениците во колона по еден во место
5. Вртење во место на лево и десно
6. Вртење на лево круг за 180 степени
7. Поставување во колона
8. Вреднување: поставување во врста и колона на повик и вртење во место на лево и
десно
9. Одење во чекор (спортско марширање ) со броење
10.Ритмичко одење по ниска греда
11.Увежбување ритмичко одење по ниска греда
12.Запознавање со основната техника на спортско трчање брзо трчање на висок старт

ОКТОМВРИ
1. Трчање од различна положба
2. Проверување на брзо трчање на 20 и 30 метри
3. Проверување на истрајно трчање
4. Запознавање на учениците со правилен кус залет
5. Трчање по различни терени во природни услови
6. Трчање со брзо и бавно темпо
7. Скок од место со две нозе
8. Скок во далечина со затрчување
9. Скок во височина до 70 центиметри
10. Скокање со јажиња ( групно и индивидуално )
11. Вреднување, скок со и без затрчување
12. Фрлање топка во далечина
НОЕМВРИ
1. Додавање и примање на топка
2. Елементарни игри со примена на фрлање и фаќање
3. Играње дама ( натпревари )
4. Фрлање топка со одбивање од под и ѕид
5. Фрлање и нишанење во табла на концентрични кругови
6. Вреднување фрлање во парови
7. Игра по избор на учениците
8. Провлекување под разни справи со лазење
9. Провлекување со лазење и качување по косо поставени справи
10.Носење предмет на глава по шведска клупа
11.Увежбување качување и лазење
12.Склекови – клекнување на една и две нозе

ДЕКЕМВРИ
6. Елементарни игри комбинирани со качување, провлекување и лазење
7. Лазење на стомак бочно и грбно во различни приземни положби
8. Вреднување
9. Тркалање по надолжната оска на телото
10.Вежби за карлицата и нозете
11.Игри на снег - санкање
12.Нишање на стомак и грб - клацкалица
13.Колут напред (запознавање )
14.Увежбување колут напред
15.Ниска шведска клупа одење и лазење
16.Одење и трчање по стеснетa патека
17.Ритмичко движење со потскокнување

ЈАНУАРИ
1. Натпреварувачки игри на снег меѓу одделенија
2. Вежби за појасот и рацете
3. Вежби за растегнување и лабавење на големите мускулни групи
4. Вежби за јакнење на трупот
5. Увежбување и усовршување

ФЕВРУАРИ
1. Застанување во една редица по височина
2. Вртење на лево, на десно, на лево круг
3. Увежбување застанување во редица и вртење
4. Симетрични висови – правилно висење на две раце на вратило
5. Висови со лева и десна рака на вратило
6. Мешовити висови на вратило
7. Вреднување мешовити висови
8. Дигање и носење предмет со една рака
9. Носење на мали предмети по шведска клупа
10.Заедничко носење на предмети
11.Носење вреќички со песок на глава
12.Вежби со дигање и носење
МАРТ
1. Влечење во парови
2. Влечење и потиснување со разни справи
3. Надвлекување двајца ученика во седечка положба
4. Надвлекување во парови и групно со јаже
5. Игри со влечење, потиснување и надвлекување
6. Усовршување и увежбување
7. Вреднување надвлекување во парови и групно
8. Ритмичко одење и трчање
9. Спортско трчање ( натпревар )
10.Трчање змиулесто преку препреки
11.Трчање до определена цел
12.Играње народна топка

АПРИЛ
1. Одење со долги и кратки чекори
2. Одење по стеснета површина
3. Возење велосипед по права и по крива линија
4. Возење велосипед на полигон
5. Возење на ролери
6. Увежбување
7. Штафетни игри
8. Увежбување
9. Танцови игри проследени со музика
10.Скокање со една нога до определена цел
11.Сокање со ластик: Ема е са са
12.Елементарни игри

МАЈ
1. Фрлање и фаќање на топчиња во парови
2. Додавање и фаќање топка во парови
3. Народно оро (малешевското)
4. Усовршување
5. Пролетен крос
6. Прошетка во најблиската околина
7. Народно оро (Елено моме)
8. Усовршување
9. Меѓуодделенски натпревар во фудбал
10.Играње на народна топка со цел за победа
11.Префрлување на топка преку ниска мрежа со погодување на определена цел
12.Увежбување

ЈУНИ
1. Играње на ракомет – елементи на ракомет
2. Ракомет – елементи на ракомет – усовршување
3. Народно оро
4. Народно оро - усовршување
5. Играње фудбал и ракомет
6. Меѓуодделенски натпревар во фудбал

You might also like