You are on page 1of 43

UNIVERZITI SHTETOR I TETOVES

PUNIM MASTER
Proceset integruese evropiane dhe roli i
diplomatëve në zgjidhjen e mosmarrëveshjeve
ndërmjet Maqedonisë së Veriut dhe Bullgarisë

Mentor: Kandidat:
Ibrahim Kasami

Tetovë
Përmbajtja
Апстракт....................................................................................................................................................3
Apstract......................................................................................................................................................4
1. Вовед..................................................................................................................................................5
2. Европски интегративни процеси................................................................................................7
3. Поим, значење и карактеристики на дипломатијата...........................................................10
3.1. Поим за дипломатија...............................................................................................................10
3.2. Карактеристики на допломатијата.......................................................................................12
4. Дипломатска улога во решавање на билатерални и мултиралтерални спорови...........13
4.1. Видови дипломатија................................................................................................................17
4.1.1. Билатерална дипломатија...........................................................................................17
4.1.2. Мултирателарна дипломатија...................................................................................19
5. Дипломатите и нивната улога во ршавање на билатералниот спор меѓу Република
Северна Македонија и Република Бугарија....................................................................................21
6. Заклучоци и препораки...............................................................................................................28
7. Користена литература..................................................................................................................29

2
Апстракт

Поимот за Европската Унија е Сојуз на демократски држави во составот на Европа


кои претставуваат едно семејство кое дели меѓусебна политичка и економска сила,
воља и соработка. Европската Унија се заснова на владеење на правото и
обезбедување на мир стабилност и просперитет. Секој чекор на Европската Унија е
направен како демократски чин одобрен од сите земји кои ја сочинуваат Унијата.
Поради овие карактеристики, Северна Република Македонија има стратешка
определба да биде дел од Унијата. Целта на РСМ е да се добие датум за
отпочнување на преговори за влез во Унијата за градење на европинтегративните
процеси и а со тоа и да биде дел од полноправното членство на државите со кои ги
делиме инстите вредности и принципи.

Еврооинтегративниот провес за Република Северна Македонија е најважниот


чекор кој треба да се направи по влезот и станување на полноправна членка на
Нато Алијансата.

Од друга страна дипломатијата како средство за комуникација меѓу државите се


смета за најсоодветен начин и најефикасен начин на комуникација за остварување
на целите кои се поставуваат пред секоја една држава. Така и пред Република
Северна Македонија целите кои се поставија како критериуми за влез во
Европската Унија и билатералните спорови со кои истата се соочува се ршаваат
исклучиво на дипломатски начин со што се спречуваат конфликти во и вон
границите на државата.

Актуелниот конфликт кој го има Република Северна Македонија со Република


Бугарија со кој се блокира интегративниот провес за влез во Европската Унија се
решава на високо ниво на дипломатија со кој се цели кон решавање на истиот и
пристап кон преговорите со ЕУ.

Клучни зборови: Европска Унија, евроинтеграции, стратешка определба,


полноправна членка, дипломатија, билатерални спорови

3
Apstract

The notion of the European Union is an alliance of democracies within Europe that
represent a family that shares political and economic strength, will and cooperation. The
European Union is based on the rule of law and the provision of peace, stability and
prosperity. Every step of the European Union is taken as a democratic act approved by
all the countries that are part of the Union.

Due to these characteristics, the North Republic of Macedonia has a strategic


commitment to be part of the Union. The goal of RSM is to get a date for starting
negotiations for entry into the Union for building the European integration processes
and thus to be part of the full membership of the countries with which we share the
same values and principles.

The Euro-integration test for the Republic of North Macedonia is the most important
step to be taken after joining and becoming a full member of the NATO Alliance.

On the other hand, diplomacy as a manner of communication between countries is


considered the most appropriate way and the most effective way of communication to
achieve the goals set before each country. Thus, before the Republic of North
Macedonia, the goals set as criteria for entry into the European Union and the bilateral
disputes it faces are resolved exclusively in a diplomatic manner, thus preventing
conflicts inside and outside the country.

The current conflict between the Republic of North Macedonia and the Republic of
Bulgaria, which blocks the integration process for joining the European Union, is being
resolved at a high level of diplomacy, which aims to resolve it, approach and start the
negotiations with the EU.

Keywords: European Union, European integration, strategic commitment, full


membership, diplomacy, bilateral disputes

4
Вовед
Европската Унија претставува единствен облик на обединување на земјите
кои се нејзини членки на повеѓе основи од кои главната база е темелењето на
правото, економската и политичка соработка меѓу нив и со земјите кои сакаат да
бидат дел од европското семејство, чија главна цел е обезбедување и одржување на
траен мир и проесперитет.

По втората светска војна која однесе многу животи, ја уништи економијата и


ги разниша политичките врски помеѓу земјите идејата која потекнува од
Декларацијата на Роберт Шуман е да се основа Унија на Европски држави која ќе е
насочена кон спречување на секаков вид на иден конфликт и создавање на
економска напредна зона и поитички јака формација.1

Европската Унија е еден од најуспешните модели за мирно менување на


режимите преку трансформација на земјите во самата Унија и спроведување на
нивите внатрешни политики, нивната економија и остварување на највисоко ниво
на човековите права.2

Целта на ширење на Унијата и прифаќање на членки кои ги делат истите


вредности со земјите кои се веќе дел од неа, условите за успешно проширување
мора да ги задоволат критериумите кои се засновани на копенхагеншките и
мадртските критериуми, а воедно и подготовка на идните членки за прием во
Унијата со усогласување на правните регулативи, економските вредности и
политичките цели со оние на Унијата.

Со проширувањето на Унијата во 2007 година кога членки на Унијата


станаа Романија и Бугарија а подоцна и во 2012 година кога членка на Унијата
стана и Хрватска, унијата се чини како да ги запре или го одолговлекува приемот
на нови членки. Искуството со приемот на овие членки, кои и ден денес се
соочуваат со корупција, измами, правен систем кој не функционира доволно добро
како кај сите други членки на Европската унија, стана кочничар во процесите за
1
И Сонцето е ѕвезда – Македонија во ЕУ, Влада на Република Македонија – Секретаријат за
европски прашања, Скопје 2006 год., стр.3
2
М-р Светлана Вељаноска, Европската унија предизвик за земјите од Западен Балкан, Годишник
на Правен факултет, Кичево, 2011 год., стр.141

5
проем на нови членки во унијата и ги подигна стандардите за пристапни
преговори и полноправно членство во Унијата за останатие кандидати земји. 3

Во оваа конотација е важно да се спомене дека европската интеграција


продолжува соработка за унапредување на односите на земјте кои претендираат да
станат полноправни членки на унијата, како што тоа е случајот со Република
Северна Македонија и Албанија (кои одат во пакет за заеднилки влез во Унијата).
Откако земјите ќе ги исполнат предвидените политички услови и доколку ги
почитуваат правата на граѓаните согласно член 49 од Договорот за Европска
Унија, земјата се смета за спремна да биде членка на Унијата. 4

Од осамостојувањето во 1991 година, па до денес Република Северна


Македонија има аспирации да стане членка на Европската Унија и на тој
евроинтегративен процес работи со децении. Во 2005 Република Северна
Македонија има статус на држава – кандидат за членство. Подготовките за
преговори и членство не се запрени и во континуитет се одржуваат во една
нагорна линија во сите изминати години со досегашните процеси на Европската
унија.

Република Северна Македонија има создадено инситуционална платформа која се


темели на досегашните достигнувања и искуства од преговорите со унијата,
спецификите и особеностите на макеоднското прашање за влез во Европската
Унија.5

Од клучна важност за евроинтегративниот процес на Република Северна


Македонија е да има воспоставен систем на комуникација со Европската унија кој
се одвива непречено. Затоа дипломатското ниво на преговарање мора да се
одржува секогаш на едно високо ниво помеѓу дипломатските претставници во
Брисел и Скопје. Истакнати се најважните делови на синхронизација со
Европската Унија и Република Северна Македонија а тоа е делот на легислативата

3
https://european-union.europa.eu/principles-countries-history/country-profiles/bulgaria_en
4
https://eur-lex.europa.eu/legal-content/EN/TXT/?uri=CELEX%3A12016M049
5
Институционална платформа и принципи за водење на преговорите за пристапување на
Република Македонија во Европската унија, Влада на Република Македонија-Секретаријат за
европски прашања, Скопје, 2007 год., стр.3

6
односно правото кое мора да се усогласи си правната легислатива на ЕУ и истото
да се применува непречено и квалитетно во правниот систем на РСМ.6

Од друга страна перманентниот економски и политички диалог се одвива


преку Спогодбата за стабилизација и асоцијација потпишан во 2012 година, во кој
е наведно дека оваа земја добива насоки за реформски приоритети преку
Партнерството за пристпаување и секој напредок напрвен врз база на препораките
кои ги дава унијата се нотира во Годишниот извештај за напредок на земјата на
патот за членство во Евроспката Унија.

1. Предмет на истражувањето

Овој магистерски труд за предмет на своето истражување го поставува Европскиот


интегративен процес како еден од клучните процеси на земјите аспиранти за
членки во семејството на Европската Унија но и она што е потесен односно
инициален проблем за самото членство на Република Северна Македонија а тоа е
спорот порот помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија и
неговата дипломатска инстанца на решавање на истиот.
Ова е мултидисциплинарен проблем кој опфаќа повеќе сфери на дипломатската
политичка сцена и од повеќе аспекти може да се гледа како проблем на еден
магистерски труд.
Самиот евро интегративен процес за Република Северна Македонија од 2008 до
денес (веќе 2022 година) стана една голгота на исчекување, надежи, големи
промени, интензивна работа на отварањето на поглавјата за влез во унијата, но од
дрга страна и секојдневни разочарувања на граѓаните на оваа земја која и покрај
се што прави, сите заложби и напори наидуваат на пречки кои немаат изглед за
решавање.
Проблем на овој магистрски труд е и билатералниот проблем кој ја спречува оваа
земја да чекори кон Еропската Унија – билатералниот спор со република Бугарија
кој доби сосема нова, до сега невидена димензија и во која најискусните
македонски дипломати и политичари не можат да го најдат решението за
6
Институционална платформа и принципи за водење на преговорите за пристапување на
Република Македонија во Европската унија, Влада на Република Македонија-Секретаријат за
европски прашања, Скопје, 2007 год., стр.4

7
проблемот. Гордиевиот јазол останува цврсто врзан Република Северна
Македонија, без оглед на сите обиди истиот да се разврзе.
Овие два суштински поврзани проблеми се предмет на овој магистерски труд во
кој ќе се направи обид да се согледа вистинската реална состојба во која Република
Северна Македонија наместо кон ЕУ и носи застој во секој поглед на државноста.

2. Цели на истражувањето

Научната цел на на овој магистерски труд претставува еден комплициран и


сложен процес за сите аспекти на една држава. Земајќи го во редвид дека овој
феномен е тлее во изминатите години а се развива во последните години на
политичката сцена со јакнењето на позицијата на Република Северна македонија
да стане полноправна членка на Европската унија.
Токму од тие причини произлегуваат и целите на ова истражување во
магистерскиот труд.
Научната цела на истражувањето е добивање на сознанија преку анализа на
утврдувањето на причините за нефункционалноста на евроинтегративните
процеси за Република Северна Македонија;
Практичната цел е да се определи дипломатскиот развој на настаните на
билатералниот проблем меѓу Република бугарија и република Северна
Македонија; и да се утврди воспоставената корелација на причината на проблемот
со Република Бугарија и Република Северна Македонија како пречка за евро
интегративниот процес на Република Северна Македонија.

3. Хипотези

Во хипотетската рамка се презентираат хипотезите како основни мисловни


претпоставки за предметот на истражување, адекватни на целите на
истражувањето.
Главната хипотеза на овој магистерски труд е:

8
Проблемот на Република Бугарија и неговата поврзаност како сигнификантен
предикамент за пречка на членство на Република Северна Македонија во
Европската Унија;
Споредни хипотези се:
- Начин на надминување на билатералниот спор за укинување на ветото од
страна на Република Бугарија кон Република Северна Македонија за
членство во Европската Унија;
- Создавањето на услови за поттикнување на решавање на билатералниот
проблем и конечно надминување на билатералниот спор односно кризата
со која се кочи приемот на Република македонија како рамноправна членка
на Европската унија.

4. Методологија на истражувањето

Со оглед на фактот дека темата за истражување е од комплексен карактер и


фактот дека во светски рамки во поново време се повеќе оваа проблематика
станува се поактуелна на светската политичка сцена со оглед на последиците од
разврските кои може да произлезат од неа, политичарите се повеќе се
интересират и влијаат на исходот на овој проблем. Поставени се главна хипотеза и
поединечни хипотези и за нивно потврдување или негирање, посебно поради
сложеноста на предметот на истражување, потребно е користење на повеќе методи
и техники на истражување. Темата за тестирање на хипотезите прикажува дека е
неопходна дедуктивна, т.е. квантитативна стратегија, притоа тргнувајќи од
општото (постоечки текстови, регулатива) потребата да се соберат и квалитативни
податоци од што е можно повеќе релевантни ресурси, односно да се примени
индуктивната, т.е. квалитативната истражувачка стратегија.
Во истражувањето ќе се применат следните методи и тоа:
 Метод на анализа на Извештаи – анализа на извештаи од соодветни
институции и тела и извлекување на податоци за билатералниот
проблем во рамките на Европската Унија и нејзината активна улога
за решавање на спорот.

9
 Метод на компарација – споредување на податоците за
истражуваниот временски период.

5. Европски интегративни процеси

Интеграцијата во Европската Унија значи интегрирање на сите политички


економски и социјални вредности на земјите согласно европската политика за
мир и мирно регулирање на конфликти. Согласно политиките на Европската
Унија, проблемите со кои се соочуваат денешните општества може да се надминат
само со единство кое го нагласува ЕУ. Без европската интеграција, без Европската
Унија како што сметаат во ЕУ не би било можно да се обезбеди мир, демократија,
владеење на правото, економски просперитет и остварување на човековите права
со една социјална сигурност, доколку Европската унија не стои зад нив и не ги
гарантира.7 Со принципот на еднаквост на сите граѓани во Унијата, ниту еден
граѓанин не смее да биде обесправен или да биде дискриминаиран во било кој
поглед.

Преговорите кои се водат со земјите кандидати и Европската Унија се


значајна алка во процесот на евроинтеграциите.

Секоја земја која сака да пристапи кон Европската унија мора да мине низ
процесот на интеграција и асоцијација со Европската Унија.

Првиот чекор е земјата да ги исполни критериумите за пристапување. Овие


критериуми се дефинирани на состанокот на Европскиот совет во Копенхаген во
1993 година, и честопати се нарекуваат „копенхашки критериуми“. 8

Критериумите од Копенхаген поставуваат голем број демократски, економски и


политички услови за земјите кои сакаат да се приклучат на ЕУ:

 стабилни институции кои гарантираат демократија, владеење на правото,


човекови права и почитување и заштита на малцинствата;

7
https://european-union.europa.eu/priorities-and-actions/achievements_en
8
https://eur-lex.europa.eu/summary/glossary/accession_criteria_copenhague.html

10
 функционална пазарна економија и капацитет за справување со
конкуренцијата и пазарните сили во ЕУ;
 способност за преземање и ефективно спроведување на обврските од
членството, вклучително и придржување кон целите на политичката,
економската и монетарната унија.

Секој чекор од евроинтеграцијата на земјата кадидат се следи преку комисиите


и Советот како и Европскиот Парламент. Напредокот на земјата се бележи во
Извештајот за земјата за одредена година. За Република Северна Македонија
откако го има добиено статусот кандидат има извештаи за секоја година во која се
забележани сите работи кои се сметаат за важни за напредокот на земјата кон
интегративниот процес.

Во Извештајот кој е направен за 2021 како последна година се дадени


забелешки и белешки за прифаќање како и насоки во кои треба земјата да се
движи за да стане членка на Унијата.

Во извештајот стои дека од 2009 Комисијата за проширување континуирано му


препорачува на Советот да отвори преговори со Републка Северна Македонија врз
основа на постигнатиот напредок и исполнетите услови за полноправно членство
во Европската Унија. Одлуката на Советот за отварање на пристапните преговори
да се отворат во март 2020. Земјата продолжува да ги одржува стабилни и мирни
внатрешните односи и да одржи мир пред влезот во ЕУ согласно реформите кои се
бараат да се спроведат од Македонија. Во извештајот стои: „Во однос на
политичките критериуми, Северна Македонија продолжи со напорите за
зајакнување на демократијата и владеењето на правото, вклучително и преку
активирање на постоечките контроли и рамнотежи и преку достапување до
клучните политички и законодавни прашања. Во однос на политичките
критериуми, Северна Македонија продолжи со напорите за зајакнување на
демократијата и владеењето на правото, вклучително и преку активирање на
постоечките контроли и рамнотежи и преку достапување до клучните политички
и законодавни прашања. Земјата ја покажа својата посветеност да постигне
резултати во клучните области на основите, вклучително и преку агендата

11
„Европа дома“ и „Акциониот план 21“ за борба против корупцијата. Првиот круг
од локалните избори се одржа на 17 октомври.9

Канцеларијата за демократски институции и човекови права на


Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ/ОДИХР) распореди
набљудувачка мисија за изборите. Постигнат е ограничен напредок во
адресирањето на извонредните препораки од ОБСЕ/ОДИХР и Венецијанската
комисија во периодот на известување. Сеопфатниот преглед на изборното
законодавство и усвојувањето на соодветните закони сè уште треба да се
финализираат навремено и инклузивно. Опозициските партии останаа активно
вклучени во Парламентот и во некои прилики ги поддржаа клучните закони
поврзани со ЕУ. Потребни се напори за зајакнување на улогата на Парламентот
како форум за конструктивен политички дијалог, особено за реформската агенда
на ЕУ. Парламентот продолжи да ги извршува своите законодавни функции.
Треба да се посвети големо внимание при користењето на брзи процедури, кои
треба да се ограничат за да се обезбеди ефективна контрола и консултација со
законодавството. Парламентот продолжи да врши соодветен надзор над
извршната власт. Кривичната одговорност за оние кои оркестрираа или извршија
насилство во нападот врз Собранието на 27 април 2017 година продолжи да се
утврдува, вклучително и преку првостепените пресуди.

Владата треба да го задржи реформскиот моментум и да се фокусира на


имплементацијата на постојната законска рамка наместо да покренува
спорадични нови иницијативи. Навременото и суштинско спроведување на
реформската агенда бара одржлива поддршка од општеството како целина.
Меѓуетничките односи останаа стабилни, а Охридскиот рамковен договор
продолжи да се спроведува.“ За администрацијата која треба да се намали, ЕУ дава

9
https://www.slobodnaevropa.mk/a/%D0%B5%D0%BA-
%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%B5%D1%88%D1%82%D0%B0%D1%98-
%D1%81%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%B0%D0%BA
%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D1%83%D0%BC
%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%BE-%D1%80%D0%B5%D1%84%D0%BE%D1%80%D0%BC
%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B5%D0%BD%D0%B0-/
31518990.html

12
средна оценка и смета дека тука уште не се постигнати резултатите кои се бараат
да ги исполни Северна Македонија, Истото е напишано и за судскиот систем. 10

6. Поим, значење и карактеристики на дипломатијата

6.1 Поим за дипломатија

Виенската конвенција за дипломатски односи беше усвоена на


Конференцијата на Обединетите нации во Ноје Хофбург, Виена, Австрија, од 2
март до 14 април 1961 година. Конвенцијата е меѓународен договор кој го
кодифицира најважниот дел од досега постоечкото обичајно дипломатско право,
со некои неодамнешни диспозиции. Тој содржи одредби за правата и обврските на
државата на прием и на државата испраќач во однос на постојаните дипломатски
мисии од билатерална природа, имунитетите и привилегиите на членовите на
дипломатската мисија, административниот и техничкиот персонал. Следствено,
дипломатијата е активност поврзана со надворешната политика и меѓународните
односи, преку која се постигнуваат надворешнополитичките цели, додека
дипломатското право е составен дел на меѓународното јавно право и како такво
содржи нормативни правила кои се однесуваат на односите во меѓународните
односи.
Соред Сато „Дипломатијата е примена на интелигенција и тактики на
водење на официјални односи помеѓу владие на државите“.11
„Дипломатијата е уметност да се добие она што го сакате, применето во
надворешната политика“, пишува Даниел Вареа.
„Дипломатијата е спроведување на надворешната политика на една земја
предводена од поканети луѓе“, според Вилхелм Греве. 12
„Дипломатијата е регулирање на меѓународните односи преку преговори;
методот со кој се утврдуваат овие односи и кои пратениците и амбасадорите ги

10
https://ec.europa.eu/neighbourhood-enlargement/north-macedonia-report-2021_en
11
Jonsson, Ch., Hall, M. (2005), Essence of Diplomacy, PALGRAVE MACMILLAN Hound mills,
Basingstoke, Hampshire RG21 6XS and 175 Fifth Avenue, New York, N.Y. 10010

12
Ibid

13
применуваат; професија или уметност на дипломатите“, читаме во англискиот
речник Оксфорд. 13
„Дипломатијата е спроведување на надворешната политика на една земја
предводена од поканети луѓе“, според Вилхелм Греве.
Спротивно на тоа, видовите дипломатија реализирани преку дипломатски
протокол и дипломатски активности претставуваат најдобар модел, модалитет и
незаменлив начин за успешно надминување на меѓудржавните спорови. 14
Зборот дипломатија етимолошки потекнува од грчкиот збор диплома, што
во тоа време значело писмо, повелба или документ преклопен на два дела како
чин на суверен што едната страна ќе и го предаде на другата на почетокот на
преговорите, додека другата страна би го стори истото.15
„Дипломатијата е форма на државна активност фокусирана на односите со
другите земји и меѓународните учесници. Истиот термин ја означува целата
државна структура која служи за претставување на сопствената држава во светот и
за одржување на официјални односи со други субјекти на меѓународните односи.
Составен дел на оваа структура, скоро во секоја земја се, министерството за
надворешни работи и дипломатско – конзуларните претставништва,“ 16 Зборот
дипломатија означува способност, знаење, вештина, методи на комуникација,
одржување на меѓународни односи, преговарања и решавања на конфликтни
ситуации.17
Во денешно време дипломатија малку го изменила својот облик. Основната
функција на дипломатијата е да се претстави државата која се застапуваво
странство преку промовирање на нејзините интереси и цели. Дипломатијата е
задолжена да ја спроведува надворешната поликата и да воспоставува
меѓународни односи на тој начин што ќе ја брани политиката на својата држава
13

https://www.oxfordlearnersdictionaries.com/definition/english/diplomacy#:~:text=diplomacy-,noun,th
e%20skill%20in%20doing%20this
14
Поповиќ, В., Турчиновиќ Ф: (2007), Меѓународно јавно право, Правен факултет Бања Лука,
Графопапир Бања Лука, стр.233
15
Савиќ, М.(2012): Држава и дипломатија, Легисол.нет, достапно на: http://www.legisol.net/drzava-
i-diplomatija
16
Bjola, C., Kornprobst, M.:(2018), Understanding International Diplomacy: Theory, Practice and Ethics,
Second Edition, Routledge Taylor & Francis Group, London 2 Park Square, Milton Park, Abingdon, Oxon,
OX14 4RN, and New York, 711 Third Avenue, New York, NY 10017
17
Ibid

14
која ја утврдуваат властите во неа (претседател, влада, парламент и сл.) Накусо,
целите на дипломатијата се насочени кон претставување и застапување на земјата
во странство, штитењеи информирање на својата земја и развивање односи со
другите земји преку процесот на преговарање.

6.2 Карактеристики на допломатијата

Дипломатско право (ENRA diplomatic law; FRA droit diplomatique) е збир на


одредби од меѓународното право кои се однесуваат на правата и должностите на
државите како субјекти на меѓународното право во однос на дипломатските
односи, должностите, привилегиите и имунитетите на дипломатските
претставништва/мисии и дипломатски персоналот. До влегувањето во сила на
Виенските конвенции за дипломатски и конзуларни односи (1961 и 1963 година),
дипломатското право беше дел од меѓународното обичајно право. Имаше и
претходни обиди за кодификација на дипломатското право (Конгресот на Виена
во 1815 година, Ахен во 1818 година, Регулативата за дипломатски претставници
од 1895 година и обидот на Комитетот на експерти/Експерти на Лигата на
народите во 1925-1930 година да усвои повеќе сеопфатна меѓународна
конвенција)18
Значаен сегмент во дипломатското право претставуваат извори кои ја
наоѓаат правната основа и применливоста на овие постулати, норми и правила и
за дипломатските и за конзуларните претставници, а тоа се:
 Виенска конвенција за дипломатски односи (1961);19
 Виенска конвенција за конзуларни односи (1963);20
 Виенска конвенција за специјални мисии (1969);21

18
Kraska, J: 2011 Contemporary Maritime Piracy: International Law, Strategy, and Diplomacy at Sea
(Contemporary Military, Strategic, and Security Isues), Praeger, ISBN 13: 9780313387258
19
https://legal.un.org/ilc/texts/instruments/english/conventions/9_1_1961.pdf
20
https://legal.un.org/ilc/texts/instruments/english/conventions/9_2_1963.pdf
21
https://legal.un.org/ilc/texts/instruments/english/conventions/9_3_1969.pdf

15
 Конвенција за застапеност на државите во нивните односи со
меѓународните организации од универзален карактер (1975) 22

 Конвенција за спречување и казнување на злосторства против меѓународно


заштитени лица, вклучително и дипломатски агенти (1973). 23
Тенденциите во унапредување и примена на правилата на дипломатијата и
дипломатското право ја одбележаа и укажаа на сета различност, важност и
значење на неговата теоретска и практична обука, делувајќи на тој начин да
создаде свој препознатлив и оригинален профил во опсегот на меѓународното
јавно право.
Проучувањето на елементите на меѓународните спорови покажува
тенденција за изнаоѓање мирно и цивилизирано решение на конфликтот преку
дипломатија и универзални постулати на дипломатското право и соодветно ја
потврдува веродостојноста и универзалноста на практиката на високоразвиените
земји да се стремат кон постојано и навремено дејствување.развој и напредок на
сите полиња од животот. Дипломатијата и дипломатското право ги појаснуваат
основните прашања, размислувања и модалитети за побрзо и пофлексибилно
функционирање на дипломатските претставништва, а дипломатската теорија и
практика со примена на истите, со што се нуди јасен пат и насока за развивање на
свеста и правната мисла во услуга на благосостојба, просперитет и побрз напредок
на државите.
Надворешната политика се остварува преку билатералната и
мултилатералната дипломатска дејност што ја спроведуваат дипломатите со
своите функции и ги извршуваат во интерес на земјата на испраќање или
меѓународната организација чијшто интерес го застапуваат.
Сепак, дипломатијата има повеќе значења како што се:
а) водење на државните работи на подрачјето на надворешната политика
преку службени односи со други држави и меѓународни организации;
б) облик и содржина на односи помеѓу државите коишто се формираат и се
одржуваат со службени контакти, а преку кои се настојува да се усогласат
интересите на односните држави постигнувајќи одредени договори;
22
https://legal.un.org/ilc/texts/instruments/english/conventions/5_1_1975.pdf
23
https://www.unodc.org/documents/treaties/Special/1973%20convention%20eng.pdf

16
в) способност, умеење, знаење за водење преговори со други држави;
г) надворешно претставување на државите;
д) кариера, професија на претставување и застапување на државите во
односите со други држави, припадност на лица коишто ја вршат таа професија. 24

7. Дипломатска улога во решавање на билатерални и


мултиралтерални спорови

Билатералната и мултилатералната дипломатија е партнерски, пријателски


и дипломатски однос меѓу државите, како и односи меѓу државите како субјекти
на меѓународното право и меѓународните организации задолжени за одржување
на светскиот мир, а самата држава е неопходна алка за зачувување, просперитет и
просперитет. Дипломатијата и дипломатското право, како главни фактори и
неизбежни фактори на светскиот просперитет. Примарната улога на
дипломатијата и дипломатското право е тенденциозно и постојано одржување на
добронамерни и искрени меѓудржавни односи со цел економски, социјален и друг
просперитет, како и подобра социјализација на сите граѓани во едно општество,
како и односот меѓу држави и меѓународни организации. Тенденциите на
државните органи за подобра организација доведоа до развој на дипломатската
мисла, и продолжуваат интензивно да воспоставуваат и спроведуваат правила и
принципи за поедноставно, безболно и полесно афирмација на дипломатските
средства за мир, како и изнаоѓање иновативни решенија за координација и
функционирање. на државниот апарат со цел развивање на подобри меѓудржавни
односи.25
Пред се, вреди да се напомене дека поимот дипломатија има неколку
значења. Според едно значење, дипломатија значи водење на државните работи
во областа на надворешната политика преку официјални односи воспоставени со
други држави или меѓународни организации. Од друга страна, некои теоретичари
24
Марковски Д. „Дипломатија, организација и практика“, Скопје, 2002, стр.17
25
Ѓорѓевиќ, С., Митиќ, М. (2020) Дипломатско и конзуларно право, Правен Факултет во Белград,
Белград, стр: 20,

17
тврдат дека дипломатијата е форма и содржина на односите меѓу државите кои се
формираат преку официјални врски кои настојуваат да ги усогласат интересите на
засегнатите држави преку договори и општо разбирање.преговори со други
држави. Една од најопштите определби на дипломатијата е надворешното
претставување на државата“.26
Затоа, дипломатијата се дефинира на неколку начини:
• „Алатка за надворешна политика на дадена земја“
• „Примена на интелигенција и тактичност за водење на официјални односи
меѓу владите на независните држави ... или, накратко, за водење бизнис
меѓу државите со мирни средства“
• „Се подразбира надворешнополитичка активност на државата во однос на
другите субјекти на меѓународното право и меѓународните односи - држави
и меѓународни организации основани од нив“27
Терминот дипломатија долго време се поврзува со заштита на архивите,
анализа на стари договори или проучување на историјата на меѓународните
преговори. Подоцна, зборовите дипломатија или дипломатски се користеле за
означување на справување со меѓународните односи.28
Дипломатија е термин кој има повеќе семантички значења:
 Способност, знаење, вештини и методи на комуникација, одржување
меѓународни (меѓудржавни) односи, преговарање и решавање конфликтни
ситуации;
 Водење на државните работи од областа на надворешната политика преку
службени (дипломатски) односи со други субјекти на меѓународното јавно
право;
 Севкупноста на државниот апарат во служба на застапување на соодветната
држава во светот и поединечни држави и меѓународни (меѓудржавни)
организации, кој целосно го покрива Министерството за надворешни
работи и дипломатско-конзуларната мрежа на соодветната држава;

26
Spies, Y., K: (2019) Global Diplomacy and International Society, University of Johannesburg,
Johannesburg, South Africa
27
Nuric, Sh.:(2010) „Medjunarodno javno pravo I i II“, vtoro preraboteno I dopolneto izdanie, Praven
fakultet Kiseljak, str.133
28
Пашиќ, М.: Дипломатија општи цитати, стр.66

18
Самата професија како таква, кариерата на професијата застапување на
државата во меѓународните односи, со која се занимава дипломатот. 29
Традиционалните правила на дипломатијата и дипломатската професија се
сметаат за малку старомодни. Но, зарем не е така со цврсто воспоставените
општествени обичаи на пристојност, кои сите мора да ги почитуваат со благодат
или сила? Една од основните карактеристики на дипломатијата и дипломатското
право е дипломатската церемонија и протокол. Нема општество без хиерархија,
ниту цивилизација без церемонии. Секој пример покажува дека е потребен
одреден ред и дисциплина кога се раѓа нова заедница, а општествениот живот
наметнува почитување на некои правила без кои би било невозможно да се живее
заедно и без кои сигурно би настанале хаос и анархија.
„Протоколот ги кодифицира и применува правилата утврдени со церемонијата и
ја следи нивната примена.“30
Обележјата и главните карактеристики на дипломатијата и дипломатското
право ги вклучуваат и меѓудржавните дипломатски односи. Според Џорџ Велла 31,
овие односи може да се класифицираат во неколку категории:
 Сојузничките односи (кои вклучуваат пренос на дел од суверенитетот);
 Добрососедски односи (што може да резултира со взаемна помош без
посебна договорна обврска);
 Срдечни односи (не подразбираат обврска за конкретна соработка и
помош);
 Пријателски односи (зад овој израз може да се крие терминот еуфемизам
што значи односи кои можеби не се најдобри);
 Добри односи (означуваат правилни односи и кои имаат мала соработка, но
сепак постои меѓусебно почитување и разбирање);
 Правилни (нормални) односи (укажуваат на волјата на двете страни да се
придржуваат до Конвенцијата и да ги решаваат сите спорови по мирен пат);

29
Guy J. Golan, Sung-Un Yang, Dennis F. Kinsey,(2015) International Public Relations and Public
Diplomacy: Communication and Engagement, Peter Lang Publishing Inc.
30
Wood, R., J., Serres, J.(2004): Diplomatski ceremonijal I protokoli, Mate doo Zagreb, Zagrev, str 13
31
Vella, G. (1998) Modern Diplomacy, available at: https://www.diplomacy.edu/resource/modern-
diplomacy-opening-address/

19
 Индиферентни односи (ова се случаи кога државата е признаена, но без
воспоставување дипломатски односи бидејќи нема желба за
продлабочување на меѓудржавните односи);
 Студени односи (се карактеризираат со конфликти и конфликтни ситуации,
воведување одмазда и репресалии и „повлекување заради консултации“ на
шефот на дипломатската мисија/мисијата итн.);
 Затегнати односи (за таквите односи е важно државите да имаат нерешен и
сериозен спор меѓу себе, што може да доведе до вооружени конфликти);
 Де факто односи (такви односи се кога две држави не се признале според
правилата на Конвенцијата, но одржуваат трговски, културни и други, но не
и политички односи);
 Суспендирани односи (се такви односи кога има привремено прекинување
на меѓусебните односи меѓу државите, а за чие обновување не е потребна
посебна постапка);
 Прекинати односи (значи прекин на воспоставените дипломатски односи и
меѓусебно затворање на дипломатски претставништва/мисии со заемно
повлекување на дипломатскиот персонал).
„За да се воспостават дипломатски односи, засегнатите земји мора прво да се
признаат меѓусебно.Признавањето е политички акт со правни ефекти. Ниту една
држава нема обврска да признае друга држава или влада. Но, доколку дојде до
меѓусебно признавање, а во случај на прекин на дипломатските односи, тоа
признавање се уште важи.“32
Воспоставувањето дипломатски односи меѓу државите и отворањето на
постојани дипломатски претставништва се врши врз основа на взаемна (заемна)
согласност.33
Важна карактеристика и карактеристика на дипломатското право е тоа што
е кодифицирано со Виенската конвенција за дипломатски односи, која беше
усвоена на Конференцијата на Обединетите нации на 14 април 1961 година.
година, а стапи на сила на 24 април 1961 година. Кодификуваше дел од постојното
меѓународно обичајно право, со некои нови диспозиции и содржи одредби за
32
Ibid
33
Član 2. Bečke konvencije o diplomatskim odnosima iz 1961. godine

20
правата и обврските на државата примател и испраќач, имунитетот и
привилегиите на членовите на дипломатската мисија, административниот и
техничкиот персонал.34

7.1 Видови дипломатија

Една од основните карактеристики на дипломатијата и дипломатското право,


што ја претставува и суштината на меѓународното јавно право, е pacta sunt
servanda (договорите треба да се чувааат и почитуваат), што подразбира
почитување и исполнување на обврските од меѓудржавните дипломатски
договори. Меѓународните договори се несомнено најважниот начин за
зацврстување на меѓусебните права и должности на државите и другите субјекти
на меѓународното право во нивните посебни односи, нагласувајќи дека односите
меѓу суверените и еднакви држави се засноваат на рамнотежа и реципроцитет,
што е најважен принцип на дипломатијата.

7.1.1. Билатерална дипломатија

„Билатералната дипломатија е соработка меѓу двете земји врз основа на


нивна согласност и во рамките на нормите на меѓународното право. Клучните
зборови се СОРАБОТКА - СОГЛАСНОСТ - СТАНДАРДИ НА МЕЃУНАРОДНО
ПРАВО. Билатералната дипломатија е најстарата и најраспространета форма на
меѓународна соработка меѓу државите, а е специфична за постоење на постојани
дипломатски претставништва (амбасади) основани со меѓусебен договор.“35
Голем дел од меѓународните спорови се решаваат преку директна
билатерална дипломатија, која може да биде тајна, помалку јавна или целосно
јавна, што резултира со склучување договор или договор. 36 Својата конечна
фииономија на овој вид дипломатија се добива по Вестфалскиот мировен договор
за мир со кој во Европа се се инаугурира „политиката на рамнотежа на силите“
34
Degan, V.Dj.: (2000) Megjunarodno pravo, Biblioteka na Pravniot Fakultet vo Rijeka, Rijeka, str.118

35
Nuric, Sh.:(2010) „Medjunarodno javno pravo I i II“, vtoro preraboteno I dopolneto izdanie, Praven
fakultet Kiseljak, str.126

36
Ibid

21
(equilibrium of strength), па многу европски земји формираат посебни одделенија
за водење на странски работи.37
„Целта на системот за рамнотежа на моќта не беше да се избегнат кризи или
дури војни. Кога функционираше правилно, неговата цел беше да ја ограничи
способноста на државите да воспостават хегемонија и да го ограничи опсегот на
конфликтот. Тој систем не си поставуваше задача на мир колку стабилност и
умереност. Рамнотежата на силите, по дефиниција, не може целосно да ги
задоволи сите членови на меѓународната заедница; најдобро функционира кога
незадоволството останува под нивото на кое оштетената страна ја изразува својата
намера насилно да го промени меѓународниот поредок.“ 38
Основниот акт со кој се кодифицира билатералната дипломатија бил усвоен
во 1815 година на Конгресот во Виена, дополнет со Ахенските протоколи од 1918
година, Конвенцијата на ОН од 1946 година и Виенската конвенција за
дипломатски односи од 1961 година. 39
„Билатерализмот се однесува на сеопфатен сет на интеракции меѓу двете
страни. Тој е посеопфатен од збирот на меѓусебни дејствија што двете земји ги
постигнуваат преку воспоставените дипломатски претставништва. Не се исцрпува
дури и кога ги опфаќа меѓусебните дејствија на двете страни водени од различни
канали на комуникација. Не е целосна дури и да не ги занемари целосно
расфрланите трансвладини односи кои не подлежат на вкоренетите рутини на
професионалната дипломатија.
Билатералната дипломатија својата основа ја наоѓа во член 2 од Виенската
конвенција за дипломатски односи од 1961 година „Воспоставувањето
дипломатски односи меѓу државите и отворањето на постојани дипломатски
претставништва се врши врз основа на взаемна (заемна) согласност“. Според тоа,
функциите на дипломатските претставништва се како што следува:
а) да ја претставува државата акредитирачка во државата во која е
акредитирана;

37
Kissinger, H.: (1999): Diplomacy I and II Version, Press Belgdrade, pp.8
38
Ibid
39
Guy J. Golan, Sung-Un Yang, Dennis F. Kinsey,(2015) International Public Relations and Public
Diplomacy: Communication and Engagement, Peter Lang Publishing Inc.

22
б) Да ги заштити интересите на државата акредитирачка и нејзините
државјани во границите дозволени со меѓународното право во државата на
акредитација;
в) да преговара со владата на земјата каде што е акредитирана;
г) да биде информиран, со сите средства дозволени со закон, за околностите
и развојот на ситуацијата во земјата во која е акредитиран и да ја информира
владата на земјата што акредитира;
д) Да ги унапредува пријателските односи меѓу државата акредитирачка и
државата со која е акредитирана и да ги гради нивните економски, културни и
научни односи.40

7.1.2. Мултирателарна дипломатија

Таа се развиваше паралелно со билатералната дипломатија преку конгреси,


конференции и доживува целосен развој со формирањето на меѓународните
организации, особено на ОН, Советот на Европа, ОБСЕ и Европската унија. 41
„Мултилатералната дипломатија е организирана соработка на повеќе
субјекти на меѓународното право, која се одвива врз основа на претходно утврдени
правила и процедури. Клучните зборови во оваа форма на дипломатија се:
ПОВЕЌЕ СТРАНИ - ОРГАНИЗИРАНА СОРАБОТКА И ПОСТАПКИ.“42
Учеството на меѓународен субјект, најчесто државата, во мултилатералната
дипломатија може да биде привремено и трајно. Привременото учество е во
форма на делегација на конгрес, седница. Таа е тематски и временски ограничена
и се одвива според утврдената процедура и правила кои важат за секој собир
посебно.
Постојаното учество се однесува на постојани претставништва во
меѓународните организации (ОН, ЕУ) и оваа активност се одвива според
претходно утврдени општи правила и процедури. „Поимот мултилатерална
40
Ibid
41
Nuric, Sh.:(2010) „Medjunarodno javno pravo I i II“, vtoro preraboteno I dopolneto izdanie, Praven
fakultet Kiseljak, str.110

42
Ibid

23
дипломатија значи организирана соработка меѓу субјектите на меѓународното
право, врз основа на утврдени деловнички правила. Нејзина главна
карактеристика е публицитетот на делото, бидејќи тоа се врши, по правило, преку
јавни дебати, а преку медиумите може да влијае на јавното мислење ширум светот
и обратно; во мултилатералната дипломатија, јавното мислење игра многу
поважна улога отколку во традиционалната дипломатија“.
Мултилатералната дипломатија може да се назначи ад хок за конкретен
случај, на пр. конгреси и конференции и постојани во вид на испраќање постојани
мисии на држави во меѓународните организации. Основната разлика меѓу двете
форми е во тоа што првиот е тематски и временски ограничен само на тој собир, а
вториот континуирано врши активности од пошироки размери, што често ги
надминува потесните интереси на сопствената држава“. 43
Постојат бројни мултилатерални самити на поединечни групи на држави во
рамките на системот на Обединетите нации. Слични самити има во ОБСЕ, Советот
на Европа, Г-7, Организацијата на американските држави, Организацијата за
африканско единство итн.
„За разлика од билатералната дипломатија, која се карактеризираше со
доминантна писмена комуникација на државите, комуникацијата на државните
претставници на овие конференции беше директна, вербална (лице в лице). Се
одржуваа конференции и конгреси за да се решат спорови од поширок интерес (на
пр. Берлинскиот конгрес од 1878 година) или беа израз на заеднички интерес и
одреден степен на солидарност (на пр. Виенскиот конгрес во 1815 година).
Мултилатералната дипломатија го доживеа своето целосно проширување со
појавата на меѓународни организации кои прераснуваат во центри на соработка
меѓу државите и преку кои дипломатијата добива нови форми и нови содржини.“ 44
Мултилатералните конференции обезбедуваат постојано следење на
ситуацијата, акумулираат специјализирано знаење на учесниците, означуваат
сериозна посветеност на решавање на проблемите и создаваат лоби за тоа,
обезбедуваат техничка помош за земјите што ја бараат.38 Едногласното

43
Avramov, S., Kreca, M.: (2008), Medjunarodno javno parvo, XXI izmeneto I dopolneto izdanie, Praven
fakulet pri univerzitetot vo Belgrad, str.158
44
Ibid

24
одлучување е единствениот метод во билатералната дипломатија. Во
мултилатералната дипломатија постои можност за гласање, односно донесување
одлуки врз основа на гласовите на мнозинството учесници. Видот на потребното
мнозинство за една одлука да биде полноважна зависи од тоа дали се работи за
процедурална или материјална работа.

8. Дипломатите и нивната улога во ршавање на


билатералниот спор меѓу Република Северна Македонија
и Република Бугарија

Република Северна Македонија е на вратите на Европската Унија веќе долги


години. Патот кон Европа за оваа земја почна по Словенија и пред Хрватска. И
двете стаанаа членки пред години, а Македонија се уште се бори да ги започне
пристапните преговори.
Република Северна Македонија – заедно со другите партнери од Западен
Балкан – беше идентификувана како потенцијален кандидат за членство во ЕУ за
време на самитот во Солун во 2003 година. Нејзиниот Договор за стабилизација и
асоцијација, прв во регионот, е на сила од 2004 година. Март 2004 година и
Советот одлучи во декември 2005 година да и додели кандидатски статус на
земјата.

Од октомври 2009 година, Комисијата континуирано препорачува отворање


на пристапните преговори со Република Северна Македонија. Во 2015 и 2016
година, препораката беше условена со континуирана имплементација на
договорот од Пржино и значителен напредок во спроведувањето на „Итните
реформски приоритети“. Во светлината на постигнатиот напредок, Комисијата ја
повтори својата безусловна препорака за отворање на пристапните преговори во
април 2018 година. Со оглед на постигнатиот значителен напредок и исполнетите
услови едногласно поставени од Советот во јуни 2018 година, Комисијата

25
препорача во мај 2019 година да отворени пристапни преговори со Северна
Македонија.
Во март 2020 година, Советот за општи работи одлучи да ги отвори
пристапните преговори со Северна Македонија и ја одобри Комуникацијата на
Комисијата за ревидирана методологија „Унапредување на процесот на
пристапување - кредибилна перспектива на ЕУ за Западен Балкан“ од февруари
2020 година. Одлуката беше одобрена од членките на Европскиот совет. 45
Во јули 2020 година, нацрт-преговарачката рамка беше претставена на
земјите-членки.
И, токму кога конечно се реши прашањето со Преспанскиот договор,
опкружени со меѓународни признанија и ветувања за преговори со ЕУ, пред
Република Северна Македонија се исправа уште една планина.
И по последното разочарување, владата не планира да се откаже од
аспирациите за членство во ЕУ и продолжува активно да бара решение, изјави
Димитров за „Еуроњуз“. Сепак, на ветото се гледа како на нешто што оди на штета
и на меѓусоседските односи и на кредибилитетот на Унијата.
„Ако постои политичка волја и лидерство во Бугарија, мислам дека можеме да
најдеме европско решение кое би било добро и за македонско-бугарското
пријателство, и за европското ветување кон регионот, и за Северна Македонија.
Но, тука има едно „ако“, затоа што ние веќе сторивме сè што можевме“,
продолжува тој.
„И, искрено, доколку мојот мајчин јазик, македонскиот, е причина за тоа да не
можеме да се приближиме кон ЕУ, тогаш така и нека биде. Тогаш, ЕУ и не е тоа
што сме мислеле дека е – заедница на вредности“, вели Димитров.46
45
Официјална страна на Европската Унија, достапна на: https://ec.europa.eu/neighbourhood-
enlargement/enlargement-policy/negotiations-status/north-macedonia_en
46
Може ли Северна Мкаеоднијона да ги погребе идеалите на Еу
Достапно на: www.sep.gov.mk/data / file/trascriptdoc
https://www.google.com/search?q=%D0%9C%D0%BE%D0%B6%D0%B5+%D0%BB%D0%B8+
%D0%A1%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0+%D0%9C%D0%B0%D0%BA
%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0+%D0%B4%D0%B0+
%D0%B3%D0%B8+%D0%BF%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B5%D0%B1%D0%B5+
%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B5+%D0%BD%D0%B0+
%D0%95%D0%A3%3F&rlz=1C1CHBD_enMK866MK866&oq=%D0%9C%D0%BE%D0%B6%D0%B5+
%D0%BB%D0%B8+%D0%A1%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0+%D0%9C
%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0+
%D0%B4%D0%B0+%D0%B3%D0%B8+%D0%BF%D0%BE

26
Европската унија со одолговлекување на процесите, ги одолговлекува и
процесите за пристап на Република Северна Македонија и Албанија кои се
условно поврзани дека нивниот влез во ЕУ мора да оди заедно.
Иако е потпишан таканаречен „договор за пријателство“ уште во 2017
година, со кој треба да се унапредат односите на овие две земји, во кој е назначено
дека двете договорни страни ќе развиваат сестрани односи во согласност со
основните принципи на меѓународното право и допбрососедство.
Во Член 2 од договорот стои дека двете договорни страни ќе соработуваат во
рамките на Обединетите нации, Организацијата за безбедност и соработка во
Европа, Советот на Европа и други меѓународни организации и форуми. „Двете
Договорни страни ќе ја развиваат соработката помеѓу себе во областа на
европската и евроатлантската интеграција, насочена кон успешна подготовка на
Република Македонија за нејзиното пристапување кон Европската Унија и НАТО.
Бугарската страна ќе го сподели своето искуство со цел да и помогне на Република
Македонија да ги исполни неопходните критериуми за членство во Европската
Унија и ќе ја поддржи Република Македонија за добивање на покана за членство
во НАТО согласно соодветните одлуки од средбите на врвот на НАТО“. 47
Иако во членот 11 од наведениот договор стои дека ниту една од земјите
нема да презема, пттикнува и поддржува дејствија, насочени против другата земја
кои имаат непријателски карактери и дека ниту една од земјите нема да дозвило
нејзината територија да биде искористена против другата, нема да пројавуваат
територијални претензии и ќе ги штитат интересите на своите државјани на
другата договорна страна во согласност со меѓународното право, сепак Бугарија
континуирано не се придржува кон Договорот.48
Од декември 2020 година, Бугарија ја презеде улогата што Грција ја имаше
во период од три децении. Оваа позиција беше детерминирана и од т.н. нова
методологија за проширување на ЕУ, која de facto обезбеди поголемо влијание на
%D0%B3%D1%80%D0%B5%D0%B1%D0%B5+%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%B0%D0%BB
%D0%B8%D1%82%D0%B5+%D0%BD%D0%B0+
%D0%95%D0%A3%3F&aqs=chrome..69i57.1588j0j15&sourceid=chrome&ie=UTF-8

47
Член 2 од Договорот за пријателство и добрососедство, достапен на:
https://vlada.mk/sites/default/files/dogovori/Dogovor_Za_Prijatelstvo_Dobrososedstvo_Sorabotka_M
egju_Republika_Makedonija_I_Republika_Bugarija.pdf
48
Ibid стр.4

27
секоја држава членка во процесот на донесување одлуки и во процесот на
евалуација на прогресот на земјите аспиранти на секој чекор од долгиот пат.
Новата методологија најнапред настојува да ја подобри ефективноста на
позитивното условување, а потоа воведе и можност да го запре или врати процесот
на пристапување во случај на „секоја сериозна или пролонгирана стагнација или
дури и назадување во имплементацијата на реформите“. Ќемаловиќ49 со право
укажува на еден загрижувачки момент, односно на потенцијалното отсуство на
единствено толкување од Комисијата (и државите членки) за тоа дали некои
услови се исполнети или не. Во овој контекст, тој ги зема предвид и обновените
авторитарни тенденции во некои од членките на ЕУ (кои се нарекуваат
„нелиберални“ демократии и популистички режими. Оваа амбивалентност веќе
беше демонстрирана во македонскиот случај, дури и пред почетокот на
преговорите за членство, како и пред стартот на примената на новата
методологија.50
Со испраќањето на меморандум до другите членки од унијата, барајќу ЕУ да го
признае македонскиот јазик за „пишана регионална норма на бугарскиот јазик“,
Бугарија на сите им стави до јасно знаење дека нема да отстапи од тоа што смета
дека е нејзино право и во 2020 тоа го потврди со ставање на вето на секоја
можност за отпочнување на преговорите со Европската унија.
Исто така, екс-министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина
Захариева, рече дека Скопје не го почитува Договорот за пријателство, особено
членовите со кои се спречува изразување на омраза кон Бугарија.
Слично на тоа, во септември, Заев, и покрај критиките што ги доби во Северна
Македонија, го оправда своето тврдење дека ги уредува училишните учебници за
да го отстрани зборот „бугарски“, каде што се појавува пред „фашистички
окупатор“. Слично, во пријателски дух, беа уредени спомениците од времето на
војната, кои имаа натписи со сличен тон.

Ćemalović, Uroš. “Towards a New Strategy for EU Enlargement – Between the Wish for an
49

Encouragement, the Reality of the Fatigue and the Threat of a Dead End”. EU and Comparative
Law Issues and Challenges Series (ECLIC)
50
Достапно на:
https://www.researchgate.net/publication/357332259_EDEN_NE_SOSEMA_PRIJATELSKI_DOGOVOR_I_BLOKADATA_NA_PROSIRUVANETO_NA_EVROPSKATA_UNIJA

28
Неколку месеци претходно, во мај, европскиот комесар за соседство и
проширување, Оливер Вархеји, и португалскиот министер за надворешни работи,
Аугусто Сантос Силва, ја посетија Софија за да бараат решение. Но, Софија не го
промени својот став и го задржа ветото.51
Потоа, бугарскиот министер за надворешни работи, Светлан Стоев, рече дека
нивниот став кон Северна Македонија нема да се промени. Главниот аргумент
беше дека сегашниот став го договорија сите политички фракции во претходниот
парламент.
Од друга страна, Скопје реши да си повлече свои „црвени линии“. Собранието
усвои нови правила за поставување на граници на разговорите за идентитетот со
Бугарија.
Бугарскиот претседател Румен Радев на Самитот за Западен Балкан најави
дека страните работат на билатерален протокол со шест главни точки на
соработка. Меѓутоа, овој пат јазикот беше само дел од барањата. Политичкиот
аналитичар Петар Арсовски на панелот на емисијата „Низ Балканот“ на TRT
World, кој се фокусираше на несогласувањето, рече дека „содржината на
амандманите не е толку суштината на спорот“. Наместо тоа, политичката волја
беше да се отворат преговорите“.
На Самитот за Западен Балкан Заев и Радев повторно се обидоа да најдат
решение. Ова се случи на заедничката средба со германската канцеларка Ангела
Меркел и претседателот на Франција, Емануел Макрон.
Сепак, и покрај тоа што ја нагласи регионалната важност на членството на
Северна Македонија во ЕУ, Радев остана на традиционалниот став и инсистираше
на препознавање на „историската вистина“ во односите. Во меѓувреме, Бојко
Борисов, поранешен бугарски премиер, рече дека ќе го поддржи членството на
Северна Македонија во ЕУ доколку победи на следните избори.
Меѓу 195-те земји на меѓународната сцена, само 11 ги промениле имињата
од различни причини. Последниот член кој се приклучи на овој одбран клуб беше
Северна Македонија. Во 2018 година, по долг и исцрпувачки процес, Северна
Македонија и Грција го потпишаа договорот од Преспа, бидејќи земјата беше

51
https://www.trtworld.com/perspectives/how-north-macedonia-s-eu-accession-process-was-derailed-
51738

29
подготвена да биде дел од семејството на ЕУ. Меѓутоа, Бугарија не би дозволила
тоа вклучување да се случи без да се реши последователното прашање на јазикот.
Гледано од ретроспектива, може да се претпостави дека бугарска-та Влада
играла тактички внимателно и молчела чекајќи да се разреши главното прашање
(името), свесна дека за македонското мнозинство про-мената на името ќе биде
многу трауматичен настан. Кога веќе се појави Северна Македонија (и
Северномакедонци), Бугарија можеше да го отвори повторно договорот и да
притисне посилно, со уште еден адут в рака пра-вејќи директна споредба со
грчкиот сосед: ако Грција можеше да чека тол-ку долго до вашата капитулација, и
ние ќе чекаме 30 години ако е потребно за остварување на она што го сакаме.
Имплементацијата на ПД се соочува со застои и пречки, но главно почива на
внатрешна репресија и притисоци. Имплементацијата на БД е друга приказна:
притисоците доаѓаат однадвор, не само од Софија која има адут в рака, туку и од
Брисел. Парадоксално, но не Бугарите, туку Че-сите и Словаците, а подоцна и
Австријците, беа тие што го отфрлија бугар-ското извртување на историјата како
услов за проширувањето на Унијата за време на Министерскиот самит на ЕУ од
декември 2020 година. Нивната теза гласеше дека „нема да дозволиме
[Европската] Унија да биде судија за нашата заедничка историја, за тоа како се
идентификуваме себе си, или каков јазик користиме. Овие прашања им припаѓаат
на засегнатите страни и ние сме тука да ги поддржиме во тоа“ (Balkan Insight
2020). 52
Дополнително, патувањето на Северна Македонија во ЕУ наликува на двоен
стандард. Кипар не го реши својот проблем, но сепак влезе во ЕУ. И покрај тоа
што се членки на ЕУ, Обединетото Кралство и Шпанија имаа своја борба за
Гибралтар. Слично на тоа, влезот на Хрватска во ЕУ не беше попречен поради
нејзиниот територијален спор со Словенија. Можеби, кога се зборува за иднината
на Северна Македонија во ЕУ, мора да се фокусира на каприциозните барања за
влез во ЕУ наместо на соседскиот конфликт поради залудни тврдења.

52
PDF) ЕДЕН (НЕ СОСЕМА) ПРИЈАТЕЛСКИ ДОГОВОР И БЛОКАДАТА НА
ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА. Достапно на:
https://www.researchgate.net/publication/357332259_EDEN_NE_SOSEMA_PRIJATELSKI_DOGOVOR_I_BLOKADATA_NA_PROSIRUVANETO_NA_EVROPSKATA_UNIJA

30
Во меѓувреме во Бугарија се формираше влада по трите неуспешни обиди за
нејзино формирање, а ставовите останаа непроменети.
И покрај наголемите досега вложени напори од страна на македонските
допломати и целата Македонска Влада, во декември 2021, Северна Македонија,
доби уште едно вето и неможност за пристапни преговори.
Како што вели Димитров во интервјуто за Евроњуз: „Тоа што Бугарија го
доведува во прашање правото на земјата да го обликува својот сопствен
идентитет и историја, создаде само горчина во една од најпроевропските
земји на контиентот. Дали проблематизирањето на македонскиот јазик е во
согласност со она за кое се залага Европа? Зарем европа не треба да биде
контитнент каде се негува јазичната и културната разновидност и каде што
сите нации се третираат достоинствено и со почит? Зарем прашањето за
тоа кои сте и на кој јазик зборувате не е прашање што ги засега единствено и
само тие на коишто се однесува?
Бугарија, земја – членка на ЕУ од 2007 година, , ја држи иднината на
Северна Македонија во Унијата во заложништво, без оглед на тоа како се
чувствува цела една соседна нација во врска со тоа.
Ваквата пат-позиција меѓу двете земји откри фатален пропуст во процесот
на зачленување во ЕУ.
Секој чекор на патот кон пристапувањето бара целосен консензус на сите 27
земји-членки, а Бугарија ја користи најзначајната моќ што им е дадена на земјите-
членки - правото на вето на зачленување на одреден кандидат – останувајќи при
своето вето од 2020 година за започнување на преговорите за членство на Северна
Македонија во Унијата.
И сето тоа наспроти тоа што сите други земји се согласуваат дека
двомилионската балканска нација е и повеќе од подготвена.
Според медиумските извештаи, германското претседателство со ЕУ се
согласило со компромис, кој вклучувал и една критична реченица, наметната од
Софија како последен напор да се изнуди деблокирање на почетокот на прис-
тапните преговори за влез во ЕУ за Република Северна Македонија. Таа гласела:
„ Советот потсетува на Договорот од Преспа меѓу Република Северна
Македонија и Грција и на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка
31
меѓу Република Северна Македонија и Бугарија и ја нагласува важноста за про-
должување на нивната имплементација. Овие два важни чекори треба да стават
крај на сите обвинувања засновани на погрешно толкување на историјата“
(нагласокот е додаден од авторот) (IBNA 2020).53 За разлика од Преспанскиот
договор кој стана (гео)политичко Свето писмо (дури и за опозицијата), постои
впечаток дека Бугарскиот договор за добрососедство се соочува со поотворена
јавна критика, па дури и со отворени патриотски реакции. Ова е особено видливо
кај најжестоките застапници на Преспанскиот Договор, кои секоја критика на тој
договор ја денунцираа како шовинизам, популизам, национализам, па дури и како
проруски став. Одновородените патриоти почнаа да користат дури и го-вор на
омраза и мизогинија во вокабуларот (спрема бугарската министер-ка за
надворешни работи Захариева), што беше внимателно забележано во Софија.
Процесот на толкување на одредбите на договорите (без оглед дали станува збор
за мировни или договори за пријателство) е многу вообичаена појава и деликатен
дел на нивната имплементација. Оваа фаза е особено чувствителна во случај кога
станува збор за (квази)правни и de facto дипломатски текстови кои се намерно
напишани на нејасен и флексибилен начин, кој остава простор за различни
поимања. Најчесто тоа е и единстве-ниот начин да се постигне некој наводен
„компромис“ или „консензус“. Според некои анализи, Софија го засилува темпото
„барајќи целосно признание од Република Северна Македонија дека нејзиниот
идентитет и јазик имаат бугарски основи“, додека „ваквите тврди тактики ги
збунуваат другите членки на Европската Унија, но постојат малку докази дека се
подготвени да ѝ се спротивстават на Софија“.54 Проблемот е што ЕУ е импотентна
како и секогаш порано кога треба да се разрешат споровите во нејзиниот двор, и
како што беше триесетина година назад во случајот со Грција. Проширувањето не
е врвен приоритет на Унијата која се соочува со неуспеси на финансиски,
политички и здравствен план. Се чини дека македонската страна само замени
еден ќорсокак со друг, кој освен тоа е и посериозен и позаканувачки од грчкиот.
53
IBNA, “EU: Bulgaria’s demands included in the conclusions on North Macedonia, with the help of
Germany”, 17 December 2020, online https://balkaneu.com/eu-bulgarias-demands-included-in-the-
conclusions-on-north-macedonia-with-the-help-of-germany/
54
Bechev Dimitar and Marusic Damir, North Macedonia on the Threshold of Europe, The Atlantic
Council, 2020, online https://www.atlanticcouncil.org/wp-content/uploads/2020/12/North-Macedonia-
on-the-threshold-of-Europe.pdf (accessed on 15 February 2021

32
Она што кусогледите аналитичари не го гледаат (или не сакаат да го видат) е дека
двата „спора“ над македонскиот идентитет (име, јазик, историја, култура итн.) се
само две страни на една иста паричка. Историите на меѓународни-те односи и на
меѓународното право не познаваат „спорови“ од ваков вид, како ни такви кои би
можеле да се „разрешат“ на легално коректен начин. Поради нивната
неспособност да ја одиграат улогата на чесен по-средник и да ја искористат својата
нормативна моќ, највисоките претстав-ници на Европската Унија побрзаа да го
поздрават договорот со Бугарија за пријателство како „инспирација за целиот
регион“ (European Western Balkans 2017). Но, дури и некои бугарски аналитичари
го гледаат очигледното дека Договорот за пријателство е напишан на не баш
пријателски начин, и дека е подложен на злоупотреби кога моќта на пазарење е
нееднаква меѓу страните. Василева55 дури и забележува непријателски белези во
заедничките експертски комисии, кои таа ги нарекува Министерство на
вистината. Таа вп свпјата колумна во Република Бг додава дека Бугарија е таа која
не успала да ги разреши своите долгорочни предизвици кога станува збор за
владеење на правото, демократијаата и благосостојбата откако станала членка на
ЕУ и дека за Бугарија владее мислењето дека земјата се придружила кон унијата
по грешка особено имајќи го во предвид заклучокот од реномираниот Политико
дека Бугарија е мафијашка држава (напишано на 9 септември 2020). Во тој
контектст ветотоо на Софија наликува на ироничен пресврт на судбината и
создава чувство на „веќе видено“ (déja vu) од времето кога Република Македонија
беше блокирана од Грција и покрај одредбите на временската спогодба од 1995
година, кои ја обврзувааземјата да не го попречува македонското интегрирање во
меѓународните организации.56
Додека Преспанскиот Договор имаше за цел да го затвори последното
делче на мозаикот на моќ на НАТО на Балканот (особено vis-à-vis руското
влијание во Србија) и успеа во тоа во март 2020 година, процесот на преговори во
Европската Унија дури и не претставува сериозна можност. Променетата

55
Василева, Р., https://respublica.edu.mk/mk/blog/blogger/rvassileva
56
Armakolas, I., & Siakas, G. (2021). “Why did it take so long?” Exploring Greek public opinion as an
obstacle to the settlement of the Macedonia name dispute”, Nationalities Papers, 1-20.
doi:10.1017/nps.2021.
.

33
методологија de facto создаде „грчки (вето) фактор“ кој нема да биде применет
само на ма-кедонските обиди, туку и пошироко. Отсега секоја влада ќе може да
стане „Грција“ (или „Бугарија“) и да ја искористи својата позиција за да условува
(уценува) потенцијална држава членка поради причини кои ги надмину-ваат
Копенхагенските критериуми. Од друга страна, Проева (2020)57 со право
забележува дека новата методологија е бесмислена игра која на поголемите сили
им дава добро алиби за неспроведување на политиката на проширување. Сега
помалите и идентитетски чувствителни членки ќе ја вршат работата на блокирање
на проширувањето на не така функцио-налната Унија.Несомнено, Македонците се
меѓу чеканот и наковалната: или ќе ја прифатат идејата за „нација на многу
етникуми“ (како што преферираат грчката и бугарската страна) или ќе ја
прифатат понудата од Софија и ќе „признаат“ дека се Бугари. Втората опција носи
свои предизвици и опасности за целиот регион. Уште од почетокот на
транзицијата, и Грција и Бугарија се надеваа дека ќе профитираат од старото и
новото Македонско прашање, но равенката има повеќе од две непознати.
Можните сценарија неретко се изнесуваат со помош на посредници
(аналитичари, сенатори на САД, тинк-тенкови и сл.) во различно ‘non-papers’ со
сугестии за прецртување на границите и (не)доброволна поделба на земјата и
населението.
Со последниот самит во Словенија и силното залагање на членките на
Европската унија за влегување на земјите Северна Македонија и Албанија о
последен момент растење неизвесноста за симнување на ветото од страна на
Бугарија. Некако се чинеше дека новата влада новиот премиер, Кирил Петков,
сепак даваше сигнали дека работите ќе се променат. Дури и Владо Бучковски кој е
испратен во Бугарија како специјален претставник на македонската влада изавил

57
Проева Наде, „Бугарскиот џандар за историски прашања – со свој ка-мен по своја
глава“, Нова Македонија, 22 декември 2020, достапно на:
https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/politika/%d0%b1%d1%83%d0%b3%d0%b
0%d1%80%d1%81%d0%ba%d0%b8%d0%be%d1%82-%d1%9f%d0%b0%d0%bd
%d0%b4%d0%b0%d1%80-%d0%b7%d0%b0-%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%be%-
d1%80%d0%b8%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%bf%d1%80%d0%b0%d1%88%d0%b0/?
fbclid=IwAR0kkB9T53gbtjr_JdmAG4Ed9QifSsrS109L8p4GXDCjtYE7625t9aMB9KI

34
за Дојче Веле дека разговорите течат во позитивна насока. 58
Во очите на сегашните бугарски политички елити, Северна Македонија не
заслужува да биде земја членка на Европската унија сè додека не се согласи дека
јазикот што го зборуваат нејзините граѓани не е македонски - јужнословенски
јазик сам по себе – туку е, всушност, изведен од бугарскиот.
Тоа што Бугарија го доведува во прашање правото на земјата да го обликува својот
сопствен идентитет и историја создаде само горчина во една од најпроевропските
земји на континетот, вели Никола Димитров, Заменик претседател на Владата на
Северна Македонија и главниот преговарач со ЕУ на земјата.
И како што стои во изјавата на Никола Димитров:

Изгубивме генерации во чекалната на ЕУ.


Никола Димитров
Заменик претседател на Владата на Северна Македонија 59

Проширувањето е закочено, а владите на ЕУ едвај можат да се договорат за


заедничка стратегија за привлекување на шесте земји кои се надеваат за членство
- Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Северна
Македонија.
Се чини дека новата бугарска влада е отворена за вртење страница во
преговорите со Северна Македонија во врска со јазичните и историските спорови
што доведоа до цврсто вето на Софија на патот на пристапот на Скопје во ЕУ. Како
прво, бугарскиот претседател Руман Радев предлага земјата повторно да го
промени својот устав.
Албанија, чие богатство е врзано за исходот на македонскиот процес, е
оставена и во чекалната на ЕУ. Некои, вклучително и Бугарија, сугерираат дека

58
https://www.dw.com/mk/%D0%B1%D1%83%D1%87%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-
%D0%B7%D0%B0-%D0%B4%D0%B2-%D1%9C%D0%B5-%D0%B2%D0%BB%D0%B5%D0%B7%D0%B5%D0%BC
%D0%B5-%D0%B2%D0%BE-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0-%D0%BD
%D0%B5%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82-%D0%B0%D0%BA
%D0%BE-%D1%81%D0%B5%D0%B3%D0%B0-%D0%BD%D0%B5-%D1%81%D0%B5-%D0%B4%D0%BE
%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%BC%D0%B5-%D1%81%D0%BE-%D1%81%D0%BE
%D1%84%D0%B8%D1%98%D0%B0/a-60053270
59
Интервју со Заменик Претседател на Владата на Северна Македонија, достапно на:
https://www.sep.gov.mk/post/?id=6789#.YdHeG2jMKHs

35
напредокот на Тирана во ЕУ треба да се одвои од Северна Македонија. Тоа
веројатно би претставувало дополнителни проблеми за Скопје.
Сепак, бидејќи повиците за проширување неизбежно ќе паднат на глуви
уши во Брисел и низ главните градови на ЕУ, бројот на оние кои искрено сакаат да
се приклучат на блокот може да почне да се намалува.
Сè на сè, недостатокот на назадување можеби е целиот напредок во
проширувањето на кој можеме да се надеваме во 2022 година. 60
Дискусија
Иако сите релевантни фактори во самата Евроска унија со сите свои
чинители

9. Важност на трудот

Општественото и научното значење на ова истражување, односно важноста на овој


магистерски труд, тргнува од самите очекувања на конкретната тема.
Истражувањето на темата: Европските интегративни процеси и улогата на
дипломатите во решавањето на билатералниот спор помеќу Република Бугарија и
Република Северна Македонија, се смета за предуслов за ставилна држава во
рамките на евроинтеграциите и стабилна држава членка на НАТО - Република
Северна Македонија.
Со тоа се смета дека важноста на ова истражување е многу важно и значајно
за глобланите политики кои иако ги креираат крајно моќните држави имаат голем
импакт фактор врз Република Северна Македонија која иако мала држава, има за
цел стабилна економија, воспоставен и почитуван правен систем, легитимно
банкарство и меѓународна трговија со целиот свет.
Играта која се игра помеѓу република Бугарија и република Северна
македонија каде се вмешува со огромен дел и Европската унија која не дозволува
ова да се реши во рамките на двете држави како билатерално прашање по
отварањето на пристапните преговори е одење по тенок мраз во глобална смисла
на зборот.
60
2022 Enlargement on life support, available at:
https://www.euractiv.com/section/enlargement/news/2022-enlargement-on-life-support/

36
Тука играта се шири и не смее да се прелее во Србија каде круцијалното
прашање е косово и неговата одвоеност од Србија, каталонија која веќе на глас си
ја бара својата независност од Шпанија, Кипар кој наполу е признаен со грчкиот
дел а со турската страна чека веке предолго за влез во Европската унија и голем
број на такви навидум билатерални прашања кои може да ја распаднат
Европската унија ако ова иако незначително за нив Македонскио прашање не се
реши, може да предизвика лавина на незадоволства и прекројување на
границите , нови нестабилни ситуации и воени конфликти.
Прашањето кое стои е дали овие како такви воени конфликти во малите
држави и одговараат на Европа или навистина таа има интерес да го задржи
мирот и стабилноста на континентот и да не дозволи руското влијание да се
прошири во свертите на вој свет - Западен балкан.
Заканите по Националната безбедност на Република Северна Македонија
од сите области и сегменти во кои таа навлегува се елаборираат секојдневно.
Целта на овој труд не е да покаже нешто што е веќе истражено и ставено на
хартија туку да допре до нови сознанија, да помине зад кулисите и да ги надмине
границите на веќе испитаното подрачје.

37
10. Заклучоци и препораки

Денес, поради сѐ поголемиот број учесници во меѓународните односи (држави,


меѓународни организации, невладини организации, транснационални компании,
академски свет и други), фокусот на традционалната дипломатија се проширува.
Од почетокот на своето дејствување до денешниот ден дипломатијата како
политичка алатка за мирно решавање на билатералните и мултиратералните
спорови ја има основна функција да ја обезбеди државата од внатрешни и
надворепни непријателски актери.
Доколку внимателно се анализираат горенаведените поими, дефиниции,
карактеристики и обележја на политичката дипломатијата, ќе се дојде до еден
заклуок дека токму политичката дипломатијата игра огромна улога во
безбедноста, стабилноста и мирот на земјите во светот затоа што со секоја
информација до која ќе се дојде, политичката дипломатијата ја штити
националната безбедност на државата и на другите држави кои може да влезат во
билатерални и мултиралтерални спорови со кои се нарушува глобалниот мир.
Секоја земја има обврска кон своите граѓани да ја штити нивните уставно правни
загарантирани права на живот, на слобода, мирно живеење, почитување на секој
поединец како граѓанин на таа држава.
Со тоа мора да се потенцира важноста на процесот на политичката дипломатијата
и дипломатската спремност за собирање на информации, нивна обработка и
пласирање на истите до секој граѓанин.
Политичката дипломатијата како процес на прибирање и обработка на податоци и
информации што се неопходни за заштита на виталните интереси на земјата од
опасностите од внатре и надвор, во современиот свет, особено денес, претставува
една од виталните државни функции.
Гледани низ историска призма, шефовите на државите, владите и воените
раководства имале потреба однапред да ги согледаат опасностите за сопствените
земји при што обезбедувањето со навремени политички информации кои биле

38
потенцијални закани за земјите, им овозможувало да ги намалат неизвесностите и
да обезбедат солидна основа за донесување на правилни одлуки.
Секоја држава се стреми да изгради безбедносен систем кој ќе овозможи успешно
спротивставување на современите ризици и закани по безбедноста.
Политичката дипломатија како примат во систем на една држава е основа за
опстанок и постоење на државата. Секоја држава автономно го уредува својот
безбедносно – политички дипломатски систем, зависно од потенцијалните закани
и ризици по безбедноста на државата. Овие системи не се еднаш засекогаш
поставени, односно варираат согласно потребите при обезбедување на
националната безбедност.

39
11. Користена литература

1. И Сонцето е ѕвезда – Македонија во ЕУ, Влада на Република Македонија –


Секретаријат за европски прашања, Скопје 2006 год., стр.3
2. М-р Светлана Вељаноска, Европската унија предизвик за земјите од Западен
Балкан, Годишник на Правен факултет, Кичево, 2011 год., стр.141
3. https://european-union.europa.eu/principles-countries-history/country-profiles/
bulgaria_en
4. https://eur-lex.europa.eu/legal-content/EN/TXT/?uri=CELEX%3A12016M049
5. Институционална платформа и принципи за водење на преговорите за
пристапување на Република Македонија во Европската унија, Влада на Република
Македонија-Секретаријат за европски прашања, Скопје, 2007 год., стр.3
6. Институционална платформа и принципи за водење на преговорите за
пристапување на Република Македонија во Европската унија, Влада на Република
Македонија-Секретаријат за европски прашања, Скопје, 2007 год., стр.4
7. https://european-union.europa.eu/priorities-and-actions/achievements_en
8. https://eur-lex.europa.eu/summary/glossary/accession_criteria_copenhague.html
9. https://www.slobodnaevropa.mk/a/%D0%B5%D0%BA-
%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%B5%D1%88%D1%82%D0%B0%D1%98-
%D1%81%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0-%D0%BC
%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-
%D1%83%D0%BC%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%BE-
%D1%80%D0%B5%D1%84%D0%BE%D1%80%D0%BC%D1%81%D0%BA%D0%B8-
%D0%BF%D0%BE%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B5%D0%BD%D0%B0-/
31518990.html
10. https://ec.europa.eu/neighbourhood-enlargement/north-macedonia-report-2021_en
11. Jonsson, Ch., Hall, M. (2005), Essence of Diplomacy, PALGRAVE MACMILLAN Hound
mills, Basingstoke, Hampshire RG21 6XS and 175 Fifth Avenue, New York, N.Y. 10010
12. Ibid
13. https://www.oxfordlearnersdictionaries.com/definition/english/
diplomacy#:~:text=diplomacy-,noun,the%20skill%20in%20doing%20this
14. Поповиќ, В., Турчиновиќ Ф: (2007), Меѓународно јавно право, Правен факултет
Бања Лука, Графопапир Бања Лука, стр.233
15. Савиќ, М.(2012): Држава и дипломатија, Легисол.нет, достапно на:
http://www.legisol.net/drzava-i-diplomatija
16. Bjola, C., Kornprobst, M.:(2018), Understanding International Diplomacy: Theory,
Practice and Ethics, Second Edition, Routledge Taylor & Francis Group, London 2 Park
Square, Milton Park, Abingdon, Oxon, OX14 4RN, and New York, 711 Third Avenue, New
York, NY 10017
17. Ibid
18. Kraska, J: 2011 Contemporary Maritime Piracy: International Law, Strategy, and
Diplomacy at Sea (Contemporary Military, Strategic, and Security Isues), Praeger, ISBN
13: 9780313387258
19. https://legal.un.org/ilc/texts/instruments/english/conventions/9_1_1961.pdf
20. https://legal.un.org/ilc/texts/instruments/english/conventions/9_2_1963.pdf
21. https://legal.un.org/ilc/texts/instruments/english/conventions/9_3_1969.pdf
22. https://legal.un.org/ilc/texts/instruments/english/conventions/5_1_1975.pdf

40
23. https://www.unodc.org/documents/treaties/Special/1973%20convention%20eng.pdf
24. Ѓорѓевиќ, С., Митиќ, М. (2020) Дипломатско и конзуларно право, Правен Факултет
во Белград, Белград, стр: 20,
25. Spies, Y., K: (2019) Global Diplomacy and International Society, University of
Johannesburg, Johannesburg, South Africa
26. Nuric, Sh.:(2010) „Medjunarodno javno pravo I i II“, vtoro preraboteno I dopolneto
izdanie, Praven fakultet Kiseljak, str.133
27. Пашиќ, М.: Дипломатија општи цитати, стр.66
28. Guy J. Golan, Sung-Un Yang, Dennis F. Kinsey,(2015) International Public Relations
and Public Diplomacy: Communication and Engagement, Peter Lang Publishing Inc.
29. Wood, R., J., Serres, J.(2004): Diplomatski ceremonijal I protokoli, Mate doo Zagreb,
Zagrev, str 13
30. Vella, G. (1998) Modern Diplomacy, available at:
https://www.diplomacy.edu/resource/modern-diplomacy-opening-address/
31. Ibid
32. Član 2. Bečke konvencije o diplomatskim odnosima iz 1961. Godine
33. Degan, V.Dj.: (2000) Megjunarodno pravo, Biblioteka na Pravniot Fakultet vo Rijeka,
Rijeka, str.118
34. Nuric, Sh.:(2010) „Medjunarodno javno pravo I i II“, vtoro preraboteno I dopolneto
izdanie, Praven fakultet Kiseljak, str.121
35. Ibid
36. Kissinger, H.: (1999): Diplomacy I and II Version, Press Belgdrade, pp.8
37. Ibid
38. Guy J. Golan, Sung-Un Yang, Dennis F. Kinsey,(2015) International Public Relations
and Public Diplomacy: Communication and Engagement, Peter Lang Publishing Inc.
39. Ibid
40. Nuric, Sh.:(2010) „Medjunarodno javno pravo I i II“, vtoro preraboteno I dopolneto
izdanie, Praven fakultet Kiseljak, str.110
41. Ibid
42. Avramov, S., Kreca, M.: (2008), Medjunarodno javno parvo, XXI izmeneto I dopolneto
izdanie, Praven fakulet pri univerzitetot vo Belgrad, str.158
43. Ibid
44. Официјална страна на Европската Унија, достапна на:
https://ec.europa.eu/neighbourhood-enlargement/enlargement-policy/negotiations-
status/north-macedonia_en
45. Може ли Северна Мкаеоднијона да ги погребе идеалите на Еу? Достапно на:
www.sep.gov.mk/data / file/trascriptdoc
https://www.google.com/search?q=%D0%9C%D0%BE%D0%B6%D0%B5+%D0%BB
%D0%B8+%D0%A1%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0+%D0%9C
%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0+
%D0%B4%D0%B0+%D0%B3%D0%B8+%D0%BF%D0%BE
%D0%B3%D1%80%D0%B5%D0%B1%D0%B5+
%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B5+%D0%BD
%D0%B0+%D0%95%D0%A3%3F&rlz=1C1CHBD_enMK866MK866&oq=%D0%9C
%D0%BE%D0%B6%D0%B5+%D0%BB%D0%B8+
%D0%A1%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0+%D0%9C
%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0+
%D0%B4%D0%B0+%D0%B3%D0%B8+%D0%BF%D0%BE
%D0%B3%D1%80%D0%B5%D0%B1%D0%B5+
%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B5+%D0%BD

41
%D0%B0+
%D0%95%D0%A3%3F&aqs=chrome..69i57.1588j0j15&sourceid=chrome&ie=UTF-8

46. Член 2 од Договорот за пријателство и добрососедство, достапен на:


https://vlada.mk/sites/default/files/dogovori/Dogovor_Za_Prijatelstvo_Dobrososedstv
o_Sorabotka_Megju_Republika_Makedonija_I_Republika_Bugarija.pdf
47. Ibid стр.4
48. https://www.trtworld.com/perspectives/how-north-macedonia-s-eu-accession-process-
was-derailed-51738
49. Интервју со Заменик Претседател на Владата на Северна Македонија, достапно на:
https://www.sep.gov.mk/post/?id=6789#.YdHeG2jMKHs
50. 2022 Enlargement on life support, available at:
https://www.euractiv.com/section/enlargement/news/2022-enlargement-on-life-
support/
51. Balkan Insight, “Macedonia, Bulgaria Sign Landmark Friendship Treaty”, 1 August
2017, online https://balkaninsight.com/2017/08/01/macedonia-bulgaria-sign-
friendship-treaty-08-01-2017/
52. Bechev Dimitar and Marusic Damir, North Macedonia on the Threshold of Europe, The
Atlantic Council, 2020, online
https://www.atlanticcouncil.org/wp-content/uploads/2020/12/North-Macedonia-on-
the-threshold-of-Europe.pdf
53. Ćemalović, Uroš. “Towards a New Strategy for EU Enlargement – Between the Wish for
an Encouragement, the Reality of the Fatigue and the Threat of a Dead End”. EU and
Comparative Law Issues and Challenges Series (ECLIC)
54. Christopoulos Dimitris and Karpozilos Kostis, 10 + 1 Questions & Answers on the
Macedonian Question, Rosa Luxemburg Stiftung Office in Greece, 2018, online
https://www.rosalux.de/fileadmin/rls_uploads/pdfs/engl/MAKEDONIKO_2019_%CE
%95%CE%9D.pdf
55. Chryssogelos Angelos and Stavrevska Elena, “The Prespa Agreement between Greece
and North Macedonia and the Discordancies of EU Foreign Policy”, European Foreign
Affairs Review, vol. 24, no. 4, 2020.
56. Council of Ministers of the Republic of Bulgaria, Framework position on EU accession
and the process of stabilization and association: Republic of North Macedonia and
Albania [in Bulgarian], 9 October 2019, online
https://www.gov.bg/bg/prestsentar/novini/ramkova-pozitsia?
fbclid=IwAR3T5YqWNSunLVYZ0FfixUEfLaS5b8hPm1V2hUYLlwZWtQVJBdjICQc_Rm
Y
57. Дојче Веле, „Грозев: „Проблемот на Бугарија со Македонците е идеолош-ки“, 14
август 2009, достапно на: https://www.dw.com/mk/%D0%B3%D1%80%D0%BE
%D0%B7%D0%B5%D0%B2-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B1%D0%BB
%D0%B5%D0%BC%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-
%D0%B1%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0-
%D1%81%D0%BE-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD
%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B5-%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BE
%D0%BB%D0%BE%D1%88%D0%BA%D0%B8/a-4563020
58. IBNA, “EU: Bulgaria’s demands included in the conclusions on North Macedonia,
with the help of Germany”, 17 December 2020, достапно на: https://balkaneu.com/eu-
bulgarias-demands-included-in-the-conclusions-on-north-macedonia-with-the-help-of-
germany/
59. Проева Наде, „Бугарскиот џандар за историски прашања – со свој ка-мен по
своја глава“, Нова Македонија, 22 декември 2020, достапно на:

42
https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/politika/%d0%b1%d1%83%d0%b3
%d0%b0%d1%80%d1%81%d0%ba%d0%b8%d0%be%d1%82-%d1%9f%d0%b0%d0%bd
%d0%b4%d0%b0%d1%80-%d0%b7%d0%b0-%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%be%-
d1%80%d0%b8%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%bf%d1%80%d0%b0%d1%88%d0%b0/?
fbclid=IwAR0kkB9T53gbtjr_JdmAG4Ed9QifSsrS109L8p4GXDCjtYE7625t9aMB9KI
60. Vankovska Biljana, “Geopolitics of the Prespa Agreement: Background and After-
Effects”, Journal of Balkan and Near Eastern Studies, vol. 22, no. 3, 2020.
61. Vankovska Biljana, The NATO Membership: On the Frontline?, Skopje: Faculty of
Philosophy, 2020a.
62. Vankovska Biljana, The NATO Membership: On the Frontline?, Skopje: Faculty of
Philosophy, 2020a, достапно на:
https://www.researchgate.net/publication/349279677_The_NATO_Membership_On_t
he_Frontline
63. Vankovska Biljana, “A Diplomatic Fairytale or Geopolitics as Usual: A Critical
Perspective on the Agreement between Athens and Skopje”, in: OSCE Yearbook 2018,
Verlag: Baden-Baden, 2019
64. Марковски Д. „Дипломатија, организација и практика“, Скопје, 2002, стр.17
65. Василева, Р., https://respublica.edu.mk/mk/blog/blogger/rvassileva
66. Armakolas, I., & Siakas, G. (2021). “Why did it take so long?” Exploring Greek public
opinion as an obstacle to the settlement of the Macedonia name dispute”,
Nationalities Papers, 1-20. doi:10.1017/nps.2021.
67. Интервју на Владо Бучковски и Кирил петков за Дојче Веле, достапно на:
https://www.dw.com/mk/%D0%B1%D1%83%D1%87%D0%BA%D0%BE
%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D0%B4%D0%B2-%D1%9C
%D0%B5-%D0%B2%D0%BB%D0%B5%D0%B7%D0%B5%D0%BC%D0%B5-
%D0%B2%D0%BE-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0-%D0%BD
%D0%B5%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%BE
%D1%81%D1%82-%D0%B0%D0%BA%D0%BE-%D1%81%D0%B5%D0%B3%D0%B0-
%D0%BD%D0%B5-%D1%81%D0%B5-%D0%B4%D0%BE%D0%B3%D0%BE
%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%BC%D0%B5-%D1%81%D0%BE-
%D1%81%D0%BE%D1%84%D0%B8%D1%98%D0%B0/a-60053270

43

You might also like