Professional Documents
Culture Documents
СЛОБОДИ
Овде станува збор за две слободи кои поради нивната заемност и условеност се искажани
преку една уставна определба (чл. 16). Слободата на мислата е сигурно најстара и основна
човекова слобода која преставува основен услов за егзистенцијата на човекот како свесно
човечко битие и е услов за сите други слободи и права. Слободата на мислата се сфаќа
како апсолутно право а тоа значи секакво негирање (забрана) на организирано и
наметнато идејно, интелектуално и морално инквизиторство, туторство и командување во
однос на мислата на човекот. Слободата на определувањето (позната и како слобода на
совеста) значи неограничена можност на човекот да се определува без притисок и
наметнување од страна дали ќе прифати или не , некое филозофско или идејно, морално
и политичко гледање на светот.
ПРАВО НА СЛОБОДА И ГОВОР