Professional Documents
Culture Documents
Сексуално Преносливи Болести
Сексуално Преносливи Болести
Преносливи болести
Знаеме дека болестите ги предизвикуваат најразлични
микроорганизми,како што се бактериите,вирусите или
габите.
Постојат повеќе начини на пренесување на овие
болести.Дел од нив се пренесуваат и со сексуален
однос.
Овие болести се означуваат како сексуално преносливи
болести.
Некои од нив лесно се лекуваат,но за некои сеуште не е
откриен лек.
Бактериски;
Габични;
Паразитски;
Вирусни.
Видови Болести
Бактериските заболувања ги
предизвикуваат одредени бактерии,а
најчести болести се сифилисот и
гонорејата кои се пренесуваат со
сексуален однос.
Во минатото овие болести биле причина
за смрт за многу луѓе.
Денес тие се лекуваат со антибиотици.
Бактериски
Сифилис е полово пренослива инфекција што ја предизвикува
бактеријата спирохета Treponema pallidum подвид pallidum. Примарно
се пренесува преку полов контакт; а може да се пренесе и од мајка на
дете за време на бременост или при пораѓање, што ќе резултира со
вроден сифилис
ХИВ/СИДА
Инфекцијата со хуман папилома вирус (ХПВ) е најчестиот
сексуално пренослив вирус денес.
Се проценува дека 50 отсто од сите жени и 80-100 отсто од
девојките на возраст од 18 до 25 години доаѓаат во контакт со
вирусот за време на сексуален однос, додека само околу 30
отсто од нив развиваат симптоми на инфекција.
Причината за ова е природно „чистење“ – самозаздравување,
процес кој во голема мера зависи од состојбата на
имунолошкиот систем на заразеното лице.
Имунолошкиот одговор на нашето тело препознава туѓи агенси
и се бори со нив, така што 90 отсто од ХПВ-инфекциите се
надминуваат од нашето тело во рок од две години и лицето
никогаш нема клинички видливи симптоми.
ХПВ
Вирусот ХПВ,кој е опасен за жените,исто така се
пренесува со незаштитен сексуален однос.
Тој може да предизвика карцином(рак) на грлото на
матката.Овој вирус е често присутен без надворешно
забележителни симптоми.Кај некои индивидуи може да
се појават мали брадавички по половата регија,кои се
знак за инфекцијата.Како и за останатите вируси и за
овој вирус не постои лек,но постои вакцина.
ХПВ
Денес се познати околу 150 вида ХПВ, од кои 40 типа се
причинители на инфекции во гениталниот регион, а само
некои генотипови имаат малиген потенцијал.
ХПВ-инфекцијата е проблем и за жените и за мажите. Точно е
дека ХПВ најчесто предизвикува рак на грлото на матката, но
може да доведе и до рак на пенисот, анусот, устата и грлото.
ХПВ може да доведе и до формирање на брадавици на
гениталиите, кондиломи, што го загрозува сексуалното здравје
и може да доведе до сериозни деформитети.
ХПВ
Најчест предизвикувач на габични инфекции е габата кандида -
Candida albicans . Во одредени услови(прекумерна употреба на
антибиотици,дијабетес,нарушен имунитет) таа многу се
намножува и предизвикува здравствени проблеми што може да
предизвикаат и сериозни последици ако не се третираат навреме.
Физиолошки, голем број на микроорганизми на чело со
Lactobacillus ја сочинуваат нормалната вагинална микрофлора.
Овие микроорганизми одржуваат ниво на pH на вагината од 3,8
до 4,2, со што се оневозможува развој на патогени
микроорганизми
Инфекцијата се јавува кога габата Candida albicans (габа која
наликува на квасец) премногу ќе се размножи во вагината. Оваа
се појавува кога добрите бактерии во вагината не може да ги
држат габите (Candida albicans) под контрола со што се создава
поволна средина за размножување на кандидата.
Ова не е инфекција што се пренесува по сексуален пат. Многу е
непријатна, но во најголемиот број на случаи лесно се третира.