You are on page 1of 12

Електрично поле

Изработиле: Дамјан Димовски, Душан Герасимовски и Викторија


Гулевска II-6
Ментор: Елизабета Поповска

12/12/2021 1
Што претставува електрично поле?
• 
• Електричното поле е областа што ги опкружува електричните
полнежи кои привлекуваат или одбиваат други електрични
полнежи. Електричното поле е векторско поле бидејќи секоја
силова линија се поврзува со секоја точка во просторот на сила,
наречена Кулонова сила, која ќе ја има на секоја поединечна
точка, притоа таа точка ќе е со многу мал полнеж во тој момент.
• Наелектризираното тело околу кое се создава електрично поле,
се вика извор на електричното поле. Ако полнежите мируваат,
тогаш велиме дека тие се извор на електростатичко поле.
Електростатичкото поле квантитативно се опишува со векторот
на јачина на електричното поле .
12/12/2021 2
Јачина на електрично поле
• Експерименталната проверка за постоење на
 
електрично поле во некоја точка се состои од
поставување на пробен електричен полнеж во таа
точка. Ако на пробниот полнеж дејствува некоја сила
од електрична природа, во таа точка постои

E=
електрично поле. Пробниот полнеж е мало
електризирано тело (точкест полнеж), со мала
количина на позитивен електрицитет. Неговиот
електрицитет треба да биде мал за да не предизвика
промена на полето што се испитува.
Е – јачина на електричното поле
• Јачината на електричното поле во дадена точка од F – сила со која полето дејствува
полето е определена со силата со која полето дејствува Qpr – пробен полнеж
врз позитивен единичен полнеж донесен во таа точка.
• Оваа величина зависи само од изворот на полето
(колкав му е полнежот како и од тоа каква му е
распределбата) и од местоположбата на точката во
која нè интересира полето.
12/12/2021 3
• 
• Ако електричното поле дејствува со сила од 1 њутн (1N) на
точкест полнеж од еден позитивен кулон (+1C) поставен во
дадена точка, тогаш во таа точка би постоело поле со големина
еден њутн на кулон (1 N/C), а во SI системот оваа единица
почесто се искажува и како волт на метар (V/m).

• Силата со која заемно си дејствуваат два точкести полнежа е


определена со Кулоновиот закон. Ако изворот на полето Q1 го
означиме со Q, а полнежот Q2 го сметаме за пробен полнеж Qpr,
Кулоновиот закон може да се запише како:

= 0

12/12/2021 4
• Интензитетот на јачината на електричното поле Е е пропорционален на
полнежот Q, а обратно пропорционален на квадратот на растојанието r. Тоа
значи дека ако се оддалечуваме од електричниот полнеж, интензитетот на
полето се намалува. Правецот на векторот на јачината на полето се
поклопува со правата што минува низ точката каде што е сместен полнежот
и точката каде се бара полето. Насоката на векторот е од полнежот кон
просторот, ако полнежот е позитивен и од просторот кон полнежот, ако
полнежот е негативен.

12/12/2021 5
Принцип на суперпозиција. Сложено
поле
•  Не секогаш е полето создадено од само еден точкест полнеж,
тукуможе да биде и од повеќе (на пр. n) точкести полињa. Во
таков случај на сложено електрично поле, резултатното поле се
добива како нивен векторски збир:
n

= 1 + 2 ++ n = i
i=1
• Ознаката сигма значи собирање, па таквото собирање на
полињата се вика принцип на суперпозиција. Полето е сложено и
неговото пресметување е можно само за определен број случаи,
кога станува збор за геометриски тела.

12/12/2021 6
Силови линии
• Електричното поле може сликовито да се претстави со помош на
таканаречените линии на векторот на јачината на електричното
поле или силови линии. Овие линии ги вовел Фарадеј во своите
експериментални испитувања.
• Силовите линии започнуваат на позитивните полнежи (извори) и
завршуваат на негативните електрични полнежи (понори) и не се
сечат меѓу себе. Целиот простор околу полнежите е исполнет со
силови линии и густината на силовите линии е мерка за јачината на
полето. Поголема густина на силовите линии одговара на
поголема јачина на електричното поле. Сите нацртани линии на
полето заедно го сочинуваат спектарот на линиите.
12/12/2021 7
• Полето на осамен точкест полнеж се нарекува радијално
електрично поле, па така линиите на полето се радијални и
насочени од полнежот кон просторот за позитивен осамен
полнеж, а линиите на полето се радијални и насочени од
просторот кон полнежот за негативен осамен полнеж.

12/12/2021
Линии на векторот на електричното поле од два точкести полнежи 8
Хомогено поле
• Врз основа на експерименти и теорија, во близина
на многу голема рамнина, која е наелектризирана
рамномерно, се создава хомогено поле. Хомогено
поле е поле чија големина, правец и насока во
секоја точка се непроменливи.
• Електричните силови линии во ваквото поле се на
подеднакво растојание, а доколку тие не се на
подеднакво растојание, тогаш тоа поле е
нехомогено.
• Големината на ова поле зависи од површинската
густина на полнежот, определена со односот
помеѓу полнежот Q и плоштината S на дадената
рамнина.
12/12/2021 9
12/12/2021 10
12/12/2021 11
Користена литература
• Учебник по Физика за II година средно гимназиско образование
• https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%95%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D1%8
2%D1%80%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%BE_%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D
0%B5?fbclid=IwAR3kQCOhf2Oui8wYwKPVZp7P_jWb4A4O6_TGWzn
Ev7AuEBqDbr5ObK4j4oc
• https://www.siyavula.com/read/science/grade-11/electrostatics/09-e
lectrostatics-03
• http://www.e-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/40_Elektrotehnika%20i%20
elektronika%20za%20IV_MAK_PRINT.pdf

12/12/2021 12

You might also like