You are on page 1of 13

Универзитет ,,Гоце Делчев’’-Штип

Економски факултет

Семинарска работа по предметот:

Организациско однесување

На тема:

Лидерство и видови лидерства

Ментор: Изработила:
Трајко Мицески Марија Колева

Штип,2018 година

0
Содржина:

Апстракт..................................................................................................2
Вовед........................................................................................................3
1.Теорија на Харизматично лидерство...........................................6
2.Теорија на Трансакционо Лидерство и Трансформациско
Лидерство..............................................................................................6
2.1.Трансакционо Лидерство......................................................7
2.2.Трансформациско Лидерство..................................................9
3.СУПСТИТУТИ НА ЛИДЕРСТВОТО.......................................10
3.1.СУПЕРЛИДЕРСТВО.......................................................10
ЗАКЛУЧОК...........................................................................................11
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА............................................................12

1
Апстракт

Во оваа семинарска работа се обработени современите


приоди кон лидерството, од кои се издвоени неколку, како
најзначајни и најшироко прифатени. Најпрво е претставен приодот
на лидерството од аспект на харизмата на лидерот како негова
индивидуална карактеристика. Во овој дел е посветено внимание и
на жените како успешни лидери во бизнисот и се наведени неколку
примери за истите. Во вториот дел се прикажани трансакционото и
трансформационото лидерство, со чија помош се согледуваат
причините зошто некои лидери се поуспешни од други. И на крај се
обработени супститутите на лидерството коишто се наоѓаат во:
подредените, задачата и карактеристиките на организацијата, и
влијаат на тоа однесувањето на лидерот во определени ситуации да
не е важно за извршувањето на задачата.

Abstract

In this seminar work, contemporary approaches to leadership are


processed, some of which are distinguished as the most significant and
widely accepted. First, the approach of leadership from the aspect of the
personality of charisma as his individual trait is presented. This section
also focuses on women as successful business leaders and lists several
examples of them. The second part presents transactional and
transformational leadership, which helps to see the reasons why some
leaders are more successful than others. And at the end, the leadership of
the substitution in the subordinates, tasks and characteristics of the
organization, and influence the leadership of the leader in certain
situations is not important for the task.

2
Вовед

Лидерството е концепт кој го фасцинира човештвото од


најстари времиња.
Постојат бројни истражувања и теории кои го согледуваат
лидерството од различни аспекти, кои до скоро, можеа да се сведат
на три главни пристапи за проучување на лидерството: од аспект на
карактерните црти (особините) што ги поседуваат успешните
лидери, од аспект на утврдување на однесувањето што ги
карактеризира успешните лидери и од аспект на ситуацијата (уште
познат како пристап на контингенција), според кој ефективноста на
лидерот зависи од ситуацијата во која се наоѓа тој, односно од
задачите за извршување, способностите и очекувањата на
подредените, организационото окружување,минатото искуство на
лидерот и подредените, итн.
Лидерството моментално е нападнато од сите страни, од
теориите што се однесуваат на него, истражувачките методи за
нивно проучување и примена.Во последните 20 години присутен е
погледот на лидерството од аспект на трансакционото и
трансформационото лидерство. Целта на сите овие истражувања е
да се согледаат причините зошто некои лидери се поуспешни од
други, односно што е тоа штонекои луѓе ги прави успешни лидери,
за врз таа основа да се обучуваат и развиваат лидерите.Покрај ова,
присутни се теориите за лидерот со харизма и ситуациите на
супститути на лидерството. Разгледувањето на секоја од овие
теории предвидува подобро разбирање на комплексниот процес на
лидреството.

3
1. ТЕОРИЈА НА ХАРИЗМАТИЧНО ЛИДЕРСТВО

Харизматичното лидерство претставува навраќање на


старата концепција на лидерите кои “со силата на своите
способности можат извонредно да влијаат на
следбениците”.Следбениците на харизматичните лидери се
идентификуваат со лидерите и мисијата на лидерите, покажуваат
најголема лојалност и доверба во лидерот, ги подржуваат
вредностите на лидерот и неговото однесување, и создаваат
самопочитување од нивниот однос со лидерот.
Главни карактеристики на харизматичните лидери се:
1. Самодоверба. Харизматичните лидери имаат потполна
доверба во нивните способности и начинот на кој ги
донесуваат судовите за нештата;
2. Визија. Тие имаат идеализирана цел која
предлага подобра иднина на status quo. Колку што
е поголема разликата меѓу идеализираната цел и
состојбата на status quo, толку е поверојатно
следбениците да веруваат дека необичната визија
е карактеристика на лидерот.
3. Способност да и се даде артикулација на визијата.
Тие имаат способност да ја објаснат и дефинираат
визијата на начин на кој е разбирлив за останатите.
Оваа артикулација треба да покаже разбирање за
потребите на следбениците и оттука да дејствува како
мотивирачка сила.
4. Силна верба во визијата. Харизматичните лидери
треба да создадат претстава дека се потполно
посветени на својата визија и подготвени да преземат
личен ризик, вклучувајќи и висок степен на
самоодречување, за да ја остварат истата.
5. Однесување кое не е вообичаено. Нивното
однесување се третира како новитет, т.е. како
неконвенционално и неограничено од вообичаените
норми. Доколку се успешни, ваквото однесување
предизвикува изненадување и воодушевување кај
следбениците.

4
6. Појавност во вид на претставник на промените.
Харизматичните лидери се појавуваат како
претставници на радикалните промени, а не како
чувари на status quo.
7. Чувствителност за окружувањето. Тие се способни
да направат реална проценка на оганичувањата во
окружувањето и на потребните ресурси за да се
реализираат промените.

Табела 1 Компоненти на однесување на харизматични


и нехаризматични лидери
Нехаризматични лидери Харизматични лидери
Главно се согласува со Главно се спротивставува на
Во однос на
status quo и настојува да го Status quo и настојува да го
Status quo
одржи смени
Идеализирана визија која е во
Цел која не е во
Идни цели голема дискрепанца со status
дискрепанца со status quo
quo
Заедничката и идеализирана
визија ја прави прифатлива, и
Заедничката перспектива
Допадливост згора на тоа, станува херој со
ја прави прифатлива
кој е достојно да се врши
идентификација и да се копира
Непристрасно Непристрасно застапување по
Доверливост
застапување на намерите пат на голем личен ризик и цена
Експерт во користење на
Експерт во користење на
расположливите средства
неконвенционални средства за
Експертство за остварување на целите
надминување (прекорачување)
во рамките на постоечкиот
на постоечкиот поредок
поредок
Конвенционално,
Неконвенционално или
Однесување конформистичко со
спротивно на нормите
постоечките норми
Слаба потреба за Висока потреба за
Чувствителност чувствителност за чуствителност за окружувањето
на окружување окружувањето за да се за да се промени состојбата на
одржи status quo status quo
Слаба артикулација на Силна артикулација на идната
Артикулација целите и мотивација за визија и мотивираност за
водство водство
Извор на моќ Моќ на позиција и лична Лична моќ (базирана на
моќ (заснована на експертство, почит и
наградување, експертство воодушевување од уникатен
и поврзаност со пријател херој)

5
сличен на себе)
Егалитарен, во потрага по
Елитистички, претприемачки и
консензус или
егземпларен
наредбодавен
Однос лидер-
следбеник Ги трансформира луѓето за да
Ги принудува или им
ги споделат радикалните
наредува на луѓето да ги
промени за кои се залагаат
делат неговите погледи
Извор: Jay A. Conger, R.N. Kanungo: “Toward a Behavioral Theory of
Charismatic Leadership in Organizational Settings”, Academy of
Management Review. No.12, 1987, p.641

2. ТЕОРИЈА НА ТРАНСАКЦИОНО И
ТРАНСФОРМАЦИОНО ЛИДЕРСТВО

Идентификувањето на харизматичните карактеристики на


лидерите може да постане многу важно како што организациите ги
трансформираат традиционалните начини да им се дозволи да се
сретнат со предизвикот на драматична промена..Теоријата за
трансформационото лидерство служи како фондација за овие
значајни развојни промени.
Потрадиционалното трансакционо лидерство вклучува
промени во лидерство помеѓу лидерите и следбениците, но
трансформационото лидерство повеќе се базира на промена на
вредноста од страна на лидерите како и мислењата и потребите на
следбениците.

2.1. ТРАНСАКЦИОНО ЛИДЕРСТВО

Трансакционото лидерство е термин кој се користи за да ги


опише пристапите кон лидерството според кои лидерот со својот
стил ги поттикнува следбениците да работат максимално добро,
согласносо определената задача во дадена ситуација, а по пат на
појаснување на нивната улога во остварување на целите на
организацијата. Овие лидери ги разјаснуваат барањата на задачата на

6
своите подредени за тие да можат со доверба да го вложат
потребниот напор. Исто така, тие ги препознаваат потребите на
потчинетите и нивните желби и објаснуваат како тие да бидат

задоволени ако се направат очекуваните напори.


Најголем број од теориите за лидерство тргнуваат од овој аспект на
трансакционото лидерство , кадешто лидерот кој ја знае ситуацијата,
потербите на подредените и задачата која треба да се изврши, ги
води подредените во извршување на задачата, за што тие потоа
добиваат определена награда. Преку обука, менаџерите стекнуваат
вештини за вакво трансакционо лидерство.За ова, придонесуваат
временските притисоци, слабите методи за проценка, сомневањето
во ефикасноста на позитивното засилување, неконформноста на
лидерот и потчинетите со методот како и недостатокот на
менаџерски вештини.

2.2. ТРАНСФОРМАЦИОНО ЛИДЕРСТВО

За разлика од трансакционото лидерство кое е насочено


кон: подобрување и одржување на квалитетот и квантитетот,
намалување на отпорот кон определени акции, спроведување одлуки,
и др., трансформационото лидерство е поврзано со радикално
свртување на вниманието кон значително подобрување на
вработувањето преку: зголемување на напорот на вработените,
воведување на иновативни и револуционерни идеи и визии за идните
можности.Трансформациониот лидер обезбедува силна визија и
“заразен” ентузијазам, што кај следбениците ја зголемува довербата,
нивните аспирации и обврзаноста кон лидерот. Со тоа следбениците
се високо посветени кон лидерот, позадоволни од самата работа и
спремни да вложат и екстра напор за постигнување успех на
организацијата во услови на предизвикЛидерите им даваат слобода
на следбениците во извршување на задачите и интервенираат само
ако на се остваруваат саканите цели. На тој начин, им овозможуваат

7
на следбениците да остварат подобри резултати од оное што се
очекуваат од нив.
Харизмата е најважната компонента во поширокиот
концепт на трансформационото лидерство. Следбениците имаат
целосна доверба во лидерите со харизма, се чувствуваат горди да
бидат поврзани со нив и веруваат во нивната способност на сите
пречки. Харизматичните лидери им служат како симбол за успех и
совршенство на нивните следбеници. Тие предизвикуваат силни
чувства на љубов(а понекогаш и на омраза) кај потчинетите.
Способноста да инспирира – поттикнува емоции, интерес,
оживување па дури да нервира- е важен аспект на харизмата.
Инспиративноте лидерство ја засилува мотивираноста на
следбениците. Тие можат да бидат инспирирани од идеи, од
пресметливиот интелектуален однос, од брилијантниот пробив или
од убавината на некоја дискусија. Сепак, во основа на сите видови
поттици лежат емоциите на следбениците.
Лидерот има разбирање за индивидуалните потреби на
следбениците. Тој ги вреднува нивните потенцијали за извршување
на тековната работа, како и за зачувување на идните позиции со
поголема одговорност. Лидерот им дава пример и им наметнува
индивидуални задилженија на следбениците, со цел да се постигне
значајна промена на нивните способности и мотовации, како и за да
се задоволат непосредните организациски потреби.
Интелектуалното поттикнување кај следбениците
предизвикува свест за проблемите и за начинот како тие можат да се
решат. Со неа се поттикнува имагинацијата и се генерира
размислувањето и самоанализата. Се подразбира
концептуализација,сваќање и намалување на проблемите со кои се
соочуваат следбениците, како и согледување на можните правци за
нивно решавање.

8
Табела 2 Карактеристики и приоди на Трансакционите
наспроти Трансформационите лидери
Трансакциони лидери
1.Можна(веројатна) награда:Опфаќа размена на награди за
напор,ветува награди за добри перформанси, препознава убаво
однесување.
2.Менаџмент со исклучок(активен): Ги гледа и бара девијациите во
правилата и стандардите, и презема корективна акција.
3.Менаџмент со исклучок(пасивен): Интервенира само ако
стандардите не постојат.
4.Laissez-faire:Се откажува од одговорностите и избегнува
донесување решенија.
Трансформациони лидери
1.Харизма:Продуцира мислење и чувства за мисија, влева
горделивост, добива почит и доверба.
2.Инспирација:Соопштува високи очекувања, користи симболи за да
го насочи напорот, искажува важни предлози на едноставни
начини.
3.Интелектуален поттик:Промовира интелигенција, рационалност
и внимателно решавање на проблемите.
4.Индивидуално размислување:Придава внимание на сите вработени
поединечно, ги обучува и советува.
Извор: Bernard M. Bass, “From Transactional to Tranformation Leadership: Learning
to Share the Vision, “Organizational Dynamics.Зима-1990, стр.22.

3. СУПСТИТУТИ НА ЛИДЕРСТВОТО
Поради несогласувањето со развојот на теоријата за
лидерството и истражувањата за објаснување и предвидување на
ефектите од лидерското однесување, некои од основните
претпоставки за важноста на лидерството биле ставени под знак
прашалник.
Индивидуалните карактеристики на подредените како што
се:способностите, искуството, обуката, знаењето, потребата за
независност, професионалната ориентација и индиферентноста кон
наградите на организацијата, можат да го неутрализираат
лидерството.Доколку вработениот има можности и вештини да ја
врши работата, како и желба за независност, може да нема потреба
од лидер кој спроведува насочување и структурираност.

9
Задачите кои се карактеризираат со рутина, висок степен на
структура, зачестен feedback и високо внатрешно задоволство,
можат да водат кон тоа однесувањето на лидерот да стане
ирелевантно.Така,ако задачата му овозможува на подредениот
адекватно ниво на внатрешно задоволство, тогаш може да не му е
потребен лидер кој би го насочувал.
Карактеристиките на организацијата како што се: постоење
на јасни планови и цели, правила и процедури, кохезивни работни
групи, ригидна структура на награди и физичка одалеченост меѓу
претпоставениот и потчинетиот, можат да влијаат кон супституција
на лидерството.

3.1. СУПЕРЛИДЕРСТВО

Новото во литературата за супститутите на лидерството е


суперлидерство - да ги водите останатите така што тие самите
да се водат. Според овој престап, лидерството не доаѓа од надвор.
Во најдобар случај, екстерното лидерство може да создаде искра и да
го подржи огнот на моќната самолидерска енергија на секоја
личност. Суперлидерството се јавува кога лидерот постепено ја
пренесува моќта, одговорноста и контролата на самоуправувани
работни групи, групи кои функционираат без формален менаџер.
Оваа перспектива дава нова димензија на лидерската сила-
способност да се максимизираат придонесите од другите, помагајќи
им ефективно да ги водат своите судбини, што е подобро отколку
волјата на другите да се пресликува според волјата на лидерот.
Суперлидерот не ја носи тежината на работата сам, туку го дели
товарот со другите, со што сите стануваат се посилни. Притоа
најважно е да се воспостави пример на персонално самолидерство
што ќе се послужи со позитивен модел. Притоа, лидерот ги
охрабрува и ги засилува ефективните само-лидери подредени.
Самолидерството вклучува и воспоставување на позитивна
организациона култура која ја поддржува практиката на
самолидерството. Како и да е, во денешниот свет кој брзо се менува,
акцентот паѓа на креативноста, иновациите а најмногу на
способноста да се одговори на придвижувањата во окружувањето.
Развивањето на способностите на самолидерството на секој вработен
станува критичен фактор во промовирањето на овие важни атрибути
за остварување на целосен организациски успех.
ЗАКЛУЧОК

10
Современите приоди кон лидерството се обидуваат да
навлезат во суштината на лидерството како влијание, процес и др.
Харизматичното лидерство овозможува да ги согледаме
карактеристиките на лидерот со харизма, како и ефектот што го
имаат на следбениците поттикнувајќи остварување и изведба на
задачите над очекувањата. Трансакционото и трансформационото
лидерство ни помагаат да го разбереме начинот на кој лидерите се
однесуваат кон подредените во одредена ситуација и како да се
остварат барањата на ситуацијата. Супститутите на лидерството
укажуваат на тоа дека во одредени ситуации можат да го заменат или
да го спречат лидерското однесување да влијае на задоволството и
извршувањата на подредените. Разбирањето на секој од овие приоди
предвидува подобро разбирање на комплексниот процес на
лидерство.

11
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРA
- James A.F. Stoner: Management, Prentice-Hall, Inc., Englewood Cliffs,
New Jersey, 1978

- James Mac Gregor Burns: Leadership, Harper& Row, New York, 1978,
и Barnard Bass: Leadership and Performance beyond Expectations, Free
Press, New York, 1985

12

You might also like