You are on page 1of 1

Клетници

Раѓањето на романтизмот е условено од општествено-историските случувања.


Романтизмот се јавува во време на големи општествени потреси и национални движења,
во периодот на дотрајувањето и распаѓањето на феудалните општествени односи и
зајакнувањето на граѓанството. Виктор Иго е француски писател и еден од
предводниците на францускиот романизам. Покрај Балзак, Иго се смета за најголема
фигура во француската книжевност во 19 век. Едно од неговите најпознати дела и
најистакнати е романот Клетници.
“Клетници” е реалистичен, психолошки и социјален роман чија непосредна
инспирација е мислењето дека општеството кое е лошо организирано може чесните луѓе
да ги преобрази во криминалци и проститутки односно да ги симне на најниското
општествено скалило.Централната личност, чија животната сторија ги поврзува
останатите сижејни линии на романот е избегнатиот затвореник Жан Валжан.
Трансформацијата на неговиот анти-херој, Жан Валжан, од закржлавена форма на ситен
криминалец чие искуство во затворот резултира со омраза и незадоволство препраснува
во високо почитуван филантроп, г-дин Мадлен, кој не си дозволува проблеми. Жан
Валжан е претставен како жртва на судбината, чија животна сила произлегува од
физичката снага, толку и од неговото длабоко човекољубие, благородност во
страдањето, подготвеноста на жртвата и одрекување. Во неговата животна судбина на
падот и покореноста, авторот ја олицетворува својата идеја за патот и начинот на
човечкото воздигнување и исцелување-преку покореноста, страдањето, љубовта и
жртвата. Со неговиот живот се поврзуваат и животите на други ликови. Неверојатно е
како Иго ги поврзува еден со друг ликовите кои имаат тотално различни приказни. Други
ликови се Фантина и нејзината ќерка Козета. Девојки кои немале среќа во животот, но тој
се менува на подобро благодарение на Жан Валжан. Нејзиниот крај е фатален, но пред
тоа успеала да го осуди општеството што од чесни жени создава несреќни и неморални
жени. Значајна нишка во романот е љубовната сторија на Козета и Маркус, во чиј однос е
олицетворена младоста, нејзината огнена предаденост на љубовта и идеалите, но и
нејзиното невино страдање
Преку своите ликови Иго слика една монументална општествена фреска на своето време,
во кое наизменично се одвиваат колективните сцени и индивидуалните судбини на
неговите јунаци, на кои им останува единствено надежта. Надежта дека од најниското
скалило на општеството ќе се искачат на највисокот и оттаму ќе ги фрлат довчерашните
среќници

You might also like