Professional Documents
Culture Documents
Бањи во Македонија
Бањи во Македонија
• Во бањата се јавуваат три извори и тоа: Нова Каптажа, Горни Базен и Долни Базен.
Овие извори се разликуваат според штедроста и според температурата и
радиоактивноста на водата.
• Овде се наоѓаат два извора, и тоа „Врела Бања“, со температура од 40°С и „Ладна
бања“ со температура на водата од 38°С. Оваа бања, покрај извонредно поволната
туристичко-географска положба во однос на главните комуникациски правци,
располага и со 36 хектари густа и убава јасенова шума која се наоѓа во нејзината
околина.
. Главниот извор Л’џи има издашност која варира од 1-1,5 литри во сек., а температурата на
водата варира од 50-62оС. Карактеристично е, дека со зголемувањето на нивото на р.
Брегалница, покрај капацитетот на термоминералната вода на изворот Л’џи, се зголемува и
температурата на оваа вода. Температурата на главниот извор на бањата Кежовица, е 57оС, а
излезноста 7 литри/сек. Бањата Кежовица, според својата радиоактивност, спаѓа во ред на
најрадиоактивните термоминерални води, не само во Македонија, туку и пошироко на
Балканот.
• Првиот хотел кој бил со 156 легла бил изграден дури во 1934 година.[1]Денеска во
бањата постојат три хотела и неколку одморалишта со вкупен капацитет од 450
кревети. Годишно овде престојуваат по околу 10.000 посетители. Во периодот
по 2008 година, капацитетите на бањата се обновени и таа е една од најсовремените и
најквалитетно опремените бањски центри во Македонија.
• Кумановска Бања, лоцирана во месноста Вруќа Вода, во селото Проевце на само три
километри од градот, беше дел од претпријатието „Бисерка“ од Куманово, кое низа
години е во стечај.
„Бањата не работи“ стои натписот над шалтерот на Кумановска Бања, каде што голем број
заинтересирани граѓани, не само од Куманово, туку и од другите градови во земјава
пристигнуваат и бараат одговор. Стојат пред заклучената врата, прашуваат случајни минувачи
кои само претпоставуваат, а потоа за утеха, во вирот пред едната од двете чешми за полнење
вода се мијат, ги ставаат нозете и заминуваат. Кумановска Бања во која секоја летна сезона се
лекуваа и се релаксираа дури и гастербајтери.
Бањата Стрновец се наоѓа во близина на Куманово и Селото Старо Нагоричане, бањата била
уништена по излевањето на реката Пчиња но пополека се реновира и ги враќа кумановските
капачи.