You are on page 1of 2

УЧЕБНИКАРСКАТА ДЕЈНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА

- Преродбата Крсте Петков Мисирков ја нарекува преродуаiне, возродуаiне или


препородуваiне
- Тоа е период во втората половина на 19 век во кој се одвива процес на културно
– националното будење на македонскиот народ
- Причина за појавата на преродбата се актуелните аспирации на соседните
држави
- Со цел спречување на асимилацијата на народот се создаваат училишта во кои
наставата се одвива на народен јазик
- За потребите на овие училишта започнуваат да се печатат првите буквари и
читанки
1. Учебникари
- За потребите на училиштата започнува печатењето на првите учебници на
Партениј Зографски и Кузман Шапкарев
- Партениј Зографски иако сметал дека Македонците и Бугарите треба да
користат еден заеднички македонско – бугарски јазик, увидел дека во
македонските училишта најлогично е да се користи мајчиниот, македонски
народен јазик
- Шапкарев пишувал и учебници и читанки со црковна содржина
- Ги создаваат букварите и читанките – првите едукативни материјали за
описменување на децата
- Други учебникари се Натанаил Зографски, Димитар Узунов и други.
2. Ѓорѓија Пулевски
- Ѓ.Пулевски имал најјасна визија за употребата на народниот јазик во наставата
и учебниците.
- Пишува речници ( во кои ја претставува богатата народна лексика) и
граматиката ,,Слогница речовска’’ која е показател за несопирливиот развиток
на посебен литературен македонски јазик.
3. Јазикот на македонските писатели во втората половина на 19 век
- Во овој период македонските писатели немаат воедначен став во однос на
користење на македонскиот јазик, па често се среќава во творбите употребата
на повеќе јазици (македонско – бугарско – руски кај Жинзифов)
- Во расказот ,,Прошедба’’ на Жинзифов дијалозите се напишани на народен
јазик
- Сепак очигледна е тенденцијата да се користи народниот јазик во пишувањето
на творбите, особено кај:
- Константин Миладинов кој пишува на струшки дијалект и особености од
западномакедонското наречје
- Глигор Прличев ги пишува на грчки јазик поемите ,,Сердарот’’ и
,,Скендербег“
- Смета дека треба да се создаде словенски есперанто во чија основа ќе биде
неговиот мајчин, охридски говор и елементи од црковнословенскиот јазик
- Својата ,,Автобиографија’’ ја пишува на јазик близок со бугарскиот
- Но генерално гледајќи кај сите писатели од овој период повеќе или помалку е
присутна идејата за користење на народниот јазик во литературните творби

You might also like