Professional Documents
Culture Documents
народ
Фолклорот е народното творештво кое што се пренесува усно од колено на колено.
Фолклорот на еден народ, иако може да е сличен на тој од друг народ тие никогаш не можат да се
исти. Ова е поради луѓето кои што го раскажувале, а и местата каде што фолклорот бил создаден.
Тие најчесто биле неписмени и тоа објаснува зошто фолклорот на еден народ е таков каков што е.
Имаме волшебни пирказни како што се басните и сказните, имаме хумористични вицови и
гатаники и мудри поговорки и народни приказни.
Има нешто магично за тие моменти од раното детство кога седите со вашите баба и дедо и
тие ви раскажуваат разни народни приказни кои што нив им ги раскажувале нивните баби и
дедовци, тоа чувство на невиност. И тоа мислам дека е едно од нештата кој го држат фолклорот
жив во младиот народ, Магијата. Секогаш кога ќе раскажеме некоја гатанка или поговорка, 9 од 10
пати таа сме ја чуле од наште постари. Иако пораката е важна во тие дела сепак мислам дека
најважни ни се тие спомени. Исто голем фактор е и анонимноста. Кои биле овие надарени луѓе
кои ги измислиле овие дела, можеби се наши далечни роднини а можеби и не и тоа никогаш нема
да го дознаеме што е доста магично само по себеси. Таа едноставна мистерија која не можеме
никако да ја тргнеме од творештвото. Големи фактори на фолклорот на еден народ се луѓето и
нивната околина. На пример, ако луѓето живееле близу вода, често имаме легенди за некои си
измислени огромни водени змејови и суштества. Ако луѓето кои ги креирале сказните и песните
биле земјоделци често пати тоа некако ќе најде свое место во нивниот фолклор. Фолклорот го
опишува народот најдобро од што би можело било кој човек.