You are on page 1of 55

Светска литература 

(стара литература)

Епот за Гилгамеш

Пред три илјади години на територијата на денешен Ирак, меѓу


реките Тигар и Еуфрат постоело Асиро-Вавилонско Царство. Таму,
главни културни центри биле градовите Вавилон и Урук.
Вавилонската кула била величествена архитектонска градба, храм
кој достигнувал до „облаците“ за човекот да им се приближи на
боговите. 
Усното творештво создавано на сумерски јазик се претпоставува
дека било запишано околу 2000 г. пр. н. е., а создавано стотици
години пред тоа.
Записите се пронајдени при крајот на XIX век, во библиотеката на
еден храм во градот Нипур. Пронајдени се циклуси песни од кои
најинтересни се песните за Гилгамеш. Тие претставуваат еден вид
епска поема.

„ Гилгамеш “ е јуначко-митолошки еп (епска поема).

Дел од песните имаат историска содржина во кои е опишана


војната меѓу градовите Урук и Киш. Војската на Урук ја предводел
Гилгамеш, а војската на Киш – Акој.
Војната е прикажана многу реалистички.
Другите песни имаат митолошки карактер и во нив се претставени
многу сумерски богови и божици, како и борби со чудовишта.
Еден дел од песните се рефлексивни – исполнети со мисли за
животот и смртта, бесмртноста и славата.
Епот за Гилгамеш се состои од 12 плочи, 12 пеења, кои може да ги
поделиме на два дела, две тематски целини:
– во првите седум плочи се опишани херојските подвизи на
Гилгамеш и неговиот пријател Енкиду;
– во останатите пет плочи е опишан патот и страдањата на
Гилгамеш во потрагата по вечниот живот.
Бесмислено е да бараме вечен живот, но нашите дела можат да нè
направат бесмртни – тоа е идејата во поемата.

Содржина на „Гилгамеш“
Гилгамеш бил крал на Урук и само една третина бил човек, а две
третини бог.
Човекот Гилгамеш ги тиранизирал жителите на Урук, бил страсник
и незаситник. Затоа луѓето им се пожалиле на боговите, па тие
создадале суштество наречено Енкиду кое  требало да ја скрши
силата на Гилгамеш.
Енкиду и Гилгамеш ќе се сретнат, ќе се борат и на крајот ќе се
спријателат. Заедно ќе поминат многу подвизи и борби, но изморен
и осуден од боговите, Енкиду ќе умре.
Осмата плоча е централна во епот и ја опишува тагата на Гилгамеш
по неговиот другар.
Тажаленка
Песната почнува со лирско обраќање на Гилгамеш кон мртвиот
Енкиду. Го нарекува брат и пријател и ја истакнува неговата
бестрашност и сила нарекувајќи го лав, див бик и брз како газела.
Се присетува на борбите кои ги минале заедно, на убавите моменти
од минатото и не може да се помири со неговата смрт. За да се
увери дека е мртов, му го допира срцето кое повеќе не чука.
Тогаш Гилгамеш го започнува своето тажење од седум дена,
корнејќи си ги косите и рикајќи како „лавица“. Тој од себе ја кине
облеката и секое утро започнува нова тажаленка. Седмиот ден, го
закопува својот пријател и го напушта градот Урук.
Трчајќи низ степата Гилгамеш го сретнува кралскиот ловец на кој
му одговара зошто некогаш бил бестрашен и силен, а сега е толку
пропаднат, блед и исплашен:
…мојот пријател,
кој со мене сите опасности ги делеше –
него судбината човечка го стаса.
Шест дена и шест ноќи го оплакував,
сè до седмиот ден
незакопан го оставив.
Судбината на пријателот тешко ме погоди.
Затоа преку полето итам
и барам далечина.
Како тагата и болката да ја стишам
како да се утешам?
Пријателот што го сакав
земја стана.
Енкиду пријателот мој
грст земја се претвори.
Тагата и лелекот градира и прераснува во силна вознемиреност и
страв од смртта. Песната завршува со прашањето кое го поставува
и во следното пеење:
Зар и јас ко он ќе морам да се смирам
и довека да не станам?
******************************
Зар и јас, и јас ко Енкиду ќе умрам?
******************************
По достигнувањето на кулминацијата и соочувањето со смртта, во
следните песни е прикажно очајното барање на тревката на
вечноста. Гилгамеш ќе мисли дека единствен спас за него е
бесмртноста и затоа ќе се труди на секој начин да ја пронајде.
На тој пат ќе го одвраќаат, а особено уверлива ќе биде божицата
Сабиту:
Каде иташ Гилгамешу?
Животот што го бараш – не ќе го најдеш.
Кога боговите луѓето ги создадоа
за нив смртта ја одредија,
а животот за себе го задржаа.
Затоа јади и пиј, Гилгамешу,
телото полни си го,
денот и ноќта во веселба нека ти минат,
секој ден игра и веселба да ти е,
и празник радостен.
Чиста облека облечи,
измиј се, главата намирисај ја,
телото во свежа вода искапи го!
Со радост децата гледај си ги,
за раце што те држат!
Во твоите прегратки жената нека се радува!
Затоа во Урук врати се, во градот свој
како крал и јунак славен!
Упорноста, решителноста и истрајноста на Гилгамеш на крајот ќе
го одведат кај неговиот прататко Утнапиштим кого ќе го праша
како може тој да биде бесмртен, а во ништо не се разликува од
него, ниту е повисок, ниту поширок, ни построен. Тогаш
Утнапиштим ќе му ја раскаже на Гилгамеш приказната за потопот
што е содржина на 11 песна. Во неа е прикажан најстариот опис на
потоп што потоа го презеле и преработиле Евреите во Библијата.
Утнапиштим, избран од боговите и даруван со вечен живот е оној
кој ќе знае за потопот, оној кој ќе изгради куќа-кораб, оној кој ќе го
натовари со своето семејство, со семиња од сите видови, со стока и
мали животни, со занаетчии од сите видови. Потопот е опишан
катаклизмично, та од него дури и боговите се исплашиле. Откако
завршува невремето, Утнапиштим пушта од бродот гулаб кој се
вратил зашто немал каде да застане, потоа ластовица која, исто
така, се враќа и на крајот гавран кој повеќе не се вратил. Тогаш тој
ги пушта сите од бродот.
На тој начин тој ја заслужува својата бесмртност.
По упорноста на Гилгамеш, Утнапиштим решава да му ја открие
тајната за чудотворната тревка која дава вечна младост и вечен
живот. Откако ја зел, Гилгамеш се упатил во својот град Урук за да
им ја подели на сите луѓе. Но, по патот змија ќе му ја изеде
тревката.
Стигнува пред ѕидините на Урук, разочаран од бесполезниот напор
што го вложил во потрага по бесмртноста, но и воодушевен од
величествената градба што самиот ја направил. Всушност, тој сфаќа
дека бесмртни се само човековите дела, она што човекот ќе го
остави зад себе, а во случајов тоа се бедемите на неговиот град.
Дванаесеттата песна е придодадена кон епот и во неа е прикажано
смирувањето и смртта на Гилгамеш.
Ликот на Гилгамеш е целосно изграден. Тој е силен и бестрашен,
една третина човек, две третини бог, верен пријател и другар, кој ќе
се соочи со смртта и ужасно ќе се исплаши од неа. Тој е упорен,
стрплив и непоколеблив во својата намера да ја пронајде
бесмртноста и несебичен неа да ја подели со сите луѓе. Им се
спротивставува на боговите, непокорен е и бунтовен за да ја смени
судбината на смртниците.
Епот е напишан во десетерец (иако во препевот тоа не е запазено), а
поетскиот јазик е богат со метафори, симболи и епитети. Чести се
лирските обраќања во кои на непосреден начин се прикажани
чувствата и размислувањата.

Хомер – „Илијада“
Се претпоставува дека Хомер живеел во периодот меѓу XII и VII
век пред наша ера.

Нему му се припишуваат монументалните епопеи „Илијада“ и


„Одисеја“.

Кога е создадена „Илијадата“, исто така, не се знае, но  античките


поети од VII век п.н.е. знаеле за неа и ја споменуваат во своите
дела, па така може да се заклучи дека е создадена најдоцна до VIII
век пред нашата ера.

 Илијада
„Илијадата“ е епопеја – најголемо епско дело во стихови.
 Темата во „Илијадата“ е Тројанската војна, поточно последната,
десеттата година од војната и уништувањето на градот Троја (Илиј).
 

Според митологијата причината за Тројанската војна е


грабнувањето на Елена, жена на Менелај (крал на Спарта) од страна
на Парис (син на тројанскиот крал Пријам).

Парис ја грабнува Елена како награда од Афродита


Војната ја започнале ахајските владетели: Агамемнон (брат на
Менелај и крал на Микена); Диомед (крал на Калидон);
Одисеј (крал на Итака); Ахил (син на Пелеј, крал на
Мирмидонците); Нестор (крал на Пил) – за да се осветат за
грабнувањето на Елена, но и заради примамливите богатства на
Троја, славата и робинките.
Во одбрана на својот град, од страната на
Тројанците се: Хектор (син на Пријам, крал на Троја кој веќе бил
стар за војување и брат на
Парис); Парис, Антенор, Енеј, Мемнон итн.
 
И боговите се вмешани во војната.

Зевс е неутрален и според некои митолошки приказни тој ја


предизвикал војната зашто сметал дека земјата е пренаселена.

Од страната на Ахајците се: Хера, Атина, Хермес, Посејдон,


Хефест;
а од страната на Тројанците: Аполон, Арес, Афродита и Артемида.
Градот Троја инаку се викал Илиј, па затоа епопејата се вика
„Илијада“.

Тројанската војна траела 10 години (1193-1184 г.п.н.е.).

Во „Илијадата“ се опишани настаните од крајот на војната кои


траат 51 ден. Тука не се кажуваат причините за војната, ниту
нејзиниот тек, бидејќи се претпоставува дека митот и главните
ликови веќе им се познати на читателите.

Ликови во „Илијадата“
  

Ахил е јунакот околу кого се одвиваат настаните во епопејата.


Со него започнува „Илијадата“, без него борбите се неуспешни, а
со неговото враќање се насетува победата на Ахајците. Ахил е
идеал за совршен јунак. Нему не му се важни богатството и пленот
од војната, туку честа и општото добро на сите Ахајци.

Ахил е бестрашен јунак кој е непоколеблив во борба, најубав и


најсилен од сите, одважен, непопустлив, гневен и упорен. Тој е
верен пријател кој се колне дека ќе одмазди по секоја цена.
Одмаздувајќи, го гледаме како бездушен (кога го влече
Хекторовото тело со двоколката), но и сочувствителен,
великодушен и чесен кога му го дава телото на Пријам.
 

Хектор е најславниот јунак на Тројанците.


Хектор зрачи со својата чесност: како човек, како борец, како
сопруг и како бранител на својот град. Заради честа на брат му
Парис, заради честа на татко му Пријам, тој го жртвува својот
живот. Особено пленува љубовта која ја покажува кон жена си
Андромаха и верноста кон неа и семејството. За него тоа е свето, но
сепак најсвета за него е родната земја.

Парис не е како неговиот брат, тој не е толку силен, а ни толку


храбар.
Тој повеќе сака да ужива покрај убава жена, отколку да си ја
одбрани честа или да се жртвува за татковината. Бидејќи причината
за војната е тој, односно Елена која си ја зел за себе, тој учествува
во борбите и двобоите, но онолку колку што мора.

Агамемнон е горд и надмен војководец, храбар и силен, но често


нерешителен и непостојан во своите одлуки (кога сфаќа дека ќе ја
изгуби војната без Ахил, тој го моли за прошка).
 

Hестор е постар од другите кралеви и војсководци.


Тој е претставен како мудар човек, умерен, кој ја согледува
реалната ситуација и застанува на страната на вистината (го
прекорува Агамемнон за кавгата со Ахил и му предлага да
попушти). За него претераната горделивост и инает се негативности
кои човекот мора да ги совлада и надмине.

 
Одисеј е храбар и силен јунак, но исто така се одликува и со
итрина.
Освен што влегува во битките бестрашно и непоколебливо, тој
снаодливо влегува во кампот на непријателот за да ги дознае
неговите недостатоци. Врв на неговата итрина е смислувањето на
тројанскиот коњ.

Андромаха е добра, чесна и вредна жена, верна сопруга и нежна


мајка.
 

Елена е прекрасна убавица, вљубена во Парис, но љубовта ја прави


несреќна.
Не може да поднесе дека таа е причина за толку страдања и смрт,
па затоа се кае за сторената грешка што го напуштила својот маж
Менелај.

Терсит е еден од ретките претставници на долните слоеви на


народот.
Битките ги решавале водачите преку двобои, а не војската.

Терсит е слободен војник, кој е опишан како многу грд со што се


истакнува неговото ниско потекло (кривоног, куц, со криви рамења,
шилеста глава со проретчена коса). Иако бил грд, тој е бистар и
прониклив, а на царевите в очи им кажува која е нивната побуда за
војување: богатење и плен (девојки).

Стилски обележја на Илијадата


 
Стилот на Хомер е реалистичен при описот на борбите, јавниот
живот, семејните односи, домашните занимања, на предметите,
животните, полските работи, верските обичаи итн., испреплетен со
фантастични елементи од митологијата (боговите).

Епското спокојство во раскажувањето како и богатството на


стилски фигури ја креваат епопејата на многу високо уметничко
ниво.

Двојните епитети се одлика на хомеровскиот стил. Секој лик го 


красат специфични епитети кои речиси сраснуваат со името. Така,
Ахил е брзоногиот, божескиот, боголикиот, прекрасниот,
русокосиот, синот Пелејев; Зевс е громобиецот, премудриот,
громовникот, облакоберецот; Агамемнон е силниот, јуначкиот,
големиот, пресилниот цар и великиот водач; Хера е белолакта,
златостолна; Атина- сјајноока; Аполон е сребренолак, далекуметен,
Фојб (светол); Арес е човекоморец, мажоморец, градобиец;
Афродита е насмешлива (весела); Артемида е стрелометна; Хектор
е коњокротец, сјајношлемец итн.

Освен за ликовите двојни епитети се употребени и за други појави


и предмети: кораби брзопловни; оган живожарен; корабоводци итн.

Освен со епитети, „Илијадата“ изобилува и со контрасти,


компарации, антитези и други стилски фигури, што придонесува да
се наслика една реална слика на човековата душа, на човековите
карактери и страсти и на амбиентот во кој се движат и живеат тие
ликови. „Илијадата“ е одраз на целокупниот живот на едно
општество (предробовладетелско) и на еден значаен историски
настан (Тројанската војна).
Софокле

Софокле се смета за еден од основоположниците на трагедијата


како драмски вид, не само во старата грчка туку и во европската
литература.
Својата кариерата на драмски автор ја почнал кога имал околу 27
години. Во 468 година се пријавил на натпреварот за најдобро
драмско дело и го освоил првото место пред Есхил, кој тогаш бил
познат и признат трагичар. Всушност, Софокле бил тој што го
предизвикал на натпревар Есхила, и успеал да го победи.
Книжевната работа на Софокле опфаќа период од шест децении, и
се претпоставува дека напишал 123 драми. Од нив, зачувани
се само седум: „Цар Едип“, „Едип во Колон“, „Антигона“,
„Електра“, „Тројанки“, „Ајакс“ и „Филоктет“.

Митот за Едип на Софокле му послужил како основа за


трилогијата: „Цар Едип“, „Едип во Колон“ и „Антигона“.

„ Царот Едип “

Врз основа на митот за Едип (Ојдип) и неговата трагична судбина,


Софокле ја напишал својата трилогија: „Царот Едип“, „Едип во
Колон“ и „Антигона“.
„Царот Едип“ е трагедија, чија тема е откривањето на трагичната
судбина на главниот лик, а идејата дека не може да се избега од
прореченото.

Дејствието се случува во царскиот двор во Теба (Тива), каде владее


Едип со својата сопруга Јокаста.
Ликовите во драмата се:

Едип – цар на Теба;

Јокаста – негова жена;

Креонт – брат на Јокаста;

Тирејсиј – пророк и гаталец;

Свештеник на богот Зевс;

Гласник од Коринт;

Овчарот на царот Лај, таткото на Едип.

Содржина
Во првиот чин (експозиција) се најавува несреќата што ќе се
случи.
Пред дворецот на Едип се собираат луѓе, а свештеникот на Зевс
говори во нивно име и го моли Едип да помогне и да ја спречи
чумата што завладеала во градот. Бидејќи Едип, пред многу години
го спасил градот од поморот решавајќи ја загатката на Сфингата,
луѓето се убедени дека тој може тоа повторно да го стори. Затоа
него го молат за помош.

Доаѓа Креонт (братот на Јокаста), кого Едип го пратил во


светилиштето на Аполон за да ја дознае причината за поморот – и
тој кажува дека спас е единствено да се открие убиецот на кралот
Лај (стариот крал, таткото на Едип) – да се казни или протера. Едип
пред сите ветува дека ќе го пронајде убиецот и дека ќе го казни.

Во вториот чин Едип сите ги распрашува за убиството на Лај, а


оние кои не сакаат да кажат – ги проколнува. Тогаш го советуваат
да го повика пророкот Тирејсиј кој може да открие вистината.
Тирејсиј му кажува дека тој е убиецот на Лај – татко му, дека е
оженет со својата мајка и дека неговите деца истовремено му се и
браќа и сестри. Едип се разлутува и не може да поверува во таквата
сторија и му кажува на Тиресиј дека тој не е никаков пророк, туку
обичен глупак.
И хорот е на страната на Едип, верувајќи во неговата чесност и
мудрост.

Ваквото пророштво Едип си го објаснува дека е наместено од


страна на Креонт – за да го оцрни и тргне од престолот.

Во третиот чин Едип го повикува и обвинува Креонт за заговор.


Но, тој му одговара дека воопшто не е заинтересиран за престолот,
дека ужива во царскиот дворец без обврски и си заминува не
сакајќи да му се покори на Едип нарекувајќи го „лоша власт“ која
ги обвинува невините.
Јокаста се обидува да ја спречи кавгата, а откако си заминува
Креонт, таа му раскажува на Едип за Лај и пророштвото дека ќе
биде убиен од својот син. Три дена по раѓањето, Лај го однел
детето во планината каде веројатно умрело. Исто така, таа вели
дека Лај е убиен од разбојници, а не од синот, па затоа Едип не
треба да му верува на пророкот.

Наместо да го смири, оваа приказна уште повеќе го вознемирува


Едипа. Тогаш тој ѝ го кажува пророштвото за себе: дека ќе го убие
сопствениот татко и дека ќе се ожени за мајка си. Иако веќе
почнува да чувствува дека има вистина во зборовите на пророкот,
тој сепак ветува дека ќе го фати убиецот и ќе го казни.
Тој продолжува со истражувањето и го повикува робот за точно да
му каже како умрел Лај. Кога слушнал дека не го убиле разбојници,
туку еден човек, сомневањата кај Едип уште повеќе се зголемуваат.
Во четвртиот чин се прикажани страдањата на Едип, сомнежите
кои стануваат реалност и кои му го раскинуваат срцето.
Тогаш доаѓа гласник од Коринт кој му кажува дека умрел татко му,
кралот Полиб и го повикуваат да дојде таму. Едип одбива надевајќи
се дека така ќе ја спречи проречената судбина. Но, тогаш гласникот
му открива дека Едип бил посвоен, дека тој кога бил овчар, од друг
овчар на царот Лај земал дете и им го дал на кралот и кралицата на
Коринт, кои биле бездетни.
За сосема да ја разоткрие вистината, Едип го повикува овчарот на
Лај, и во петтиот чин се дознава целата вистина. Едип очајува и
проколнува, но не може да избега од стореното.
Во шестиот чин сѐ завршува. Завршува животот на Јокаста која се
обесила не можејќи да живее со сознанието дека била мажена со
сопствениот син и со него изродила деца. Завршува среќата,
надежта и иднината на Едип. Тој самиот се прогонува од Теба, а за
да се казни построго – со игли си ги прободува очите, за повеќе да
не гледа. Да не ги гледа своите деца, градот, народот, па ни мртвите
родители во другиот свет – зашто е најголемиот грешник.
Креонт останува во Теба и ветува дека ќе се грижи за децата.

Ренесанса

Данте Алигиери

Прва збирка песни на Данте е „Нов живот“ во која ја искажал


својата љубов кон Беатриче.

Збирката содржи 30 песни поврзани со прозно раскажување. На


почетокот ја раскажува својата прва средба со Беатриче (тој имал 9,
а таа 8 години), кога иако дете почувствувал дека „душата му
затреперила“. Љубовта, по нејзината смрт, се претвора во тага, но и
во ветување дека ќе го воздигне нејзиниот лик.
Делото „Пир“ („Гозба“) содржи 14 алегорични песни поврзани со
раскажување каде Данте ги искажува своите ставови за човековиот
разум, за задгробниот живот, ангелите и Бог. Значајно е тоа што
делото го напишал на народен говор, а не на латински јазик како
што до тогаш се пишувало. Оттогаш тој почнува да се занимава со
филолошки работи и да ја пропагира уптребата на јазикот кој го
разбираат сите. Вака тој станува зачетник на формирањето на
италијанскиот литературен јазик.
Негово најзначајно литературно дело е „Божествена комедија“.
Божествена комедија

Инспирација за создавањето на ова ремек-дело на Данте му дала


љубовта кон Беатриче која сакал да ја овековечи, а успеал заради
својатата широка наобразба, животното искуство, политичките
борби во кои бил директно вклучен, доброто познавање на
филозофијата итн.

„Божествената комедија“ е религиозно-филозофски еп.


Темата во делото е задгробниот живот, односно наградите и
казните што ќе ги добие човекот по смртта според заслугите во
животот.
Идејата е да ја прикаже состојбата на човечките души по
завршениот животен пат и да му укаже на човекот дека треба прво
да изврши сопствена преродба, а потоа да врши преродба на
човештвото (општеството).
Композиција на „Божестената комедија“
Композициски „Божествената комедија“ се состои од 3 дела:
„Пекол“, „Чистилиште“ и „Рај“.
Секој дел се состои од 33 песни од строфи со по 3 стиха (терцини),
а заедно со воведната песна сочинуваат 100 песни. Освен бројот 3
кој игра посебна улога како христијански симбол (Отецот, Синот и
Светиот дух – светото тројство), застапен е и бројот 9 (3 X 3) во
истата улога.

Во сите три дела има: 9 круга во пеколот, 9 степени на


усовршување во чистилиштето и 9 неба во рајот. Бројот на стихови
во сите три дела е еднаков и сите завршуваат со зборот ѕвезда.

Данте раскажува (нараторот) во прво лице, тој е присутен во делото


и сè видел со свои очи. Ова е карактеристично за жанрот видение
присутен во средновековната литература.
Во „Божествената комедија“ има многу ликови и тоа: негови
современици – важни личности од политичкиот и културниот
живот; историски личности – јунаци, уметници, поети; како и
митолошки суштества, личности и божества.
Сите овие ликови суштествуваат паралелно, без разлика на кое
време им припаѓаат и дали се вистински или измислени.

Вилијам Шекспир

Вилијам Шекспир е најголемиот драмски автор на светот и за сите времиња. Тој е


претставник на ренесансата од Англија.
Шекспировото творештво обично се дели на три периода:

1. Ран период
Првиот период се карактеризира со сочен ренесансен хумор, буен јазик, политички теми
или љубовни заплети и расплети. Во овој период Шекспир напишал неколку од
најомилените драми на публиката, како на пример, „Ромео и Џулиета“, „Млетачкиот
трговец“, „Хенрик Четврти“ и „Ричард Трети“ која е претходничка на неговите големи
трагедии.

 
2. Зрел период
 

На преминот кон 17 век започнува големиот „трагичен период“ на Шекспировото


творештво. Овие драми претставуваат духовно раѓање на модерниот западен човек.
Шекспировата оригиналност пред се лежи во разновидноста на неговата инвентивност, во
прикажувањето на фасцинантни индивидуи кои се видоизменуваат.

Меѓу најголемите трагедии се истакнуваат: „Хамлет“, дело кое повеќепати го преправал, а


во кое е прикажан харизматичниот херој – интелектуалец и каде има изобилство на теми
во текстот и подтекстот и заради тоа останува дело-темел на западната духовна култура;
потоа „Отело“, во кое љубоморниот војник со херојски размери го засенува Јаго –
отелотворениот Сатана; „Антонио и Клеопатра“, со фаталната Клеопатра која го
надраснува реалниот историски лик; „Кралот Лир“, каде се обелоденуваат почетокот и
крајот на човечките карактери и судбини итн. 

3. Доцен период
 

Заедно со овие врвни трагедии се и т.н. мрачни комедии, каде нема големи, незаборавни
ликови, туку само цинизам и гадење од човечката превртливост и подлост, од
политичките махинации и воопшто од компромисниот карактер на општеството. (Овие
драми се претходници на егзистенцијализмот кој се појавува во 20 век).

Својот творечки опус Шекспир го завршил во духот на помирувањето. Неговите драми


„Цимбелин“, „Зимска приказна“ и „Бура“, се со фантастична содржина, со многу духови,
необични случувања, заплети кои се разрешуваат на чудесен начин, а ликовите не се
реални, туку наликуваат на ликови од бајките и народните приказни.

Заради ваквата поделба на творештвото, некои критичари сметаат дека вакво било
Шекспировото созревање: по бурната виталност, комика и оптимизам во раниот период,
следува тешкиот трагичен период во кој авторот одел по работ на лудилото на кој се
надоврзува мачниот ироничен егзистенцијализам, за на крајот, Шекспир да се помири и
прости и да го претстави животот како сон.

Има ли на светот попозната реплика од Хамлетовата:


„To be or not to be“ (да се биде или не) — прашање е сега?

„Хамлет“ е трагедија, врвно дело на англиската и светската литература.


Темата во драмата е опседнатоста на данскиот принц Хамлет со идејата да се одмазди за
смртта (убиството) на својот татко. Иако основната тема е одмаздата, во драмата се
проткаени и многу други мотиви: убиството на близок човек, љубовта, приврзаноста,
предавството, семејството, општеството, односите родители-деца итн.
Идејата е пронаоѓање излез од сопствената безизлезност, борбата на човекот против
неправдите, лицемерието, предавството меѓу блиските и во општеството.
Композициски трагедијата е составена од пет чина, како античката трагедија, со сите пет
елементи: експозиција, заплет, кулминација, перипетија и расплет. 

Содржина на „Хамлет“
 

1 чин – експозиција

На почетокот од драмата се претставени ѕидините на замокот Елсинор на кој стражарите


(ХОРАЦИЈ, МАРСЕЛ, БЕРНАРДО, ФРАНЦИСКО) веќе неколку ноќи забележуваат дух
(призрак) кој им наликува на починатиот крал (таткото на Хамлет). Тие се вознемирени и
иако се плашат, сепак се обидуваат да зборуваат со него, но тој ги одбива.

Младиот принц Хамлет, присуствува на венчавката на неговата мајка, КРАЛИЦАТА


ГЕРТРУДА со неговиот чичко КЛАВДИЈ (брат на татко му). Таа венчавка Хамлет не
можел да ја оправда, бидејќи ја сметал за инцест (љубовни односи меѓу блиски роднини),
мајка му му станала и стрина.
Од друга страна е претставено и семејството на ПОЛОНИЈ, главниот државен секретар,
неговиот син ЛАЕРТ и ќерката ОФЕЛИЈА. Таа им кажува на татка си и брата си за
љубовта која ја чувствува кон ХАМЛЕТ, а и за неговата љубов кон неа која ја смета за
чиста, искрена и голема. Тие ја предупредуваат да не им верува многу во празните
зборови штом не се поткрепени со понуда за брак, и дека ХАМЛЕТ поради неговото
кралско потекло, можеби не би можел самиот да си избере жена. Односно, неговата жена
нема да ја избира само тој, туку и целата Данска.
Потоа ЛАЕРТ заминува за Франција.
Пријателите на ХАМЛЕТ (стражарите) го повикуваат да се сретне со духот на починатиот
татко, кралот на Данска, кој веројатно само со него сака да разговара.
Таткото (духот) му кажува на ХАМЛЕТ дека не умрел од природна смрт, туку дека
неговиот брат му ставил отров во увото додека спиел во градината, а потоа излажал дека
го каснала змија. Негова цел била да се ожени со снаата и така да стане нов крал на
Данска.
Ова сознание многу го потресува ХАМЛЕТ и затоа тој решава да се одмазди за убиството
на својот родител. Врз ова се темели судирот на ХАМЛЕТ со омразениот нов крал
КЛАВДИЈ – неговиот чичко и неверната кралица – мајка му ГЕРТРУДА.
2 чин – заплет
 

Заплетот започнува со неочекуваното „полудување“ на ХАМЛЕТ. Тој многу уверливо се


преправа дека полудел за да може да ја дознае вистината. ХАМЛЕТ верувал во зборовите
на призракот (духот), но немал никаков материјален доказ дека татко му е убиен.
Односот кон ОФЕЛИЈА сосема го менува. Се појавува пред неа распарталавен, нечист и
со налудничав поглед.

Веста за променетото однесување на ХАМЛЕТ доаѓа до кралот. Тој се сомнева, па ги


ангажира Розенкранц и Гилденстерн (поранешни колеги-студенти на Хамлет) да ја
испитаат вистинитоста на лудилото.

ПОЛОНИЈ им докажува на кралицата и кралот дека причината за лудилото на ХАМЛЕТ е


љубовта кон ОФЕЛИЈА за која сметал дека не му била возвратена.

ХАМЛЕТ затскриен зад превезот на лудилото на сите в лице им ја кажува вистината и


нивните недостатоци.

Во дворецот доаѓа театарска група со која Хамлет се договара каква претстава да


одиграат, а самиот додава текст за да му се вклопи во планот кој го смислил.

Прочитај повеќе за ликот на Хамлет.


 

3 чин – кулминација

Пред да се разрешат сите дилеми, пред почетокот на крајот, ХАМЛЕТ го кажува својот
најпознат монолог:

ХАМЛЕТ

Да бидеш или да не бидеш ти —


Еве во што е прашањето сега.
Без ропот, молкум да го трпиш срамот
И сите стрели на судбата дива,
Или пак да се противставиш гневно,
Да станеш веднаш, да победиш в борба
Или да паднеш? Да умреш. Да спиеш.
Да знаеш дека ќе ја скинеш така
Нишката на безброј лишувања, маки
На ова тело. Тоа ли е целта?
Да умреш. Да сонуваш. Да спиеш.
Да гледаш сништа? Да, тука е јазлот.
Но што ќе сониш во смртниот сон
Пред ова земно одмотано клопче?
О, еве што го продолжува векот
На сите наши несреќи и беди.
Та кој би трпел подбивања, лаги
Измислени дела и заслуги лажни,
Гадости долни, преправања, хули,
И празни глави и глупи величија,
И тешка болка на презрена љубов,
Кога се може просто да се реши
Со еден замав и удар на ножот?…

Заплетот достигнува кулминација кога КЛАВДИЈ ја гледа претставата во која на


заспаниот крал му ставаат отров во увото, исто како што тој му направил на својот брат.
Му се слошува од сцената и излегува, а за ХАМЛЕТ тоа е доказ за вистинитоста на
убиството.

КЛАВДИЈ станува свесен дека ХАМЛЕТ сака да се одмазди и веднаш почнува да


подготвува нов заговор.
Врвна точка е моментот кога ХАМЛЕТ додека бил во собата на својата мајка забележал
дека некој се крие зад завесата. Мислејќи дека е тоа КЛАВДИЈ, го прободел со меч. Но,
тоа бил ПОЛОНИЈ, таткото на ОФЕЛИЈА. Во разговорот со мајка си ХАМЛЕТ ја истура
сета своја горчина. Ја обвинува за прељубата, за изневерувањето на кралот, но и на него
како наследник, па и на целата држава. Врз неа го фрла и гревот за убиството.

ХАМЛЕТ

Но, мајко, дојдов, со што можам да ве услужам?

КРАЛИЦАТА

Зошто го навредуваш татко ти, Хамлете?

ХАМЛЕТ

Зошто го навредивте татко ми, мајко?


..................................

КРАЛИЦАТА

Дали ме помниш и знаеш ли што сум?

ХАМЛЕТ
Ве помнам добро кралицата сте вие
Во брак со брат му на вашиот маж
И моја мајка, за несреќа моја
.
КРАЛИЦАТА

Но тогаш други со тебе ќе зборат!

ХАМЛЕТ

Од ова место нема да ве пуштам.


Седнете. Ќе ставам огледало пред вас
За да го видам мајчиниот лик.

КРАЛИЦАТА

Што сакаш? Бегај! Ти убиство спремаш.


Истај се! Помош!

ПОЛОНИЈ

(зад завесата)
Еј, стражари, помош!

ХАМЛЕТ

(го вади мечот)


Ах, овде значи и стаорци сноват!
(ја прободува завесата)

ПОЛОНИЈ

(Зад завесата)
Ме уби! (Паѓа и умира)

КРАЛИЦАТА

Боже, што направи син ми.

ХАМЛЕТ
Да не е кралот? Навистина не знам.

КРАЛИЦАТА

Колку си жесток! Каков крвав злочин!

ХАМЛЕТ

Ко оној, мајко: убиј го кралот


За да се мажиш за брата му после.

4 чин – перипетија (пресврт)

Кралот КЛАВДИЈ по убиството на ПОЛОНИЈ сфаќа дека му се заканува убиство, па затоа


го испраќа ХАМЛЕТ во Англија со неговите придружници, Розенкранц и Гилденстерн, да
му дадат на англискиот крал писмо во кое пишува да го убијат ХАМЛЕТ. Тој знае дека
КЛАВДИЈ сака да се ослободи од него, доаѓа до писмото и ја менува неговата содржина
пишувајќи да се убијат придружниците. Свесен е дека мора да преземе иницијатива ако
сака да го одмазди таткото и да ја задоволи правдата.

ЛАЕРТ, братот на ОФЕЛИЈА се враќа од Франција откако разбрира за смртта на татка си


ПОЛОНИЈ. Тој е подготвен да се одмазди и својот гнев го насочува кон КЛАВДИЈ кој
тајно и без почести го закопал ПОЛОНИЈ.

КЛАВДИЈ го искористува гневот на ЛАЕРТ и му кажува кој е убиецот за да ја пренасочи


омразата и вината кон ХАМЛЕТ.

5 чин – расплет

ХАМЛЕТ се враќа од Англија токму кога на гробиштата се одвива тајниот погреб на


ОФЕЛИЈА која се самоубила (се удавила). Тој му раскажува на својот единствен близок
пријател во кој се уште има доверба, ХОРАЦИЈ, што се се случило и кои се неговите
намери.
По смртта на ОФЕЛИЈА омразата на ЛАЕРТ кон ХАМЛЕТ уште повеќе расте, затоа
КЛАВДИЈ лесно го наговорува да го предизвика ХАМЛЕТ на двобој. За одмаздата и
смртта на ХАМЛЕТ да бидат сигурни тие се договараат мечот да го премачкаат со отров, а
ако сепак ХАМЛЕТ се спаси во двобојот, КЛАВДИЈ ќе му даде пехар со вино во кое ќе
стави отров.

Во двобојот ХАМЛЕТ е гребнат со отровниот меч и налутен му го одзема на ЛАЕРТ и со


него го ранува. Мајката вознемирена го зема пехарот со отровното вино и се напива од
него. ЛАЕРТ му кажува на ХАМЛЕТ дека иако раната му е мала, таа ќе биде доволна да
го усмрти поради отровниот меч. Разгневен, ХАМЛЕТ со истиот меч го прободува
КЛАВДИЈ.

Така, многу крваво завршува историјата на семејството и нивното владеење. Но, за


правдата да биде целосно задоволена, последните зборови на ХАМЛЕТ се назначувањето
на Фортинбрас за наследник на престолот.
(Уште таткото на Хамлет неправедно го презел престолот, па затоа сега Хамлет го враќа.)

класицизам

Молиер – „Тартиф“
Жан Батист Поклен – Молиер  е претставник на францускиот класицизам.

Напишал 33 комедии во стихови, од кои најпознати се: „Тартиф“, „Дон Жуан“,


„Мизантроп“, „Вообразениот болен“, „Скржавец“ и др.

„Тартиф“ е комедија со елементи на фарса, комедија на карактери и комедија на нарави.

Темата е конфликтот во едно богато и угледно семејство поради прифаќањето и


величањето на свештеникот Тартиф од страна на Оргон, главата на семејството.

Идејата е да се разобличи и искритикува религиозното лицемерство.

Комедијата е составена од пет чина и е напишана во стихови.

Поводот Молиер да ја напише оваа комедија било француското свештенство кое било
остро против неговиот театар, неговата личност како режисер, писател и артист. Тие биле
против ширењето на слободните мисли, се мешале во државните работи и во интимниот
живот. Затоа Молиер во „Тартиф“ ја разобличува лицемерноста, измамата, лагата и
лажната набожност како главни сопирачки на правилниот развиток на човештвото.
 

Содржина

Во комедијата е претставен судирот меѓу вистината и лагата низ лицемерието на Тартиф


кого дел од ликовите го идеализираат – госпоѓата Пернел и нејзиниот син Оргон, а
останатите го гледаат онаков каков што е – лицемерен лажго.
Иако Тартиф не се појавува до третиот чин, тој е во центарот на вниманието и е причина
за недоразбирањата во семејството. Во првите два чина од другите ликови дознаваме за
особините на Тартиф и за поделеноста на семејството. Сѐ додека тој не се појавува, не сме
сигурни кој е во право.

Ликови: Госпоѓа Пернел (мајка на Оргон), Оргон (главата на семејството), Елмира (втора
жена на Оргон), синот Дамис и ќерката Маријана (од првата жена на Оргон), Дорина
(слугинка и придружничка на Маријана), Клеант (брат на Елмира).

1 чин

Госпоѓата Пернел се подготвува да ја напушти куќата бидејќи се чувствува навредена во


сопствениот дом. Таа не им дозволува на останатите да дојдат до збор и постојано го фали
Тартиф, а нив ги осудува и навредува.

На сите им забележува по нешто:

Елмира – да не се преправа со задоцнета љубезност, дека таа само фрла пари за облеки
што за неа е доказ дека не го сака доволно својот маж;

Дорина – дека иако е само слугинка многу зборува и без нејзиното мислење ништо не
може да помине;

внукот Дамис – го нарекува глупак;

внуката Маријана – дека личи на јагне, но дека тивкиот вир ја плаши (скришно прави
недозволени работи);

Клеант го цени и фали, но не го прифаќа неговиот начин на живот.

.
По ова претставување на ликовите од гледиштето на госпоѓата Пернел, следува
конфликтот за Тартиф. Таа – против сите останати. Таа го претставува како човек за фалба
и пример, човек – вистински побожен кој сака сите да ги поведе по божјиот пат.
Мислењето на останатите е дека: дошол бос и гол, бедник кој го крева носот и на сите им
заповеда што да прават во нивниот сопствен дом, секаде го пика носот, па дури не ги
прима гостите кои до тогаш биле чести и добредојдени.

Разговорот продолжува за Оргон кој е претставен како уште позаслепен од неговата мајка.
Го примил Тартиф како негов брат, го цени повеќе од мајка си, жена си и децата. На
трпезата му го дал почесното место и за него го издвојува најубавото јадење. Сѐ што ќе
каже Тартиф, за него е свето и слепо му верува.

Во следната сцена е претставена љубовта на Маријана кон Валер, но и љубовта на Дамис


кон сестрата на Валер.

На крајот од овој чин доаѓа Оргон и настанува комична сцена во која се гледа неговата
заслепеност и вљубеност во Тартиф. Му кажуваат дека на Елмира ѝ било лошо, а тој само
за Тартиф прашува, и иако бил целосно услужен, со храна, пијалак, мирен сон, Оргон цело
време ги повторува зборовите: „Ах, кутриот човек!“. Се разбира, за жена си не ни
прашува.

А кога на крајот од овој чин станува збор за свадбата на Маријана и Валер, Оргон почнува
без причина и објаснување да ја одложува.

2 чин

Во вториот чин Молиер ја вметнува приказната за љубовта на двајцата млади, Маријана и


Валер, оддалечувајќи се малку од главната тема, но во функција на осветлување на
главниот проблем.

Прво, за таа љубов се спречкуваат Маријана и татко ѝ Оргон, бидејќи тој ја убедува дека
треба да се омажи со Тартиф.

Но, Дорина се вмешува:

ДОРИНА

Се фали тој само. Се чудам јас често


набожноста како заедничко место
со лагата има? Бара божји спас,
а бара и живот полн со земна сласт;
проповеда скромност, а високо лета
и в срце му бујна амбиција цвета.

Исто така, Дорина ја убедува Маријана да се бори за својата љубов.

Кога се појавува Валер, повторно настанува конфликт, но сега меѓу вљубените.


Конфликтот брзо се разрешува, повторно со помош на Дорина. Нивното моментално
инаетење и пркосење (Маријана му вели дека ќе се омажи за Тартиф) е надминато поради
чистата љубов што ја чувствуваат.

3 чин

Во третиот чин се појавува Тартиф кој ги оправдува особините кои му ги припишуваат


Оргон и неговата мајка. Тој ѝ замерува на Дорина што носи деколтиран фустан и на тој
начин ги предизвикува мажите.

Но, таа остроумно му одвраќа:

ДОРИНА

И вие сте склон кон соблазност, значи?


И вас грешна мисла за жена Ве мачи?

Тартифовата лицемерност уште повеќе се гледа во сцената со Елмира во која тој отворено
ѝ се додворува, а таа ја прифаќа неговата љубов, но под услов да не ја спречи венчавката
на Маријана и Валер. Дамис бил сведок на оваа сцена и сакајќи да го разобличи и
отстрани Тартиф од куќата, на сите им кажува што се случило. Но, Оргон е толку заслепен
од Тартиф што воопшто не поверувал, па дури оди до таму што го брка сина си од
сопствениот дом и бара Маријана веднаш да се омажи за Тартиф.

 
4 чин

Во овој чин е прикажано целосното разобличување на Тартиф и тоа во сцена која е


наместена и е идентична како претходната во која Тартиф ѝ се додворува на Елмира.
Сцената е сама по себе комична, затоа што Оргон, за да биде директен сведок, е скриен
под масата.

Ваквото прислушување е типично за фарсата. Дијалогот што се води ги открива


вистинските особини на Тартиф:

ТАРТИФ

Слушајте го само тоа што го зборам,


оставете сам јас да страдам и горам,
дозволете сега јас Вас да Ве имам —
а за гревот лесно… Сиот јас го примам.
................................
Лесно можам да го излечам тој страв —

со целосна тајност што ја гарантирам:


невидено зло — не е зло, Елмира!
Ни следува суд за она што е знајно,
а грев не е она што се врши тајно!

Во овие зборови јасно се гледа дека Тартиф не верува во Бога (кој е сеприсутен и пред
него не може да се скрие ништо), дека е обичен развратник, лажго, измамник,
користољубив и лицемерен.
Сознанието на оваа вистина е казната на Оргон, но не само тоа туку и финансиската
последица од заслепеноста. Тој целиот имот му го препишал на Тартиф.

5 чин

Клеант (братот на Елмира) во овој чин ги искажува класицистичките погледи: дека


човекот треба да го следи разумот, да не им потпаѓа на чувствата и страсите. Го осудува
Оргон за неговото неразумно и непромислено однесување.
Во куќата доаѓа Тартиф со полицајците барајќи го имотот за кој има документи. Но, се
случува ненадеен пресврт, полицаецот, наместо Оргон го апси Тартиф, бидејќи се дознало
дека тој е познат измамник кој се криел зад разни имиња и законот го прогонувал. Тука
Молиер искористува прилика преку зборовите на полицаецот да го пофали кралот и
неговата мудрост и праведност. Но, сепак за величањето да не биде пренаметнато, тој ја
завршува драмата со среќата на двајцата вљубени, Маријана и Валер, за кои објавува дека
ќе стапат во брак.

Ликови

Во ликот на Тартиф Молиер создал типичен лик на лицемер. Тој е измамник скриен зад
свештеничката наметка, кој на многу перфиден начин ги искористува слабостите на
другите луѓе.

Својата подлост многу добро ја маскира. Тој секоја лага и злодело ги прикрива со вишите
цели, односно со црквата и Господ. Кога Оргон го брка сина си од дома, тој тоа дело го
смета за полезно за црквата, кога му го дава имотот – го прифаќа од страв да не падне во
лоши раце. Но, за да го задржи имотот, оди и го шпионира кај власта дека Оргон има тајни
документи. Од богомолец тој лесно се престорува во шпион.

Сепак, најнегативните особини на Тартиф се гледаат при заведувањето на Елмира –


развратен, сладострастен, ненаситен, дволичен, алчен, неверник, омаловажувач на вербата
во Бога, па и на самиот Бог. Неговите страсти ги става пред сѐ.

Преку ликот на Тартиф, Молиер насликал типичен лик на неговата епоха, кој подоцна
станува синоним на лицемерство и лажна набожност.

Оргон е богат, лековерен набожник. Неговата заслепеност се граничи со глупост. Тој не е


во состојба да го препознае лицемерното пријателство и потпаѓа под влијанието на
Тартиф. Оди до таму во својата наивност што е подготвен за некој новодојденец да се
откаже од сопственото семејство. Го дава имотот, го брка синот, ја дава ќерка си на
Тартиф – до каде ли треба да оди неговата глупавост и наивност? Тој мора да слушне со
свои уши и да види со свои очи дека е измамен, бидејќи не им верува на своите блиски,
туку му верува на лажливиот туѓинец.

Госпоѓата Пернел е слична на својот син. Тие двајцата се на истата страна – го


заштитуваат лицемерот толку слепо и фанатички и затоа се носители на смешното во
драмата. Таа е религиозно заслепена, против земните уживања и смета дека сите што не
мислат како неа – грешат. Па, дури е навредена од туѓото поинакво мислење и затоа
демонстративно ја напушта куќата.
.
Останатите ликови се спротивни на Оргон и мајка му. Тие се позитивни ликови, кои со
здрав разум успеале да се ослободат од религиозното чувство и да ги согледаат
вистинските намери на Тартиф.

Елмира е добра сопруга, мајка и снаа, која сака да помогне во разобличувањето на Тартиф.
Таа сака да ја одбрани својата чест и да го разубеди заслепениот сопруг, па затоа божем го
заведува Тартиф.

Дамис е чесен и искрен и се обидува отворено да му каже на татка си дека е заведен.

Дорина е посебно изграден лик преку кој се претставени широките народни маси и
нивните позитивни особини: добрина, умност, трезвеност, здрав разум и критички став.
Таа е многу интелигентна и веднаш ги сфаќа намерите на Тартиф. Иако е слугинка, јасно,
преку лесен хумор ги изнесува своите ставови. Целосно му е предадена на семејството и
секогаш е тука за да помогне да се разрешат конфликтите. Особено ја поддржува
Маријана, којa е премногу мирна и покорна, и ѝ помага да се спротивстави на татко ѝ и да
се избори за својата љубов.

романтизам

Бајрон – „Странствувањето на Чајлд Харолд“


Лорд Џорџ Гордон Бајрон е претставник на романтизмот од Англија.

Со своите поеми Бајрон се искачува на врвот на англиската литература:


„Странствувањето на Чајлд Харолд“, „Абидонската свршеница“, „Лара“, „Корсар“,
„Ѓаур“; драмите: „Манфред“ и „Каин“; и хумористично-сатиричните текстови: „Дон
Жуан“ и „Небо и земја“.

„Странствувањето на Чајлд Харолд“ е романтичарско-индивидуалистичка поема,


составена од четири песни.

Тема во поемата е патувањето и доживувањата на Чајлд Харолд.

Идеја – да го искаже своето разочарување од сегашноста и приликите во Англија и во цела


Европа.

 
Содржина

Поемата нема класично развиено дејство, нема заплет, ни композиција освен што е
составена од четири пеења. Дејството се одвива хронолошки, како што се одвивало
патувањето задржувајќи се на позначајните места. Тоа се: војните на Наполеон; соочување
со освојувачки и ослободителни војни; ја велича борбата на Шпанците против Наполеон;
ја велича античката цивилизација; ја опева славата и пропаѓањето на Рим; ја опишува
битката кај Ватерло, потенцирајќи го ужасот и апсурдноста на војната.

1 песна

Поемата започнува со описот на Чајлд Харолд, кој е млад човек, почитуван и познат, од
благороднички род, кој наместо да се посвети на полезна и творечка работа, се оддава на
бурен, развратен живот со оргии и пир. Презаситен од таквиот живот кој веќе му здодеал,
решава да го напушти родниот кат. Разочараноста не произлегува само од ваквиот живот
туку и од односите во општеството, па решението го бара во бегството, во осамувањето,
во потонувањето во сопственото јас.

2.

Си бил во Англија и еден човек млад:

на доброчинството му бил тој туѓ… Крај жена

разгалено, до бес, би уживал, од јад!

Ја чекал зората со вино, полно пена;

сред развратот тој сам и идоли си кренал.

На порокот во плен – се спуштил тој во шир:

го презрел сето сам што другите го ценат.

Но среќен само бил сред оргија и пир,

крај жени паднати сал нашол сладок мир!

3.

Пред вас е Чајлд Харолд. Јас нема тука таен

да водам разговор: од каков беше род.

А родот негов беше чествуван и знаен,


со честа беше познат тој под овој свод.

Постапките на внуков беа срамен плод

и честа дедова тој почна да ја гнаси.

Ни летописецот што тоне сиот в пот

не би можел со неа легенда да краси,

а камо ли поет со лаги да ја спаси.

5.

Не се плашел од грев – во гревот тонел цел;

по патот тргна сам што в неморал го тера.

Но – една љубел тој со силен занес врел –

па сепак, можеби, во себе немал вера.

Со ласки развратни кон неа имал мера:

на својот идол свет тој не фрлил со кал:

та неверен би бил и утре како вчера!

Би била скршена од клетников без жал:

да скине оков јак тој потем се би дал.

6.

Од сешто заситен без желба и без страст,

не сакаше да види близок другар сега.

Во очите му често солза видов јас,

но знаеше со гордост срце тој да стега.

Скитајќи в мисли, сам, се реши не на шега

да напушти за долго бучен, роден кат.

Од својата судбина тој нејќеше да бега:

би примил удар нејн, тргајќи Чајлд на пат,


би барал нови луѓе, макар и сред ад!

10.

Не прегрна тој мајка штом на пат се крена,

ни сестра си ја виде пред да тргне в свет.

Тој замина со тага душа што му свена.

Без поздрав другарски по море тргна, клет.

Не затоа што беше корав, студен сет –

та не! Но само оној којшто љубел знае

од ошто толку многу болката без ред

засилува, та човек – колку корав да е –

на разделба од тага не може да трае.

По описот на главниот лик следува Прошталната песна во која преовладува возвишениот


и патетичен тон на разделбата на главниот јунак од својата татковина.

Песимистичкото расположение и копнежот по светли хоризонти се причината тој да ги


изрече топлите исповедни зборови на љубов кон родниот крај, родителите и пријателите.

Проштална песна
 

О, збогум, роден крај. Ти сив

исчезнуваш зад морска шир.

А ветрот јачи; галеб див

со својот пискот руши мир.

На запад сонцето се крие

и ширта морска губи сјај;

се губиме по патот ние…

О, добра ноќ, мој роден крај!

По час и друг, пред зора-ал


ќе прсне тоа лачи пак;

ќе сретнам тогаш море сал,

но не и тебе брегу драг.

Глеј, дреме мојот замок убав;

во каминот ни плам, ни жар.

Во бршлан ѕидишта се губат

и вие таму песот стар.

„Мој пажу мал, приближи се

и речи зошто плачеш ти?

Те плаши бранот бурен, не?

Ил мракот злобен, можеби?

Избриши се и глава горе:

На коработ е се вввво ред;

одвај да може најбрз орел

тој кораб да го стигне в лет.

И нека да не лула бран,

и ветрот нека праќа крик;

не ме плаши ни океан,

ни бурата со својот рик.“

— Не чудете ми се, ве молам

сер Чајлд, што в тага тонам цел.

Разделбите со блиски болат…

Ме пратија по светот бел.

Од тате испратен јас бев,

му видов в очи светол лач;


за мама појќе ми е грев

што долго ќе ја гуши плач…

„Да, чудно солзите ти стојат;

успокојуваат, јас знам.

Да имав невиност јас твоја

би плачел како ти и сам.

Ти ела, верен слуго мој!

Зар повторно од бледност знак?

Те плашат бури ли без број,

а можеби и Француз-враг?“

— В малодушност јас не сум свенат.

Сер Чајлд, не се плашам ни јас!

Но дома оставив и жена.

Ме сакаше со силна страст.

Со децата и минат дни

крај личниот ви голем двор.

Но, штом го спомнат татка си

— што ќе рече тој тажен створ?

„Те разбирам, ќе страда често.

Се запознав со твојот бол.

Но и да сум на твое место

со потсмев би го примил зол.

Зар има уште таков маж

што верува во женски стон?

Штом не си тука — нова драж


ќе блесне кај нив и во сон!

А страстите се стара тема;

за идни ништо не би дал.

Јас жалам само зашто нема

за некого да сум во жал.

А вака сам, сред море, мрак,

ко крадец некој што се скрил —

кај човечки ќе најдам траг

штом туѓ за луѓето сум бил!

Да, мојот пес… Два-три дни само

(дур не свикне!) тој жал ќе таи,

но ако пак се вратам ваму

— ќе бидам пречекан со лај.

Мој корабе, да одиме!

Ти сечи бран, на долг сме пат!

Кај сакаш таму води ме,

но само не во татков кат.

Јас поздрав искрен вам ви праќам

о, бранови со таква моќ.

На поздрав — поздрав, земјо, враќам:

мој крају роден — добра ноќ!“

Во продолжение на песната, во дијалог со пажот, неговото расположение се менува.


Пажот е тажен што ја остава татковината, жена си и децата, а Чајлд сфаќа дека нема по
кого да тагува. Тој зад себе не остава никого, освен празниот дворец и песот. Не остава
никого кој му е важен. Затоа осамен, отуѓен од сите, без навистина блиски луѓе, тој
решително ја напушта татковината. Без поздрав, заминува во потрага по егзотични места,
каде ќе размисли за сè и можеби ќе успее да ги реши внатрешните дилеми.
Најпрвин ги посетил Португалија и Шпанија, каде иако се земји со древна цивилизација,
луѓето страдаат и се потчинети. Тој се надева дека славните витешки времиња повторно ќе
се вратат и луѓето ќе се ослободат од ропската потчинетост. Неговата лична тага и
разочараност се зголемува и прераснува во светска тага поради доминација на злото и
несреќата.

2 песна

Чајлд Харолд чувствувајќи симпатии кон поробените народи го продолжува своето


патување во Грција и Албанија каде се соочува со истото страдње и несреќа. Поетот не
може да сфати дека потомците на Античка Грција можат да го поднесат теророт што се
врши врз нив од страна на османлиската власт. Сликата на Балканот е мрачна и крвава.

Албанецот, со чалма, застанал на патот,

а пиштолот со резба беше шарен сет,

навезена му беше дреата со злато…

Македонец со појас, крвав, сиот блед

крај делија што држи јатаган…И ред

од вакви робје гледаш…

Особено е воодушевен од љубезноста и гостопримството на Албанците. Во оваа песна


освен разочараноста која ја чувствува, поетот повикува на борба .

3 и 4 песна

Харолд го продолжува своето патување во Холандија, Германија, Швајцарија и други


европски земји за да го задоволи својот авантуристички дух, како и да се пронајде себе.

Во овие песни е поприсутен мотивот на осаменоста, како и мотивот на природата која е


единственото нешто недопрено од човекот и можност да се избега во нејзините прегратки.
Пејзажот е во функција на романтичарскиот идеал каде човекот го пронаоѓа својот мир и
спокојство. Единствено во природата Харолд се чувствува исполнет и среќен.

Во последната песна при посетата на Италија исто така се навраќа на нејзиното античко
минато. Тој и понатаму е во истото расположение, осамен бунтовник кој останува само
набљудувач на општествените збиднувања.
Основни карактеристики на Бајроновиот романтичен јунак се чувството на светската тага,
откривањето нови егзотични простори и поддршка на борбата за ослободување на
угнетените европски народи.

Бајронизмот како движење влијаело врз англиската и европската литература.

Под бајронизам се подразбира: култ кон слободата, желба за патување во далечни и


егзотични земји, потенцирање на индивидуализмот, човековото разочарување кое
преминува во светска тага, величање на славното минато (античко и витешко) и
недопрената природа.

„Евгениј Онегин“ од Пушкин


Романот „ Евгениј Онегин “ го сочинуваат осум пеења, со различен број
песни. Александар Сергеевич Пушкин ја создал онегинската строфа составена од 14 стиха.

Иако поетот е претставник на романтизмот, романот е замислен врз реалистична основа


каде се запознаваме со секојдневните настани од животот на руското дворјанство.

Темата во романот е љубовта; младешката, идеализирана и неостварена љубов на


Татјана кон Онегин и нејзиното созревање.

Времето на случување се дваесеттите години од деветнаесеттиот век, во Петроград, на


село и во Москва. Дејствието се одвива по хронолошки ред со паралелен развој на
неколку сижејни линии.

Содржина
Романот започнува со претставување на Онегин, кој по смртта на вујко му од кого добил
наследство, решил да замине на село и да го смени начинот на живот, бидејќи градскиот
веќе му здодеал.

Поетот се навраќа на минатото на Онегин, на татко му, кој правел по три бала годишно и
на тој начин го потрошил богатството. Се навраќа на детството, кога Онегин не добил
којзнае какво образование и на неговата младост, кога најважно од сè му било убаво да
се облече, да оди по балови и театри и да кокетира со девојките.

Без разлика на неговото површно образование, тој знаел убаво да зборува, знаел
да се шегува, бил прифатен во друштвото и омилен кај дамите.

Тој постојано излегувал, бил канет на сите балови и приеми, а дома се враќал во
мугри кога другите луѓе тргале на работа. Во театарот него не го интересирале
претставите и уметноста, туку убавината на дамите. Дома тој имал свој работен
кабинет, но Пушкин со иронија го опишува, бидејќи во него имало: турско луле,
увозни украси, парфеми, прибор за нокти. Всушност, тој кабинет не бил за работа,
туку за дотерување. Таму тој поминувал по три часа дневно контејќи се.

И неговата облека била помодарска, странска. И храната исто така, односно,


специјалитетите што ги јадел биле странски. Всушност сè во животот на Онегин е
подредено на уживањето и на бесполезното поминување на времето. Преку него,
Пушкин ни ја претставил однародената, безработна петроградска младина. Тој е
тип на излишен човек (непотребен, вишок).

Откако му здодеал ваквиот бесмислен живот, а и заради вујкото кој е пред


умирање и кој му остава наследство, Онегин решава да замине на село.

Но писмо одеднаш му дојде:

да тргне веднаш, овој саат.

Го викна вујко му да појде —

за заден да се видат пат.

Ги прочита редојте неми,

за патот далечен се спреми,

го приготви багажот свој,

на тројката се качи тој,

и, зарад пари готов беше

на лаги, воздишки, на се…

Но, и на село само неколку дена бил воодушевен од воздухот, природата и мирот, а
потоа повторно му станува здодевно. Се обидува да ги смени господарските односи со
воведување на помали даноци со што го предизвикува револтот на соседите.

Тогаш во селото доаѓа Владимир Ленски, убав, млад поет. Тој е сосема различен
од Онегин. Тој ја сака природата, ја опејува во своите песни, живее во занес и
верува во чистата и искрена љубов.
…Се зближија. Та бран и камен,

ил стих и проза, мраз и пламен

по нешто личат, блиски се…

Но зарад спротивностите,
во нив досадата се влеа.

А потем … што да зборувам

и зошто да оспорувам!

– Неразделни и блиски беа.

Од немање што да правиш

пријателство ќе направиш!…

Тие толку се зближуваат што Ленски отворено му раскажува на Онегин за


големата љубов што ја чувствува кон Олга. Тој ја засакал уште кога биле деца, ја
гледал како расцутува и се вљубувал во неа, осамувајќи се и посветувајќи
ѝ безброј песни. Сестрата на Олга, постарата – Татјана била различна и посебна.
Молчалива и тажна, дива

ко срна плашлива што бива,

во својот роден татков кат

ко туѓа била секојпат.

Од својте галена да биде

не можела да трпи баш;

ко дете неа никогаш

да игра никој не ја видел,

Крај прозор сама седела,

по цел ден, мисли редела.

Таа не се интересирала за женските работи, за везењето, за облеката, за модата, неа ја


интересирале страшните приказни кои во детството ѝ ги раскажувала дадилката, ја
интересирала природата, изгрејсонцето и читањето на романтичарските книги.

Претставувајќи ги сестрите, поетот се навраќа и на нивните родители, на нивната мајка


која во младоста била вљубена во друг, но нејзините ја омажиле за имотен човек, па по
некое време таа се помирила со судбината и презела сè во свои раце – владеела со
својот маж и со имотот. Таткото, пак, ја сакал, ѝ дозволил сè, ѝ верувал и само јадел,
пиел, спиел и понекогаш со блиски пријатели попладне се дружел. Живеејќи мирен
селски живот остареле заедно и тој починал.

Заедно со Ленски, од здодевност и Онегин оди во посета кај Ларини. При таа посета,
мирната и повлечена Татјана се вљубува во Онегин бидејќи тој е единствениот нов лик во
селото. Таа само чекала да се вљуби во некого, во главата и срцето направила место за
својот идеален љубовник. Не го ни познава каков е, но го поистоветува со ликовите од
романите што ги чита. Затоа, кога ќе се појави Онегин, таа ќе си рече: тоа е тој!

По оваа средба Татјана уште повеќе се повлекува во себе и гори од љубов. Не


можела да јаде, не можела да спие. Единствена на која ѝ се поверувала била
нејзината дадилка, па во разговорот со неа малку ја стивнувала својата љубовна
болка.

Љубовта на Татјана поетот ја опишува со многу милост и топлина, но и со сочувство кон


нејзината наивност, заслепеност, страст која ѝ ја отвара душата ѝ ја прави бескрајно
искрена. Не знаејќи како да си ја стивне љубовната страст, таа решава да му напише
писмо на Онегин во кое сосема отворено ги искажува чувствата.

На крајот од писмото таа вели:

Но — сеедно: во твое крило

судбината ја препуштам

што заштита од тебе моли…

Би сакала да не пуштам

ни плач… но, напразно? ме боли.

Јас сама сум. Зар некој мене

ме разбира? Но кој е тој?

Молчејќи гинам … Сепак, денес

те чекам тебе мили мој.

Со поглед еден надеж јака

оживи ми, ил овој сон

прекрати го со ошто сакаш:

со прекор, презир, суров тон.

Завршувам! До смрт се плашам:

јас премирам од страв и срам…

Но, позната е честа ваша:

во неа не се сомневам…
Таа три дена чека одговор на писмото, пребледува и гори, но одговор нема.

Тогаш Онегин доаѓа во нивната куќа, а таа од срам и страв бега во градината. Тој ја наоѓа
и ѝ кажува дека е многу поласкан од нејзиното писмо, дека тоа поттикнало љубов кај него,
дека кога би сакал да се жени, би ја одбрал неа, но тој не е подготвен на таков чекор.
Објаснува дека тој не човек за брак и дека таа би била несреќна со него. На крајот ја теши
дека таа ќе си најде друга љубов, подостојна од него. Татјана не му одговара ништо, само
си ја наведнува главата од болка и тага.

По тој состанок љубовта кај Татјана не стивнува. Таа и понатаму тагува, молчи, не спие и
свенува.

А, љубовта на Владимир кон Олга сè повеќе расте. Тој по цел ден е кај неа, ѝ пишува
песни во нејзиниот споменар, а не може да се оддели од неа ни ноќе зашто и сонот и го
посветува. А, таа, весела, жуборлива, не ги ни чита неговите песни, не ги сфаќа сериозно
и лесно наоѓа и друга забава.

Времето минува, Онегин повлечен на својот имот станува како Чајлд Харолд, го обзема
монотонијата и мрзливоста. Зимата, доаѓа Владимир и го посетува и поканува Евгениј кај
Ларини на именденот на Татјана.

На прославата, Онегин ја забележува тагата на Татјана која го оптоварува и не му


се допаѓа.

Не трпеше Евгениј веќе

од нервни појави ни траг;

девојчински тој солзи нејќе,

ни сака нејзин воздив благ.

Се лути чудаков што дојде:

Со погледот по Тања пројде:

ја виде свената од бол.

Тој спушти поглед, молњи полн,

се наду. И негодувајќи,

тој Ленски ќе го фрла в бес,

— за одмазда. Ни пет ни шест

и предвреме тржестувајќи

во својта душа, полна гнев


— со гостите ќе прави смев.

Прославата продолжува, гостите јадат и пијат, се развеселуваат. Кога започнуваат


валцерите, тој го дочекува часот на одмаздата. (Сака да си поигра, да го нервира и да му
се одмазди на Ленски зашто го повикал на забавата на која тој треба да ја трпи тагата на
Татјана.) Ја повикува Олга да игра со него и со неа ја поминува целата вечер. Од срам и
од љубомора Ленски го предизвикува Онегин на двобој.

Пред двобојот, во лутина, Ленски посакува да не ја види повеќе Олга, но таа се појавува
пред него весела и безгрижна како и секогаш, прашувајќи го каде се загубил тој на
прославата. Тоа малку го расколебува за извршувањето на двобојот, бидејќи повторно се
чувствувал сакан. Но, омразата кон Онегин и потребата да ја заштити Олга од таков
развратник и ласкател, ќе го одведе во смрт.

Во двобојот, по стапките на оддалечување, Евгениј пука и го погодува Ленски под срцето,


а Ленски воопшто не испукува од својот пиштол. Тогаш Онегин се чувствува изиграно, го
гризе совеста и иако победник, тој е поразениот.

По таа случка, Онегин му се враќа на стариот живот, веќе никој не знае ни каде е, ни што
прави.

Од друга страна, пак, за жал, поетот Владимир Ленски, неговата љубена брзо го заборава
и се омажува за друг. Татјана останува сама во селото. Таа тагува, шета по полињата и
еднаш влегува во куќата на Онегин, во неговиот кабинет. Гледајќи ги неговите работи,
читајќи ги неговите книги, таа за првпат се запознава со него и сфаќа каков бил тој.

Во тој период Татјана ги одбива сите понуди за брак, па затоа мајка и одлучува да
заминат во Москва каде сигурно ќе се најде некој за ќерка и. Таму ги дочекуваат
многубројните роднини, а сите тетки веднаш се обидуваат да и најдат некое момче. Ја
носат по балови и театри и ја запознаваат со многу луѓе.

Патешествијата и желбата за забава и заборав, го доведуваат и Онегин во Москва, на


бал, каде го сретнува својот стар пријател, кнезот, кој се оженил со Татјана. Кога се
сретнуваат во новата средина, во изменета ситуација, Татјана реагира многу ладнокрвно,
достоинствено, учтиво му проговорува и си заминува.

Онегин не може да верува дека оваа рамнодушна московска дама е истата девојка од
село. Тој се вознемирува, почнува сонот да не го фаќа, да мисли само на неа. Тогаш му
стигнува покана за вечера кај кнезот. Станува нестрплив, едвај чека да оди и да ја види.

Оди на гости растреперен, влегува кај нив, и иако на момент е насамо со Татјана,
тој не може ни да прозбори. На вечерата таа е прекрасна, со сите гости се
однесува убаво, насмеана, љубезна, вистинска домаќинка. Ваквата Татјана,
Онегин не може да ја тргне од умот.

Но, без сомнение: Онегин


љубовната ја сети моќ:

во мисли љубовни тој сега

поминува и ден, и ноќ.

Без трошка страв од својта совест

под прозорец Татјанин снове

и, речиси, е секој ден.

Ко сенка тој ја гони, нем,

и среќен, чест што му падна,

— тој крзно и наметнува

и погледот засветнува

од допирот на рака ладна.

Ги враќа назад слугите,

и држи шал пред другите…

На сето тоа, Татјана не реагира.

Од невозвратената љубов, Онегин се разболува, но не сака  да оди во странство и да се


лекува бидејќи сака да биде во нејзина близина. Немоќен, несреќен, тој решава да и
напише писмо. Во него тој ја изразува својата љубов и каење што кога таа сакала, тој не
бил подготвен за брак. Сега, тој е подготвен да ја моли, да ја преколнува, да плаче, само
таа да му ја возврати љубовта. Но, таа не му одговара. Тој ѝ пишува уште писма, но не
добива никаков одговор.

Онегин се повлекува во себе, чита книги, живее во минатото. Пролетта тој малку
живнува, почнува да шета, но не издржува и оди кај Татјана. Ја наоѓа дома сама,
облеана во солзи читајќи ги неговите писма. Остануваат некое време гледајќи се
со љубов, но Татјана прва го прекинува тој момент. Таа многу трезвено му кажува
дека секогаш ќе го сака, и дека ѝ е жал што тој не ја прифатил нејзината љубов
кога тоа било возможно, но дека сега е доцна и таа нема да го изневери својот
маж.

Ликови
Евгениј Онегин е претставник на градската благородничка средина. Тој е многу
самоуверен човек кој умее да го прикрие своето незнаење и површно образование.
Неговите стремежи и чувства се нестабилни. Тој се обидува од здодевноста да избега со
пишување поезија и читање книги, но не успева. Ништо не го интересира – забавите му
стануваат здодевни, и животот на село му е здодевен, и дружбата со Ленски му е
здодевна, а љубовта на Татјана му претставува товар.

Навикнат да се однесува кон жените ладнокрвно, тој и кон неа е таков. Нејзиното писмо
не го допира премногу, а кога ја одбива (воопшто не помислува да не ја одбие) за да не ја
навреди, се обвинува себеси и своето сфаќање за слободен живот. Сепак, настапува
џентлменски бидејќи веројатно чувствува некаква симпатија и сожалување кон неа штом
не ја искористува нејзината љубов, како што го правел тоа многупати претходно.

Најнегативно е неговото однесување на именденот, кога за да го направи Ленски


љубоморен, тој цела вечер танцува со Олга. И зошто? Само затоа што нему му била
здодевна љубовта на Татјана. Уште пострашно е што избрзува и не размислува за
последиците. Од истите причини го прифаќа двобојот во кој го убива својот пријател.
Тврдоглавоста и глупоста го прават убиец. Тој не е рамнодушен што го убива пријателот,
го гризе совест и сосема се повлекува одејќи во непознат правец.

Кога повторно ја сретнува Татјана, тој не може да се помири што таа е туѓа и
недостижна. Не може да се помири со нејзиното студенило и одбивање и затоа
лудачки се вљубува во неа – до разболување. Но, Онегин не би бил свој кога на
крајот не би се помирил и вратил на претходните идеали, на распуштениот и
безделнички живот, тешејќи се дека времето лечи сè.

Татјана е сосема поинаква, постојана во својата љубов и реална. Достоевски ќе рече


дека би било подобро ова дело да го носело нејзиното име, зашто таа е главниот лик,
позитивниот лик, претставничка на здравата, убава, паметна и цврста руска жена.

Уште во детството таа била сериозна, израсната на село, без детски игри и кукли, со
желба да слуша народни приказни – таа е претставничка на романтичарското сфаќање за
животот и природата.

Осамена и отуѓена од градските манири, таа го чека својот принц да дојде кај неа, но го
дочекува Онегин. Млада и наивна, безрезервно се вљубува во него, иако не го ни
познава. Затоа се решава на чекор кој е несфатлив за тоа време – да му напише љубовно
писмо.

Премногу искрена и отворена, таа верува во човечноста и искреноста на другите. По


неостварувањето на нејзината желба да биде со Евгениј, се задоволува со близината на
неговите предмети. Но, набрзо преку нив сфаќа каков е тој и се разочарува од својот
херој.

 
Напуштањето на селото за неа е многу болно зашто не го сака бучниот град и
тамошната малограѓанска средина. Тука, таа ќе ја жртвува својата љубов и ќе се
омажи за стариот кнез, роднина на Онегин. При повторната средба, таа ќе се
однесува ладнокрвно, но е јасно дека сè уште го сака. Ќе го одбие, не заради
освета, туку заради нејзиниот цврст карактер и морал кои нема да ѝ дозволат да
го изневери мажот.

Владимир Ленски е типичен романтичарски лик. Тој е мечтател, поет, кој детски
се вљубува во Олга. Поседува висок морал и жестоко ги брани своите ставови.
Неговата нестабилност, пребрзаност и занес се гледаат кога во жарот на
љубомората го предизвикува Онегин на двобој што всушност го убива.

реализам

Оноре де Балзак
Оноре де Балзак е претставник на францускиот реализам.

Балзак има многу обемно творештво. Неговите дела тој ги поврзал во една целина која ја
нарекол „Човечка комедија“. Меѓу најпознатите се романите: „Шуани“, „Евгенија
Гранде“, „Чичко Горио“, „Изгубени илузии“, „Шагринска кожа“, „Селани“ и др.

Карактеристики на романот „Чичко Горио“


„Чичко Горио“ од Оноре де Балзак е роман чија тема не е единствена. Опфатени се три
паралелни приказни кои се испреплетуваат поради средбите на ликовите.
Тој е реалистичен, психолошки, социјален и семеен роман.

Дејството се случува во Париз, 1819 година.

Приказната е реализирана преку сезнаечки наратор (раскажувачот сè знае и сè гледа).

Темата ги опфаќа:

1. Драмата на чичко Горио;

2. Животот и моралното пропаѓање на Ежен де Растињак;

3. Судбината на робијашот Вотрен.

Овие три приказни се поврзани со местото на живеење – пансионот на госпоѓата Вокер.


Романот е уметничка слика на ликови кои од различни причини го загубиле својот висок
општесвен статус и се приморани да живеат во најсиромашниот париски кварт.
Општеството е виновник за положбата во која се наоѓаат.

Идејата е да го прикаже општеството каде движечка сила се парите кои морално го


деградираат човекот и сочинуваат свет преполн со егоизам, лицемерство, интриги,
подлости, измами и предавство.

Содржина на романот „Чичко Горио “

На почетокот од романот е претставен сиромашниот кварт каде се наоѓа пансионот на


госпоѓата Вокер. Преку него, Балзак ни ја претставува цела Франција и односите во
општеството. Ги претставува ликовите и нивното минато, подредувајќи ги по катови како
што се подредени во општеството.

На првиот кат се најбогатите, а како се качуваат погоре се сè посиромашните. Многу


сликовито е опишан мирисот на пансионот, кој е карактеристичен за сите такви места. Тој
го нарекува пансионска реа – „мириса на затворено, на мувла и бајато, студено и влажно
при дишењето, мирисот се впива во облеката, ја има реата на соба во која штотуку се
вечерало, смрди на кујна, на немиени садови, на прифатилиште“.

На првиот кат од пансионот се наоѓаат најубавите станови во куќата. Таму се сместени


госпоѓата Вокер во помалиот, а во поголемиот госпоѓата Кутир (вдовица) со младата
девојка Викторина Тајфер.

На вториот кат има исто така два стана, во кои живеат Поаре и господинот Вотрен.

На третиот кат има четири соби. Во нив се сместени: госпоѓицата Мишоно (стара мома),
чичко Горио и Ежен де Растињак (едната е празна, но најчесто таму живеат студенти).

Во поткровјето се наоѓа таванот за сушење алишта и две мансардни соби во кои се


сместени слугата Кристоф и дебелата готвачка Силвија.

По описот на пансионот и жителите, дејствието го води Ежен де Растињак. Тој потекнува


од пропаднато благородничко семејство и по секоја цена сака да постигне нешто во
животот.

Прво се зафатил со работа и учење, но забележал дека жените имаат огромно влијание во
општествениот живот, па решил да се впушти во таков свет и да си најде заштитнички.
Тетка му го поврзува со виконтесата де Босеан (богата и влијателна), која го поканува на
бал. Таму, тој се запознава со грофицата Анастазија де Ресто со која танцува и ја поканува
на повторна средба.
За време на пансионскиот ручек Ежен раскажува за балот, за госпоѓата де Ресто, за
нејзината убавина, танцувањето. Горио со внимание го слуша и блеска од задоволство и
среќа. Кога тој заминува од масата, другите го озборуваат дека таа му припаѓа на Горио,
дека тој ја издржува и дека го водат ниски страсти.

Утредента Ежен оди кај грофицата на договорената средба, убаво облечен и преполн со
надеж. Во салонот се среќава со љубовникот на грофицата, Максим де Трај.

Во задниот дел од куќата, грофицата тајно се сретнува со Горио, го бакнува, го испраќа и


се враќа во салонот да ги пречека гостите. Таа повеќе внимание му обрнува на Максим, а
Ежен се обидува да се бори со соперникот за вниманието на Анастазија. Тоа му успева
кога доаѓа грофот и убаво го прифаќа заради неговото потекло и роднинските врски со
виконтесата де Босеан. Но, кога Ежен го споменува Горио, нивниот однос сосема се
менува, па тие речиси го исфрлаат од куќата.

Разочаран, тој оди кај Босеан која е растревожена заради нејзините љубовни односи,
поточно зашто нејзиниот љубовник решил да се жени. Ежен и раскажува за посетата на
Анастазија и тогаш дознава дека Горио им е татко, нејзе и на Делфина.

Приказната на Горио

Кога бил млад, Горио бил работник во фабрика за тестенини. Со упорност и ризик за
време на економската криза успеал да се збогати. По смртта на својата жена, тој целото
внимание им го посветил на ќерките кои бескрајно ги разгалил.

Тој им нашол богати и угледни мажи и им го поделил богатството оставајќи си за себе


само колку што му било неопходно. Анастазија ја омажил за гроф, па таа станала грофица
де Ресто, а Делфина ја омажил за барон и таа станала бароница де Нисенжан. За титулите
дал големо богатство, на тој начин сметајќи дека засекогаш ќе ги обезбеди ќерките и ќе им
овозможи лагоден живот.

Во почетокот, Горио бил сместен на првиот кат во пансионот Вокер, во најубавиот стан.
Секој ден се дотерувал, со убава облека, перика и со златен синџир. Но, како минувало
времето неговите ненаситни ќерки му го земале и тоа малку што му останало, а тој
осиромашувал и се качувал сè погоре во пансионот Вокер.

Госпоѓата Вокер дури сакала да го заведе Горио и да се омажи со него, но кога сфатила
дека единствена љубов во неговиот живот се ќерките, се откажала и почнала да го
озборува. Го претставувала како сладострастник кој имал две љубовници што ги
издржувал.

Кога Ежен ја дознава вистината за Горио и за ќерките кои се откажале од него и не сакаат
повеќе ни да го видат, па дури и се срамат од него, многу се растажува. Босеан му
предлага да го запознае со Делфина де Нисенжан која сè би дала за да влезе во високите
кругови, а таа нему ќе му го овозможи тој влез. Освен тоа, сестрите биле многу завидливи
и љубоморни една на друга, па на овој начин Ежен ќе и врати на Анастазија за нејзиниот
понижувачки однос кон него.

Заради ова, кога се враќа во пансионот, Ежен де Растињак зазема заштитнички став кон
Горио.

Ежен решава да преземе акција за влез во високото општество, па затоа им пишува писма
на мајка си и сестра си во кои се понижува себе си, само за да добие пари од нив. Пари, за
да може да купи убава облека, а тие можеби ќе останат без основни средства за живот. Се
чувствува ниско заради тоа, ист како ќерките на Горио.

Приказната на Вотрен

Во дејствието на романот преку разговор со Ежен се воведува приказната за Вотрен и


Викторина Тајфер. Вотрен сосема го разбира Ежен и неговите намери за влез меѓу
богатите преку љубовни односи со богати жени.

Вотрен е 40-годишен, силен маж, со широки рамења, цврст, набиен, со длабок глас, човек
кој се познава со сите, се разбира од сè, пријатен, услужлив, шегаџија. Тој му предлага на
Ежен поинаков начин, односно наместо да наоѓа љубовници – да се ожени со Викторина
Тајфер.

Викторина била убава, млада девојка која поради несреќниот живот, малку пропаднала.
Татко и се откажал од неа, а целото богатство го оставил на нејзиниот брат. Вотрен му
навестува дека преку наместен двобој тој може да го убие нејзиниот брат и така таа да
остане единствена наследничка. Ежен малку се зачудува од предлогот, но не го коментира
и не го одбива.

Влезот на Ежен во високото општество

Ежен де Растињак ја посетува Босеан за таа да го исполни ветувањето дека ќе го запознае


со Делфина.
Иако Босеан многу непријатно се однесува кон него заради сопствената несреќна љубов,
сепак попушта и тие заедно одат во театар. Случајот сака таму да се сретнат со Делфина
која била пред раскинување со нејзиниот љубовник (тоа е една од причините што Босеан
го упатува Ежен на неа).
Растињак и се приближува на Делфина токму со разговор за нејзиниот татко, односно со
случката кај сестра и. Ежен ја понижува Анастазија, ја прикажува како сурова, како
неќерка (всушност го искористува лошиот однос меѓу сестрите).
Кога се враќа дома сè му раскажува на Горио, бидејќи тој сака да слушне сè што се
однесува на неговите ќерки. Тој ја бакнува земјата по која тие газат. А, Вотрен, пак, го
потсетува на разговорот за Викторина Тајфер. Ежен забележува дека тој и се допаѓа на
Викторина и не ја отфрла сосема можноста за спојување со неа.
Со нова облека и почетничка среќа Ежен игра комар, добива пари кои ѝ ги дава на
Делфина за да ги исплати долговите на нејзиниот поранешен љубовник и на тој начин ја
започнува врската со неа. Но, Ежен продолжува со коцкањето и запаѓа во долгови, а за да
се раздолжи позајмува пари од Вотрен.
 

Расплетот на трите приказни

Ежен и Делфина во договор и со помош на Горио си подготвуваат стан во кој би живееле,


а таткото би можел непречено да доаѓа и да ги посетува.
Вотрен не се откажува од неговата замисла и затоа една вечер во пансионот приредува
пијанка во која всушност ги успива сите. Утрото дознаваат дека братот на Викторина
загинал во двобој.
Во меѓувреме, госпоѓата Мишоно и Поаре се сомневале дека Вотрен е измамник, избеган
робијаш, познат под името Лажи-смрт, а неговото вистинско име било Жак Колен. За
доказ, требале да го откријат неговиот белег. Мишоно му дава напиток, го успива и
докажува дека била во право. Измамникот е фатен, но пансионерите се свртуваат против
Мишоно и Поаре и ги бркаат од пансионот.
Напуштањето на пансионот го најавуваат и Ежен и Горио.
Горио за првпат бил многу среќен, но неговите ќерки повторно сè расипуваат. Прво доаѓа
Делфина жалејќи се на финансиски проблеми, а потоа и Анастазија. Избива силна
караница меѓу сестрите преполна со злоба и љубомора. Горио не може да го поднесе тоа,
паѓа во очај и се разболува. Ќерките не доаѓаат да го посетат иако Ежен ги моли. Делфина
само ветува дека иако е „болна“, ќе дојде да го види татка си додека не е предоцна, а
Анастазија доаѓа, но доаѓа предоцна.
Нивната бескрупулозност, самољубие, бесчувствителност, непочитување, уште повеќе
доаѓа до израз кога тие двете не доаѓаат на погребот на татка си, туку испратиле само
празни кочии. Не сакале ни да дадат пари, па Ежен го заложува својот часовник за да
може да го плати бедниот погреб на чичко Горио.
Ежен ја докажува својата хуманост и добрина, како и сожалувањето кон Горио, но тој не
се откажува од своите намери. Тој го предизвикува лажното општество, лицемерието,
злобата и решен е да се пресмета со него. Романот завршува со: „Растињак отиде да вечера
кај госпоѓа де Нисенжан“. (Иако го презира нејзиниот однос кон родителот, сепак
неговата цел е поважна.)
 
Заклучок

Романот е целосна слика на француското општество на почетокот од XIX век. Во него се


претставени најниските слоеви, сиромашните, слугите и осиромашените, но и најбогатите
– оние што одат на балови и самите ги приредуваат, живеат лагоден, но и развратен
живот. Бракот најчесто се заснова на финансиска спогодба, па затоа сите имаат
љубовници.
  

Ежен де Растињак

Ежен де Растњак е младо и убаво момче кое решило да успее во животот. Тој е од југот на
Франција, од осиромашено семејство и сака по секоја цена де живее во светот на богатите.
Тој сочувствува со сиромашните, повредените, недостојните, но не отстапува од неговата
цел – слава и богатство.

Чичко Горио

Горио е типичен лик на татко кој безмерно ги сака своите ќерки. Неговата љубов е толку
голема што нему не му е тешко да ја поднесе секоја жртва за нив. Заради нив тој живее
бедно и се надева дека за возврат од нив ќе добие љубов. Толку многу ги разгалил и
расипал што тие немаат ни трошка почит кон него. На крајот, сфаќајќи дека создал
бесчувствителни монструми тој паѓа во очај и умира.

Ќерките на Горио

Делфина и Анастазија воопшто не се разликуваат меѓу себе. На моменти ни се чини дека


Делфина е подобра, но таа не доаѓа да го посети болниот татко. Всушност, чекорите што
ги прави се само за да докаже пред Растињак дека е подобра од Анастазија. Тие ја цицаат
и последната пара од татка си без да се сожалат на него. Си завидуваат, си љубоморат, се
караат за секоја паричка. Живеат во лажен свет, без љубов и морал.
 

Разбојникот Вотрен

Вотрен дејствува против ваквото општество, но не како револуционер, туку како крадец и
убиец. Тој ги почитува своите другари (робијаши) и нивните пари ги чува кај себе со
посебна почит. Тој не ги сака нивните, туку парите на богатите. Прво детално ја анализира
ситуацијата, пресметува колкава ќе биде неговата корист, па дејствува (случајот со
Викторина).

Кога ќе биде фатен тој отворено ќе признае сè, цинично ќе се однесува со што ќе го
покаже својот однос кон општеството.
 модерната, светска литература, современа светска

Едгар Алан По „Гарванот“

По е автор на поетските книги:

„Тамерлан и други песни“, „Аларааф Тамерлан и помали песни“,„Песни“, „Гарванот и


други песни“;

книгите куса проза:

„Раскази, гротески и арабески“, „Раскази“;

новелата:

„Доживувањето на Артур Гордон Пим“;


а во последниот период од животот ги напишал песните:

„Ѕвона“, „Анабел Ли“, „За Ани“.


Популарноста прво ја стекнал во Европа, преведуван од Шарл Бодлер, а потоа и во целиот
свет.

Гарванот

Еднаш среде полноќ една, покрај стари книги седнат,


дури водев в соба бледна со тајната ука спор,
дури дремлив тонев в скука, зачув некој тропнеж тука,
зачув некој како чука на портата однадвор.
„Некој гостин” – реков, – чука однадвор!”
Тоа сал и ниту збор.

Ах, си спомнам, многу јасно: в декемвриска вечер касна,


жарта в пепелта што згасна го засени мојот взор.
Жедно утрото го пекав; од книгите штуро чекав
спас од болот што ме штрека, бол по еден редок збор,
збор Ленора, свидна мома, тој ангелски убав створ,
Таа вечна неизгор.

А завесата од свила, в пурпур сета што се слила,


грозен шун во себе скрила. На ужас се чиниш створ!
Па срцето дури бие, јас го молам да се свие:
„Некој гост е што се крие пред портата однадвор –
доцен гост е што се крие пред портата однадвор” –
Тоа сал и ниту збор!

Веднаш срдито се вденав, мигум својот глас го кренав:


„Човек ли сте или жена, простете е мојот збор;
врз клепкиве дремка стежна, а пак вие в ноќва мрежна
тропнавте со усет нежна на вратата однадвор” –
тоа реков, порти ширум отворив и пратив взор –
Надвор мрак и ниту збор!

Длабоко во мракот страшен долго стоев втренчен, вџашен,


сонувајќи сон незнаен ни на еден смртен створ;
Спокој секаде се свлече, мирнотија в ноќта тече,
збор единствен што се рече беше тажен, шепнат збор,
збор, Ленора, што низ ехо се врати одговор.
Тоа сал и ниту збор.

В собата штом дојдов назад, сетив: морници ме лазат,


зачув некој како чука пак со удар тап и спор.
Па си реков: „дај, ќе идам до прозорецот, да видам,
треба сигурен да бидам таен ли е некој створ!-
Да се смирам сал за малку од тропнежот однадвор”-
Вон сал ветер развигор.

Панѕурите штом ги турнав, прекумене нешто јурна,


низ прозорецот се втурна Гарван горд до темен взор.
Ни да климне глава само, ни да запре в таа штама,
но со лик на лорд ил’ дама к’о што дојде однадвор,
врз бистата на Палада, над вратата, овој створ
претна, седна и ни збор!

И со таа птица света, што пред малку тука слета


одважна и строга сета, почнав чуден разговор:
„Бувка немаш да се реси, сепак плашлива ти не си,
грозно, страшно сениште си, Брегот ноќен ти е двор –
речи, какво име носиш в Плутоновиот ти хор?”
Тој сал гракна: „Nevermore!”
Станав плен на почудица, кога таа грда птица
ја чув како зборна в мракот сосем јасен одговор!
Никој смртен жив створ вака, среде глува ноќна мрака,
не чул птица да му грака и да му праќа огнен взор –
птица или друга лишка да му праќа огнен взор
со збор еден: „Nevermore!”

Гавранот, штом седна таму, еден збор тој гракна само


в душа божем тој збор може сам да начне разговор.
Друго појќе нид а каже, ни да пафне пердув влажен,
дур не сронив мрмор тажен: „Осамен сум долго створ.
И ти како мојта Надеж исчезнат ќе бидеш створ!”
Тој сал гракна: „Nevermore!”

Изненаден, мигнум трепнав, од одветот негов сепнат,


„Сомневање нема”, шепнав, „Се` е тоа празен збор”.
Од несреќен стопан сметен, кого пропаст го сплете
и го следи уште, ете, до песните преумор,
тажачките песни, припев на Надежта непрегор
од вечното: „Nevermore!”

Но Гавранот грак што срони, макар тажен, в смев ме гони,


па на столот седнав сонлив со втренчен во него взор;
Врз кадифе глава веднам, но ми тежи мисла една,
мисла тажна, мисла бледна: кој е овој зловест створ?
Овој кобен страшен хишник каков ли е судботвор
со своето: „Nevermore!”

В плен на такви мисли седев, птицата со глед ја следев,


без да речам ниту еден, дури ниту еден збор;
В плен на такви мисли вивнат, понабргу потем стивнав
и врз кадифе да здивнам, се отпуштив нем и спор,
врз кадифето кај Она нема веќе к’о жив створ
Пак да седне, „Nevermore!”

Одненадеж, ми се чини, мирис воздухот да прими


божем крилни серафими кадат тамјан беспрекор;
„Страдалнику”, реков тогај, „Ова дар ти е од бога;
по ангели тој ти прати мир и непент којшто мати.
Испи го и тогај мора да ja заборавиш Ленора!”
грак се слушна: „Nevermore!”

„Пророку!”, му реков право, „птица ли си или ѓавол!


Сеедно е кој те пратил! Сотона ли, друг ли створ!
Полн со очај, смел ил’ злобен, дојден ваму в крајов кобен,
в дом кај што цари ужас гробен, дај ми искрен одговор:
речи, дали Гилеада има цер за тој што страда?”
Тој сал гракна: „Nevermore!”

„Пророку!”, му реков право, „птица ли си или ѓавол!


Те колнам во тој што в светот владее над секој створ„
Речи и` на мој’ва душа, која јадови ја гушат,
дали повторно ќе ја гушка Ленора со љубен вор?
Дали пак во далек Еден ќе прегрне свиден створ?”
Тој сал гракна: „Nevermore!”

Нека биде тој збор сега збор разделбен, а не шега,


птицо или враже, бегај в Плутоновиот ти двор!
Не оставај пердув траги, спомени од твојте лаги,
остави ме в мисли драги, престани со твојот збор!
Од срцево извади го клунот свој, тој клун на нор!
Грак се слушна: „Nevermore!”

А Гавранот ни да претне, ниту пак замиг да летне


oд бистата на Палада, туку како кобник створ
над вратата бдее, молчи, со поспани демон-очи,
И врз подот сенка дрочи, без да гракне ниту збор;
и врз таа сенка – темна, душава, знам, веќе нема,
да се крене. „Nevermore!”

- Ш а р л Б о д лер - - „Цв еќиња на злото - Франц К а ф к а - А лбер К а м и - С е м ј уел Б е кет - А .


П . Ч е хов - , , П роцес “ - „ С т ране ц ” - „ Ч е к а ј ќ и г о Го д о ” - „ И збор р а с к ази ”

You might also like