You are on page 1of 1

Составни независносложени реченици

Поврзи ги речениците со сврзник и оддели ги со запирка онаму каде е потребно да добиеш составни
независносложени реченици.
1. Сите молчевме. Ја слушавме временската прогноза.
2. Ја слушнавме прогнозата. Веднаш заминавме.
3. Се вративме од нуркање. Запаливме оган на плажата.
4. Игор се исплаши од чуварот. Фати да трча како стрела.
Во кои од следниве реченици дел-речениците можат да си ги заменат местата?
1. Вечераше рано и си легна.
2. Долго стоеја на портата и зборуваа.
3. Музиката ечеше, та не го ни чувме што рече.
4. Не само што не учи туку и не сака да зборува за тоа.
5. Елена пишуваше и му помагаше на Иван.

Спротивни независносложени реченици


Поврзи ги речениците со соодветен сврзник и состави спротивни независносложени реченици.
1. Сака да ги посети. Не знае каде живеат.
2. Вчера се вратија. Не сме се виделе.
3. Требаше да патува. Се откажа.
4. Ја напиша пораката. Не ја испрати.
Во кои од следните реченици сврзникот а може да се замени со некој од сврзниците но, ама, меѓутоа.
1. Ја навреди, а не сакаше.
2. Внимателно гледаше, а не го интересираше филмот.
3. Викаше гласно, а никој не го слушаше.
4. На едното столче седеше класниот, а на другото беа ставени палтата.
5. Беше пролет, а во пролет логоруваше со извидници.
6. Им вети дека ќе оди кај баба му, а се задржа на карате.

Разделни независносложени реченици


Дополни ги речениците со дел-реченици која ќе внесе второ, алтернативно дејство со помош на
сврзникот или.
1. Во Охрид секогаш пливаме .......................................................................................
2. Попладне возам велосипед ......................................................................................
3. Да ја чекаме ........................................................................................................... ?
4. Седи ................................................. !
Дополни ги со соодветно повторени сврзници.
1. Тоа дете ............ вреска, .......... скока, .......... фрла играчки.
2. ........ дојди ......... остани со групата!
3. .............. сака да плива ............. сака да нурка.
4. ............. јаде .......... пие .......... спие.
5. ............ слуша .......... што прави.

You might also like