You are on page 1of 2

Позитивните и негативните страни низ моето досегашно школување

“ Човекот учи додека е жив “ - велат луѓето и ни малку не грешат. Додека Растеме
се менуваме и физички и психички, се равиваме и созреваме.Секој нов ден, секој
миг што го живееме, со себе носи нови случки, нови напредоци , но и премрежија.
Секое време носи ново бреме и остава свој печат врз нашата личност.Сето тоа не
менува,не прави позрели и помудри.Периодот на нашето школување некако
зазема најмаркантен дел од тие промени.Додека учиме ,се развиваме,
напредуваме ,се надоградуваме, созреваме како личности и се обидуваме да ги
исполниме своите желби и амбици, да имаме своја професија и свое место под
сонцето.
Со првата важна раскрсница во животот се соочуваме веднаш по завршувањето
на основното образование, и иако имаме само 15 години треба да донесеме
релативно важна одлука за нашиот живот – каде понатаму да го продолжиме
образованието и која ќе биде нашата идна професија. Се одлучив за средното
медицинско училиште можеби затоа што одсекогаш сум сакала сесрдно да им
помагам на луѓето.Во исто време ме привлекуваше и желбата за работа со деца,
па помислував дека еден ден ќе ги спојам двете желби и ќе бидам успешен
педијатар.
Новото училиште ми донесе нови пријатели со кои секојдневно се дружевме и ги
делевме сите тинејџерски проблеми и радости. Современите професори беа
наши образувачи и воспитувачи, даваа знаење и не поддржуваа и поттикнуваа во
се што беше поврзано со нашиот напредок и нашето растење.Тоа беа тинејџерски
денови исполнети со безгрижност, дружење, учење, забави и веселби.Појавата на
короната и Ковид-19 како се да прекина, комплетно го прмени начинот на нашето
школување, нашиот начин на живеење во вистинска смисла.
Училниците и училишните клупи ги заменивме со лап топ и далечинско учење т.н
“on line “учење.Не беше тешко да се совлада технички, но фактот дека сме
постојано дома ,изолирани од сите пријатели и друштвени настани, психички не
притискаше и делуваше депресивно на целиот наш живот.Секојдневно слушавме
за нови заболени и смртни случаи, полициски час, карантин,-секојдневни термини
на медиумите кои ширеа депресија и паника кај народот.Семејствата беа
постојано заедно и тоа делуваше да се зближиме меѓусебно, но училишниот џагор
и палавостите меѓу училишните клупи, секојдневните дружења со
пријателите ,ритуалите на одење ,,на кафе,,, сето тоа ни недостигаше.
Новиот начин на школување донесе многу прашања во нашите глави и многу
неизвесности стравувања. Дали ќе бидеме здрави и живи беше приоритено за
нас. Државната матура што ни престоеше дополнително ни го отежнуваше
школувањето и стравувавме дали без редовната настава со физичко присуство ќе
успееме да ја положиме. Протести, преговори со министерството, сепак се добро
се заврши и дојдовме пред нова раскрсница, каде да го продолжиме нашето
образование.Сепак првично, сите сакавме да се врати животот во нормала,
бидејќи ни недостише дружењето без маски, без забрани и стравувања.
Се одлучив за педагошкиот факултет, сепак пресудна беше мојата желба да
работам со мали деца.Сега сум тука и се надевам дека успешно ќе ги завршам
студиите и ќе станам успешна во својата професија, добра наставничка која ќе
биде сакана и почитувана од своите ученици.Се надевам дека кај тие деца ќе ја
развијам желбата за учење и школување и ќе имам свој дел во процесот на
нивното воспитување.

You might also like