You are on page 1of 3

Животот сам со себе

Ние самите ги избираме нашите мисли што ни го градат


нашиот иден живот уште од најмала возраст. Со
спроведената анкета имаме неколку заклучоци за нашите
тинејџери. Резултатите ни даваат точни податоци како точно
размислуваат децата кои почнуваат да созреваат. Главното
прашање беше:
Дали често остануваш сам/а?
Одговорите од учениците се за тоа дека понекогаш
остануваат сами.
Дознаваме дека остануваат сами во моментите кога целосно
се сами со себе меѓу четири ѕида. И тоа го искористуваат во
играње игри и гледање филмови. Што значи со тоа се
обидуваат да ја избегнат осаменоста. Но најмал процент од
учениците им смета да останат сами, што значи сепак
останатите ученици се соочуваат со осаменост која ја
заменуваат со дружењето бидејќи по одговорите
заклучуваме дека дружењето е подобро од осаменоста.
Дали зборуваш сам/а со себе?
Повеќе од 50% одговориле дека зборуваат сами со себе, тоа
ни покажува дека учениците не можат да се доверат на друг
за да разговараат.
Донесувањето одлуки е многу битно, а голем дел
одговориле дека самостојно донесуваат одлуки и се свесни
за последиците. А од друга страна оние што одговориле дека
им е потребна помош не се сеуште сигурни во себе.
Осаменоста е голем дел од сите извондредни умови кои и
дозволуваат да биде дел, но не и загосподаруваат со
истите.

You might also like