Professional Documents
Culture Documents
Е маркетинг
Е маркетинг
ФИНАНСИСКИ ТЕХНОЛОГИИ
“Е-маркетинг”
ИЗРАБОТИЛ:
Милица Даскалова
INKI661
Вовед
Во денешниот свет на зголемена пазарна глобализација и економска регионализација,
бизнисот не може да биде успешен без употреба на современа информатичка технологија
Со вмрежувањето на претпријатијата и јавната администрација и развојот на Интернет
доведоа до големи промени во начинот и ефикасноста во работата на деловните системи.
Овозможена е едноставна и брза комуникација, речиси веднаш пренесување на големи
количини на податоци на долги растојанија, лесно објавување и ажурирање
мултимедијални документи и нивна континуирана глобална достапност, дигитална
испорака на услуги и добра, директно плаќање преку интернет, создавање виртуелни
организации итн. Сето ова ги претставува елементите на нова форма на бизнис,
т.н. е-бизнис.Е-бизнисот е општ концепт кој ги вклучува сите форми на деловни
трансакции или размена на информации што се врши со користење на информатичко-
комуникациска технологија и тоа: помеѓу компаниите, помеѓу компаниите и нивните
клиенти, помеѓу компаниите и јавната администрација.Е-бизнисот вклучува електронско
тргување со услуги и добра кое може да се гледа од повеќе гледни точки. Од аспект на
комуникација, е-бизнисот е електронска испорака на информации, производи и услуги и
електронско плаќање со употреба компјутерски и други комуникациски мрежи. Од
деловна перспектива, тоа е примена на технологијата со цел автоматизирање на
деловните трансакции и операции.Од сервисна гледна точка тоа е алатка која овозможува
намалување на деловните трошоци додека истовремено ги зголемува квалитетот и
брзината на давањето услуги. Електронската размена на податоци им овозможи на
компаниите да испраќаат и примаат деловни документи во стандардна електронска
форма, преку безбедна приватна мрежа. Сепак, тоа е скапа технологија и главно се
користи од големите претпријатија. Малите и средни компании наместо приватни мрежи
користат онлајн мрежни сервиси со додадена вредност, кои имаат програми кои
овозможуваат електронска размена на податоци.
Ресурси за е-маркетинг
Онлајн маркетинг
Онлајн маркетингот е заеднички именител за сите видови онлајн маркетинг. Тоа е збирка
на сите активности кои имаат за цел продажба на производи и услуги на целни
потрошувачи, користејќи Интернет и онлајн услуги, користејќи онлајн алатки и услуги на
начин кој е конзистентен со целата маркетинг програма на компанијата. За разлика од
масовниот маркетинг кој создава една порака за целиот, масовен пазар, онлајн
маркетингот се обраќа на секој клиент поединечно. Освен ефективна комуникација пред
и за време на купувањето, онлајн маркетингот овозможува ефективна комуникација и
после тоа, пред се преку активности за обезбедување поддршка на корисниците, но и на
други начини. Он-лајн маркетингот гради долгорочен и пријателски однос со секој клиент
поединечно. Онлајн маркетингот се нарекува и еден-на-еден маркетинг. Постојат два
вида на онлајн канали, комерцијален онлајн сервис за информации во кој имаат пристап
оние кои ќе се претплатат,глобална мрежа која овозможува непосредна и
децентрализирана глобална комуникација. Популарноста на онлајн маркетингот се
заснова на најмалку три предности за клиентот:
Удобност - производот може да се нарача 24 часа на ден,
Информативност - можете да најдете споредливи информации за производи,
компании и слично
Помалку непријатности - нема потреба директно да се соочувате со никого.
Он-лајн маркетингот обезбедува бенефиции и за продавачите, и тоа: 1. Брзо
прилагодување кон пазарните услови, 2.Создавање односи со потрошувачите,
3. Пристап до голема публика.
Рекламирањето облека преку блог е исто така добар пример. Денес постојат многу
блогери кои со своите фотографии ја рекламираат облеката што ја носат.
Цели;
Области на активност;
Тактики;
Ресурси;
Времето потребно за спроведување на планот
Евалуација на планот
Глобализацијата
Благодарение на интернетот, дури и малите компании можат да се појават на светската
сцена. Но и овде важат цврсти правила воспоставени во светот на пропагандата: имиџот е
клучен фактор за градење на успешна компании. Сурфајќи по мрежата, може да наидеме
на сајтови кои можат да не импресионираат.
Заклучок