You are on page 1of 7

ТРГОВСКИ

ПРЕГОВОРИ
  Трговски преговори се процес каде две или
повеќе страни се среќаваат за да разговараат
за можно склучување на купопродажен
договор.

 Подготовката е основа за успехот на бизнис


преговорите и им овозможува силни позиции
на преговарачите.
 Совети за бизнис преговори:
1. Страните треба да постават јасни цели на
преговарање. Треба да утврдат што сакаат да
постигнат со преговарањето, дали тоа е повисока
цена, поголема продажба, пониска цена од
добавувач или друго.
2.    Преговарачите треба да ги определат
границите до кои можат да одат во попуштањето.
Добро е уште во фаза на подготовките  да се
дефинираат границите како целиот процес не би
се одвивал во погрешна насока.
3. Императив е да се проучи страната со која се
преговара. Особено е важно да се изнајдат
информации за другата страна, треба да се
дознаат неговите силните и слабите страни.

4. Исто така треба во процесот на преговарање


да се антиципира кои се очекувањата на другата
страна и кои се нивните граници.
5. Подготовка на прва верзија на понуда која ќе
биде предмет на преговори и во која ќе се
поставуаат различни прашања, ќе се даваат
различни одговори и ќе се прилагодуваат
различни делови.
6. Преговарачите треба да покажат волја за
преговарање и пронаоѓање на компромис како
би дошле да заедничко прифатливо решение.
7. Најдобрите преговарачи се и најдобри
слушатели. Додека зборува другата страна
потребно е да се слуша, запишува, со тоа би се
зголемило знаењето за другата страна.
8. Потребно е мислење за клучните елементи на
понудата од другата страна, преку кои ќе се
дојде до посакувани информации околу кои ќе
се одвива преговарањето. 
9. Следењето и проценувањето на
однесувањето на другата страна за време на
преговорите претставуваат непроценливи
информации кои можат да помогнат во
вистинска проценка на спротивната страна.
Како на пример движење на телото, реакции,
поглед и друго

You might also like