You are on page 1of 2

Чорбаџи Теодос

- Васил Иљоски
Анализа на ликовите, со посебен акцент на Теодос,
белези на жанрот и врска со фолклорот
Пишувана за време на турското ропство, драмата „Чорбаџи Теодос“ јасно
ја прикажува положбата во тогашните семејства. Васил Иљоски доста
добро ги доловил патријахалните односи, кои уште во првата реченица од
драмата се манифестираат. Таа е призма низ која се гледа животот за
време на турското ропство. Менталитетот е прикажан преку избирањето
на снаа, традиција на која веќе ѝ се гледа крајот и придавањето важност
на муабетите низ чаршијата.

Чорбаџи Теодос, лик во драмата кој е претставен со педантност која оди


до крајни граници. Првите две жени ги оставил поради нивно невнимание
во врска со чистотата. Авторитетен во неговата куќа до таа мера што
домашните се плашат од неговата сенка. „Парите си го прават своето“ –
ова е можеби доста добра изрека која би го опишала чорбаџијата. Тука се
гледаат социјалните елементи во оваа драма. Сите кои се „подолу“ од
него, тој ги смета за недостојни за гледање и „мирисање“. Типичен
пример е за личност која не мари за туѓите чувства и на се’ гледа со
презир, дури и кон жената и сопствениот син. Не би можела да се нарече
негова сопруга бидејќи нејзините односи кон него повеќе наликуваат на
робинка на својот господар. Ни односите кон неговиот син Томче не се
подобри, доаѓа до судир она она старото и оновото, односно, одбирањето
на невестата под дозвола од таткото. Томче е заљубен во сиромашна
девојка, но многу вредна и убава. Но Теодос не ја гледа со тие очи и се
противи на нивната љубов.

Тоа што ја прави оваа драма хумористична се надитрувањата и шегите на


сметка на Теодос. Останатите ликови, и покрај стравот кон него, го гледаат
со потсмев. Неговиот слуга Спиро при отсуство на чорбаџијата, често го
исмејува повторувајќи ги неговите зборови, додека пак, неговата жена
Анастасија трепери од страв. Одмаздата на Арсо за лозјето е една итра
негова игра, односно го мести чорбаџијата да биде кум на Цигани. Во
целата таа ситуација, Арсо од страна со задоволство си гледа сеир.
Презафатеноста на чорбаџијата со себе си, му ги затвора очите за
коментарите на другите луѓе.

Бр.34 Мартина Соколеска lll1

You might also like