You are on page 1of 1

Јас сум магнет

Доколку направите експеримент и во моја близина донесете железен предмет, тогаш


ќе видете дека ќе се привлече и залепи за мене. Во мојата околина може да донесете
и друг магнет, и може да се привлечеме или одбиеме, ако го завртите еден од нас со
дргиот крај. Јас сум составен од два дела, едниот северен другиот јужен дел. Овие
термини ми се дадени според геомагнетизмот, односно на северен географски пол се
јавува јужен магнетен пол на Земјата и обратно. Од експериментот можете да
заклучите дека јас дејствувам на далечина, што докажув дека околу мене има поле кое
дејствува на овие предмети. Моето поле е наречено магнетно поле. Иако не можете
да го видете можете да наравите експеримент со кој визуелно ќе го претставите. Над
мене ставете стакло и над стаклото железни струганици. Можете да видите дека тие ќе
се распоредат и ќе фрмираат линии. Овие линии се силовите линии на моето поле.
Нивната густина не е секаде иста. Онаму каде што се погусти, моето поле е посилно, а
каде што се поретки, полети ми е послабо. Моите силови линии се затворени линии,
на кои насоката е од север кон југ. Ако се сеќавате, кај електричните полнежи можевте
да го раздвоите позитивниот и негативниот полнеж. Сигурно се прашувате дали
можете да го направите истото и со моите полови. За оваа цел, направете експеримент
и раздвојте на два дела еден магнет на кој се јасно обележани северниот и јужниот
дел. Ќе дојдете до заклучокот, дека колку и да делите еден магнет на пола, на него пак
ќе се појави северен и јужен пол. Секој магнет вклучувајќи ме и мее има два пола и
нив не можете да ги разделите. Следниот експеримент што ќе го направите, ќе ви
помогне да го разгледате заемното дејство помеѓу мене и друг магнет. Во мојата
околина е потребно да донесете магнет, и неговиот јужен пол да биде на страната на
мојот северен пол – ќе се привлечеме. Завртете го обратно магнетот, односно на мојот
северен да биде и неговиот север пол – ќе се одбиеме. Ова е носи до заклучкот,
истоимените полови се одбиваат, а разноимените се привлекуваат. Сигурно сте
слушнале за поимот магнетна инзфлуенца. Тоа е појава про кој железен или челичен
предмет добива магнетни својства. Железото и челикот во близина на моето магнетно
поле ќе се наелектризираат, добивајќи на поблискиот крај спротивен пол, а на
подалечниот истоимент пол. Моето магнетно поле ќе се јавува и околу спроводник низ
кој тече струја. Јас се јавува во постојана употреба во секојдневниот живот. Најчесто
можете да ме сретнете : хард диск(најсилен магнет); микрофони и спикери;
електрични гитари; елетрични мотори и генератори; медицината( магнетна
резонанца); компас( најпозната употреба на магнетот- магнетната игла го покажува
северниот и јужниот пол на Земјата); играчки; магнетот на фрижидерите( со негова
помош се отвора и затвора вратата); градежништво( магнетна дигалка, која работи на
струја, однсосно се додека е уклучена струјата, магнетот работи и нема да се случи
ипсуштање на подигнатиот предмет. Ова е една од најбезбедните дигалки)

You might also like