You are on page 1of 12

1

Универзитет Св.”Климент Охридски“ –Битола


Факултет за безбедност-Скопје

Семинарска работа по предметот


Криминалистичко разузнавање на тема

Анализа на информации

Ментор Изработил
Проф. Д-р Злате Димовски Кристина Велкова 2257/13
Мај,2016
2

Содржина :

Вовед...................................................................................................................... 3
Разузнавачки циклус............................................................................................. 4
Анализа.................................................................................................................. 6
Фази на процесот на анализа.............................................................................. 7
Заклучок................................................................................................................11
Користена литература......................................................................................... 12
3

Вовед

Потребата за прибирање на информации е стара колку и светот и опстојувањето на


општественото уредување во било кој облик. Оваа прибирање на информации се до крајот
на минатиот и почетокот на овој век беше исклучително насочено кон државите
непријатели, дефинирано како разузнавачка активност или кон откривање на
разузнавачките мрежи инсталирани во сопствената држава од страна на странски држави,
дефинирано како контраразузнавачка активност. И во двете активности постоеше
исклучителна поврзаност, не во методите и начините на работа, туку пред се во
остварувањето на целите кои беа поврзани со заштитата на државата од воено, политичко
и економско загрозување.
Токму современиот дискурс на изворите на загрозувањето влијаеше врз
создавањето на различна перцепција за тоа што може да биде загрозувачки или повеќе
загрозувачки да влијае врз општеството. Поаѓајќи од традиционалното детерминирање на
безбедноста во кое државата претставува референтен објект на заштита и со тоа сите
активности се насочени кон нејзина заштита, можеме во потполност да ја разбереме
традиционалната улога на разузнавањето и контраразузнавањето. Нивната цел во еден
свет кој традиционалистички ја определува безбедносната парадигма е сосема нормално
да биде насочена кон таканареченото надворешно разузнавање.
Современите извори на загрозување предизвикаа промена на традиционалната
безбедносна парадигма и ја поместија државата од позицијата на референтен објект на
заштита. Секако дека во основата остана државата, но поаѓајќи од едноставниот факт дека
воглавно современите устави суверенитетот на државата го црпат од граѓаните,
поместувањето на современата безбедносна парадигма како референтен објект на заштита
ги препознава граѓаните и нивната безбедност. Навлегувајќи во расправа за остварувањето
на безбедноста на граѓаните, се повеќе се оддалечуваме од заштитата на државата од
традиционалните извори на загрозување. Токму новите извори на загрозување и
глобалната поврзаност на денешниот свет ги прават современите ризици и закани врз
безбедноста не помалку загрозувачки и врз опстанокот на државата отколку некогаш
опасноста од воен судир. Современите ризици и закани врз безбедноста влијаат врз
безбедноста на граѓаните, а со тоа и врз способностите на институциите на системот и ја
претвораат државата во извор на нестабилност, што во современите меѓународни релации
е неприфатливо за една држава. Еден од исклучиво распространетите и меѓународно
поврзани извори на загрозување е криминалот. Тој директно влијае врз безбедноста
на граѓаните и ефикасноста на институциите на системот без разлика на кое ниво ќе се
појави и какви внатрешни или меѓународни врски ќе оствари. Оваа влијание кое
криминалот, криминалните групи или поединци може да го остварат врз безбедноста на
граѓаните и државата предизвика промени во начинот на организацијата на безбедносните
служби во однос на прибирањето на информациите нивната обработка, планирањето и
спроведувањето на акциите за сузбивање на криминалот.
Новиот пристап кој од класичниот разузнавачки модел се трансформираше во
современ модел на криминалистичко разузнавање отвори ново поглавје во пристапот кон
специфичните ризици и закани врз безбедноста кои во современи услови ги предизвикува
криминалот. Теорискиот пристап кон оваа прашање, особено во последните
години се обидува да воспостави научно-теориска рамка во дефинирањето на
разузнавањето, особено на криминалистичкото разузнавање, нарекувајќи го „целосно
4

полициско разузнавање“, при што се употребуваат сите добиени полициски информации


од секојдневната рутинска и посебна работа на терен.
Развивајќи го криминалистичкото разузнавање се наметна потреба да се развива и
криминалистичката анализа и истата од статистички орган се трансформира во вистински
аналитички дел кои своите активности ќе ги темели на научните сознанија. Основната
дилема во криминалистичката практика денес е, дали криминалистичката анализа успеа да
стане составен и нераскинлив дел од криминалистичкото разузнавање како на теориски
така и на практична основа, или сеуште е само алатка која повремено се
употребува.

Разузнавачки циклус

Разузнавачкиот циклус претставува процес на развој на необработените информации во


готови разузнавачки информацииза да можат да ги користат одговорните за утврдување
политиките во процесот на одлучување и во поглед на натамошните потребни
активности.Ова се петте чекори кои го сочинуваат разузнавачкиот циклус:
5

Панирање и насоки

Прибирање

Обработка

Анализа на изворите на
информации и нивно
производство

Дистрибуција

Слика 1. Разузнавачки циклус -фази


6

Анализа

Најважната фаза во овој процес секако дека е анализата на податоците и


информациите.Процесот на анализа се состои од повеќе потфази.

Изработка на анализа може да биде најтешкиот дел.Сите необработени сурови податоци


мора да се анализираат и да се изведат правилни заклучоци.Извештајот мора да даде
доволно информации за да се одреди дали барањето е исполнето.Ако се потребни повеќе
информации тогаш мора да се доделат дополнителни задачи за да се соберат повеќе
информации,повторно да се извести и да е анализира,за да на крајот се здоволи
барањето.Ова е процес на давање на крајниот производ од персоналот кој го направил
разузнавањето до сите лица кои треба да се информираат.Како што беше спомнато ,за ова
може да е потребно дополнително собирање за да се задоволат и претходно доделените
задачи и новите барања.Аналитичарите мораат да утврдат кои се нивните клиенти со цел
да стекнат сознанија од нивните прашања.На овој начин,аналитичарот ке биде во можност
да утврди дали во неговото разузнавање постојат големи непознаници.Од аналитичарите
се бара да донесуваат одлуки без пристап до целосни информации и да ги изразат истите
благовремно и на релевантен начин.Од нив често пати се бара и да го понудат најдобриот
можен одговор во услови на ограничено време и ресурси.За да бидат
ефективни,аналитичарите мораат да дават одговори кои што понекогаш не се во
согласност со начинот на размислување на нивните подредени. За да се изврши сето тоа
на криминлистичкиот аналитичар му претстојат следниве работни задачи:

 Исражува и развива статистички информации, пребарува и повлекува информации


и криминалистички податоци од надворешни и интерни бази на податоци, со цел
идентификација и анализа на криминални структури и изработува извештаи за
криминални трендови
 Им асистира на оперативните работници ангажирани на криминалистичко
истражни патролни активности во решавањето на појавите на криминал со
преработка на информациите во валидни криминалистичко изведени информации
кои се собираат во пишани извештаи, подготвува брифинзи и го информира
персоналот на инситуцијата за спроведување на законот за промената и
возспоставената криминална политика на работа на институцијата
 Повлекува, споредува и статистички анализира податоци со употреба на
информатички и ГИС системите
 Подготвува рутински програми и извештаи, чартови,мапи,графи и други
статистички продукти со цел прогнозирање на идни криминални појави кои ја
насочуваат работата на криминалитичките истраги
 Воспоставува и одржива контакт со меѓународни, национални и останати
институции за спровеување на законо со цел размена на информации за тендои и
прогнози кои треба да пружат поддршка за институиите за спроведување на
законот за нејзината работа во заедицата и програмите за превенција на криминал
 Може да врши надзор над помошниот персонал во подготовка на статистиките и
ГИС мапите на криминални локации
 Асистира во процесот на расветлување на криминални случаи
7

 Обезбедува податоци за подршка на планирање на активностите на


организационата единица и врши анализа на криминалистичко-оперативните
информации со цел подршка и алокација на ресурси и подготовка на буџет.

Како лични позитивни својства кои треба да ги поседува криминалистичкиот


аналитичар се:

 Ефективна усна и пишана комуникација


 Учество во напорите за подобрување и развивање на програмите и услугите
на организационата единица каде работи
 Расудување и дискреција при извршување на работните задачи
 Заштита на класифицирани информации
 Развивање на ефективни работни односи со службеници во организационата
единица,помошниот персонал и персоналот на други институции за
спроведување на законот
 Добар слушател со цел утврдување на знаењето на службениците во
институцијата за спроведување на законот и перцепција на проблеми
 Креативно размислување за проблемите на безбедноста
 Детерминирање на потреби на клиенти и дефинирање на рамки на проекти
 Менаџирање со повеќе проекти истовремено на подолг временски период

Во поглед на квалитетот на криминалистичките аналитичари да напоменеме


дека напредните аналитичари веројатно би требале да бидат што повеќе
инволвирани во стратегиски анализи,обуки и криминалистичко-истражни
планирања,додека новите аналитичари би требало да бидат повеќе инволвирани
во оперативни и тактички аналитички продукти и
извештаи.Криминалистичките аналитичари,специјалисти во одредени области
со поголеми познавања на компјутерските вештини би требале да бидат повеќе
инволвирани во креирање датотеки за подршка на криминалистичката анализа.

Фази на процесот на анализа

Изработката на анализа може да биде најтежок дел. Сите необработени-сурови податоци


( кои може да ги има многу) мора да се анализираат и да се изведат правилни
заклучоци.Заклучоците од анализата се нарекуваат производ.Призводот се претставува на
следните начини:

 Извештаи од истрагата
 Специјални извештаи
 Брифинзи
8

 Табели
 Матрици за асоциијации
 Табли за поврзаност
 Табели за тек на настани

Дефиниција на средствата:Првиот чекор да се утврат сите расположливи средства и


инфраструктурата во дадена јурисдикција за
идетификација,спротиставувања,оневозможување и санкционирање на криминалните
појави.Ова подразбира :

o Згради (полициска станица,банки,школи итн )


o Надворешни структури
o Ресурси во смисла на персонал
o Комуникации
o Потрошен материјал
o Складиште на муниција
o Танспорт
o Компјутерски системи
o Контрола на границите
o Управување во интервентни состојби
o Резервни системи
o Обука на персоналот
o РЕсурси
o Збирни места за граѓаните
o Развој на организацијата

Проценка на заканата : Ова е квалитативна анализа,иако се користат одредени


квантитативни техники.Важно е да се потенцира дека проценката претставува моментна
слика.Со тек на времето се менуваат и околностите поврзани со заканата.Затоа проценката
мора да биде обновена за да се обезбеди дека програмата за обезбедување е актуелна.
Проценката на закана опфаќа широк дијапазон на криминални или терористички
закани во однос на одредено место или локација.Оваа проценка треба да ги земе во
предвид дополнителните информации за да се оцени колкава е можноста од реализацијата
на секоја од овие закани.
За да се утврди природата на заканата безбедносниот персонал мора да се ангажриа во
скенирање на целото опкружување.Скенирњето претставува процес на собирање
информации кои што ке се анализираат за да се утврдат можните терористички
активности што би можеле да претставуваат потенцијална закана.Скенирањето е
основниот чекор во процесот на планирањето на антитероизмот затоа што доколку се
испуштат некои витални информации,тие неможат да се анализираат.
Скенирањето подразбира две функции.Собирање информации и нејзино
квалификување на анлиза.Логично гледано,следното прашање во тој случај би било : ”
информации би требало да ги собираме “ ? За да одговориме на ов прашање,треба да
почнеме од крајот.Тоа значи дека независно од тоа какви информации собираме и колку
ке собереме,треба да знаеме зошто тоа го правиме ?
9

Целта на процесот на планирање на антитероризмот е подобрување на бзбедноста,со


фокус на откривање на тероризмот и на утврдување на соодветните ресурси за да се
одговори на терористички напад.Скенирањето треба да бие основа за проценка на
окружението во поглед на можни напади.
Планот на собирање на информации мора да одговара на прашањата кој,што,каде,кога
и како.Собирањето на информации треба да се даде како задача на добро обучен
аналитичар и да се изведува под директен надзор.
Планот за собирање информации треба да назначи колку често се собираат одредени
податоци.Можеби податоците за извесни трансакции треба да се собираат еднаш
месечно,наместо еднаш неделно.Треба да се направи разумна одлука за тоа како ќе се
утврдат овие критериуми.
Начинот за тоа како ќе се собираат информациите може да варира зависно од видот на
информациите,начинот на кој што се одржуваат и како може да се доставуваат.Методите
за достава на информациите можат да вклучат електронска пошта,посебно обезбедени
компјутерски врски,факсови,телефони,пошта и директна достава од страна на посебно
назначени лица.
Еден од најголемите проблеми во процесот на собирање информации е кога не постои
добро воспоставен процес за класификување на секој вид на информација веднаш по
нејзиното добивање.Премногу често се случува полициските организации да соберат
премногу информации и да ги стават во еден ист куп.За час овие информации можат да с
епретворат во непрегледна маса на податоци.
Потоа,кога овие информации треба да се анализираат,доаѓа до фрустрации бидејќи
некој мора да седи и да пребарува безброј податоци да за одлучи што вреди да се сочува,а
што не вреди.Вака може да се создаде чувството на преоптовареност,што може да доведе
и до зафрлување,односно,до погрешно толкување на одделни критични информации од
страна на аналитичарот.
Крајна цел на процесот на собирање на информации е да ја подржи фазата на анализа
на истата.За да се постигне ова,сите информации мораат да поминат низ класификација
непосредно по нивното пристигнувањ.Класификацијата на информациите се врши врз
основа на нивната валидност.По првичната класификација,информациите можат да се
анализираат.
Секој елемент на класификуваните информации треба да се документира и да се следи
во посебна книга-записник.Следната матрица за извори и информации претставува
универзален метод на класификување на информации во однос на нивната веројатност и
валидност.

Проценка на изложеност: Откако ке се утврдат веројатните закани треба да се напрви


проценка на изложеност на истите.Оваа проценка ги зема во предвид потенцијалните
последици од штетата предизвикана од успешен напад,какио и самата изложеност на
објектот,односно,на регионот,на такви напади.последиците од штетата го претставуваат
степенот до кој што мисијата на организацијата се доведува во прашања како резултат на
успешен напад од дадена закана.Една клучна компонента на проценката на изложеносост
е соодветно да се дефинира нивоата на последиците од можната штета и изложеност.
Изложеноста се утврдува како комбинација на атрактивност на адениот објект акко
можна мета и нивото на мерки за одбрана или спречување во контекст на постоечките
10

контра-мерки.Атрактивноста на метата е нешто што се утврдува од перспектива на


агресорот и зависи од функцијата или симболичното значење на објектот.
Проценката на изложеност може да вклучи и детална анализа на потенцијлните
последици од штетата од нападот на пр.со експлозиви,хемиски,или биолошки
агенси,доколку се работи за тероризам.Професионалци со конкретна обука и искуство во
овие области треба да се задолжат за изготвување на овие детални анализи.
Еден современ метод за утврдување за можната мета на терористичкиот напад може да
се изведе од проучување на конкретни случаи од дотогашната пракса во поглед на
терористички напад.Целта на проучувањето на ваквите случаи од праксата е едноставна :
да научиме што е можно повеќе од претходни терористички напади.
Случаите од праксата се фокусираат на широк спектар прашања релевантни за
полициската организација и за регионот што истата сака да го заштити.Тие можат да
вклучат:

 Прашања поврзани со безбедноста


 Слаби точки во инфраструктурата
 Мотиви на сторителите
 Класификација на деликвентските групи и организации
 Шеми и трендови
 Техники на деликвентите
 Избор на оружје
 Метод на транспорт
 Видови на избрани мети

Овој чекор-анализата вклучува конверзија на основните информации во готови


разузнавачки информации,а се состои од :

1) Интегрирање
2) Евалуација
3) Анализирање на сите расположсливи податоци (кои се често фрагментирани и дури
и контрадикторни) и подготвување на разузнавачки производи.

Аналитичарите кои се специјалисти за одредена област,ја разгледуваат


доверливоста,валидноста и релевантноста на инфоррмациите.Тие ги интегрираат
податоците во кохерентни цели,ги сместуваат проценетите информации цо цистинскиот
контекст и произведуваат готови разузнавачки податоци,кои вклучуваат оцена на настани
и судови за инпликациите на информацијата.
Целта е да се обезбедат стратегиски разунавачки информации за одговорните за
утврдување политики.оваа важна функција се врши по пат на набљудување
настани,предупредување на одлучувачките структури во врска со закани и предвидување
на развојот на настаните.Се испитуваат тековни настани,капацитетите и идни трендови.
11

Заклучок

Анализата на информациите е најважниот и најтешкиот дел од криминалистичкиот


циклус.Информациите кои се прибираат од различните извори можат да се употребат за да
се разбере работењето на целната група,како на пример криминална организација која
криумчари со луѓе или тргува со луѓе или дрога.Анализата на информации поврзана со
случајот се фокусира на капацитетите групата (расположливите ресурси),нејзините
намери,ограничувањата и ранливите точки.Таа оценка ќе помогне на полицијата на
оперативно ниво да го утврди најдобриот начин за пристапување кон проблемот и за
користење подобри механизми и техники на спроведување на законот.На стратегиско
ниво , ќе помогне на полицијата да дојде до поефективна контрола на криминалот и до
подобри превентивни стратегии.
12

Користена литература

1. Прирачник Криминалистичко разузнавање Злате Димовски Скопје,2007

2. Криминалистичко разузнавање Злате Димовски Скопје,2016

3. http://balkananalytica.info

You might also like