You are on page 1of 1

Значењето на малите претпријатија (бизниси)

Малите бизниси денес се многу застапани во националните економии, а големото


значење произлегува од следните факти:
1. Малите бизниси придонесуваат за вработување на илјадници луѓе и искориствање
на нивните знаења, умеења и претприемнички способности.
2. Малите бизниси придонесуваат да се активира искористувањето на природните
ресурси (земја, вода, енергија) на локално ниво односно општина или регион каде
што делува.
3. Малите бизниси повеќенаменски ја користат технологијата и брзо можат да се
преориентираат (текстилна конфекција прави постелнини, а не се бара тоа туку
кошули – брзо се преориентираат).
4. Малите бизниси индиректно ги намалуваат трошоците на големите бизниси.
Тие се кооперанти односно субконтрактори на големите бизниси (големи бизниси
се поврзуваат со мали/микро претпријатија за да им произведуваат штрафови,
завртки... за да заштедат време, а малите ќе опстанат се додека опстануваат
големите бизниси).
5. Малите бизниси го засилуваат процесот на иновации и го развиваат
претприемничкиот дух во општеството.
6. Малите бизниси осигуруваат силна конкуренција во економијата, а конкуренцијата
овозможува на пазарот да се појават производи со висок квалитет, а пониски цени.

You might also like