You are on page 1of 10

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ.

КИРИЛ И МЕТОДИЈ“- СКОПЈЕ

СТОМАТОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ ДЕНТАЛНИ МАТЕРИЈАЛИ

КЕРАМИЧКИ МАТЕРИЈАЛИ

ментор кандидат

Проф.д-р. Гордана Ковачевска Рената


Роглева

број на индекс 7375


Скопје, јуни, 2019

СОДРЖИНА

Краток извадок ................................................................................................2

Aбстракт…………..………………………………………………………………….3

Вовед ...............................................................................................................4

Особини и состав на керамиката....................................................................5

Поделба на керамичките маси........................................................................7

Заклучок ............................................................................................................9

Користена литература ...................................................................................10

1
НАСЛОВ: КЕРАМИЧКИ МАТЕРИЈАЛИ

Краток извадок

Во денталната медицина и нејзините поедини дисциплини, перманентно


се употребувале и се употребуваат најразлични видови на материјали кои во
помала или поголема мерка го надоместуваат функционалниот пред се, а
потоа и естетскиот момент. Од кога почнува да се употребува керамиката,
докторот по дентална медицина и забниот техничар значително постигнуваат
целосно интегрирање на функцијата и естетиката па денес слободно може да
кажеме дека керамиката завзема прво место во денталната протетика со
успешни и оригинални резултати. Со присуство на повеќе археолошки
наоѓалишта ширум светот дојдено е до сознание дека првите керамички
предмети се пронајдени во Кина и Египет. Предмети со вистинска порцеланска
смеса, од стаклеста маса, за првпат се произведени во Кина 700 години п.н.е. и
таа земја се смета за татковината на порцеланот. Вакви предмети се
појавуваат подоцна во Европа за кои се смета дека потекнуваат од периодот
помеѓу 14 и 15 век.

Клучни зборови: материјали, порцелан, естетика, функција

2
Вовед (Introduction)

За потеклото на зборот ,,керамика” има повеќе објаснувања. Името


керамика потекнува од Стара Атина од местото Карамајкос, каде што
занаетчии грнчари, кои готовите производи ги нарекувале ,,керамос” т.е.
грнчарија. Другото објаснување за потеклото е од латинскиот збор
,,порцелана”, што значи морска школка со мазна, бела куќичка. Примената на
керамиката започнала во Англија 1838 година и во Америка 1844 година.
Разбитокот на науката и технологијата овозможил конструкција на првата
керамичка печка во 1884 година од Кастер при што се изработуваат џекет
коронки, па керамиката, на голема врата влегува во стоматологијата.

Слика1. Порцелански коронки

Figure1. Porcelain crowns

3
1.1 Особини и состав на керамиката

Керамиката незаменлива ја прават и нејзините особини и тоа:

 Голема биокомпатибилност
 Мала акумулација на плак
 Не делува штетно на гингивата
 Отпорна кон корозија и абразија
 Со бојата и изгледот одговара на ткивото кое го заменува
 Лесно и едноставно се обликува и обработува
 Остварува хемиска врска со металот

Основа на керамиката или порцеланските садови е кварц, каолин и


фелдспат. Современите керамики во основа ги содржат истите елементи со
додавање на други кристални минерали во матриксот. Гледано под микроскоп
има неправилни формиод кристали и ситни тела со остри рабови кои се
составен дел на иситнетиот фрит (нецелосно истопено стакло), каде што
неговата густина се зголемува за време на печењето на керамиката
(контракција на керамичката маса).

За време на печењето на керамиката многу е важно да се знаат зоните низ кои


поминува керамиката за нејзино правилно оформување:

a) Сува зона – прва и основна зона која може да се гледа со


голо око. Со стартување на печката присутната температура
во неа овозможува да испари течноста на керамиката и
средствата за боење да исчезнат.
b) Зона на жарење – тоа е зона која започнува непосредно по
првата, па се до максималната температура на печење.
c) Зона на топење – со зголемување на температурата се
топат острите агли и рабови на партиклите, потоа се
заоблуваат и со тоа се приближуваат едни кон други. Тоа
води кон целосно спојување и формирање на тркалезни
честички.

4
d) Зона на ладење – таа е од извонредно значење за
керамичките маси, особено кај металкерамикта.
Овозможува намалување на напнатоста на порцеланскиот
објект, но и можност за негово пукање.

Figure 2. Ceramics used in dentistry


Слика 2. Употреба на керамиката во стоматологијата

5
1.2 Поделба на керамичките маси

Поделбата на керамичките маси е врз основа на:

A. Составот на керамиката и тука спаѓаат:


 Обични (фелдспадски)
 Инфилтрирани (алуминиумоксидни маси)
B. Според начинот на обликување и зацврстување:
 Со синтерување
 Со леење
 Веќе зацврстената керамика се обликува машински
C. Според температурата на печење:
 Ултра ниска
 Ниска
 Средна
 Висока
D. Според местото на поставување:
 Oпакер
 Дентин
 Емаил – глеѓ
 Глазура
 Специјални ефекти
E. Според надоместоците што се изработуваат:
 Метал – керамички мостови
 Безметална керамика
 CAD – CAM технологија
 Вештачки заби за тотална протеза

6
 Керамички и метал – керамички имплантанти

Figure 3. Pressing

Слика 3. Леење

Figure 4. CAD – CAM

7
Слика 4. КАД – КАМ

1.3 Заклучок (Concluding remarks)

Керамиката ја карактеризира цврстина, тврдост – одговорни за трајноста на


готовите протетички изработки и опацитет кој зависи од разликата на индексот
на прекршување на светлосните знаци. Хемиски е инертна а биокомпатибилна.
Негативна страна на керамиката е нејзината тврдост во споредба со
природните заби и затоа има појава на абразија на забите антагонисти.
Естетските карактеристики на керамиката не смеат да се занемарат бидејќи
таа го има достигнато највисокиот домен во денталната индустрија.

8
Користена литература (References)

Ковачевска, Г. (2008). Технологија на заботехнички и стоматолошки


материјали. Стоматолошки факултет – Скопје

Шабанов , Е. (2009). Авторизирани предавања стоматолошки материјали.


Стоматолошки факултет – Скопје

Борбели , Џ. (2015). Дентална Керамика.

You might also like