Professional Documents
Culture Documents
Клетници
Клетници
Виктор Иго
1.Форма на романот
„Клетници“ содржи многу заплети, но главната нишка е приказната на поранешниот
осуденик Жан Валжан (познат по неговиот затворски број 24601) кој станува
олицетворение на доброто во светот, но не може да го избегне неговото страшно
минато. Романот е поделен на пет тома, секој том е поделен на книги, а секоја книга е
поделена на поглавја (вкупно 365 поглавја). Секое поглавје е релативно кратко, обично
не повеќе од неколку страни. Сепак, романот во целост е прилично опширен според
современите стандарди, со 1.900 страни во изданието на француски јазик. Романот ја
содржи најдолгата реченица напишана во некој роман. Во рамките на приказната, Иго
исполнува многу страници со негови размисли за религијата, политиката и
општеството, вклучувајќи неколку опширни дигресии: дискусија околу типовите
религиозност, неколку страници за изградбата на одводните канали во Париз, и пред
сè, неговото прераскажување на Битката кај Ватерло.
2.Содржина на романот
Прв том-Фантина
Приказната започнува во 1815 година во Дињ. Селанецот Жан Валжан
штотуку е ослободен од затвор по 19 години поминати во затвор (пет
заради украден леб за неговата прегладнета сестра и семејството и
четиринаесет години за бројните обиди за бегство). По неговото
ослободување, наложено му е да носи жолт пасош кој ќе го обележува како
затвореник, и покрај тоа што веќе го има исплатено својот долг кон
општеството со отслужувањето на казната. Одбиен од меанџиите, кои не
даваат сместување на осуденици, Валжан спие на улица. Ова го прави
уште полут и огорчен. Меѓутоа,
добротворниот свештеник Мириел, епископ во Дињ, го прима и му дава
засолниште. Сепак тој среде ноќ го краде сребрениот прибор на епископот
и побегнува. Фатен е и вратен назад од полицијата, но епископот го спасува
изјавувајќи дека сребрениот прибор е подарок и во тој момент исто така му
ги дава неговите два сребрени свеќника, прекорувајќи го пред полицијата
што заминал толку набрзина заборавајќи ги овие толку вредни парчиња. По
заминувањето на полицијата, епископот Мириел го потсетува на
ветувањето, да ги искористи сребрените свеќници за да направи чесен
човек од себе. Валжан размислува за зборовите на епископот. Сепак, чисто
од навика украдува монета од едно момче по име Жевре. Речиси веднаш се
покајува и решава да го следи советот на епископот Мириел. Го пребарува
градот во паника за да го најде момчето и да му ги врати парите. Во исто
време неговата кражба е пријавена на властите, кои го бараат како
повторен престапник. Ако го фатат, тој ќе биде принуден да го помине
остатокот од неговиот живот во затвор, па решава да се крие од
полицијата.Поминуваат шест години, а за тоа време Валжан го усвојува
псевдонимот Господин Меделин за да избегне апсење. Станува богат
сопственик на фабрика и е назначен за градоначалник во местото каде
живее. Еден ден додека пешачи по улицата, здогледува еден странец по
име Фошлеван заглавен под тркалата на неговата кочија. Кога никој не сака
да помогне во кревањето на кочијата, дури ни за пари, тој самиот решава да
го спаси стариот Фошлеван. Полицискиот инспектор во градот, инспекторот
Жавер, кој бил стражар во затворот во Тулон за време на престојот на
Валжан, почнува да се сомнева во градоначалникот откако сведочи за
неговото херојство, а имајќи ја на ум прочуената физичка сила на
Валжан.Неколку години порано во Париз, една работничка по име Фантина
е лудо заљубена во господин по име Феликс Толомиес. Неговите пријатели
Листолие, Фамеј, и Блашевеј исто така биле партнери на другарките на
Фантина: Далија, Зефина и Фаворит. Човекот подоцна ја напушта Фантина
како на шега, оставајќи ја сама да се грижи за нивната ќерка Козета. Поради
тоа што Фантина не може истовремено да се грижи за детето и да работи,
со тешко срце одлучува да се одвои од Козета. Ја остава на грижа на
Тенардие, расипан меанџија и неговата себична и сурова жена. Фантина не
е свесна дека тие ја злоупотребуваат нејзината ќерка и ја користат како
работна сила во нивната меана, и продолжува да се обидува да ги плаќа
нивните растечки, уценувачки и измислени барања за издржувањето на
Козета. Подоцна, таа е отпуштена од работа од фабриката на Жан Валжан
поради откритието дека има ќерка која е родена надвор од брак. Во
меѓувреме писмата и паричните барања на Тенардиеви продолжуваат да
растат. Во очај, Фантина ја продава косата, нејзините два предни заби и е
принудена да се впушти во проституција за да ја плати грижата за нејзината
ќерка. Фантина исто така бавно умира од неименувана болест
(најверојатно, туберкулоза).Фантина, истоштена и осамена, скита по
улиците на Париз каде испровоцирана напаѓа еден благородник.
Инспекторот Жавер го гледа сето ова и набргу ја приведува. Таа го моли да
ја ослободи за да може да работи за нејзината ќерка, но Жавер ја осудува
на шест месеци затвор. Во овој момент се вкрстуваат приказните на
Фантина и Валжан, кој случајно слушајќи ја нејзината приказна, се вмешува
и му наредува на Жавер да ја ослободи. Жавер цврсто одбива, но Валжан
настојува и на крај успева да ја ослободи. Валжан поради тоа што се
чувствува одговорен за отпуштањето на Фантина од фабриката ѝ ветува
дека ќе ѝ ја донесе Козета, а притоа ја засолнува во болница.Жавер доаѓа
кај Валжан за да му каже дека го обвинил пред француските власти дека тој
е поранешниот затвореник Жан Валжан. Меѓутоа, Жавер повеќе не се
сомнева во него, бидејќи властите изјавиле дека веќе е приведен човек со
изгледот на Валжан. Овој господин се викал Шанматио. Меѓутоа Валжан
знае дека тоа не е вистинскиот човек. Неговото судење е закажано за
следниот ден. Отпрвин Валжан се двоуми дали да се открие, но на крајот
сепак одлучува да се пријави за да го спаси невиниот осуденик. Тој оди на
судењето и го открива неговиот вистински идентитет, но во целата
мешаница што настанува, Жавер не успева да го уапси. Тогаш Валжан се
враќа во Монтреј-сир-мер за да ја види Фантина, следен од Жавер кој се
обидува да го уапси во нејзината болничка соба. Валжан му бара три дена
за да ѝ ја донесе Козета на Фантина, но Жавер одбива. Фантина открива
дека Козета не е во болницата и вознемирено прашува каде е. Жавер и
наредува да замолчи, и ѝ го открива вистинскиот идентитет на Валжан.
Вознемирена и ослабната Фантина умира во болничкиот кревет. Валжан
оди до Фантина кажувајќи ѝ нешто со нечуен шепот и ѝ ја бакнува раката, а
потоа заминува со Жавер. Телото на Фантина подоцна е сурово фрлено на
градските гробишта.
Втор том-Козета
Валжан успева да избега само за да биде повторно фатен и осуден на смрт.
Неговата смртна казна е заменета од страна на кралот со казна на
доживотно ропство. Додека да биде повторно пратен во затворот во Тулон,
на военото пристаниште, Валжан спасува еден морнар кој ќе паднел од
опремата на бродот. Толпата почнала да вика „Овој човек треба да биде
помилуван“, но кога властите ги одбиваат молбите на толпата, Валжан
одглумува лизнување и паѓа во океанот со цел да избега, потпирајќи се на
верувањето дека се удавил.Валжан пристигнува во Монфермеј на Божиќ.
Тој ја наоѓа Козета како носи вода од шумата сама и пешачи со неа до
меаната. Откако порачува оброк, го забележува навредливото однесување
на Тенардиеви кон неа. Тој, исто така, сведочи за лошото однесувањето на
нивните разгалени ќерки Епонина и Азелма спрема Козета, кога тие ѝ
кажуваат на својата мајка дека Козета ја држела нивната стара кукла.
Гледајќи го ова, Валжан излегува и се враќа за момент држејќи една скапа
нова кукла која ѝ ја дава на Козета. Најпрво, таа не може да сфати дека
куклата е навистина за неа, но потоа среќно ја прифаќа. Ова резултира
госпоѓа Тенардие да му се налути на Валжан, додека Тенардие ја
прекинува, информирајќи ја дека тој може да прави сѐ што сака сѐ додека
им плаќа. Ова предизвикува Епонина и Азелма да ѝ завидуваат на
Козета.Следниот утро на Божиќ, Валжан ги информира Тенардиеви дека
сака да ја земе Козета со него. Госпоѓа Тенардие веднаш прифаќа, додека
г. Тенардие се преправа дека ја сакал и се грижел за неа. Валжан им плаќа
1.500 франци и заедно со Козета ја напуштаат гостилницата. Меѓутоа,
Тенардие се обидува да извлече повеќе пари од Валжан, но Валжан одбива
и одлучно ја зема Козета со него. Валжан и Козета се засолнуваат во Париз.
Валжан изнајмува куќа каде кратко живее заедно со Козета. Меѓутоа,
неколку месеци подоцна Жавер го открива нивното засолниште. Валжан ја
зема Козета и се обидува да побегне од Жавер. Валжан и Козета успешно
наоѓаат засолниште во манастир со помошта на Фошлеван, човекот кој
Валжан го спаси, а кој е сега градинар во манастирот. Валжан станува
градинар со него, а Козета станува ученичка во манастирот.
Трет том - Мариус
Осум години подоцна, Пријателите од АБЦ, предводени од Енжолра,
подготвуваат граѓански немири против десницата, вечерта пред Париското
востание на 5-6 јуни 1832 година, по смртта на генералот Лемарк,
единствениот француски водач кој имал симпатии кон работничката класа.
Ним, исто така, им се придружуваат и сиромашните од Дворот на чудата,
вклучувајќи го и најстариот син на Тенардиеви, Гаврош, кој сега е
уличар.Еден од студентите, Мариус Понмерси, се отуѓил од своето
семејство (особено од неговиот дедо Жилнорман) поради неговите
либерални погледи. По смртта на неговиот татко, полковникот Жорж
Понмерси, Мариус нашол писмо во кое му дава упатства да му помогне на
некој воен наредник, по име Тенардие. кој му го спасил животот во Битката
кај Ватерло — всушност Тенардие ги ограбувал мртвите тела за време на
војната, од кои едно било телото на Жорж кој ненадејно се разбудил
мислејќи дека Тенардие го спасил, кој пак тврдел дека е наредник во
војската за да не се изложи како крадец. Во градините на
Луксембург Мариус се заљубува во сега порасната и убава Козета.
Тенардиеви, меѓувремено се селат во Париз и сега живеат
во сиромаштија откако ја изгубиле гостилницата. Тие живеат под презимето
Жондрет во куќата на Горбо (случајно во истата куќа во која кратко живееја
Козета и Валжан откако ја напуштија гостилницата на Тенардиеви). Мариус,
исто така, живее таму, веднаш до Тенардиеви. На овој начин се вкрстуваат
приказните на Мариус, Валжан, Тенардиеви и Козета.Епонина, една од
ќерките на Тенардиеви, сега парталава и сиромашна, го посетува Мариус
во неговиот стан, просејќи за пари. За да го импресионира таа се обидува
да ја докаже нејзината писменост со гласно читање од една книга и
пишувајќи „полицајците се овде“ на еден лист. Мариус ја сожалува и ѝ дава
малку пари. Откако Епонина заминува, Мариус преку дупка во ѕидот го
набљудува семејството Жондрет во нивниот стан. Еден ден, Епонина доаѓа
и најавува дека некои благородници ќе дојдат на посета за да им помогнат
за пари. Со цел да изгледаат посиромашно, Тенардиеви го гасат огнот и ја
растураат куќата. Пристигнуваат благородниците - всушност Валжан и
Козета. Мариус веднаш ја препознава Козета. Откако ја оценува нивната
животна ситуација, Валжан ветува дека ќе се врати со пари за нивната
ќирија. Откако тој и Козета заминуваат, Мариус ја бара нивната адреса од
Епонина. Епонина која е заљубена во него колебливо се согласува да му ја
даде. Тенардиеви исто така ги препознаваат Валжан и Козета и се
заколнуваат дека ќе се одмаздат. Тенардие ја придобива помошта на
Патрон-Минет, доста позната и страшна банда на убијци и крадци.Мариус
го наслушнува планот на Тенардиеви и оди кај Жавер да го пријави
криминалот. Потоа се враќа дома и чека Жавер и полицијата да пристигнат.
Тенардиеви ги испраќаат Епонина и Азелма надвор да разгледат дали има
полиција. Кога Валжан се враќа со парите за киријата, Тенардиеви со
Патрон-Минет го фаќаат во заседа и тој го открива својот идентитет.
Мариус го препознава Тенардие како човекот кој му го спасил животот на
неговиот татко во Ватерло и се наоѓа во дилема. Се обидува да најде начин
да го спаси Валжан, а во исто време не сака да го предаде Тенардие.
Валжан не признава дека го знае Тенардие и кажува дека никогаш се
немаат видено. Валжан се обидува да избега меѓутоа е придушен и врзан.
Тенардие му наредува на Валжан да му плати 200.000 франци. Тој исто
така му наредува да и напише писмо на Козета да се врати во станот, за да
ја држи како заложник додека тој не ги донесе парите. Откако Валжан го
пишува писмото и му ја кажува адресата на Тенардие, тој ја праќа г-ѓа
Тенардие да ја донесе Козета. Г-ѓа Тенардие се враќа сама и кажува дека
адресата е лажна. За ова време Валжан се обидува да се ослободи.
Тенардие одлучува да го убие Валжан и тој и Патрон-Минет му се
нафрлаат. Мариус е очаен и не знае што да прави. Тогаш се присетува на
парчето хартија што го напиша Епонина претходно. Тој го фрла во станот
на Тенардие преку пукнатината на ѕидот. Тенардие го чита и мисли дека
Епонина го фрлила. Тој, г-ѓа Тенардие и Патрон-Минет се обидуваат да
избегаат, но се спречени од Жавер. Тој ги апси сите Тенардиеви и Патрон-
Минет (освен Клаксу, кој успева да избега по патот до затворот и Гаврош кој
не бил присутен и кој ретко учествувал во семејните злосторства,
забележлив исклучок е неговата улога во бегството на татко му од
затворот). Валжан успева да избега од местото на настанот пред Жавер да
го види.