You are on page 1of 15

СОУ,,Jaне Сандански”-ШТИП

ПPОЕКТНА ЗАДАЧА ПО ПРЕДМЕТОТ ПАТОЛОГИЈА

TЕМА:ЦИРОЗА НА ЦРН ДРОБ

Ментор: Изработила:

Д-р Eмилија Анчева- Малинова Теа Јордановска IV-3

Штип, 2022
Воведeн дел

Болеста цироза на црн дроб или накратко кажано тивок убиец преставува
заболување на црниот дроб која се јавува како последица од оштетување на
клетките во црниот дроб. Ваквата болест се јавува кај лица кои подолго време
конзумираат алкохол во големи количини а црниот дроб не е способен да се
ослободи брзо од тие штетни материи, и како последица на тоа се јавува
оштетување на клетките кое води до цироза. Прекумерна тежина,дебелите луѓе
имаат поголем афинитет од развој на состојби кои можат да доведат до цироза на
црниот дроб, како што се безалкохолно заболување на замастен црн дроб и
безалкохолен стеатохепатитис.Прекумерна потрошувачка на алкохол е истото
така ризик од појавата на вакво заболување. Присуство на вирусен
хепатитис,но не сите луѓе со хроничен хепатитис развиваат цироза на црниот
дроб, но тоа е водечка причина за заболување на црниот дроб ширум светот.

Мојата цел е прикажувањето на ризик факторот за појава на aлхохолна


цироза на црн дроб.Како едно од клучните фактори за опасност на човекот
од ваквото заболување.Потикнување на потсвеста на луѓето од опаснот од
алхохолот како причинител на алхохолна цироза.

Болеста цироза на црниот дроб е се почеста и почеста појава денес,преставува


заболување кое се јавува ширум светот,помеѓу мажите и жените во средна
возраст.
Главен дел
Цироза е хронично заболување на црниот дроб, претставено со фиброза на
црниот дроб, односно вишок ткиво со лузни и слаба функција на црниот дроб.
Фиброзата најчесто е предизвикана од долгорочно изложување на токсини како
што се алкохол или вирусни инфекции. Ова е прогресивна болест што се развива
бавно со текот на годините. Ако не се контролира, натрупувањето на ткиво со
лузни може да ја запре работата на црниот дроб. Кога здравото ткиво е уништено
и заменето со ткиво со лузни, состојбата станува сериозна затоа што почнува да
го блокира протокот на крв низ црниот дроб.

Како причинител на ова заболување може да вклучиме повеќе болести:

- Хроничен вирусен хепатитис

- акумулација на маснотии во црниот дроб,како и на железо во телото.

- акумулација на бакар во црниот дроб (Вилсонова болест).

- Болести на црниот дроб предизвикани од имунолошкиот систем на организмот.

- Инфекции како што се сифилис или бруцелоза.

- Повреди на жолчните канали.

Обично цирозата на црниот дроб не покажува знаци и симптоми се додека не


дојде до прекумерно оштетување на црниот дроб.

Клиничка слика:Болеста поминува низ два стадиума: компензиран и


декомпензиран стадиум.

Компензиран стадиум

Компензираниот стадиум се манифестира со умор, омалаксаност, намален


апетит. Се јавува и субиктерус, тапа болка, болка под десен ребрен лак поради
хепатомегалија.Овој стадиум најчесто се открива со хистолошки преглед на
материјал земен со биопсија на хепар.
Декомпензиран стадиум

Декомпензираниот стадиум освен што ги содржи опишаните симптоми доаѓа и


до влошување на општата состојба.Главни клинички критериуми за постоење на
декомпензирана цироза се следниве црнодробни компликации:

Жолтица,портална хипертензија,асцит,невропсихички пореметувања

Покрај овие главни симптоми се јавуваат и:

знаци на промена на коагулацијата на крвта,ендокрини промени,знаци на кожни


промени,палмарен еритем,знаци на хипертермија со септикемија,фактор
хепатикус-се манифестира со непријатен мирис на мрша или изгорена земја.

слика бр.1 -палмарен еритем слика бр.2 -жолтица

Дијагноза:

Дијагнозата се поставува со помош на клиничката слика,лабараториските


испитувања како и со помош на компјутерска томографија,ендоскопија и
црнодробна биопсија.

Терапија:

Лекувањето зависи од стадиумот на болеста и кои клинички знаци се присутни во


моментот.Се препорачува одмор и исхрана богата со белковини и шеќери, а
сиромашна со масти.Односно правилен хигиено-диететски режим на исхраната,
лекови кои влијаат врз регенерацијата на хепатоцитите,при потешка форма се
препорачува хоспитализацира,мирување и несолена диета.
Прекумерната потрошувачка на алхохол (како причина за
алхохолна цироза)
Алхохолна цироза

Долгорочната употреба на големи количини на алкохол можат да предизвикат


сериозно оштетување на црниот дроб. Во првиот стадиум од болеста, маснотија
се акумулира во црниот дроб. Повеќето луѓе не ги препознаваат симптомите на
овој стадиум, иако кај повеќето од нив црниот дроб отекува и станува поголем.
Некои луѓе добиваат и хепатитис, кој ги воспалува и убива клетките на црниот
дроб. Други добиваат цироза, неповратлива состојба во која нормалното ткиво на
црниот дроб е заменето со оштетено ткиво.

Ова ја спречува крвта да минува слободно низ црниот дроб, формирајќи висок
крвен притисок во вените кои минуваат низ црниот дроб. Како последица на ова,
црниот дроб веќе не е во состојба да ја прочистува крвта од токсичните материи.
Затоа епилогот може да биде фатален. Цирозата од алкохол не се разликува од
цироза од друга причина. Заболувањето може да биде без симптоми или да се
јават симптоми како компликација од цирозата: собирање течност во стомакот,
крвавење од проширени крвни садови на хранопроводот, мозочни или бубрежни,
и невролошки компликации и друго.

Слика бр.3-
здрав црн
дроб ,слика
бр. 4 -
оштетен црн
дроб

Симптомите
на алкохолна цироза на црниот дроб обично се развиваат кога лицето е на
возраст помеѓу 40 и 60 години,каде што почесто заболуваат мажите во однос на
жените.Нашето тело ќе може да ја компензира ограничената функција на црниот
дроб во раните фази на болеста. Како што болеста напредува, симптомите ќе
станат позабележителни.

12

Графикон бр.1 за приказ за појавата на алхохолна цироза помеѓу мажи и жени

Долготрајната алкохолната зависност се развива различно кај секој поединец.


Но, одредени симптоми ја карактеризираат болеста која води до цироза на црниот
дроб. Алкохоличарите развиваат силна потреба за пиење и покрај свесноста дека
пиењето им создава проблеми во животот.Тие страдаат од недостаток на
контрола, односно неможност да сопрат со пиењето кога веќе почнале.

1
ИЗВЕШТАЈ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА-2014
2
Причини (поради која се започнува долготрајната
конзумација на алхохол)

Психолошко-генетички причини

Истражувањата покажуваат дека алкохолизмот се пренесува во семејствата –


алкохоличарите имат 6 пати поголеми шанси од неалкохоличарите да имаат
роднина во семејството кој е зависник од алкохол. Истражувачите долго време не
знаеле дали овие проблеми се резултат на семејно генетско наследство, или пак
резултат на општата средина во семејството, која често вклучува родители-
алкохоличари.

Причини од средината

Факторите на средината кои можат да влијаат на развивањето на болеста се


личното однесување, пријателските влијанија во раниот живот, однесувањето на
родителите, социјални и културни мислења кон алкохолот, животен стрес и
расположливоста со алкохолни пијалаци. Еднаш кога личноста ќе развие рутина
за пиење, факторите на средината заедно со физичките промени здобиени како
резултат на тешкото пиење можат да ја засилат постојаната употреба на алкохол.

Психолошки влијанија

Многу експерти тврдат дека губењето на контрола за пиењето е психолошки


поврзано. Студиите покажуваат дека зависници од алкохол ќе пијат прекумерни
количини на безалкохолни пијалаци доколку веруваат дека во нив има алкохол.
Исто така, доколку им се даде алкохолен пијалак за кој веруваат дека е
безалкохолен, нивното однесување во пиењето е слично со она на лица кои не се
зависни на алкохол.
графикон бр.2--приказ за возраста во која најчесто се започнува
прекумерната консумација на алхохол помеѓу мажите и жените

Врз основа на истражувањата се прикажува дека мажите најчесто започнуватаа


со конзумација на алхохолот во педиот помеѓу 39-59 години.каде што долготајното
пиење на алхохол води до оштетување на црниот дроб-алхохолна цироза.

Жените се поподложни на алхохолна цироза бидејќи поинаку го апсорбираат


алхохолот од мажите. Жените имаат помало количество на вода во телото, а
поголемо количество телесни масти, со што постигнуваат повисоки концентрации
на алкохол во крвотокот од мажите по консумирање еквивалентно ниво на
алкохол. Тие исто така го метаболизираат алкохолот од крвта со побрзо темпо од
мажите.
Во Македонија се проценува дека над 60.000 луѓе се алкохоличари, а 300.000
имаат проблеми со алкохолот и покажуваат знаци на алкохолна болест. Според
пол, мажите лекувани од алкохолизам се повеќе застапени во однос на жените.

Табела бр.1-приказ на заболени од алхохолна цироза од 2008 до 2013година

графикон бр.2-приказ на заболени пациенти од алхолна цироза помеѓу мажите и


жените во период од 2000-2018 година во Северна Македонија4

Статистиката на податоци покажува дека околу 66 пациенти во просек заболеле


од алхохолна цироза во период од 2010 до 2018 година. Според направената
статистика на податоци се заклучува дека последните неколку години значително
се зголемува бројот на заболени од алхохолна цироза.

3
ИЗВЕШТАЈ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА-2014(38 СТР).
4
ИЗВЕШТАЈ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА-2018
На самиот почеток на болеста жртвата нема да забележи никакви симптоми,
бидејќи манифестацијата на болеста е забележана кога клетките на црниот дроб
веќе се распаѓаат во голем број. Од почетокот на болеста може да потрае околу
пет години,се јавуваат:

-Температурата на телото се зголемува до 37,5 ⁰C

-Апетитот исчезнува.

-Алкохоличарот е во депресија.

-Личноста станува нервозна и лесно возбудлива.

-Промени во бојата на кожата: пожолтување, црвенило на дланките, појава на


капиларни звезди (најчесто на лицето)

слика бр.5 -промени на кожата слика бр.6-папиларен еритем

-Оток на стомакот

слика бр.7 -оток на стомакот


-Атрофија на тестиси

-Промена на бојата на урината и изметот. Урината потемнува. Изметот станува


безбоен. Често во фекалните маси, крвта може да се открие кога почнува
внатрешно крварење.

-По пиењето алкохол и масна храна, се јавува дијареја.

-Хормонални пореметувања

-Намален крвен притисок. Срцето удира во интензивен ритам. При секоја мала
физичка или емоционална оптовареност лицето почнува да се задушува. Во
регионот на срцето има честа прободувачка болка. Нозете се издувани.

слика бр.8- издувани нозе


5

графикон бр.3-приказ на заболени пациенти од алхохолна цироза во 2020/2021

Според статистиката на податоци направена од Клиничка болница Штип


укажува на поголем процент заболени мажи од алхохолна цироза. Истражувањето
покажува дека во 2020 година имало 36 мажи заболени од алхохолна цироза
наспрема 6 жена. Додека пак во 2021 година имало 29 мажи заболени од
алхохолна цироза наспрема ниту еден број на заболени жени од алхохолна
цироза.

5
КЛИНИЧКА БОЛНИЦА –ШТИП(ИНТЕРНО ОДДЕЛЕНИЕ)2020/2021
Заклучок

Како што веќе наведив дека алхохолната цироза се јавува се почесто и почесто
помеѓу луѓето избегнувањето на целокупното консумирање алкохол е
единствениот начин да се елиминира ризикот од алхохол, намалувањето на
пиењето до умерена количина може да го намали ризикот. Јас сметам дека
внимавањето да не се консумира алкохол со други потенцијално токсични лекови
за црниот дроб и преземањето чекори за спречување на инфекција од хепатитис
Ц, исто така, ќе ја намали веројатноста за развој на алхохлна цироза.

Прогнозата ќе биде поволна со одбивање на алкохол поповолни во помлади


луѓе со нормална тежина, мажи со навремено почетокот на третманот.Исто така и
потикнувањето на помладите па така и на постарите лица за разикот од
конзумацијата на алхохолот, како опасност за оштетувањето на црниот дроб и
појава на алхохолна цироза.
Содржина
Воведeн дел.....................................................................................................................2

Главен дел........................................................................................................................3

Прекумерната потрошувачка на алхохол (како причина за алхохолна цироза)........5

Причини (поради која се започнува долготрајната конзумација на алхохол)............7

Заклучок..........................................................................................................................13
Користена литература

*АЛХОХОЛИЧАРИ-В.Иваноска, Штип, 2014(Универзитет Гоце Делчев)

*Статистика на заболени пациенти од алхохлна цироза 2020-2021 од Клиничка


болница –Штип

*Државен завод за статистика

*Институт за здравјето на Република Северна Македонија 2014

* https://ma.duranhedt.ru/bolesti-simptomi-tretmanot/gastroenterologi%D1%98a-git/290-
alkoholna-ciroza.html

* https://panacea.mk/alkoholna-tsiroza-na-tsrn-drob/

* https://www.healthline.com/health/alcoholic-liver-cirrhosis#outlook

*https://zmc.mk/blog/shto-e-alkoholen-hepatitis-i-kako-da-se-sprechuva/ ж

You might also like