You are on page 1of 8

Црно семе

Во низата романи за судбината на Македонецот од егејскиот дел; мотивот


на прогонот, насилството и теророт е даден во романот „Црно семе“
од Ташко Георгиевски.

Темата на романот е судбината на група Македонци, затвореници на еден


пуст остров во Егејското Море.
Идејата е дека никакви насилства, физичка и психичка тортура не можат да
го скршат човековото достоинство и да му го погазат чувството за
национална припадност.
Времето на случување е Граѓанската војна во Грција, крајот на
четириесеттите години од 20 век (нешто по Втората светска војна).
За основа на фабулата е земен конкретен настан: кон крајот на Граѓанската
војна монархистичката власт изделува една група војници – комунисти и
Македонци кои ги обвинува за работење против тој режим. Ги носат на пуст
остров за да ги превоспитаат.

Содржина на романот „Црно семе“

.
На почетокот од романот се запознаваме со главниот лик — Доне, кој е
затворен и обвинет за пишување антидржавни пароли, иако е неписмен.

Во камионот со кој ги пренесувале до затворот е и соселанецот Марко.


Ноќта ја поминале заклучени во некои темни и долги одаи одвај малку
преспивајќи. Утрото ги построиле и поради својот изглед, Доне прв им паѓа
в очи на поручниците.

Тој е сосема ќос, без ниту едно влакно на главата и затоа меѓу првите го
повикале на испрашување. Таму го претепале и постојано му подметнувале
лист хартија на кој треба да потпише дека се откажува од комунистичката
партија и дека ќе му биде лојален на кралот и на Грција.

Доне им вели дека е обичен војник — Андонис Совичанис и дека не може


да потпише нешто што не е.

Потоа затворениците ги сместиле во големи шатори каде било топло и


задушливо, со сите машки мириси и каде се кревала прашина од земјениот
под. Долгите ноќи во кои често се слушале нечии пискотници, Доне ги
скратувал со мислите за својата жена Ангелина. Таа била вражалкина
ќерка, најубава во селото, но Господ не им дал деца. Во сите тешки
моменти тој мислел на неа, црпејќи сила да издржи.

Марко, пак, бил постојано исплашен, се затскривал, молчел и се надевал


дека нема да го забележат, дека ќе го одминат.

Утредента, капетанот сите ги построил за да открие каде се и што им се


случило на двајца потпоручници кои исчезнале ноќта. Цел ден ги оставиле
затворениците пред вперени пушки и под жешкото сонце, но не откриле
ништо.

Следниот ден, ги однеле со камиони во некој двор со прсти и нокти да


чистат троскот што никнал меѓу камчињата. Кога Доне го побарал зад себе
Марко, не го нашол, туку здогледал едно високо, слабо момче — Христос
Согламов, со кого ќе се спријатели.

На Доне не му било сеедно што Марко почнал да бега подалеку од него, за


да не настрадува поради неговата впечатливост. Од друга страна, токму
тоа го привлекува кон Христос, што и тој бил впечатлив — една глава
повисок од сите во стројот.

.
Делење пакети

.
Додека биле во логорот, сите затвореници ги повикувале во канцеларијата
божем да им дадат пакети од дома. Тие знаеле дека ни писмо не можат да
добијат, но по наредба мора да одат.

Меѓу првите ги повикале Марко и Христос. Вечерта се вратиле без пакети и


испретепани. На ова, еден од затворениците досетливо ќе рече: „Значи,
пакетите таму ќе ги јадеме“.
Доне се обидувал да им помогне на пријателите, а особено на Христос кој
едвај можел да се исправи, а окото му било цело затворено од оток. Тој
често му велел:

„Море Христосе, море долги човече, не ти го расипаа окото?, а тој ќе се


насмееше:
Зар е важно тоа? Овде поважно е да не ти ја расипат душата.“
Еден ден, пред да ги товарат во бродови, по пакет го повикале и Доне.
Дебелиот капетан особено бил среќен што го гледа него и почнал да се
изживува. Со гумена палка го удрел трипати, па ги терал војниците сите да
му се изредат со своите палки, но со предупредување:
„Внимавајте да не ја повредите таа чудесна глава!“ потоа му нареди на
еден војник да си ги собуе панталоните и гаќите и да се наврти со газот, а
потоа го фати Доне за уво и му ја наведна главата крај голиот газ на
војникот.“
Освен тепањето, Доне постојано морал да ги трпи и ваквите понижувања.
Неговата ќоса глава да биде споредувана со задник!
Откако повторно не потпишал, го претепале и го фрлиле назад во шаторот.
Марко и Христос си помислиле дека е готов, но Доне продолжил со своето
бладање и повикување на жена си Ангелина.
.
Во бродот

.
Утредента ги натовариле на бродови, под палубата, натиснати,
многубројни, во смрдеа и само со мали отвори од страните, а одозгора
затворени со капак.
Претепаниот Доне другарите го сместиле поттурнувајќи ги другите за да
може да дише. Кога дошло пладне станало речиси неподносливо од
жештина, задушливост, смрдеа од пот и мочки, па луѓето почнале да
протестираат, да тропаат со нозете, да викаат и да пцујат.
Едно младо момче дури се искачило на скалите кон капакот, повикувајќи ги
другите да не дозволуваат да се однесуваат кон нив како кон добиток и сите
заедно со грбовите да го откорнат капакот. Но, стражарите го повлекле
горе „за да дише воздух“.
Луѓето под палубата останале затворени, слушајќи ги безбројните удари од
стапови и камшици што ги добило момчето.
Кога го вратиле назад, полумртов, со ништо не можеле да му помогнат, па
Христос застанува над него и запејува песна со која му ја враќаат душата на
младото момче од Серес.
.
Пристигнување на островот

.
Кога конечно пристигнале на островот, ги дочекале со две редици војници
со стапови и камшици и еден по еден сите ги „дарувале“.
Ги сместиле во шатори за двајца — по четворица, но кај Доне останале
тројца: тој, Христос и Грчето Нико (младо момче од Солун), а Марко се
сместил во друг шатор. Четвртиот жител на шаторот биле мувите.
Здодевните, големи муви ги имало насекаде.
Утрото ги построиле на чистината, покрај ѕидот, на жешко сонце и жедни за
да се запознаат со капетанот Скалумбакис — висок, строен, исчеткан,
избричен, во парадна униформа, со насмевка и мек, пријатен глас. До него
биле и двајца потпоручници, а на горниот и долниот крај на ѕидот стоеле
војници со пушки и камшици.
Скалумбакис ги терал заробениците да ја пеат песната за Грција. Од
исушените и жедни грла едвај се слушал некој глас. Нискиот потпоручник,
со мустаќи под носот наместо насмевка, се спуштил меѓу затворениците за
да ги потсилува во песната и се задржуал кај впечатливиот Доне. Му
мавнал неколку стапа, а Нико за да го одвлече вниманието на
потпоручникот, во моментот посилно запеал. Потпоручникот дошол до него,
го мавнал со стапот и го испратил кај Скалумбакис, зад ѕидот. Тогаш Нико
ќе рече:
„Во оваа наша мочана Грција ни Гркот не може да биде Грк.“
.
Условите на островот

.
Потпоручникот со мустачиња, Маки, бил само предигра на она што се
случувало зад ѕидот. Вистинскиот ѕвер бил Скалумбакис, кој цинично се
смеел изживувајќи се и злоставувајќи ги младите и убави момчиња. Меѓу
првите што отишле зад ѕидот се: Доне, Грчето Нико, студентот Парис
(момчето од бродот) и Христос.
Жедните заробеници постојано биле со закоравени усти, а водата што ја
добивале им ја носеле од Атина со брод. Не им ја давале веднаш, туку ја
оставале да фати корка од мушички и барем два дена да се затопли. За да
биде уште полошо, им давале да јадат солена харинга која не смееле да ја
фрлат.
Доне правел сè за да издржи, ја трпел жештината, жедта, солената харинга,
стаповите и малтретирањето од Маки и Скалумбакис, но не се предавал.
Тој постојано го храбрел Христос и му давал поттик со својот пример да
издржи и да не потпише. Но, ноќе, Христос си мислел дека можеби би било
полесно кога би потпишале, би се ослободиле од тортурите и би се вратиле
во селото кај жената и децата.

.
Песочни цртежи

.
Измачувањата не биле само одење на чистината да ја пеат песната под
жешкото сонце, туку и многу други работи. На пример, откако местото на
строење станало тесно, тие почнале да копаат околу и со голи раце да ги
тргаат камењата. Копајќи пронашле човечки коски и черепи уште со месо на
нив. Затоа, морале да копаат плитко и местото да го покриваат со земја
носена од брегот. На крајот, во ранци носеле песок и го ставале најодозгора
за да не се прави кал.

Еднаш, задувал силен ветер и Маки наредил сите да легнат врз песокот и
да не дозволат да се разнесе. Кога престанало да дува, се добила страшна
слика на песочни цртежи од живите војници измешана со оголените коски и
черепи. Од тој ден, многу работи се смениле, како сите веќе да попуштиле,
да се заматиле во умот и многумина потпишале.

Но, Доне сè уште цврсто стоел на своето и како секогаш, тој им велел на
своите пријатели:

„Ај потпиши дека си коњ кога не си коњ?“


.
Градењето црква

.
Раскопачувањето продолжило и од камењата што ги ваделе требало да се
изгради покрив над главата за Скалумбакис и црква.
Христос се пријавил дека знае да ѕида и од таа работа почнал да се
разведрува. Ѕидајќи, тој заборавал каде се наоѓа, не го измачувале лошите
мисли и се чувствувал посреќен.
Потпишувањето на Марко
Пред крајот на летото, еден ден, Маки собрал десет души да одат да
наполнат вода во матарките. Но, четворица од нив побрзале и тргнале пред
Маки. Меѓу нив бил и Марко. Кога ги достигнале кај чешмата, Маки им
наредил да се собујат и боси да трчаат по острите камења до врвот на
сртот и назад. За тоа време, Доне морал да истолчи камења. Кога се
вратиле, со раскрвавени нозе, Маки ги клекнал со голи колена на толчениот
камен. Потоа им дал да држат по еден голем камен со испружени раце.
Болката била преголема и тогаш Марко попуштил и потпишал.
Но, потпишувањето не го ослободило. Него не го пуштаат да си оди дома,
туку му давле пушка да ги чува другите затвореници.
.
Измачувањата на островот

.
На островот се случувале и други грозни работи.
Скалумбакис го фрлил студентот Парис во заврзана вреќа со заврзани
раце, со мачка во морето. Сите очекувале да биде мртов кога ќе го извадат
од морето. Но, кога го извадиле, тој бил издраскан, ама на мачката ѝ го
одгризал гркланот. Кога се освестил, плукнал на Скалумбакис и пркосно
рекол:
„Еве на што падна Грција, педери дебелогази да ја срамат!“
Други, пак, двајца браќа, кои меѓу себе зборувале македонски, Скалумбакис
ги казнил така што прво ги натерал да се маваат со стапови, а потоа да се
срамотат еден со друг.
Овие приказни постојано кружеле по шаторите и ги храбреле, но и ги
плашеле луѓето.
.
Во другиот логор

.
По извесно време, Скалумбакис побарал доброволци за во другиот логор,
кој се наоѓал на спротивната страна на островот. За таму се пријавил
студентот Парис, а по него и Доне, но Христос не сакал да оди заради
ѕидањето.

Во другиот логор кон затворениците се однесувале многу подобро, им


давале нормална храна, пресна вода, не ги буделе постојано со трубата
итн.

На крајот од зимата, повторно ги повикале да потпишат, ако сакаат да


останат. Но, никој не потпишал и затоа ги вратиле назад.

Иако во полоши услови, Доне се радувал што ќе се врати и што ќе го види


Христос. Го здогледал зад црквата како се вртка без некоја особена цел.

.
Бунтот на затворениците

.
Вратените затвореници веднаш ги потерале кај ѕидот на кој војниците
поставиле митралез. Но, се случило митралезот да пушти рафал и да
прониже една редица од луѓето. Настанала мешаница, војниците се
разбегале, а затворениците се повлекле во шаторите, поставувајќи граница
со закана дека ако некој ја мине нема да се врати жив.

Меѓу водачите на бунтот бил Парис, кој постојано се борел за почовечки


однос кон затворениците.
Скалумбакис ноќта не презел ништо. Следниот ден со засилена војска, со
пушки и митралези го разбиле обрачот, а заробениците избегале кон
морето. Таму, заградени со бодликава жица поминале ден и ноќ.

Утредента го ставиле Доне во самица заградена со бодликава жица и го


распрашувале за случката, за имиња. Тој немал што да им каже, а за да
избега од мачнотијата, мислел цело време на Христос. Се прашувал што му
се случило, дали го скршиле или се разочарал во светците (иконите) што ги
избесиле во црквата.

Доне го пуштиле и бидејќи никаде не можел да го види Парис, му станало


јасно зошто бил ослободен од самицата. Некој друг го поткажал Парис.

.
Мувите

.
Конечно, на вечерата го здогледал Христос, кој во едната рака ја држел
чинијата, а со  другата го придржувал врзаниот ракав. Студено го поздравил
Доне и си продолжил.

Дури вечерта, во шаторот Доне дознал што се случило. Маки му наредил на


Христос да собере 1500 живи муви за да му го даде писмото што стигнало
од жена му.

Другиот ден, Христос отишол да му ги даде мувите и внимателно ги вадел


од ракавот ставајќи ги врз дланката на Маки. Полната дланка брзо се
празнела, зашто мувите откако малку ќе се освестеле, летнувале. Маки
победнички се кикотел и му рекол на Христос дека ќе мора да собере и
наброи 1500 живи муви, што кротко ќе седат на неговата дланка.

Доне, не можејќи да го издржи понижувањето на Христос, решил да му


помогне и заедно собираат муви, но овојпат им ги кинеле крилцата за да не
можат да одлетаат.

Кога ги однел таквите муви кај Маки, сигурен дека го победил, Христос
гордо му ги ставал во дланката кротките муви. Но, Маки се навредил,
велејќи дека не сака стрижени муви и го повикал во неговата канцеларија.

Кога се вратил од кај него, Христос бил сосема загубен, таму не го тепале,
но ја исцедиле душата од него.
Утредента, со заматен поглед, спобудален, тој се растрчува низ дворот
замислувајќи дека лови муви. Сосема скршен, веќе без ум, на крајот
Христос ги крши и кине иконите во црквата, терајќи ги да потпишат.

За казна, го распнале на скелето пред црквата како Исус каде ноќта умира.

Тој, всушност потпишал кога Доне бил во другиот логор. Неговата изјава ја
пратиле во селото, на жена му. Заради него настрадале и други фамилии.
Во писмото за кое собирал муви, таа го колнела и проколнувала.

На крајот од романот, Доне останува сам, исплашен дека и тој ќе ги остави


своите коски тука. Но, во стравот е и неговата надеж. Зашто стравот го тера
човекот да живее, да се бори и да издржи.

You might also like