You are on page 1of 1

ПОЈАВА И РАЗВИТОК НА СЛОВЕНСКАТА ПИСМЕНОСТ И КУЛТУРА

* Христијанизација на словените во Македонија


- христијанството почнале да го примаат од античките македонци
- Византија го проповедала на грчки, а словените не го разбирале

* Создавање на словенската азбука и писменост


- словените имале примитивно писмо составено од “црти” и “решки”
- Светите браќа Кирил и Методиј ја создале првата словенска азбука – глаголицата, со 38 букви, во 855г
- тие почнале да преведуваат црковни книги од грчки на словенски јазик
- при крајот на IX век била создадена полесна азбука – кирилица, во чест на Св. Кирил
- во манастирите ги основале првите училишта и на тој начин христинизацијата се ширела полесно и побрзо
- од Македонија словенската писменост се проширила во Бугарија, Моравија, Панонија, Србија и Русија

* Мисиите на Св. Кирил и Св. Методиј


- најголемо значење има Моравската мисија
- германските свештеници христијанството го проповедале на латински јазик, кој бил неразбирлив за словените
- затоа кнезот Ростислав ги испратил Св. Кирил и Методиј, со нивните ученици, во Моравија да го проповедаат
христијанството на словенски јазик
- нивната мисија била попречувана од германското свештенство, но ја одобрил папата од Рим
- Св. Кирил умрел во Рим, а Св. Методиј се вратил во Моравија
- по неговата смрт германските свештеници ги протерале нивните ученици од Моравија

You might also like