You are on page 1of 2

Ленка

„Ленка“е творба на поетот и револуционер, основоположникот на современата македонска


литература,оној по кој е познат градот Велес, великаниот Коста Солев Рацин.Песната е дел од неговото
најзначајно поеско дело, стихозбирката „Бели Мугри“.Таа е лирско дело,со тажна содржина, елегија
која поетот ја изградил, зборувајќи за мрачната, напорна судбина на девојката Ленка и нејзината
трагична смрт.Песната е организирана во четири строфи со различен број на стихови:октава, катрена,
секстина и септима.

„Откако Ленка остави

кошула тенка ленена

недовезена на разбој.

и на налани отиде

тутун да реди в монопол“...

Во првата строфа,во првите неколку стиха Рацин многу јасно и дирекно раскажува за оставањето на
подготовките за чеизот, поради пустата сиромаштија и принуденоста да работи во монополот што на
поедноставен начин опишано, го најавува почетокот на макотрпна судбина на девојката Ленка.Во
последователните стиха поетот преку силни визуелни елементи ја опишува лесно забележливата
промена нанејзиното лице:

... „лицето ѝ се измени

веѓи паднаја надолу

и усти свија кораво“...

Во следната строфа, гневно и револтирано поетот ги искажува своето мислење, дека таква мачна работа
не е за нежна девојка како Ленка,дека тутунот е отров којшто за таква млада душа е неизбежен.Бил во
право.Работата на Ленка во монополот ја чинело многу повеќе од заработените пари,ја чинело
нејзиното безценето здравје.

„Прва година помина

грутка в срцето ѝ легна,

втора година намина

болест ја в гради искина.

Трета година земјата

на Ленка покри снагата.“

Преку силна градација во третата строфа,во само шест стиха Рацин ја опејува трагедијата и несреќата
што ја снашло девојката.Водела борба со ужасна, страшна болест која година на година се повеќе и
одземала здив.Колку и да се борела,за жал болеста за Ленка била неподнослива со што довело до
нејзината трагична смрт.

На крајот на оваа песна во последната строфа значително се доловува интензитетот на тагата од самиот
поет за загубениот живот на девојката која имала сеуште неостварени желби и долг пат пред себе
си.Овде и Рацин поставува реторско прашање кон девојката:

...„Зошто ми, зошто остана

кошула недоткаена?“...

Таа никогаш не успеала да се омажи и да создаде свое семејство.

„Ленка“ е песна во која се опеани многу чувства и настани што предизвикуваат емотивност и
сликовитост кај нејзините читатели. Со полна поетска сугестивност и емотивност ги изразува црнилата
на животот на македонскиот човек.Напишана е како потсетник дека животот е непредвидлив и
краток.Ова дело заедно со останатите од збирката на Кочо Рацин претставува извондреден настан во
историјата на македонската литература што отворил пат кон развојот на македонската современа
литература.

You might also like