• Под хелиотерапија се подразбира примена на сончевата светлосна енергија во
лекување.Во секојдневниот говор овој вид е терапија со сончање • Дејството на сонцето врз нашиот организам е повеќекратно.Обично тоа се поврзува со престој на море,езеро,планина или покрај река ФИЗИОЛОШКИ И ТЕРАПИСКО ДЕЈСТВО
• При сончање на телото истовремено дејствуваат инфрацрвените и ултравиолетовите и видливи
зраци, воздухот со својата топлина, влажност и притисок • Често се сретнува поимот светлосна дразба која настанува преку сетилото за вид па потоа преку оптичките патишта има секундарно дејство врза хипофизата.Ова е заслужно за општиот тонус и вегетативните функции на организмот • УВ-А и УВ-Б зраците кои допираат до површината на Земјата на кожата предизвикуваат еритем, а потоа и пигментација.Под нивно влијание во кожата се создава витамин Д, кој влијае на метаоблизмот на калциумот и фосфорот и ја стимулира остеогенезата. Во кожата се создаваат биолошки активни материи,се намалува болката и воспалителната реакција.УВ зраците имаат и бактерицидно дејство ФИЗИОЛОШКИ И ТЕРАПИСКИ ДЕЈСТВА
• Инфрацрвените зраци дејствувајќи диренто врз артериолите во кожата може да
предизвикаат хиперемија,намалување на болка и мускулна спазма како и ресорпцијан а отоци. • Комбинираното дејство на УВ и ИЦ зраците во текот на сончањето го забрзува зараснувањето на отворени рани и торпидни улкуси • Нивното комбинирано дејство врз организмот дејствува неврорефлексно и хуморално, се менува реактивноста на нервното ткиво,влијае на функцијата на ендокрините жлезди се подобруваат имунолошките рекации и др ФИЗИОЛОШКИ И ТЕРАПИСКИ ДЕЈСТВА
• Сончањето се користи во превентивни, тераписки,козметички и рекреативни цели.
• Ефектите на дејствување на сончевите зраци зависат и од:дебелината на воздушниот слој,влажноста на воздухот,прашината, периодот на денот, годишно време, надморска височина облачност и др. ДОЗИРАЊЕ
• Се одредува хелиодоза според Ролије
• Ролије го поделил телото на шест сегменти, кои се експонираат еден по друг секој следен.Се почнува од стапалата кои се зрачат само првиот ден само 5 минути, следниот ден се зрачат потколениците 5 минути, а стапалата 10 минути а третиот ден и натколениците, со што останатите делови од телото се зрачат во следните денови освен главата.Понатаму зрачењето продолжува по 5 минути секој ден. НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ
• Предозираноста на сончевата енергија врз организмот се изразува чувство на замор,
малаксаност, губење на апетит,главоболка, несоница и други симптоми. • При неконтролирана примена на хелиотерапија може да дојде до појава на изгореници од потежок степен на озрачената кожа • При долготрајна и прекумерна експозиција,сончевите зраци предизвикуваат превремено стареење на кожата, а кога се работи за предиспонирани лица може да се предизвика канцер. ИНДИКАЦИИ И КОНТРАИНДИКАЦИИ
• Индикации за тераписко сончање:рахитис и остеомалација, остеопороза,забавено
создавање на калус кај фрактури,остеохондропатии,псоријаза, акни на кожа, хроничен егзем • Контраиндикации • Фотодерматози, системски лупус,терапија со лекови со фотосензибилизирачко дејство, рендгенски дерматитис, малигни тумори,порфирија, активна ТБЦ и др.