You are on page 1of 15

Универзитет,,Гоце Делчев’’-Штип

Факултет за туризам и бизнис логистика

Насока : Бизнис администрација

Семинарска работа по предметот претприемништво

Тема: Претприемачот и етиката

Ментор: Доц.д-р Марија Магдинчева-Шопова Изработиле :

Темелкова Ивана,индекс :175282

Атанасков Далибор,индекс :

Скопје , 2015

1
2
Апстракт

Во секојдневните улови на живеење и работење се среќаваме со низа


настани во кои се поставува прашањето дали се постапува етички или не. Тоа е
пред се резултат на брзиот и динамичен начин на живеење како и промена на
условите на работа и живеење каде во многу случаеви самите морални и етички
вредности се намалени во споредба со што некогаш биле во минатото.

Па отука потребно е да се стави акцент на етиката како составен сегмент во


секојдневниот живот. Поаѓајќи од терминолошкото значење поимот етиката
потекнува од грчкиот збор ethos 1 што се дефиинира како обичај, а поради
нејзиното значење во литературата се среќаваат различни начини кои ја
дефинираат. Па така етиката може да се дефинира како филозофска дисциплина
која ги испитува мислата и целите на моралните барања, критериумите за
морално вреднување, како и воопшто заснованоста и изворот на моралот. Исто
така етиката како наука за моралот има за задача да ги запознае луѓето со тоа
што е морал и кои се неговите основни компоненти, но и да заземе критички став
спрема постоечката морална пракса2.

Етиката исто така се занимава и со однесувањето на луѓето, односно преку


неа се утврдуваат правила на морално однесување кои најчесто се викаат етички
принципи, односно етички кодекс, кој опфаќа кодекс на начела, правила и
политики со кои се насочува и регулираат оденсувањата на луѓето. Покрај
дефинирањето на етиката како посебна филозофска дисциплина, потребно е
посебно внимание да се посвети на деловната и професионалната етика како
нејзини составни делови.

Клучни зборови :

1
http://mk.wikipedia.org
2
Шуклев, Бобек ,,Менаџмент,,Скопје,2010 стр.375

3
Abstract
In everyday conditions for living and working come across a series of events in
which the question is whether the act ethically or not. This is primarily due to the rapid
and dynamic lifestyles and the changing conditions of working and living where in many
cases the very moral and ethical values are reduced compared with that ever were in
the past.

Well, it is necessary to put emphasis on ethics as an integral segment of


everyday life. Starting from the terminological meaning the term ethics comes from the
Greek word ethos definate as usual, but because of its importance in the literature there
are different ways to define it. So ethics can be defined as a philosophical discipline that
examines the thought and purpose of moral requirements criteria for moral evaluation,
and general merits and the source of morality.
Also ethics as a science of morality is tasked to socialate people with what is
moral and what are its basic components, but also to take a critical attitude towards
their moral practise.Ethics also deals with human behavior, ie through it determines the
rules of moral behavior commonly called ethical principles or code of ethics that
includes a code of principles, rules and policies that guide and regulate people’s
behavior. In addition to defining ethics as a separate philosophical discipline it is
necessary that special attention be paid to business and professional ethics as its
constituents.

Key words:

4
1. Категории на човековото однесување

Денес етикатa е важен дел од секоја компанија. Таа ги поставува


стандардите за тоа што е добро или лошо во водењето и во одлучувањето,
присутна е во ситуации во кои активноста на личноста или организација може да
ги загрози другите. За успешна примена на етиката во секојдневното работење се
формираат оддели за деловна етика. Етиката може подобро да се разбере кога ќе
се спореди со однесувањата раководени од законот и слободата. Човековото
однесување може да се претстави во три категории: област на кодифициран закон
(законски стандард), област на етика (социјален стандард) и област на слободен
избор (персонален стандард). Првата е наречена закон, во кој вредностите и
стандардите се напишани во законски систем и имплементирани во судовите. Во
оваа област законодавците имаат регулирано дека луѓето и организациите мора
да се однесуваат на одреден начин, како на пример да имаат возачки дозволи или
да плаќаат данок. Областа на слободниот избор е на спротивната страна од
скалата и се однесува на однесувањето за кое законот нема збор индивуата и
организацијата ужива целосна слобода. Помеѓу овие две области се наоѓа
етиката. Оваа област нема специфични закони туку има стандарди за раководење
Во областа на слободниот избор почитувањето се однесува на себеси. Во областа
на кодираниот закон послушноста е кон законот испишан од законскиот систем.

Слика бр.2 – Категории на човековото однесување

5
2. Деловна етика
Претприемачите создаваат нови и возбудливи производи, идеи, концепти и
бизниси секој ден. Економијата не може да опстане без нив и многу бизниси
зависат од нив. Некои од најбогатите мажи и жени во светот имаат квалитети на
претприемачи, имаат напорна работна етика, работат паметно и ги користат
вистинските луѓе за секоја мала работа. Тоа е клучот за градење на огромни
богатства.Многу компании и индивидуалци влегуваат во неволја со
поедноставеното гледање дека изборите се регулираат или со закон или со
слободна волја. Тоа ги води луѓето до погрешна претпоставка дека ако нешто не
е незаконско мора да е етично, како да нема трета област — етика. Подобра
опција е да се препознае областа на етиката и да се прифатат моралните
вредности . Колку принципите на етиката и социјалната одговорност се пошироко
распознати толку компаниите ќе можат да ги користат етичките кодови и
организациската култура за да го управуваат однесувањето, притоа елиминирајќи
ја потребата за понатамошни закони и избегнувајќи ги проблемите од лош избор.
Бидејќи етичките стандарди не се кодирани, несогласувањата и дилемите за
соодветното однесување се јавуваат често. Етиката секогаш се однесува на
донесувањето на одлуки — а некои предмети тешко се решаваат. Етичките
дилеми се јавуваат во ситуации кои го вклучуваат доброто и лошото, кога
вредности се во конфликт. Доброто и лошото не можат начисто да се
идентификуваат.

2.1. Примена на деловната етика


Деловната етика доколку се практикува во целокупното работење станува
камен темел на културата на самата фирма и може да биде одлучувачка за
успехот или неуспехот во бизнисот. Деловната етика и култура е однесување што
секоја организација треба да го применува во сите сфери на работењето. На тој
начин се создава пријатна и професионална атмосфера помеѓу вработените, која
потоа се пренесува на односите меѓу компанијата и нејзините деловни партнери.
Но што се подразбира под поимот деловна етика?

6
 Почитување на хиерархијата

Значаен елемент на деловната етика е почитувањето на хиерархијата.


Односот кон претпоставените треба да биде изграден врз доверба и
почитување и секогаш надредените да можат да се консултираат со шефот за
работата или за некаква ситуација.

 Задолжително присуство на состаноците

Професионалната етика налага лицето што го свикува состанокот однапред да


биде подготвено на темите за кои ќе се зборува. Недоаѓањето на претходно
договорен состанок е недозволиво. Доколку една од страните е спречена од било
какви причини да не присуствува на состанокот, тоа треба на време да и го
соопшти на другата страна. Доцнењето е уште една работа која не треба да биде
навика. Во некои култури на пример во Јапонија, доцнењето е навреда. Со
доаѓањето последен на состанок не се покажува моќ, се покажува некултура. Ова
особено важи за балканот, каде таканареченото академско доцнење од 15 минути
е прифатено како нормално, но тоа го нема никаде на друго место во светот. Овде
се поставува прашањето: Ако треба да бирате помеѓу соработник кој е секогаш
точен, почитува рокови и си ги извршува обврските навреме и некој кој доцни,се
извлекува и има милион изговори за тоа, кого ќе го одберете?

 Тимска работа

Тимската работа е она на што се инсистира, затоа што протокот на информации,


консултирњето со колегите и заедничкото решавање на евентуални проблеми,
обезбедува покривање на сите сфери на работењето на одредена компанија и
спречува појава на пропусти. Секој поединец во фирмата треба да сноси
одговорност и да го работи делот за кој е надлежен.

7
Слика бр.2 – Тимска работа

 Приватно и професионално

Етиката на однесување што поединецот ја поседува во приватниот живот, ја


пренесува и во деловното опкружување. Ако тие дома се однесуваат
професионално, такви ќе се претстават и на работното место. Колегите во текот
на неделата поминуваат многу време заедно, па запознаени се со приватните
животи едни на други. Не е реткост да остварат пријателски однос и да се дружат
и приватно.

 Облека

Многу важен дел од деловната етика е дрес кодот, односно облекувањето на


вработените. Во некои организации на пример во банките, вработените имаат
униформи по кои се препознатливи, но сепак во повеќето компании вработените
треба да бидат облечени пристојно, ненападно и да остават впечаток на
професионалци и на луѓе кои сериозно и пристапуваат на работата.

8
3. Како да се изгради етичка бизнис култура?
Извештај од 2011-та од Центарот за Етички ресурси (Ethics resource Center)
покажува дека етичките култури еродираат и перцепцијата на вработените за
етиката на нивните одговорни се губи од вид. Вработените се соочени со
зголемена одмазда против т.н судии, како и со поголем притисок да се скршат
правилата. Кога влоговите се повисоки, како што се во денешната тешка бизнис
клима, луѓето можат да чувствуваат поголем притисок да издејствуваат неетички
за да дојдат до резултати, без разлика дали е тоа лажење на клиенти,
навредување на конкуренцијата или поткупување на соработниците. Таквиот
начин на однесување може да предизвика значителни проблеми со моралот, па
дури може да доведе и до правни прашања. Сооглед на тоа потребно е бизнис
лидерите да заземат став кога станува збор за етиката, а тоа ќе го постигнат со:

 Јасни очекувања

Потребно е вработените да разберат што бизнис лидерите подразбираат под


етичко однесување. Тие треба да ги вклучат нивните очекувања кога станува збор
за етичко донесување на одлуки во нивниот прирачник за вработените или пак во
друга документација која што вработените ја добиваат во текот на првите денови
на работа. Во прилог на мапирање на однесувањето се очекува, на вработените
да им се дадат некои насоки кои ќе им помогнат кога станува збор за донесување
на етички одлуки, исто така и кога треба да се обратат на нивните менаџери и
како да пријават неетичко однесување кое ќе го видат околу нив.

 Примена на политики

Koгa ќе се случат етички прекршувања, треба да има последици. Ако нивниот


врвен изведувач мами на извештаите за трошоци или ги лаже клиентите, тогаш
тие не само што го толерираат тоа однесување, туку и ги учат останатите
вработени да бидат неетични. Однесувањето најверојатно ќе се мултиплицира
другите кога ќе видат што бизнис лидерите игнорираар или прогледнуваат низ

9
прсти. Ако врвниот изведувач лаже или ги малтретира другите, голема е
веројатноста тоа да почне да им го прави и на вработените.

4. Етика, морал и одговорност при создавање на профит


Етика, морал и одговорност при создавање на профит 3. Постои ли нешто
такво? Често пати во трка по профитот можеме да заборавиме кои сме, што сме,
што сакаме, што не сакаме. Можеме да заборавиме на основните вредности на
кои сме започнале да го градиме бизнисот, тоа се основните столбови преку кои
сме почнале да градиме и сме дошле во позиција да имаме хиерархија, структура,
менаџмент, системи. Дали сакаш да ти прават тебе нешто што не ти е пријатно?
Потребно е добро да се размисли, доколку сме во една менаџерска позиција за
еден просечен работен ден во сопствена организациона единица, за она што го
правиме на нашите вработени. Разгледувајќи ги сите тие активности да се
обидеме да дадеме одговор на прашањето: “Доколку јас сум во позиција на тој мој
вработен, дали би сакал такво однесување?”. Како и во приватниот живот, така и
во работењето неопходно е да се има одговорност, како кон себе, така и кон
околината. Постои потреба за запазување на етичкото однесување, односно, да
не им го правиме на другите, она што не сакаме да ни го прават нам, т.е. да
постои фер плеј во работењето. Потребно е да се има одговорност, како кон
вработените така и кон партнерите, дури и кон конкуренцијата, секаде треба да
постои чесен однос. Внимателно треба да се зборува, а изречениот збор треба да
се почитува и исполнува. На тој начин се стекнува доверба кај вработените, а
менаџерот стекнува имиџ на човек кој го држи дадениот збор и на кого може да се
потпреме во секоја ситуација. Треба да се работи во интерес на компанијата, а не
поради своите интереси да се доведе во прашање опстанокот на компанијата. Од
страна на вработените, потребно е да се зголеми одговорноста, моралот и
лојалноста кон компанијата и кон поставените цели.

3
http://www.pretpriemac.com/etika-moral-i-odgovornost-pri-sozdavanje-na-profit/

10
5. Фактори на влијание на етички избор
На етичкиот избор на менаџерите влијаат повеќе фактори кои се во
меѓусебно дејство. Тоа се карактеристиките кои ги има секој поединец, па така и
менаџерот, потоа и карактеристиките кои ги има секоја организација меѓу кои
посебно се издвојуваат организациската структура и организациската култура.
Според тоа, станува збор за три типа на фактори:

 Индивидуални карактеристики,
 Структурни варијабли и
 Организациска култура.

5.1 Индивидуални карактеристики


Секоја личност, па така и менаџерот, има одередени индивидуални
карактеристики со кои се разликува од останатите луѓе. Од старна на етиката има
три карактеристики кои се особено важни и влијаат на етичкиот избор:

 Вредности (карактеристики, лични особини)


 Сила на его и
 Место на контрла.

Вредностите се уверувања за тоа што е добро, а што лошо, односно што е


право, а што е криво. Тоа се релативно постојани и трајни индивидуални
карактеристики кои се формираат во кругот на семејството, училиштето,
друштвото итн. Затоа е и разбирливо и менаџерите да имаат многу различни
лични вредности кои многу влијаат на нивниот етички избор.

Силата на егото е лична мерка на силата на верувањето. Личностите кои


имаат силно его се отпорни на надворешното влијание, па затоа ги следат своите
верувања, со други зборови, таквите личности ќе постапат така како што мислат
дека е правилно. Спротивно од тоа, личностите со послабо его во своите постапки
ќе бидат повеќе под дејство на надворешното влијание. Од менаџерот кој има
силно его може да се очекува да покаже повеќе цврстина помеѓу моралните
расудувања и моралните акции, отколку менаџерот кој има послабо его.
11
Местото на контрола е главна карактеристика на личноста која го мери
степенот на верување на луѓето дека се господари на сопствената судбина.
Луѓето со внатрешно место на контрола веруваат дека ја контролираат својата
сопстевна судбина, додека оние со надврешно место на контрола веруваат дека
она што им се случува во животот е резлутат на среќа или шанса. Од гледиште на
етиката, поединци со надворешното место на контрола помалку се спремни да
превземат лична одговорност за последиците од сопственото однесување и
повеќе се наклонуваат на надворешната сила. Спротивно од тоа, поединци со
внатрешното место на контрола, спремни се да превземат одговорност за
последиците од сопственото однесување и се наклонуваат кон сопствените норми
на етичко однесување. Со тоа менаџерите со внатрешно место на контрола ќе
покажат повеќе цврстина помеѓу своите морални одлуки и морални акции, отколку
менаџерите со надворешно место на контрола.

5.2 Структурни облици зависни од променливи фактори


Пет структурни облици зависни од променливи фактори кои влијаат на
етичкиот избор на менаџментот се:

 Формални правила и пописи


 Однесување на претпоставените
 Систем на процена на перформанси
 Награди и
 Обем на работа

Формалните правила и прописи во зависнот од работата и кодексот на


редуцирање на нејаснотиите кои би можеле да се појават во некој етички избор, го
промовираат етичкот однесување на тој начин. Со тоа недостатокот на формални
правила и прописи им отвараат пат на етичките дилеми кои потоа може да
доведат и до неетичко однесување.

12
Однесувањето на претпоставените има силно влијание врз оденсувањето
на потчинетите – нивното етичко или неетичко однесување ќе влијае на етичкото
односно неетичкото влијание на потчинетите.

Системот на процена на перформансите може исто така да влијае на


етичкииот избор, па затоа е многу важно каков систем ќе биде избран во одредено
претпријатие. Ако на пример е систем насочен кон максимизирање на
резултатите, тогаш може да се каже дека менаџерот може да направи се што е
потребно за да се оставарат тие резултати. А тоа може да води кон неетичко
однесување.

Наградите се тесно поврзани со системот на процени на перформансите.


Имено, ако за остварување на перформасите се предвидени високи награди (или
казни), тогаш тоа може да влијае на тоа да се направи се што е потребно, за да се
оствари таа награда, односно да се избегне казната.

Обемот на работа, во смисла на неговото извршување во што поголем


опсег, за што пократок рок и со помали трошоци, може исто така да влијае на
етичкото односно неетичкото однесување. Голем пририсок на работа може да ги
доведе менаџерите во ситуација да отстапат од своите етички норми.

5.3 Организациска култура


Организациската култура е многу важен факотр на влијание на етичкото
однесување на менаџерот. Така силната култура која ги подржува високите етички
стандарди позитивно влијае на политичкото однесување на менаџерот. Спротивно
од тоа, слабата култура ќе влијае менаџерите да се ослонуваат на субкултурни
норми како водич на сопствено однесување. Во таква култура нормите на
однесување на пониските организациски единици силно ќе влијаат на
однесувањето на организацијата како целина.

13
5. Заклучок
Во оваа семинарска работа, обработен е поимот етика во поширока смисла.
Опишани се категориите на човековото однесување. Даден е преглед на деловна
етика како и одговорностите при создавање на профит. На крајот се разложени
факторите кои влијаат на етичкиот избор. Секое претпријатие и организација би
требало да се придржува до одредени етички норми кои се обработени во оваа
семинарска работа. Во пракса често се случува многу фирми и организации да се
согласуваат со наведените вредности и норми, но не се оденсуваат во склад со
нив.

14
Користена литература

 http://bi.mk
 http://www.pretpriemac.mk
 http://www.pretpriemac.com
 http://www.seminarski-diplomski.co.rs

15

You might also like