You are on page 1of 3

Функции на комуникацијата

Наставен план
Суштината и структурата на сложеното
социјално пројавување на педагошкото
комуницирање налагаат соодветно третирање и
на карактерот на негоците функции. Основните
страни на структурата на тој процес се прелеваат
во соодветни функции, кои од различни автори,
различно се определени поопшто или подетално.
Врз основа на опстојно проучување во оваа
област, може да ги ситематизираме следниве
функциина комуникацијата:
- информациона; – когнитивна;
– нормативна; – емоционална;
– самоостварувачка; – ориентирачка;
– експресивна; – практична.
Посочените функции на педагошката
комуникација во процесот на воспитанието не се
реализираат изолирано една од друга. Тие се
појавуваат во неразделно единство, заемно се
надополнуваат и дејствуваат една на друга.
- Информациската функција придонесува за
приспособување на ученикот кон непосредната
животна средина во која живее и дејствува.
-Когнитивната функција се однесува на
развитокот на сознајната компонента на
личноста.
-Сознајната функција се заснова врз
реализацијата на комуницирањето како еден од
најважните фактори за проникнување,
формирање, развитокот и зацврстување на
сознајните интереси на учениковата личност.
-Нормативната функција на комуникацијата се
јавува во исклучително значајни процеси на
осознавање на опшествените норми, системи и
нивно реализирање во социјалниот живот.
-Емоционалната функција се реализира како во
непосредниот облик на комуницирање на
наставниците и учениците така и при
комуницирањето со други субјекти.
-Самоостварувачката функција на комуникација
им ја открива на учениците потребата за
социјално потврдување, која се јавува многу
рано, и тоа низ различни форми и со различен
интензитет.
-Ориентирачката функција на комуникацијата ги
открива улогите на дејствувањето и целите на
социјалната комуникација. Таа ги изразува оние
аспекти на процесот при кои ја акцентира
организацијата на самодејствувањето.
-Експресивната функција на комуникацијата, исто
така, има посебно значење за потполно
разоткривање на суштината и содржините на овој
процес.

Бојана Јанева III3

You might also like