Professional Documents
Culture Documents
Граѓанско процесно право
Граѓанско процесно право
Преглед на курсот:
Овој курс е воведен и предавањата покриваат основите на Граѓанско процесно право..
Очекувани резултати:
По завршување на курсот студентите ќе бидат во состојба:
да ги запознаат основите на Граѓанско процесно право,
Да можат согласно позитивното право во Република Македонија да се подготват
за застапување пред судовите
Да можат да се подготват за давање основна правна заштита преку состав на
поднесоци до судот, нотарите и извршителите
Да преземаат дејствија во рамките на вонпарничното право
Да поднесуваат предлози за извршување пред надлежните
Формат на курсот:
Предавањата ќе ги опфатат главните теми од наведената потребна литература во ppt. формат.
Забелешки од предавањата ќе бидат обезбедени за секое предавање, кое ќе служи како основа за
главната литература.
Структура на испитувањето:
1. Присуство на предавања – кое учествува во завршната оценка со најмногу 10%,
2. Активно учество за време на часот. - Активното учество може да учествува најмногу со
10%
3.Проект и усна презентација на проектот (семинарска работа)Финалната форма на
истражувачкиот проект треба да биде изработена на македонски јазик, професионално по форма
и изглед (фонт: МАЦ Ц СВИСС или Arial со македонска поддршка, големина на фонт: 12,
параграф:Line spacing: 1.5 lines). во завршната оценка а со презентиран проект најмногу до 10 %.
4. Тест – Структурата на тестот е следната: а) 16 прашања со краток одговор кои се
вреднуваат по 3 поени б) 9 прашања со одговор ,,да,, или ,,не,, кои се вреднуваат со по 1 поен в) 8
прашања со избор на точен одговор кои се вреднуваат со по 1 поен и изработка на есеј кој се
вреднува со најмногу 35 поени. Освоените бодови на овој тест во завршната оценка влегуваат со
максимум 70 %.
7 Mидтерм
Изведување на часот:
Одговорни сте за се што е презентирано или дискутирано на часот. Единствен начин за да нема
недоразбирање со предметот е Вашето редовно присуство, за што се води редовна евиденција.
Часот започнува точно во часот и не се дозволени доцнења, кои влијаат на квалитетот на
наставата.
Најважно е дека доцнењата пречат и на другите студенти, поради што дозволено е до 5 минути
доцнење, не подоцна од . Ве молам, воздржете се од зборување на часовите, доколку не ви е
дозволено од мене. Очекувам најдобро однесување од Ваша страна. Доколку имате прашање за
материјалот, Ве молам не се воздржувајте да прашате, затоа што одговарањето на Вашите
прашања е дел од мојата работа. Доколку нешто не Ви е јасно, Вашето прашање може да ја
разјасни проблематиката. Ве молам, земете во предвид дека јазикот на комуникација е
македонски, за што целата комуникација ќе се одвива на овој јазик.
Запомнете го следното:
C- или повисоко е потребно за да се користи предметот.
G.P.A. (Grade Point Average): е пресметан за секој студент посебно користејќи ги квалитативните
поени здобиени за секој предмет. Најмалку 1.67 GPA е потребно за трансфер или за диплома од
UACS на македонската програма.
Ви посакувам интересен и креативен академски семестар.
Академска искреност:
Американ Колеџ со личниот интегритет се залага и ги реализира сите академски активности
согласно високо моралните норми и со отсуство на неовластена поддршка. Студентите при уписот
и личната регистрација се запознаваат со моралниот систем на Американ Колеџ.