You are on page 1of 16

Правен факултет-Правосудна насока-Штип

Семинарска работа

Предмет:

Граѓанско процесно право

Тема:

Рокови и враѓање во поранешна состојба

Ментор: Изработила:

Штип, 2013

СОДРЖИНА

1
Вовед .............................................................................................................................................. 3

Рокови ............................................................................................................................................ 5

Сметање на рокови ....................................................................................................................... 6

Видови рокови ............................................................................................................................... 7

Враќање во поранешна состојба ................................................................................................. 9

Заклучок ....................................................................................................................................... 13

Користена литература ................................................................................................................ 14

ВОВЕД

2
За преземање на одделни дејствија во постапката можат да бидат определени
рокови. Рокот претставува одреден период на време во текот на кој треба да се изврши
некое процесно дејствие, или пак период на време кој треба да истече за да може да се
превземе извесно процесно дејствие. Со роковите се определуваат почетокот и
завршувањето на временски период во кој се преземаат процесни дејствија. Роковите во
управната постапка и нивното почитување имаат големо значење за ситеучесници во
постапката. Од нивното непридржување или пропуштање зависи засновањето или губењето
на определени права на странката во управната постапка.

Враќање во поранешна состојба претставува посебно правно средство со кое се


отстрануваат неповолни последици за странката која пропуштила во рок да преземе
определено процесно дејствие, но без нејзина вина, односно да постојат оправдани
причини.

Враќањето во поранешна состојба се состои во тоа што надлежниот орган може да и


дозволи на странката, по нејзино барање, да преземе некое пропуштено дејствие од
постапката, ако поради тоа пропуштање е исклучена од вршење на тоа дејствие и, на тој
начин, да ја врати постапката во онаа состојба во кој се наоѓала пред пропуштањето на
процесното дејствие.

Карактеристично кај враќањето во поранешна состојба е тоа што враќањето во


поранешна состојба може да се поведе само по предлог на странката, а не и по службена
должност. Кога е дозволено враќање во поранешна состојба, тогаш се поништуваат
решенијата и заклучоците донесени во врска со пропуштањето.

Враќање во поранешна состојба ќе се дозволи кога од оправдани причини,

 странката пропуштила во определен рок да изврши некое дејствие на постапката и,


поради тоа пропуштање, е исклучена од вршење на ова дејствие;
 кога во рокот пропуштила да го предаде поднесокот, односно кога таа, од незнаење
или од очигледен пропуст, поднесокот навремено го доставила по пошта или
непосредно му го предала на ненадлежен орган;
 враќање ќе се дозволи и во случај кога странката со очигледен пропуст го
пречекорила рокот, но поднесокот сепак е примен од надлежниот орган најдоцна за
три дена по истекот на рокот.

Во предлогот за враќање во поранешна состојба странката е должна да ги изнесе


околностите поради кои била спречена во рокот да го изврши пропуштеното дејствие.

Предлогот за враќање во поранешна состојба се поднесува во рок од осум дена од денот


кога престанала причината што го предизвикала пропуштањето, односно од денот кога
странката тоа го дознала.

По предлогот за враќање во поранешна состојба органот одлучува со заклучок. Доколку


предлогот е ненавремен, ќе се отфрли без понатамошна постапка. Странката која поднела
предлог до органот за враќање во поранешна состојба, а органот со заклучок го одбие, има
право на жалба само ако заклучокот го донел првостепен орган. Ако со заклучокот е
3
допуштено враќање во поранешна состојба, против таков заклучок не е допуштена
жалба, освен ако враќањето е дозволено по предлог кој е поднесен ненавремено или е
недопуштен. Исто така, не е допуштена жалба по заклучокот и тогаш кога по предлогот
одлучувал орган надлежен за решавање во втор степен.

Предлогот за враќање во поранешна состојба не го запира текот на постапката, но органот


надлежен за одлучување по предлогот може да ја прекине постапката, додека заклучокот
за предлогот не стане конечен.

РОКОВИ

4
За преземање на одделни дејствија во постапката можат да бидат определени
рокови. Ако роковите не се определени со закон или со друг пропис, нив ги определува, со
оглед на околностите на случајот, службеното лице кое ја води постапката.

Рокот што го определил службеното лице кое ја води постапката, како и рокот
определен со пропистите за кои е предвидена можност за продолжување, може да се
продолжи по молба од заинтересираното лице поднесена пред истекот на рокот, ако
постојат оправдани причини за продолжување.

Кога постапката се поведува по барање на странката односно по службена


должност, ако е тоа во интерес на странката, а пред донесување на решението, не е
потребно да се спроведува посебна испитна постапка, ниту постојат други причини поради
кои не може да се донесе решение без одлагање ( решавање на претходно прашање и
друго ), надлржниот орган е должен да донесе решение и да и го достави на странката што
побрзо, а најдоцна во рок од еден месец, сметајќи од денот на предавањето на уредното
барање, односно од денот на поведувањето постапка по службена должност, ако со
посебен пропис не е определен пократок рок.

СМЕТАЊЕ НА РОКОВИ

5
Роковите се сметаат на денови, месеци и години.

Кога рокот е определен по денови, денот во кој е извршено доставувањето или


соопштението, односно во кој паѓа настанот од кој треба да се смета траењето на рокот, не
се засметува во рокот туку за почеток на рокот се зема првиот нареден ден.

Рокот што е определен по месеци, односно по години, се завршува со истекот на оној ден,
месец односно година, кој по својот број му одговара на денот кога е изврсено
доставувањето или соопштението, односно на денот во кој паѓа настанот од кој се смета
трањето на рокот. Ако тој ден го нема во последниот месец, рокот се завршува со
последниот ден на тој месец. Завршувањето на рокот може да се означи и со извесен
календарски ден.

Почетокот и текот на роковите не го спречуваат неработните денови, деновите на


државни и други празници и неработни денови кои се празнуваат. Ако последниот ден на
рокот паѓа во деновите од ставот на овој член, рокот истекува на првиот нареден работен
ден.

Поднесокот е поднесен во рокот, ако пред да истече рокот стигнал до органот на кој
требало да му биде предаден. Кога поднесокот е упатен препорачано по пошта, или по
друг електронски пат, денот на предавањето на поштата, односно денот кога е упатен до
органот по електронски пат, се смета како ден на предавање на органот до кого е упатен.

За лицата кои се наоѓаат во вооружените сили на Република македонија денот на


предавањето на поднесокот на воена аединица, на воената установа или на штабот се
смета како ден на предавање на органот до кого е упатен.

За лицата лишени од слобода, денот на предавањето на поднесокот до установата


во која се наоѓаат се смета како ден на предавање на органот до кого е упатен.

Ако надлежниот органот го определил денот кога ќе се расправа за поднесокот што е


должна да го поднесе странката, па ја повикал странката да го достави поднесокот до

6
определениот ден, органот е должен да го земе во разгледување поднесокот што е примен
пред почетокот на расправата.

ВИДОВИ РОКОВИ

Постојат повеќе критериуми врз основа на кои може да се изврши класификација на


роковите. Па така според тоа кој ги определува роковите, може да се поделат на:

 законски и
 судски рокови.

Законските рокови се рокови определени со закон, значи нивното траење е прецизно


определено во процесниот закон. Нивната основна карактеристика е тоа што тие се строги,
што значи дека се бара нивно пошитување од страна на овластените субјекти во точно
определената постапка. Овие рокови по правило не се продолжуваат, но може да постојат
исклучоци само во оние случаи кога со законот е изречно е определено.

Судски рокови се оние рокови чие траење е определено од страна на судот, врз основа
законско овластување. Од сето ова произлегува дека помалку или повеќе судските рокови
зависат од законските. Судот самостојно го определува времетраењето на овие рокови.
Овие рокови може да се продолжат со тоа што мора во секој случај да се води сметка да
не се пречекори законското овластување.

Според своето дејство роковите може да се поделат и на:

 дилаторни
 перманентни и

7
 инструктивни рокови.

Дилаторни рокови значат одреден период во кое е забрането остварување на


определено дејствие од страна на субјектот односно оваа дејност правно е можна само
после истекот на ова време.

Преманентни рокови значат определен временски период во кој може односно мора да
се преземе одредена дејност од страна на овластениот субјект, со пропуштање на овој рок
може да се изгуби правото на преземање на таа дејност.

Инструктивни рокови се оние рокови што преставува временски период во кое е


дозволено извршување на некои дејствија, со пропуштање на рокот не се губи процесното
право, туку се губат некои погодности кои произлегуваат од тоа процесно право.

Мора да се напомене и поделбата на:

 субјективни и
 објективни рокови.

Субјективни се оние рокови кои започнуваат да течат од сознанието на некои лица за


настанот според кој се смета рокот.

Објективни се оние рокови кои се сметаат од настанувањето на определен настан.

Продолжување на определен рок може да се бара само тогаж кога тој сеуште трае.
Инаку ако рокот веќе истекол не може да се бара негово продолжување туку само
вонредниот правен лек враќање во поранешна состојба.

ВРАЌАЊЕ ВО ПОРАНЕШНА СОСТОЈБА

8
Секој граѓанин во Република Македноја го има своето законско право да презема
одредени дејствија во одредена постапка спрема орган на управата. Со тоа тие вршат
управо-правни дејствија како што се: поднесување на барање за стипендија, вадење на
одредени патни исправи, здраствено осигурување и поднесување на други поднесоци во
зависност од нивните потреби.

Органите на управата всушност постојат за задоволување на потребите на


граѓаните и почитување на нивните барања врз кои тие во иднина донесуваат решенија
согласно со доказите кои што ќе бидат приложени и со утврдувањето на материјалната
вистина. Во органите на упарават работат државните службеници чии што права и
должности се уредени во Законот за државни службеници. Сите граѓани се еднакви во
однос на нивните барања и рамноправни при донесувањето на решението од страна на
определен орган на управата спрема кој самата странка поднела одредено барање.

За преземање на одредени дејствија во определена постапка можат да бидат


определени рокови, кои што може да бидат определени со Закон или од самиот орган. Во
праксата постојат и такви случаи кога странката од оправдани причини пропуштила во
определен рок да изврши одредено дејствие, може да предложи враќање во поранешна
состојба. Пропуштањето на рокот може да биде од повеќе причини како што е незнаење
поднеокот странката навремено да го испрати по пошта или непосредно му го предала на
надлежен орган. Но, враќањето во поранешна состојба ќе се дозволи и во случај кога
странката со очигледен пропуст го пречекорила рокот, но поднесокот е примен од
надлежниот орган најдоцна за три дена по истекот на рокот, ако самата странка поради
задоцнување би изгубила некое право.

Секоја странка која со предлогот бара враќање во поранешна состојба треба да ги


изнесе сите околности поради кои била спречена во рокот да ги изврши сите определени
дејствија. Сите околности кои ќе бидат изнесени од страна на странката не треба
предходно судот да ги има оценето или земено во предвид, што значи дека една иста
околност не може да се наведува или оценува од двете страни. Тука се поставува
прашањето до кога може да се поднесе предлог за враќање во поранешна состојба?

9
Одговорот на ова прашање се наоѓа во Законот за општата управна постапка во член 108
каде што рокот изнесува осум дена од денот кога престанала причината што го
предизвикала пропуштањето. Но, во случај ако странката подоцна дознала за
пропуштањето тогаш од денот кога таа дознала. Постои и случај кога не е можно да се
бара враќање во поранешна состојба, а тоа е кога по пропуштањето поминале три месеци.

Логично би било да се наведе и фактот според кој предлогот за враќање во


поранешна состојба се поднесува до органот кај кого требало да се изврши пропуштеното
дејствие. Нема да може да се води понатамошна постапка бидејќи самиот ненавремено
поднесен предлог ќе биде отфрлен од страна на органот. Постојат и општо познати факти
кои што самиот орган може да ги земе во предвид без изјаснување на спротивната. Тоа е
во оние случаи односно постапки кога кај различни предмети може да се сретнат исти
околности кои на органот на управата или пак на самиот управен суд му се познати и тие
знаат и се сигурни дека настанале.

Против заклучокот со кој се дозволува враќање во поранешна состојба не е


допужтена жалба, освен ако враќањето е дозволено по предлог што е поднесен
ненавремено или е недопуштен. Предлогот за враќање во поранешна состојба не го запира
текот на постапката, но органот надлежен за одлучување за предлогот може привремено
да ја прекине постапката додека заклучокот за предлогот нема да биде конечен. Кога
враќањето во поранешна состојба е дозволено, постапката се враќа во онаа состојба во
која се наоѓала пред пропуштањето, а се поништуваат сите решенија и заклучоци кои ги
донел органот на управата во врска со пропуштањето.

Како што и претходно споменавме карактеристично за враќањето во поранешна


состојба е тоа што предлогот се поднесува до оној орган каде што предходно било
поднесено одредено барање. Предлото за враќање во поранешна состојба логично било и
да не се поднесува до друг орган со оглед на фактот што истиот орган нема да биде
запознат со барањето и самиот предмет и нема да може да определува рокови, оценува
докази, а уште помалку да донесува решенија. Законот за управна постапка го наведува
враќањето во поранешна состојба алудирајќи на поголемо остварување на правата на

10
граќаните и давањето на еден начин “ втора шанса “ да барањето на самата странка по
постапката и биде прифатено и донесено позитивно решение од самиот орган.

Во овие случаи кога се работи за органите на управата важно е да се напомене и


тоа што самиот орган мора да ги признае околностите кои што можат може самата странка
да ја наведат или без таа да знае да пропушти одреден рок за преземање на дејствие.
Доколку органот не би дозволувал враќање во поранешна состојба тогаш на самите
граќани можат значително да им се ускратат одредени права и за истото тоа да не можат
да дадат свој став и мслење. Поради тоа тука постои и толеранција од одреден број на
денови спрема граќаните каде што истите можат да го одбранат својот став и да ги
наведат околностите кои што присилно или неопходно довеле до пропуштање на
извршување на одредено дејствие.

Продолжувањето на рокот и колку тој ке биде продолжен определува самиот орган и


за истото тоа го известува и благовремено ја информира странката. Самата странка
предлогот за враќање во поранешна состојба може да го достави преку пошта или
непосредно до соодветниот орган за кој е наменето барањето или органот пред кој што
самата страна бара остварување на ова право.

Се смета дека враќањето во поранешна состојба е одлика и карактеристика на


современото демократско општество. Ианко секое остварено право или можност за
остварување на правото асоцира и потенцира за постоење на демократија сепак треба да
се види како самото тоа функционира во праксата.

Враќањето во поранешна состојба е многу застапено во функционирањето и


работењето на органите на управата и истите тоа во целост го почитуваат. Но, за ѓал
денес одреден број на граѓани не се запознати со ова и не знаат како да го искористат и да
си остварат некое свое право. Па поради тоа и постпо едно начело според кое секогас на
странките треба да им се дава правна помош и да се советуваат ккао да постапуват и како
да ги остварат своите права. За упарвните постапки важно е тоа што странката може
самата да се застапува доколку истата е способна и е добро запозната како работат и

11
функционираат управните судови и истата може да го одбрани и оствари своето законско
загарантирано право.

ЗАКЛУЧОК

12
За преземање на одредени дејствија во постапката можат да бидат определени
рокови. Ако роковите не се определи со закон или со друг пропис, нив ги определува, со
оглед на околностите на случајот, службеното лице кое ја води постапката.

Рокот што го определил службеното лице кое ја води постапката, како и рокот
определен со прописите за кои е предвидена можност за продолжување, може да се
продолжи по молба од заинтерсираното лице поднесена пред истекот на рокот, ако
постојат оправдани причини за тоа.

Кoга рокот е определен по денови, денот во кој е извршено доставувањето или


соопштението, односно во кој паќа настанот од кој треба да се смета траењето на рокот,
не се засметува во рокот туку за почеток на рокот се зема првиот нареден ден. Рокот што е
определен по месеци, односно по години, се завршува со истекот на оној ден,месец
односно година кој по својот број му одговара на денот во кој паќа настанот од кој сме
смета траењето на рокот. Ако тој ден го нема во пследниот месец, рокот се завршува со
последниот ден на тој месец. Завршувањеtо на рокот може да се означи и со извесен
календарски ден.

Секој граќанин на република Македонија го има своето законско право да презема


одредени дејствија во одредена постапка спрема орган на управата. Со тоа тие вршат
управно-правни дејствија како што се поднесување на барање за стипендија, вадење на
патни исправи, здравствено осигурување и поднесување на други поднесоци во зависност
од нивните потреби.

Органите на управата всушност постојат за задоволување на потребите на


граќаните и почитување на нивните барања врз кои тие во иднина донесуваат решенија
согласно со доказите кои што ќе бидат приложени и со утврдувањето на материјалната
вистина.

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

 Административно право – Темелко Ристевски


 www.pravo.org.mk
13
 Закон за управна постапка

14
15
16

You might also like